Тридневна работилница во рамки на Европската Универзитетска алијанса се спроведува при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. На настанот присуствуваат студенти и универзитетски професори од 9 европски унииберзитети, кои се дел од европската алијанса. Целта е унапредување на студенстаката и академската мобилност, ректорот на универзитетот вели дека студентите и професорите имаат можност да работат нови студентски програми во областа на ...

Бодликави и виетнамски прасиња, волк, коати, лемури и лебед се новите животни кои пред Велигден ќе пристигнат во ЗОО паркот „Бриони“ во Штип. За нив веќе се подготвуваат нови живеалишта, како дел од проширувањето на капацитетите на паркот. Активностите ги реализира ЈП „Исар“, кое работи на изградба на нови кафези за овие шест видови животни. Градоначалникот Иван Јорданов, е дециден дека новитетите ќе бидат одлична можност за младите, за ...

Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува, се расфрла со лаги на пресови, само со СДС и Филипче е можно загрозување на јазикот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес – конференцијата на пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска- Стојчевска. „Загрозувањето на македонскиот јазик е можно само со СДС и Венко Филипче. Тоа до сега веќе се докажа и во пракса и сите граѓани го видоа. СДС на чело со Заев и Филипче, наместо да води државничка ...

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината. Инспекциските служби, по претходно изготвен регистар од месните и урбаните заедници, денеска започнаа со лепење на известувања за задолжително отстранување на овие возила. Согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, сопствениците на ...

Градоначалникот на Град Скопје денеска присуствуваше на настанот организиран по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, кој се одржа во Скопската Зоолошка градина. Настанот беше реализиран во соработка со здруженијата „Видлива поддршка“ и „Трисомија 21“, при што беа засадени дрвца како симбол на животот, растот и надежта. Со оваа симболична активност се испрати порака за важноста на прифаќањето, еднаквоста и поддршката за лицата со ...

Денес градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника. Изградбата на новата поликлиника претставува историски чекор за општина Бутел, соопштија од општината. „Градоначалникот изрази огромна благодарност на премиерот Христијан Мицкоски, за посветеноста и поддршката на Владата за реализација на капиталниот проект кој граѓаните го очекуваат со децении. Новата поликлиника ќе биде изградена на ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника. „Предизборното ветување на градоначалникот се исполнува. Изградбата на новата поликлиника претставува историски чекор за општина Бутел“, објави градоначалникот. Тој изрази огромна благодарност на премиерот Христијан Мицкоски, за посветеноста и поддршката на Владата за реализација на капиталниот проект кој, како што вели, граѓаните ...

Вчера Општина Аеродром по трет пат пулсираше во ритамот на хуманоста и спортскиот дух. Повеќе од две илјади граѓани истрчаа километри полни љубов и разбирање, а децата уште еднаш покажаа дека овој настан е во вистинска смисла на зборот-“Трка на херои во сите бои” и храбро истрчаа во име на хуманоста, љубовта и свет еднаков за сите. Од третото издание на трката “Зегин Спектратон- Трка на херои во сите бои” која е во организација на ...

Под мотото „Дарувај крв – одиграј ја најхуманата улога!“, Драмски театар во соработка со Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош, организира хуманитарна акција за дарување крв, со цел да се поттикне свеста за значењето на крводарителството и да се помогне во спасување човечки животи. Со само еден чин на дарување, секој поединец може да придонесе за спасување нечиј живот, да даде надеж и да биде дел од еден синџир на добрина што ја ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), по барање на Министерството за внатрешни работи, спроведе детална контрола на боледувањата кај вработени во МВР. Контролата беше реализирана во втората половина на 2025 година и опфати 80 осигурени лица, кај кои биле евидентирани вкупно 514 боледувања. Од вкупниот број боледувања 258 траеле до 7 дена, 171 траеле до 15 дена, 83 биле со траење од 30 или повеќе дена. Најчесто користени дијагнози при ...

Новиот селекторот Гоце Седлоски ги собра репрезентативците – Македонија ги започнува подготовките за бараж за Светското првенство, а првата пречека ќе биде Данска во Копенхаген. Штипјанецот Бобан Николов кој е повратник во националниот тим вели дека притисокот е кај Данска. Себастијан Херера ги сподели првите импресии како едне од новајлиите во македонската репрезентација, вели дека му е чест што е во националниот тим на Македонија. ...

На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилоти успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС со што се стекнаа со сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено. „Со ова, по синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека претстојната летна сезона на пожари на отворено со вкупно пет ...

Скандалот со блокираниот избор на вицегувернери во Народната банка отвора сериозни прашања за работењето на Трајко Славески и за состојбите во оваа клучна институција, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа прашува зошто се кочи изборот на вицегувернери и дали Трајко Славески намерно ја блокира постапката? „Мандатот на двете вицегувернерки е истечен уште од лани, изборот е законски регулиран со прецизни рокови кои се истечени а ...

СДС да одговори дали еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Куќниот пријател на Заев и негов личен советник, Зоран Башановиќ, кој сега е шеф на центарот за лаги и манипулации на СДС, според извори од неговата матична држава, се вели дека еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле токму кај него. Српските медиуми, освен Заев, го ...

Јавното претпријатие за хуман третман на бездомни кучиња „Лајка“ ја интензивира својата мисија за општествено одговорно вклучување на граѓаните со нова програма за привремено згрижување, со цел подобрување на благосостојбата на кучињата и зголемување на стапката на вдомување. „Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. Овој модел овозможува кучињата да се ...

На четири кола до крајот екипата на Проект синоќа со победата од 2:6 над Кеги Моби во Велес и официјално стана нов шампион во Првата футсал лига на Македонија. По двете шампионски титули на Форца, сега тимот од Јосифово ја враќа шампионската титула во своите витрини и со тоа Проект ќе биде наш претставник во квалификациите за Лигата на шампионите. Проект низ овие 14 одиграни кола има толку победи со максимален ефект, а до крајот сака уште ...

Фаворитите во Втората македонска фудбалска лига беа перфектни и одиграа според планот освојувајќи ги трите бодови, а со тоа нема промени на врвот од табелата, односно конкурентите за Прва лига ги задржаа позициите кои ги имаат. Брегалница без проблеми славеше со 0:3 на гостувањето во Ресен каде ги собра трите бодови и се загрева за дербито против Охрид. Тренерот Влатко Костов, но и самите играчи велат дека теренот во Ресен бил лош за игра, но ...

Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска, македонскиот јазик е признаен од целиот свет и од Европската унија. Но македонскиот јазик денеска е загрозен од владата на Мицкоски, обвини Бисера Костадиновска – Стојчевска, пратеничка од СДСМ. „Не се применува Законот за употреба на македонскиот јазик, Закон кој значи заштита, унапредување, почитување и збогатување на ...

40 унапредувања во Централниот регистар. Нула за Албанците. Демократската унија за интеграција го смета овој развој како сериозно прекршување на принципот на правична застапеност и алармантен сигнал за начинот на кој се третираат Албанците во државните институции, велат од партијата. „Во јавна институција каде се реализирани 40 унапредувања, фактот дека ниту еден Албанец не е унапреден јасно покажува дека застапеноста повеќе не е стандард, ...

Владата нема сериозна стратегија за справување со енергетската криза која е на повидок. Наместо државнички пристап, сведоци сме на импровизација, стихија и дефокусирање на јавноста, велат од Левица. Партијата бара итно замрзнување на цената на дизелот на 92 денари, минимална маржа од 0,5 денари по литар за дистрибутерите, ослободување од ДДВ и акциза во зависност од берзанската цена, активирање на стоковите резерви и, ако е потребно, директна ...

Во текот на изминатиот продолжен викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1699 издадени платни налози, од кои 476 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 60 лица, од кои 11 за возење под дејство на ...

Второлигашот Брегланица од Штип продолжува да се бори за враќање во Првата македонска фудбалска лига, а клубот доби нов претседател. Оваа функција ќе ја извршува Ангел Бојаџиев. Инкау, Бојаџиев доаѓа во добро позната средина бидејќи оваа позиција ја извршуваше и во минатото, па менаџирањето на клубот од позиција на претседател во Брегалница за него е добро позната. Инаку, по 21 одиграно коло во Втората македонска фудбалска лига Брегалница се ...

Фудбалерките на Кочани претрпеа висок пораз на гостувањето во Тетово, каде во рамки на 19. коло со 16:0 беа поразени од шампионот Љуботен. Разликата во квалитет е голема, а тетовскиот тим откако му беа одземени девет бодови остана без шанса да ја брани титулата. Висок триумф однесе екипата на Каменица Саса која на домашен терен со убедливи 7:0 го декласираше „фенерџијата“ Топ Гол од Битола, а лото победа од 7:0 славеше и Тиверија Брера која ...

Општина Ѓорче Петров извести дека обезбедила просторни и технички услови за реализација на наставата на Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“, кое функционира во рамки на ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“. Станува збор за една од првите вакви практики на локално ниво во Република Македонија, со која се унапредуваат условите за инклузивно образование и се овозможува соодветна поддршка за учениците со попреченост, велат ...

„Ценовната спирала веќе е активирана. Зголемувањето на цените на горивата директно ги повлече нагоре и цените на основните прехранбени производи, а граѓаните секојдневно го чувствуваат тоа на својот семеен буџет“, велат од СДСМ. „Веќе маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, а цените на овошјето и зеленчукот надминуваат 100 денари за килограм. Ова е само почеток – еднаш зголемените цени, повеќе не се враќаат назад. Владата ...

Утре, Народната банка, со поддршка на Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), ја организира Конференцијата на високо ниво на тема: „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“, којашто ќе се одржи на 24 март во Скопје. Настанот претставува уникатна можност за продлабочување на меѓународната соработка и размената на знаења, ...

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за животниот стандард на граѓаните со конкретен план и мерки. Намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободување на количини мазут од државните резерви, се двете мерки со кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречи зголемувањето на цените на производите и на електричната енергија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Една од клучните мерки е намалувањето на ДДВ-то на горивата од 18% ...

„Задоцнета и без ефект е половичната мерка на Христијан Мицкоски за намалување на ДДВ на горивата од 18% на 10% – горивата повторно ќе поскапат и граѓаните нема да почувствуваат ништо“, велат од СДСМ. „Во изминатите три недели, додека Мицкоски чекаше и не преземаше ништо, цените на горивата драстично пораснаа – дизелот поскапе за вкупно 21 денар а денеска се очекува и ново поскапување од дополнителни 4 до 6 денари. Ова е потврда дека ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату. Воедно, заедно со министерот за ...

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска: · поради уличен дефект Ф-200мм на улицата Славејко Арсов 48 во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Славејко Арсов и висока зона Пржино. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. · поради уличен дефект Ф-80мм на улицата Ристо Шишков 39 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
70%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
44%
1016
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.04
67%
1014
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
46%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
5.14
38%
1018
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
35%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
5.14
39%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
5.66
77%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
43%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9875

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Паладиум

49351.40

Алуминиум

3.53

Цинк

0.00

Платина

66744.95

Калај

52.70

Злато

152465.86

Бакар

12.46

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Сребро

2534.46