Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Никола Тубовски е студент на четврта година на прилепскиот Економски факултет, на програмата сметководство и ревизија. Смета дека бизнис заедницата и факултетот се подготвени за соработка. Секоја иницијатива за поврзување е значајна за практичната работа и за пазарот на трудот. Неопходна е практикантската работа и да се искористат државните мерки. И компаниите треба да вложат во практикантството ако сакаме младите да ги задржиме. Академската ...
По две години пауза, градот Витлеем постави божиќна елка за да го обнови одбележувањето на празникот со сите свечености. Оваа традиција беше прекината во последните две години поради војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. По неодамнешното примирје, властите одлучија оваа година да ја осветлат традиционалната, џиновска божиќна елка пред црквата Христово раѓање. „Оваа година го разгоревме духот на Божиќ и испраќаме пораки на надеж до ...
На граничниот премин „Дојран“, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на „Табановце“ времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри има на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има магла. Синоптичарите најавуваат во северозападните региони слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 10 до 15 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот ќе биде променливо облачно ...
Денеска на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино, постапувајќи по пријава од 41-годишна жена од Скопје дека на 02.12.2025 во стан на подрачјето на Центар ја присилил на полово дејствие, при што снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари за да не го објави видеото на социјални мрежи. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена ...
Согласно добиените информации од регионалните центри, состојбата со врнежите низ државата е стабилна и без значајни последици, информираат од Центарот за управување со кризи. Скопски, Полошки, Штипски, Охридски, Вардарски и Кумановски регион – нема нарушувања на редовната состојба. Битолски регион – водостојот на р. Драгор е покачен, но без опасност од излевање. Струмички регион – нема врнежи. Во Кратово – слаби и повремени врнежи – ...
ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци на 18-ти конгрес. Мицкоски продолжува да ја води партијата. Претставена стратегијата до 2030 година, која нуди стабилност и враќање на македонската самодоверба, држава која сама ќе ја гради сопствената европска иднина, со доверба во институциите, правната држава, економија која нема да се базира на евтина работна сила туку на знаење, модернизација со нова технологии, но и со почитување на историското наследство, без ...
Во првите неколку дена од пробниот период на „Безбеден град“, ефектите полека стануваат видливи. Од МВР велат дека, иако е рано за статистика, сепак, првичните согледувања упатуваат дека бројот на прекршоци е во опаѓање. Граѓаните повеќе внимаваат, иако периодов добиваат само опомени, а не и казни. Сепак, бараат подобра сигнализација за да можат навреме да ја приспособат брзината, која во град е ограничена на 50 километри на час. Опомена ...
Танкерот „Каирос“ кој беше оштетен во украински напад со дронови во Турција, една недела подоцна се најде во близина на бугарскиот брег. Екипажот побара итно спасување, но неповолните временски услови значително ги забавуваат спасувачките операции. Властите велат дека не постои опасност од истекување нафта, бидејќи „Каирос“ не превезувал сурова нафта. Кризен центар во Бургас ја следи состојбата. „Уште од рано наутро се обидовме со брод на ...
Намален интерес за патување за последниот продолжен викенд оваа година. Од претпразничните аранжмани, најбарани се европските божиќни маркети. Интересот и за овие патувања споредено со лани е намален. Меѓу најпопуларните дестинации се Будимпешта, Прага и Виена, каде божиќните базари го привлекуваат вниманието на туристите. Најбарани се еднодневните патувања во соседните земји и кратките-викенд аранжмани, со автобус по прифатливи цени, но ...
Грчките земјоделци ги интензивираат протестите. Ги проширија блокадите со стотици трактори и друга механизација на патиштата и граничните премини, меѓу кои е и Евзони на границата со Македонија. Земјоделците се револтирани поради високите трошоци, доцнењето на субвенциите и недоволната државна поддршка. Од АМСМ известија дека поради блокадите, сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони ќе биде во прекин од 10 до 14 часот, и од 18 до ...
Нови смртоносни гранични судири меѓу пакистанските и авганистанските талибански сили, при што двете страни се обвинуваат меѓусебно за кршење на кревкото примирје. Жителите го напуштија регионот Спин Болдак преку ноќ, кој се наоѓа по должината на границата што ја делат двете земји. Портпаролот на пакистанскиот премиер ги обвини талибанците за „неиспровоцирано пукање“, додека талибанскиот портпарол вели дека Пакистан „уште еднаш започнал ...
Обилните врнежи и поплавите во Кочанско поле го зададоа последниот удар на оризопроизводителите. Околу илјада хектари останаа неожнеани. Собраниот род во ноември е со голема влажност и слаб квалитет. Поплавите во Облешево направија штета и на нивите и во амбарите. Надлежна комисија во Општина Чешиново-Облешево деновиве ќе ги утврдува пријавените штети. Оризопроизводителите очекуваат помош и од Министерството за земјоделство. Овогодишниот род ...
Неприфатливо е да се отстапи територија на Русија, став на врховниот командант на вооружените сили на Украина. Во интервју за британскиот радиодифузер „Скај њуз“, генералот Сирски ја обвини Русија дека ги користи мировните преговори со посредство на САД како „покритие“ за да се обиде да заземе повеќе украинска територија. „Нема паузи, нема одложувања во нивната операција. Тие продолжуваат да ги туркаат своите трупи напред за да заземат што е ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска учествува на Доха Форумот 2025 што до 8 декември се одржува во Доха, Катар. Како што информираат од собраниската прес-служба, темата на овогодишниот форум е „Правдата на дело: повеќе од само ветување за напредок“. На маргините на Доха Форумот претседателот на Собранието ќе оствари средба со својот хомолог Хасан Бин Абдула Ал-Ганим, претседател на Советот на Шурата на Државата Катар, потоа со ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Облачно време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во јужните делови од државата, најавуваат синоптичарите за денеска. Локално се очекува да наврнат и над 40 литри на метар квадратен за 24 часа. Во утринските часови ќе има појава на магла по одредени котлини и ќе дува слаб до умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната од 8 до 12 степени. Во Скопје, слично време ...
Денеска во Кавадарци се одржува 18-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува да биде реизбран актуелниот претседател на партијата, Христијан Мицкоски кој е и единствениот кандидат за функцијата. На конгресот што се одржува под мотото „Визија што гради држава, генерацијата што доаѓа 2030“, се очекува да присуствуваат 2.600 лица. Од нив над 850 се делегати, а повеќе од 1.800 ќе бидат гости. Освен избор на претседател, се очекува на Конгресот да биде ...
На 04.12.2025 во 07:17 часот во СВР Куманово е пријавено дека во угостителски објект на улица „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, во делот кој се користи за живеење, Г.П.(61) од Куманово била нападната со остар предмет од Б.Т.(84) од Куманово. Според пријавеното, нејзиниот син Д.П.(38), кој бил во соседната соба, успеал да ја одбрани. Притоа, Г.П. и Б.Т. се здобиле со повреди и пренесени се во Општа болница Куманово. Увид извршила екипа од ...
Германскиот парламент го усвои законот за доброволна воена служба. Одлуката има за цел да привлече млади регрути, но ако нивниот број биде недоволен, парламентот ќе може да активира мобилизација според потребите. Министерството за одбрана ќе го известува парламентот за обемот на регрутацијата на секои шест месеци. Среде војната во Украина и Франција, Италија и Белгија ја проширија доброволната воена служба, а скандинавските и балтичките ...
Вчера во 17:05 часот на ул. „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ж.(37) од Скопје и К.Б.(33) од Битола, информираат од МВР. Тие се сомничат дека на 03.12.2025 околу 18:40 часот во финансиско друштво на подрачјето на Кисела Вода во Скопје со закана од вработената одзеле пари. Кај нив се пронајдени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното ...
Алиу во обиколка на Клиника за ТОАРИЛУЦ. Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали во хируршкиот оперативен блок. „Комплетното реновирање на КАРИЛ е во завршна фаза и во најскоро време очекуваме овој простор да биде пуштен во употреба за пациентите. Се финализира и реновирањето на хируршкиот оперативен блок, каде се опфатени четири операциони сали во прва фаза. Во втора фаза е предвидена и нова операциона ...
ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6 а казнив по член 11 од „Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р.С. Македонија“. Пријавените, како организатори на настан по повод денот на Албанското знаме, што на 28.11.2025 година се одржувал на улицата „Маршал Тито во Струга, покрај ...
Само обединети како народ преку човекољубието и хуманоста можеме до целта, објаснува Мартин Розе Сопков, активен волонтер во „Супорт Кочани“. Освен силната желба да се помогне, вели дека гневот и големата душевна болка по националната трагедија на 16 март обедини 30 активни и над 400 пасивни волонтери да придонесуваат во ова здружение. Финансиска и психолошка поддршка на семејствата на настраданите и на повредените лица. Медицинска нега и ...
САД ја презентираа новата Стратегија за национална безбедност. Во документот од 33 страници се наведува дека европските институции премалку вложуваат во сопствената стабилност и безбедност. Еден од деловите на документот се однесува на војната во Украина. САД тврдат дека европските партнери ја попречуваат американската иницијатива за прекин на огнот. Според светските агенции, Вашингтон директно ја предизвикува Европската Унија да се ...
Додека ЕВН Хоум го прави есапот, Регулаторна донесе одлука да намали дел од трошоците што влијаат на крајната цена на струјата, за пренос, дистрибуција и за услугите на МЕМО за околу три насто. Нова цена на електричната енергија ќе има од први јануари, колкава ќе биде ќе биде познато за десетина дена, откако универзалниот снабдувач ќе ги достави пресметките до Регулаторот. Претходно, ЕСМ на тендерот понуди за околу пет насто поскапа струја. ...
Прилепчанката Роза Колеска е долгогодишен тутунар. На вага го проценуваше својот род. Сушниот период донесе помалку, но квалитетен тутун. Откупот на тутунот го забрзува темпото и нема никакви проблеми. Досега се откупени преку 1.700 тони по просечна цена од 419 денари. Откупуваат 9 од 10 компании. Нема проблеми и инспекторатот е на терен континуирано. Краен рок за почетокот на откупот е 15 декември и трае до 28 февруари. Реколтата се цени на ...
ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за утрешниот, 18-ти конгрес во Кавадарци. На него ќе присуствуваат околу 850 делегати и 1.800 гости. Станува збор за изборен конгрес, на кој актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски е единствен кандидат. На конгресот што се одржува под слоганот „Визија што гради држава, за генерацијата што доаѓа 2030 година“, партијата ќе ја донесе стратегијата за следните пет години. Документот ја содржи визијата за тоа како ...
Се зголемува фреквенцијата на пациенти во ординациите на матичните лекари. Шеесетина болни само во една смена прегледуваат докторите. Деца со стомачни вируси, премаленост, гадење, повраќање, од трет ден почнува и дијарејата. Возрасни со респираторни инфекции. Докторката Панчевска вели, периодов пациентите со висок крвен притисок имаат мака плус, поради променливото време притисокот им надминува 190. Според податоците на Институтот за јавно ...
По добиеното мислење, Предлог Законот за Судски совет ќе се поднесе во собраниска процедура. Станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија. Клучни новини кои се предвидени со Законот: Јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна. Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“. Воведување јавна ...