46,63 проценти односно 854.620 од оние што имаат право на глас ја исполниле својата граѓанска должност на изборите во недела. 43 општини во првиот круг добија градоначалник и совет, соопштија од Државната изборна комисија откако ги добиле сите материјали од избирачките места. Во Град Скопје за прв човек на градот, советничките места се поделени. Тече рокот за жалба од 48 часа, односно до среда вечер, сите кои имаат забелешки можат да ...

11 кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, беа интервјуирани пред Kомисијата за избор. Испрашувањето беше на англиски и француски јазик, процесот го следеа и невладини организации. Шанса да ја продолжат постапката ќе имаат само тројца кандидати. Комисијата за избор резултатите од интервјуата ќе ги испрати до експертскиот панел на советот на Европа. Изборот на судија во Стразбур се спроведува по вторпат, откако ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи владината делегација на Самитот за Западен Балкан, кој се одржува во Лондон. Шефот на Владата, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, како и со министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани, ќе учествува на голем број состаноци во состав на ...

На 25 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, 20.00 часот. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е ...

Денот на изборите беше мирен, иако беа забележани некои недостатоци во процедурите, како групно гласање и несоодветно мешање од страна на претставниците на кандидатите. Кампањата за локалните избори во Северна Македонија беше конкурентна, а избирачите имаа широк избор на политички алтернативи. Изборите беа негативно засегнати од системски правни празнини во надзорот на финансирањето на кампањата, како и од политичка поларизација и длабоко ...

Со убедливо водство Изет Меџити ја доби довербата на граѓаните на Чаир во првиот круг, каде се водеше и главната битка помеѓу албанската опозиција и албанската коалиција од власта. ВРЕДИ извојуваа победа во сите општини каде нивните кандидати беа во трка за градоначалничкото место, а во првиот круг во Сарај, Арачиново, Теарце, Желино, Боговиње. Со предност по бројот на гласови влегуваат во вториот круг во општините Тетово, Дебар, Брвеница, ...

Националната алијанса за интеграција, прогласи победи уште во првиот круг во Гостивар, Липково, Чашка и Пласница. Арбер Адеми рече дека убедливо е водство и во Врапчиште, но таму нема цензус. Адеми на прес-конференцијата изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за првпат ќе биде предводена од оваа коалиција. Тој додаде и дека во втор круг партијата ќе се натпреварува во Струга, ...

На 22 октомври во 21 часот, во МКЦ – Кино Фросина, скопската публика ќе има ретка можност да ја доживее женевската експериментална сцена преку концертот на TOUT BLEU, проект на мултиинструменталистката Simone Aubert. Бендот, составен од Simone Aubert (глас, гитара, дрампад, синтисајзер), Luciano Turella (виола), Beatriz Raimundo (виолончело, ефекти) и POL (електроника и семплирање), претставува спој на органско и електронско, на телесен звук ...

Влегуваме во втор круг, гласовите на опозицијата се дупли во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам во вториот круг поддршка од сите опозициски сили. Карпошани се на пат да си го одберат своето достоинство“, рече кандидатот на коалицијата „Искуство за успех“ за градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски. Тој обвини за изборен поткуп во Злокуќани. Јакимовски им се заблагодари за фер кампањата на противкандидати, Маја Мојсова од СДСМ, Антонио Димитров ...

Левица е лидер на опозицијата, вели првиот човек во партијата, Апасиев, сумирајќи ги резултатите и успехот од првиот изборен круг, да влезат во советите во повеќе градови, но и во борба за градоначалничката фотелја. Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица влезе во битката за татко на метрополата во втор круг. За ваквиот резултат од првиот круг, смета дека илјадници луѓе во Скопје се охрабриле да застанат на страна на ...

„Движењето ЗНАМ ќе биде победник во вториот круг“, порача кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, славејќи го убедливото водство од десет илјади гласови над второпласираниот независниот кандидат Горан Стојковски-Диро. „ЗНАМ ќе биде дефинитивно победник на претстојните избори на локално ниво, бидејќи повеќе од јасна е желбата на граѓаните дека препознаваат континуитет и развој на овој град и сакаат Куманово да се развива ...

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата остварија победа во над 50 општини. Во првиот круг од локалните избори, нивните кандидатите за градоначалници се избрани во повеќе од 30 општини, а во над 20 со водство влегоа во вториот круг. Кандидатите за градоначалници на Социјалдемократите ја загарантираа својата победа во само три општини, а водат во уште пет. ВРЕДИ со најмногу гласови во девет општини, од кои во првиот круг ја потврдија победата во пет, а НАИ ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...

Водство во 53 општини и освоени над 30 градоначалнички места за ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од локалните избори во Македонија. Ветивме победа и ја остваривме, триумфираше верниот народ, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Додаде дека на овие избори, Македонија не избра партија, туку насока. Оваа историска победа е почеток на новата македонска енергија, мирна, одлучна и праведна, истакна Мицкоски, ветувајќи уште посилна работа, ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба со септември, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Според пресметките на ССМ, синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 65.544 денари и во споредба со септември изнесуваше 65.077 денари е зголемена за 467 денари. Најзначаен пораст е забележан кај трошоците за храна и пијалоци, кои во ...

Во рамки на свеченото отворање на 25-то издание на „Есенски музички свечености“, на 25-ти октомври со почеток во 20 часот во малата сала на Македонската филхармонија ќе се одржи концертот „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар под диригентската палка на Владимир Николов. „Македонски сновиденија“ е енергична фузија на фолклорни мотиви и современ џез. На овој концерт ќе бидат изведени композиции кои ги обединуваат традицијата и ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од вечерва на полноќ цената на бензините останува непроменета, додека дизелот и екстралесното масло поевтинуваат за еден денар. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 и понатаму ќе изнесува 73 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР 98 – 75 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува на 67 денари за литар, а екстралесното масло за домаќинство ќе чини 66,5 денари. Мазутот поевтинува за 0,6 денари и од утре ќе се ...

Најмирен изборен ден на едни локални избори од осамостојувањето на државата, без посериозни нарушувања на изборниот процес и повреда на избирачкото право, првична оцена на дел од аналитичарите. Во отворената програма на МТВ, дел од нив посочија дека ветувањата во кампањата треба да се реализираат, но и дека нивните анкети и прогнози, во најголем дел се покажале како точни. Во кампањата преовладуваше политичката тензија меѓу власта и ...

Во првиот круг од гласањето коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победи во 53 општини, социјалдемократите ја однесоа победата во 8 општини, Вреди има победа во 9, а Националната алијанса за интеграција во 5 – Државната изборна комисија со првичните резултати од локалните избори. Во над 30 општини ќе има и втор круг гласање. Во град Скопје води кандидатот Орце Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ, а зад него е Амар Мециновиќ од Левица. Марина Стојанова - ...

Товарен авион „Боинг 747“ од Дубаи, се излизга од пистата на Меѓународниот аеродром во Хонгконг при слетување при што загинаа две лица. Четиричлена на екипажот во авионот се спасени и хоспитализирана. „Околу 4 часот наутро, товарен авион кој полета од Дубаи за Хонгконг, излета од северната писта при слетувањето и се урна низ оградата во морето. За жал, во тој момент таму беше патролно возило за безбедност на аеродромот. Авионот се судри со ...

Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, денеска ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд. По состанокот, ќе бидат спроведени интервјуа со кандидатите, кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик. Во насока на зголемена транспарентност, ќе бидат одржани пред независни набљудувачи, соопштуваат од комисијата. Станува збор за 11-те кандидати кои треба да ...

Американскиот претседател негира дека побарал од Зеленски да го отстапи целиот регион Донбас на Русија. Трамп предлага земјата да остане како што е сега и да се преговара. „Никогаш не сме разговарале за тоа. Сметаме дека она што треба да го направат е едноставно да застанат на линиите каде што се на бојните линии. Вие имате бојна линија во моментов. Останатото е многу тешко за преговарање.Има толку многу различни пермутации. Значи, она што го ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело. Од ударите, ...

Кандидатот за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи, го призна поразот и му ја честита победата на својот противкандидат од „Вреди“, Изет Меџити. Најави дека за следните политички чекори јавноста ќе ја информира наредните денови. „Честитки до мојот противкандидат и целата коалиција што застана зад него, тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири ...

Меѓународните набљудувачи денеска ќе ги соопштат своите прелиминарни оценки за текот на Локалните избори 2025 во Република Северна Македонија, на прес-конференција што ќе се одржи во Скопје. Меѓународната мисија за набљудување е заеднички ангажман на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа и Европскиот парламент. Во мисијата се вклучени вкупно 276 ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени. Според прогнозата на УХМР, следува ...

Државната изборна комисија доцна синоќа ги соопшти првичните резултати од локалните избори. Во првиот круг од гласањето коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ победи во 54 општини, социјалдемократите ја однесоа победата во 9 општини, „Вреди“ има победа во 9 општини, а ДУИ во 5 општини, а знам победи во општина Куманово. Во дел од општините ќе има и втор круг гласање. Во град Скопје води кандидатот Орце Ѓоргиевски од ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека изборите минале во главно фер и демократска атмосфера. Информираше дека уапсени се 11 лица, а исто така се проверувале 19 објави на социјалните мрежи и интернет во врска со изборите. „Лишени од слобода се 11 лица поради поткуп, фотографирање или уништување на гласачко ливче. Ослободени се четири лица, а седум се задржани поради понатамошна постапка. Пријавени се седум настани со ...

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори во земјава. Како што информира претседателот на ДИК, Борис Кондарко, до 18:30 часот одзивот на ниво на државата изнесува 46,65%, односно излегле да гласаат 803.091 граѓанин од 94,62% од обработените избирачки места. На гласање излегле 803.091 граѓанин, односно 94,62% од обработените избирачки места. Од 3.474 места обработени се 3.287. На овие ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1005
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
83%
1006
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
80%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
87%
1006
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.1
92%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
96%
1007
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
5.36
66%
1007
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
67%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
88%
1005
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
83%
1005
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
79%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Сребро

2460.50

Калај

46.91

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Злато

159231.39

Рутениум

45750.51

Платина

67162.91

Бакар

11.69

Алуминиум

3.03

Паладиум

546.56

Цинк

3.25