Јавен обвинител од гостиварското обвинителство ноќеска изврши увид во атарот на село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице, закопано во дупка. Поради сомненија дека станува збор за жена која била претходно пријавена за исчезната со индиции дека била противправно лишена од слобода, јавниот обвинител нареди обдукција и идентификација на починатото лице и прибирање траги од самото место. За едно осомничено ...

Генералниот секретар на АСЕАН побара брзо решавање на борбите меѓу двете членки на организацијата, Тајланд и Камбоџа. Соседите и натаму јавуваат за борби и продолжуваат со меѓусебни обвинувања за тоа кој го прекршил примирјето. „Мора да му дадеме шанса на мирот. Во овој критичен момент, АСЕАН мора да остане цврст во своите фундаментални принципи загарантирани во Повелбата и Договорот за пријателство и соработка во Југоисточна Азија. Овие ...

САД објавија нов пакет санкции против Венецуела, насочен кон роднините на претседателот Мадуро и клучниот нафтен сектор. Следат по заплената на венецуелски танкер кај брегот на Венецуела „Администрацијата на Трамп ги спроведува политиките за санкции на претседателот на Соединетите Американски Држави. Нема да стоиме настрана и да гледаме како санкционираните бродови пловат по морињата со нафта од црниот пазар, чии приходи ќе го поттикнат ...

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од минус три до четири Целзиусови ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Поранешниот боливиски претседател Луис Арсе е уапсен под обвинение дека проневерил околу 700 милиони долари државни средства додека бил министер за финансии во владата на Ево Моралес, пренасочувајќи пари наменети за домородните заедници. Властите го нарекоа апсењето доказ за борба против корупцијата, додека неговите сојузници тврдат дека станува збор за политички прогон. Апсењето се случува еден месец по инаугурацијата на конзервативниот ...

Предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Коцевски стаса во Собранието. Ова следува откако Владата ја продолжи постапката, која претходно беше запрена поради трагедијата во Кочани и изборниот период. Владата смета дека Коцевски направил крупни професионални грешки. Тој ги отфрли ваквите наводи. Неговиот наследник ќе се бира со јавен повик. Блупринт групата за реформи во правосудството загрижена за постапката, смета дека се ...

Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.С.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела насилство и спречување на службено лице при вршење службено дејствие. Имено по претходна пријава од страна на А.М. водител на емисијата Инфомакс и по преземени мерки од страна на полициските службеници извршен е ...

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 9 декември, во заедничкиот дом во Тетово, започнал расправија со сопругата заради продолжен кабел којшто таа го купила и не сакала да му го даде да го користи. Во момент на нервоза, тој започнал да ја пцуе и да ...

Наместо Себаедин Даути, Невзат Бејта по трет пат ќе ја бара довербата на гостиварци за прв човек на општината, овој пат со сменет политички дрес, како кандидат на Коалицијата „Вреди“. На последниот ден од рокот за поднесување кандидатури за гласањето на 11 јануари, Бејта и официјално ја поднесе кандидатурата. На Бејта во битката за Гостивар ќе му се спротивстави на Валбон Линмани кој е кандидат на Националната алијанса за интеграција. Оттаму ...

Милионски загуби, долгови и блокирани сметки, ова го покажа истражувањето за локалните јавни претпријатија. 71 од 128 локални јавни претпријатија имаат загуби од вкупно 17 милиони евра, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, направено на основа на ланските завршни сметки. Вкупните долгови со краткорочните обврски достигнуваат вртоглави 193 милиони евра. Третина се со блокирани сметки. На првите три места според загубите се ...

Вртелешките вртеле без дозвола. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва потврди дека „Зимзоленд“ во скопски Аеродром ги немал потребните документи за работа. Од Град Скопје потврдија дека немаат издадено дозвола за да се врши таква дејност на локацијата, а при надзорите што ги извршиле повеќе инспекторати се утврдени низа неправилности. „Реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е ...

„Нема договори, преговори, нема квоти, ниту центри или транзитни аранжмани“ – шефот на дипломатијата Муцунски со објаснување – стратешкото партнерство со Британија се темели на реални иницијативи и проекти, а на наводно прифаќање мигранти. „Сакам да бидам кристално јасен: оваа влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти – во каква било форма.“ Филипче го тврди спротивното – напролет ќе има предвремени избори, а во јуни ќе ...

„Пресудата не треба да биде неправда за обвинетите“ – порачаа бранителите во случајот „Пулс“ за трагедијата во Кочани. Адвокатката на службениците од Министерството за економија рече дека не може луѓе што работат во канцеларија да одговараат за пропусти на инспекторите кои контролираат на терен. Според неа, нивната работа е управната постапка без да се врши увид во објектот. Во своја одбрана обвинетиот Николовски посочи дека неговата работна ...

Уставниот суд немаше мнозинство да донесе одлука по иницијативата за укинување на блок тарифите за струјата. Точката повторно ќе се разгледа пред крајот на годината. Подносителот на иницијативата смета дека со тарифите се создава нерамноправност меѓу потрошувачите, односно дека едни се повластени по однос на други, бидејќи разликата во цената меѓу првиот и четвртиот блок е 400 насто по киловатчас. Укинувањето на блок тарифите, според ...

Зоран Јовановски е лице со попреченост, но тоа за него не е пречка да го оствари својот сон. Параскијањето е неговата пасија, која не ја гледа како хоби, туку се стреми да се занимава професионално. Три натпревари се зад него оваа сезона. Во Македонија живеат над 94.000 лица со попреченост, но тоа не е причина за исклученост, туку повод за повеќе грижа, солидарност и човечност. Надлежните испратија порака. Сепак, потребно е да се подобри ...

На 11.12.2025 околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Р.(30) од с. Орашје, општина Јегуновце. При претрес во неговиот дом во селото Орашје, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со две рамки со вкупно 22 куршуми калибар 7,62 милиметри, 78 куршуми непозната марка и калибар, марихуана, дробилка и дигитална вага. При претресот во неговиот дом е затекната ...

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот Фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба. Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија, напиша Ивановски. Градбата на ...

Во октомври 2025 година се издадени 446 одобренија за градење, што е за 22,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 10 596 843 илјади денари, што е за 25,1 % повеќе во споредба со октомври лани. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за ...

Четири судови веќе најавиле прекин на работата, а од синдикатот велат дека нема да ги спречат доколку сакаат да штрајкуваат. Сè уште не ја земеле ноемвриската плата. Незадоволството е велат поголемо бидејќи според Трпе Деановски од УПОЗ над 1.400 вработени најверојатно нема да земат ниту додатоци на плати и надоместоци. Синдикатот бара итно донесување на законот за судска и јавнообвинителска служба до крајот на оваа година, да се отвори ...

Продолжуваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа. Властите во Бангкок јавуваат за погодени куќи во пограничната покраина Сурин, но не и за жртви. Повеќето жителите од двете страни на границата, се евакуирани во засолништа. Кревкото примирје меѓу двете земји заврши со нападите на Тајланд во понеделникот по меѓусебните престрелки и обвинувања за прекин на огнот, ден претходно. Засега има малку знаци дека борбите наскоро ќе престанат, иако ...

На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот. Полициски службеници веднаш пристигнале на ...

Европа и САД ги пеглаат разликите околу мировниот предлог на Трамп за завршување на војната во Украина. Франција, Германија и Велика Британија на телефонска линија со Вашингтон. Трамп откри дека европските сојузници му предложиле викенд-состанок со Зеленски. Порача дека ќе одлучи дури откако ќе добие конкретни одговори, нагласи дека нема намера да губи време. Повторно го отвори прашањето за избори во Украина и го повика Зеленски на поголем ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка изјави дека нема планови да го промени своето спортско државјанство. Јас служам како пример за децата, а промената на моето државјанство не е за мене бидејќи не сакам да ги предадам. Затоа, би сакала да ја претставувам Белорусија токму за децата од оваа земја да можат да ме видат како се натпреварувам на високо ниво и да бидат инспирирани од мене. Се надевам дека, со мојот пример, ќе им покажам дека, ако ...

Д Фестивал, водечкиот летен фестивал во Македонија е официјално избран меѓу топ 10 најдобри фестивали во Европа за претстојните Европски Фестивалски Награди (European Festival Awards 2025), најпрестижното признание на европската фестивалска индустрија. По завршувањето на јавниот избор во кој за номинираните фестивали гласаше публиката од цела Европа, нашиот фестивал влезе во потесната листа на 20 најдобри, а потоа, по гласовите на меѓународно ...

Нови тензии меѓу Вашингтон и Каракас, откако американската крајбрежна стража заплени танкер за нафта во близина на брегот на Венецуела. Белата куќа со став дека заплената била оправдана, додека Каракас ја осуди како „кражба“ и „меѓународно пиратство“. „Она што тие го сакаат е да ни ја украдат нафтата, златото, гасот, сакаат да ни ја украдат водата затоа што не сакаат да платат. А зошто не плаќаат? Бидејќи се крадци. Подготвени сме да се ...

Нови масовни протести низ Бугарија. Илјадници луѓе во Софија и десетици други градови низ земјата бараат оставка од Владата, обвинувајќи ја за корупција. На протестите предизвикани по минатонеделните буџетски планови за повисоки даноци, зголемени придонеси за социјално осигурување и зголемување на трошоците, се приклучија и студентите. „Не протестираме само против буџетот – бараме оставка од владата поради нејзината неодговорност и срамот што ...

Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини ...

На 13 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – опера која со својата духовитост, динамика и незаборавни арии со децении ја плени домашната и светската публика. Изведбата е под диригентската палка на Џанлука Мартиненги (Италија), режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценографијата на Марија Ветероска, а ...

Во Конгресот на САД е поднесен предлог-закон за повлекување од НАТО, наречен „Закон за недоверливата организација“. Иницијаторите тврдат дека НАТО е реликвија од Студената војна и дека членството ја чини Америка трилиони долари. Ако законот биде усвоен, претседателот Трамп би требало во 30 дена да го извести НАТО за излегувањето и да престане финансирањето на Алијансата. Трамп и порано се закануваше со напуштање на НАТО, по што членките ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
5.14
45%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
85%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
40%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
4.28
56%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 18ᴼ
1.34
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
4.63
56%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
37%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1018
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
39%
1016
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
5.66
54%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
48%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0157

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Паладиум

49351.40

Бакар

12.46

Сребро

2534.46

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Злато

152465.86

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Платина

66744.95

Калај

52.70

Алуминиум

3.53