Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе управува со вкупно 55 општини, вклучително и со Градот Скопје, покажуваат резултатите од двата круга на локалните избори 2025 година. Втора по број на освоени градоначалнички места е коалицијата ВРЕДИ со девет градоначалници, додека коалицијата на СДСМ ќе раководи со шест општини. НАИ доби четири општини, а Движењето ЗНАМ и Унијата на Ромите по една. Една општина ќе ја води независен кандидат. Во ...
До Собранието се доставени известувања за престанок на мандатите на Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски од функцијата пратеник. Известувањата следуваат по изборот на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници, Мицевски на општина Сопиште, Стаменковска Трајкоска на Кисела Вода и Проданоски на Прилеп, на Локалните избори, што се одржаа, на 19 октомври и 2 ноември. Се очекува на денешната седница на Собранието, ...
Тензична ноќ пред српското Собрание. Стотици полицајци формираа кордон и поставија метални огради за да ги одделат соперничките толпи противници и лојалисти на претседателот Вучиќ. Тензиите во Белград се зголемија еден ден, откако десетици илјади луѓе излегоа на митингот во Нови Сад на годишнината од падот на настрешницата на железничката станица во која загинаа 16 лица. Голем број граѓани се собраа и за да и дадат поддршка на Дијана Хрка, ...
Вчера во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(33) од Скопје, удрило во пешакот М.М.(79) од Скопје и го напуштил местото на настанот, соопштија од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 79-годишната М.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Подоцна, по преземени мерки, на локалниот ...
Во рамки на есенската сезона, македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул го најавува концертот на Македонскиот Брас квартет (Macedonian Brass Quartet), кој ќе се одржи на 4 ноември 2025 година (вторник) во 19:00 часот, во просториите на Македонскиот културен центар. Македонскиот Брас квартет е составен од четворица истакнати музичари – членови на Националната опера и балет: Стојанче Косовски (труба), Александар Златески (труба), ...
Војната во Украина продолжува со несмален интензитет. Регистрирани жртви и повредени во нападите со балистички ракети и беспилотни летала. Десетици илјади жители останаа без струја по руските напади во регионот Запорожје. Украинскиот претседател вели дека Берлин го исполнил договорот за зајакнување на воздушната одбрана на Украина со ракетни системи „Патриот“. „Украина сега има повеќе „Патриоти“. Сакам да му се заблагодарам на канцеларот ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
Војната во Украина продолжува со несмален интензитет. Регистрирани жртви и повредени во нападите со балистички ракети и беспилотни летала. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, вели дека Берлин го исполнил договорот за зајакнување на воздушната одбрана на Украина со ракетни системи „Патриот“. „Украина сега има повеќе „патриоти“. Сакам да му се заблагодарам на канцеларот Мерц, на Германија и на сите што помагаат, нашите договори се ...
Во Собранието прва пленарна седница по паузата поради локалните избори. Пред пратениците обраќање ќе има претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос. Претходно ќе има тет-а-тет средба со собранискиот спикер Гаши, а ќе разговара и со претседателката и членовите на собраниската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа. На почетокот на пленарката се очекува да бидат потврдени оставките на ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без струја ќе останат делови од пет скопски општини. Без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот ќе останат корисниците од дел од село Долно Лисиче во општина Аеродром, а од 08:30 до 12:30 часот, од дел од ул. „Димче Милошевски“ во општина Гази Баба, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Снабдувањето со струја ќе биде во прекин и од 09:00 до 12:00 часот, за ...
Предадени останките на уште тројца заложници, откако претходно израелскиот премиер се закани дека ќе бидат уништени и последните упоришта на Хамас во Газа, во Рафах и во Кан Јунис. Нетанјаху негира дека ќе бара дозвола од САД, одговарајќи на критиките дека Вашингтон има клучна улога во донесувањето одлуки за случувањата во Газа. „Ако има обид да се им се наштети на нашите сили, ќе ги нападнеме и оние што напаѓаат и нивната организација за да ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 24-та седница. На дневен ред на седницата, како што соопштуваат од ДКСК, се Усвојувањето на Проценката на ризици од корупција за потребите на изработка на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 и Методологија за изготвување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030. Членовите на ...
Премиерот Мицкоски и шефот на дипломатијата Муцунски во дводневна работна посета на Брисел. Покрај бројните билатерални средби, предвиден е состанок и со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Разбирливо, во фокусот, македонските евроинтеграции и реформите. Европската унија останува посветена на европскиот пат. Владата ги постави црвените линии, членство да, но не билатерализација. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта ...
Меѓународните набљудувачи на изборите од ОБСЕ - Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентираат своите наоди по вториот круг од Локалните избори 2025. Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе се обратат Матео Мекачи, шеф на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР и Штефан Краузе, заменик шеф на Мисијата. Меѓународните набљудувачи во прелиминарните наоди ...
Државната изборна комисија ги објави првичните неофицијални резултати. Излезноста помала во однос на првиот круг, гласале 41,76 проценти од избирачите. Голема победа на коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, објави Мицкоски. Ова е победа на вербата и надежта, но и порака-да не се „забегува“ во победата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Орце Ѓорѓиевски победи убедливо во Скопје во однос на противкандидатот Мециновиќ. Мицкоски посебно ги издвои ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Попладне и во ...
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓиевски со водство во Скопје пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ. Од обработени гласови за градоначалник на Град Скопје во вториот круг, според податоците објавени на веб страницата на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски има 75.368 гласа или 59,41% процент од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 44.149 гласа или 34,80 проценти од вкупниот број ...
Се гласаше во вкупно 32 општини и во Градот Скопје. Од ДИК потврдија дека избирачкиот ден помина непречено и без поголеми нерегуларности. Право на глас во вториот круг на изборите имаа 1.013.375 гласачи. Од нив право на глас во Град Скопје имаа 474.304 избирачи. Според првичните неофицијални резултати на ДИК, во вториот круг на локалните избори во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ победи во 21 општина, додека Коалицијата „Вреди“ во четири општини доби ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека како и првиот круг на 19 октомври, и вториот изборен круг поминал во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера, а изборниот процес се одвивал без посериозни инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир и без настани што би го довеле во прашање интегритетот на изборите Министерот информира дека текот на изборниот ден на ниво на државата се пријавени вкупно 30 настани. За четири ...
Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи. Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до Јавното обвинителство во текот ...
Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат во вториот круг од осмите по ред локални избори. Се гласаше во вкупно 32 општини и во Градот Скопје. Од ДИК потврдија дека избирачкиот ден помина непречено и без поголеми нерегуларности. Според обработените податоци достапни на веб-страната на ДИК, до 18,30 часот излезноста е 40,45 проценти. Според добиени податоци од 97,60 отсто или 1.340 избирачки места во кои се ...
Вториот круг од локалните избори, за градоначалник во Тиквешијата минува мирно, без реакции за нарушување на изборниот процес. Граѓаните на Неготино, Демир Капија и Росоман со излезност приближна како во првиот круг. Во Росоман до 15 ч. Излезноста беше 48% а пред две седмици 46%. Во Неготино денес до 15 часот излегле 35% исто како и пред две седмици. Во Демир Капија оваа недела гласале 47‘ приближно како и во првиот круг. Изборите се во ...
Финале на Локалните избори. Втор и последен круг. Граѓаните одлучуваат кој ќе ја довербата да го води Градот Скопје и останатите 32 општини. Директни вклучувања и овој па во Државната изборна комисија и партиските штабови. Графички приказ на резултатите. Гости - професори, новинари, аналитичари. По Локалните избори најави и од власта и од опозицијата за нови политички чекори и кадровски рокади. Отвореното студио за „Локални избори 2025“ ...
Вториот круг од гласањето на локалните избори во Македонија се одвива без проблеми, во мирна атмосфера. Се гласа во вкупно 32 општини и во Градот Скопје. Според обработените податоци достапни на веб-страната на ДИК, до 17 часот излезеноста е 34,62 проценти. На ниво на државата гласале 350.261 лице, или 99,85 проценти на избирачки места од коишто се пристигнати податоци. Најголема излезност има во Конче-64,44 проценти, додека најмала е ...
До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска-Алексовска, на ниво на државата гласале 208.571 лице или 93,59 проценти на избирачки места од коишто се пристигнати податоци, додека за Скопје гласале 104.182 лица, а податоци се пристигнати од 656 избирачки места или 95,77 отсто. Најголема ...
Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука за одземање на акредитациите на осум домашни набљудувачи во Општина Шуто Оризари, поради постапување спротивно на Изборниот законик и Кодексот за набљудување. Како што информира претседателот на ДИК, Борис Кондарко, станува збор за лица кои агитирале пред гласачки места во училиште, иако биле акредитирани како набљудувачи. Меѓу нив се и поранешни кандидати за градоначалник и ...
До 13 часот излезеноста на локалните избори во земјава изнесува 19,96 проценти, а во Град Скопје 15,28 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Според портпаролката на Комисијата, Радица Тодоровска-Алексовска, до овој момент гласале 134.124 лица на ниво на држава, според податоците од 1.279 избирачки места или 93,15 проценти од вкупниот број. Во Скопје, пак, гласале 71.849 граѓани, а податоците се пристигнати од 678 избирачки места ...
Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, соопштија од МВР. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени ...
Намален интерес за гласање во првата третина од изборниот ден од вториот круг на локалните избори во општина Могила. Сите 23 гласачки места се отворени точно во 7 часот. Гласањето се одвива непречено и без проблеми. Од Општинската изборна комисија информираат дека до нив е поднесен само еден приговор, од лице кое го немало на избирачки список. Истиот е прифатен, и лицето ќе биде запишано во дополнителниот избирачки список. Жителите кои ...
Излезеноста во вториот круг од локалните избори до 11 часот на ниво на државата изнесува 9,21 отсто од вкупно запишаните гласачи, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Овој процент е изведен врз основа на обработени 1 777 избирачки места, на кои од вкупно 1 013 357 запишани гласачи своето право го оствариле 93 219 граѓани. Излезеноста во Град Скопје изнесува 8,30 отсто односно на гласање излегле 35 097 избирачи. По општини, ...