Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведува дводневен скрининг на населението во Трубарево, кој започна вчера. Според првичните податоци од терен, на двата пункта во првиот ден се прегледани вкупно 111 лица – 56 лица на Пункт 1 и 55 лица на Пункт 2. Пациентите се генерално во добра здравствена состојба, но кај 11 лица е утврдено присуство на иритации и надразнување во грлото, поради што тие се упатени на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш. Тој изразил целосна поддршка за македонската евроинтеграција, потенцирајќи ја потребата земјава да го забрза патот кон унијата. Сиљановска-Давкова присуствувала и на заедничката средба на лидерите од Европа и од Западен Балкан со европретставничката Каја Калас. Денеска Сиљановска-Давкова ќе има обраќање пред Генералното ...

Денеска во Клубот на пратеници, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе се обрати на промоцијата на соработката со Clarivate – Web of science, преку која се овозможува бесплатно користење на научните бази на платформата за сите јавни универзитети, МАНУ и Универзитетот на Југоисточна Европа. Претставници на Clarivate ќе ги претстават можностите на платформата Web of science пред членови на академската и научна заедница во ...

СВР Скопје го расчисти случајот со турскиот државјанин М.А.О.(61), за кој на 23.09.2025 околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ беше пријавено дека бил донесен со тешки телесни повреди од страна на едно лице со приватно возило, кое откако го оставило повредениот, заминало со возилото, а повредениот набргу починал. Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се соодветни мерки и активности, ...

Утре во 19 часот, во Културно информативниот центар на Северна Македонија во Тирана ќе се отвори изложба на уметникот Кирил Гегоски. Изложбата ќе биде поставена до 10 октомври 2025, нудејќи им на посетителите внимателно изградена форма на размена и размислување за современата уметност и нејзиниот социјален и културен потенцијал. Творештвото на Кирил Гегоски од најраните дела, па сè до денес, се одликува со минимализам и редуцирана симболика, ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Г.(40) и Ц.Ч.(42), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 22.09.2025 во 16 часот кај автокампот „Андон Дуков“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу пријавените и П.М.(70) од Охрид по што, пријавените физички и со повеќе други предмети, го нападнале П.М. кој потоа со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата ...

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче на локалните избори ќе биде под број 9. Реден број 5 за опозициската СДСМ. Во ДИК ждребување за редоследот на партиите и коалициите за локалните избори. Прво место го доби коалицијата на ЛДП, ГРОМ и Интегра. Движењето „ЗНАМ“ на број 2. Под број 3. Гласачите довербата ќе ја дадат на Демократска партија на Србите, заедничката листа на ДУИ и „Алијанса за Албанците“ под број 4, „Левица“ е на ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска го прими во посета Матео Мекачи, шефот на Мисијата на ОДИХР за набљудување на локалните избори, со кого детално разговараше за сите надлежности на обвинителството во постапките по евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес. Коцевски го информираше Мекачи во однос на структурата и досегашните активности на Привремената комисија задолжена да го следи постапувањето ...

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Владата со која се дефинира бројот на членови во советите на општините. За оваа точка доставени се три иницијативи. Првата иницијатива е поднесена од Скендер Реџепи, кој тврди дека предметната одлука предизвикува правна несигурност, бидејќи според него, Владата ја донела Одлуката за утврдување на бројот на членовите во општинските совети без законско ...

Банките имаат цели два и пол месеца да се подготват и да понудат добри услови за станбени кредити, рече гувернерот на НБРМ, Трајко Славески. Целта, според него, е да им се помогне на оние кои немаат живеалиште, а истовремено и да се стабилизира цената на становите. Што се однесува до согласноста за поевтина понуда за купување прв стан, Славески рече дека сè уште нема најава од банките. Банкарскиот сектор има друга логика – колку е поголемо ...

Протестите во Словачка се проширија низ целата земја. Демонстранти излегоа на улиците против политиките за штедење на Роберт Фицо. Граѓани го осудија пакетот мерки неодамна одобрен од владата, кој моментално се разгледува во Парламентот. Мерките вклучуваат зголемување на здравственото и социјалното осигурување, данок на доход за лицата со повисоки приходи и данок на додадена вредност на некои прехранбени производи, како и можно откажување на три ...

На 23.09.2025 во 23 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода ги лишија С.М.(29) и О.Џ.(31), двајцата од Куманово. При претрес извршен по судска наредба, во стан кој го користеле во Охрид, се пронајдени бела прашкаста материја, пари и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР. ...

Додека скопјани се гушат во смрдеата од отпад и контејнерите се прелеваат со ѓубре, политичарите продолжуваат да си ја префрлаат вината еден на друг и да се докажуваат кој е повеќе или помалку виновен за настанатата ситуација. И првиот човек на владата Мицкоски и градоначалничката на Скопје Арсовска се извинија што се поддржале на претходните избори. Мицкоски порача дека за ѓубрето во метрополата ќе има одговорност со име и презиме. Чувствувал ...

На територијата на Македонија до денеска на пладне има вкупно девет пожари на отворен простор, од кои четири се активни, четири се под контрола, а еден пожар е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево, село Малино и село Танушевци каде гори мешана шума, општина Липково, село Гошинце каде ...

Арапските земји во Обединетите нации повикаа на итен прекин на војната во Газа, која е на прагот да влезе во втората година. Арапските делегации побараа заштита на цивилите, брзо отворање на хуманитарни коридори и прекин на блокадата. На конферанцијата во ООН за решение на конфликтот на Блискиот Исток, седум земји меѓу кои и Франција објавија дека формално ја признаваат државноста на Палестина. САД сметаат дека признавањето е награда за Хамас. ...

Вчера во 11:22 часот полициски службеници од СВР Куманово на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово го лишиле од слобода Д.С. (46) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл „кимко“, управуван од Д.С. и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде ...

Министерството за здравство го дигитализира системот за евиденција и управување со листите на лекови, со цел во секој момент да биде достапна информација за одреден лек од производител и до каде е постапката за негово ставање на позитивната листа. Првиот човек на Здравство очекува со оваа дигитализација побрзо да се собираат точни податоци за потребите на пациентите. Двапати годишно ќе се проширува позитивната листа на лекови. Дигитално ќе се ...

Супертајфунот Рагаса, најмоќниот тропски циклон во светот оваа година, го погоди Хонгконг со ветер со сила на ураган и поројни дождови. Во Тајван загинаа 14 лица откако се прелеа езеро и поплави цел град. Се очекува Рагаса да го задржи интензитетот на супер тајфунот додека се движи кон брегот на кинеската провинција Гуангдонг, дом на повеќе од 125 милиони луѓе. Кинеските власти објавија прекин на работата на училиштата и сообраќајот. На ...

Со бројни активности во кои беа вклучени спортисти, рекреативци и граѓани од сите возрасти, вчера во Скопје официјално беше означен почетокот на Европската недела на спортот 2025 – проект што го спроведува Министерството за спорт во рамките на најголемата европска иницијатива за промоција на спортот и физичката активност - European Week of Sport (EWoS) која годинава одбележува 10-годишен јубилеј. Министерот за спорт, Борко Ристовски ги поздрави ...

Министерството за образование и наука врши проверка на работата и презема мерки за работата на неколку високообразовни установи. Сепак, поради стартот на кампањата за локалните избори за неколку дена, одредени активности се со закон забранети, вели министерката Јаневска, но најави дека тоа ќе продолжи по изборите. Досега се затворени 14 приватни универзитети. Вчера беше издадено решение за времен прекин на работата на високообразовната школа, ...

Италијанската премиерка децидна, нема да поддржи признавање на палестинска држава сè додека сите заложници не бидат ослободени и Хамас да биде исклучен од која било идна палестинска влада. Мелони е под притисок во Италија откако десетици илјади луѓе излегоа на улиците на штрајкови и протести за поддршка на палестинскиот народ. „Мислам дека главниот политички притисок мора да се изврши врз Хамас затоа што токму Хамас ја започна оваа војна и го ...

На 26 септември 2025 година, со почеток во 20 часот, во Културно-информативниот центар – Скопје (Салон 19:19), ќе се одржи концерт на импровизирана амбиентална музика на Амплидајн Ефект. Амплидајн Ефект е проект на продуцентот Мартин Георгиевски од Скопје, активен од 2009 година. Во текот на изминатите години има издадено бројни албуми и настапувано на реномирани регионални и меѓународни фестивали, меѓу кои: Похода (Словачка), Десонанз, Лајв ...

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која меѓудругото ќе се одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за локалните избори. Изборната кампања почнува понеделник на 29-ти септември а завршува на 17-ти октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19-ти октомври, а вториот круг на изборите ќе се одржи на 2-ри ноември. На изборите ќе учествуваат речиси сите политички ...

ФИФА размислува за одржување на Светското првенство во 2030 година со 64 екипи. Како што пренесува британскиот спортски портал „Дејлиспортс“, светската фудбалска асоцијација го поддржала предлогот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) за проширување на бројот на екипи. Се очекува групната фаза да се одржи во 16 групи од по четири екипи, при што првите две ќе продолжат во нокаут фазата. ФИФА веќе го зголеми бројот на екипи што ...

Украинскиот претседател вели дека недостасува решителна акција од страна на Советот за безбедност на ООН во врска со руската агресија. Пред членовите на Советот, упати критики за рускиот претседател Путин и сојузникот Кина. „На Путин му е грижа само да го искористи секој состанок, секоја шанса да ја продолжи војната. Секој ден Русија убива наши луѓе, ги уништува нашите градови и не остава знаци дека некогаш ќе се врати на принципите на Повелбата ...

Од денеска почнуваат здравствените скрининзи за жителите на Трубарево. Пулмолози на терен ќе проверуваат дали населението се соочува со некакви проблеми по големиот пожар во магацинот за електронски отпад. Прегледите се наменети за сите граѓани, особено за оние кои чувствуваат здравствени тешкотии по пожарот. Доколку лекарите утврдат дека се потребни дополнителни испитувања, граѓаните ќе бидат упатени на клиниката. Скрининзите ќе траат два дена. ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерсот во Шангај, кој ќе се одржи од 1 до 12 октомври, објавија организаторите на турнирот. Ѓоковиќ, кој во кариерата има рекордни 24 грен слем трофеи, го одигра својот последен официјален натпревар на почетокот на септември во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во Њујорк, кога беше поразен од Карлос Алкараз. Засега е потврдено дека Ѓоковиќ, до крајот на годината, ќе настапи и на АТП ...

Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона 2025/2026 со едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт, на 3 октомври со почеток во 20 часот. Под диригентската палка на истакнатиот италијански диригент, Џанлука Мартиненги, македонската публика ќе има можност да присуствува на извонредна изведба на дело што ја отсликува генијалноста, длабочината и духовната сила на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
73%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
5.62
91%
1016
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.68
86%
1004
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1006
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
85%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
94%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
67%
1010
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Калај

40.48

Бакар

10.95

Паладиум

46425.68

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Сребро

1878.05

Рутениум

29192.88

Злато

135056.24

Цинк

3.23

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Платина

52952.77