Ако се зголемат платите во правосудниот систем како што се бара, тогаш буџетот би требало да тежи над 8 милијарди евра, а тоа е невозможно, рече премиерот Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање од опозицијата. Тој посочи дека и сега за судството се одделува повеќе од пропишаното односно 0,45%, наспроти одлуката на Советот на Европа тој процент да изнесува 0,39. И додека социјалдемократите тврдат дека касата на ПИОМ е празна и ...

Додека западните и американските претставници ги засилуваат дипломатските напори за постигнување мир во Украина, а безбедносните гаранции остануваат клучен предизвик, Русија останува цврста во своите позиции, изјави заменик-министерот Сергеј Рјабков. Украинскиот претседател Зеленски вели дека е потребен поголем притисок врз Русија додека таа ги одбива мировните напори. Додека над 100 илјади руски војници се концентрирани на Покровскиот фронт, ...

Државниот пазарен инспекторат по повод најавените продажни поттикнувања „Black Friday“ акции ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата. Целта е да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти. Апелираме до сите трговци да обезбедат фер пазарни услови и да ги почитуваат законските обврски. ...

Вчера во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се ...

Ќе поскапи ли струјата, колкава цена побарале на годишниот тендер за снабдување со електрична енергија? За колку ќе се зголемат сметките, кои се ставовите на Регулаторната комисија која ја крои ценовната политика. Од Регулаторна излегоа со став дека не очекуваа промени за пренос и диструбуција кои учествуваа со третина од сумата во сметките. Премиерот изјави дека не очекува драстични поскапувања. Какви се ставовите за од Нова година? Борис ...

Дрско, планирано убиство со умисла, организирано и со логистичка помош на уште четворица е убиството на турскиот државјанин Енес Оздемир од страна на Кадир Кара. Вака се изјасни Обвинителството на денешното прво рочиште каде освен првообвинетиот за убиство, се судат и четворицата обвинети за помагање во убиството. Настанот се случи на 8-ми мај по 21 часот, во кафуле во центарот на Штип. Обвинителството најави докази кои укажуваат дека ...

Хамас ги повика посредничките земји да извршат притисок врз Израел за да им овозможи на десетици борци да излезат од тунелите во Појасот Газа, првпат признавајќи дека некои од нив се заробени. Израел минатата недела уби повеќе од 20 милитанти кои се обидувале да избегаат и уапси осум, додека околу 200 борци остануваат заробени во тунелите под Рафах. Премиерот Нетанјаху не е подготвен на компромис, оставајќи ја ситуацијата нерешена во рамките ...

Циметот е одличен извор на манган, железо, калциум, бакар и цинк, а во продолжение од текстот погледнете на кои начини оваа намирница го лекува и штити нашиот организам. Ако додадете цимет во вашата исхрана, ќе ви помогне во контролата на наглите подеми и падови на нивото на шеќер во крвта. На тој начин можете да ја намалите и потребата за слатки, и да го подобрите дејството на антиоксидантите од другите намирници кои му помагаат на телото да ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска попладне треба да продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Во текот на вчерашниот ден беа прифатени неколку амандмани од опозицијата со кои се бараше доопремување за службите за Брза помош. За Предлог-буџетот за 2026 година се поднесени вкупно 200 амандмани, а по завршување на амандманската расправа во собранската Комисија се очекува на 9-ти декември за него да ...

Екипата на Арсенал осамна на врвот на табелата во фудбалската Лига на шампиони по пет одиграни кола. „Топчиите“ се единствената екипа со максимални 15 освоени бода. Арсенал синоќа на домашен терен го победија Баерн Минхен нанесувајќи им го првиот пораз сезонава на Баварците. Прв пораз доживеа и Интер кој загуби во Мадрид. Резултати на натпреварите во ЛШ одиграни синоќа: Копенхаген – Каират 3:2 Пафос – Монако 2:2 Арсенал – Баерн 3:1 Атлетико ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на земјите од регионот, денеска во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на земјите од Југоисточна Европа кои се дел од иницијативата SEDM – South East Defence Ministerial. На состанокот, како што, соопшти Министерството за одбрана, е предвидено да се разговара за клучните безбедносни предизвици на глобално ниво кои имаат влијание ...

Ние сме конструктивни, но македонскиот јазик, идентитет и достоинство не се предмет на преговори-порача од Стразбур, шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски. Во обраќањето на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија, Муцунски посочи – она што го бараме за возврат е партнерство со многу јасна перспектива. Времето пред нас може да биде време на одлуки и на можности. Нашата држава е подготвена да го даде својот ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со ...

На сцената на Македонската опера и балет на 28-ми ноември, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев. Инва Мула, сопран е едно од најистакнатите имиња на современата оперска сцена. Родена во уметничко семејство во ...

Аеродромот во Брисел ги откажа сите појдовни летови поради тридневниот национален штрајк. Аеродроми, приватни болници, продавници, индустрии и приватниот сектор се приклучија на штрајкот. Синдикатите и натаму од властите бараат решение за пензиите како клучно прашање, фер данок на богатство, данок на дигитални активности за технолошките гиганти и транспарентен скрининг на субвенциите за компаниите. Акцијата беше свикана како одговор на ...

Од печат излезе најновата, четврта збирка кратки раскази од Живко Грозданоски-прозаист, преведувач, поет и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Книгата, која носи индикативен наслов „Како сепија, со мастило правам место за себе во светот“ содржи 26 кратки автобиографски раскази, поместени во пет циклуси. „Автобиографските записи се мошне малку распространети во нашата литература, зашто, соочувањето со себеси е, ...

Најмалку четири лица загинаа во пожар во висококатница во Хонгконг. Неколку жители останаа заробени во домовите во станбениот комплекс, соопштија локалните власти. Пожарот, во областа Тај По, брзо се проширил. Спасувачите продолжуваат со пребарувањето додека трае акцијата за локализирање на огнот. Областа Тај По се наоѓа во северниот дел на Хонгконг, во близина на границата со градот Шенжен во континентална Кина. Станува збор за приградска ...

Секој во владината коалиција останува со ист број на ресори појасни Мицкоски, посочувајќи дека нема да има министер плус за никој од партнерите. За сега во оптек се неколку кандидати кои ќе го пополнат испразнетото вицепремиерско место и она за животна средина. Се споменуваат имињата на Беким Сали, но и Мухамет Хоџа. Шефот на Владата директно не ги посочи, но не се исклучува можноста за внатрешна рокада од министерство во министерство. ...

Со измени на Законот за медијација, Министерството за правда ќе ги пополнува празнините со кои се соочува вонсудското решавање на споровите. Целта е сите предмети кои може да се решат по пат на дијалог да го заобиколат судот, а судиите да делат правда само во сложени и сериозни предмети. Со обуки на судиите се вклучува и Судскиот совет. Точно ќе се знае во кои случаи медијацијата ќе биде задолжителна, а странките ќе се упатуваат чаре за ...

По 50.000 евра за четири маркети и над 18.500 евра за Сојузот на стопански комори се прекршочните санкции за картелското здружување, одлучи Комисијата за заштита на конкуренција. Комисијата утврдила дека овие правни субјекти на состанок во февруари направиле забранет договор и усогласено дејствувале спротивно на Законот за заштита на конкуренција. Актуелното раководство ќе ја почитува одлуката на КЗК-вели новиот претседател на Сојузот, Горан ...

Министерството за финансии денеска го објави Проспектот за издавање на нова Граѓанска обрзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а граѓаните ќе може да доставуваат понуди за запишување обврзници до 10 декември 2025 година. Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари, односно тоа е минималниот износ којшто може да се запише од страна на граѓаните. Купонската каматна стапка изнесува 4,5%, а рочноста на обврзницата е ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска во просториите на ФФМ го промовираа првиот шпанско – македонски „Фудбалски речник на Ла Лига“, изготвен во соработка со Институтот Сервантес. На промоцијата на речникот, Ристовски истакна дека Министерството за спорт ги поддржува ваквите иницијативи кои ...

Вчера во 22:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул. „Маршал Тито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(25) од Кичево и мопед со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од Кичево, по што возачот А.Ф. со возилото го напуштил местото на настанот. По преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден и со него е извршен службен ...

СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16- годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, како и за 14- годишник од Охрид за сторено кривично дело „уцена“. На првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена откако, претходно полициски службеници од СВР Охрид го пронајдоа и го лишија од слобода. Тој на ...

Поддржувачите на венецуелската влада излегоа на улиците на југозападен Каракас во поддршка на претседателот Николас Мадуро и за да ги одбележат борбите за независност од 19 век. Маршот следува во услови на зголемени тензии со САД. Венецуела ги обвини за планирање воен напад со цел да се промени режимот во јужноамериканската нација. „Мора да бидеме способни да го одбраниме секој сантиметар од оваа благословена земја од каква било ...

Во Собранието денеска ќе се одржи 8-та Пленарна конференција на Националната конвенција за Европската Унија (НКЕУ-МК) под мотото „Реформи од другата страна на реториката: Регионални предизвици на патот кон Европската Унија“. Како што информираат организаторите, на конференцијата фокусот ќе биде на иницијативите на ЕУ за зајакнување на регионалната интеграција на Западниот Балкан, особено преку Планот за раст и потребата од усогласени политики ...

Само народот на Тајван може да ја одлучува својата иднина, велат властите во Тајпеј по најновите изјави на Пекинг за суверенитет врз островот. Претседателот Лаи Чинг-те објави дека Тајван подготвува дополнителен одбранбен пакет од 40 милијарди долари, за да го зацврсти одвраќањето и да ја зголеми сопствената борбена подготвеност. Претходно, Јапонија објави дека планира да распоредува ракети на острови во близина на Тајван, потег кој Пекинг го ...

Изречени казни за компании кои незаконски договарале цени. Комисијата за заштита на конкуренцијата утврди дека четири трговски друштва кои се занимаваат со трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори, како координатор, учествувале во забранет договор, кога на состанок на 5-ти февруари постигнале усогласен став за неприфаќање нови или зголемени ценовници од добавувачите. Со тоа, како што објаснува комисија, ...

Во финална фаза процесот за избор на четвртиот по ред судија кој ќе ја претставува Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. По интервјуто на 11-те кандидати пред комисијата и пред независни експерти, шанса да ја продолжат постапката само за тројца. Резултатите од интервјуата ќе бидат испратени до експертскиот панел на Советот на Европа, кој пак ги препраќа до Комисијата за избор на судии при Парламентарното собрание на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
57%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
70%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
44%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.98
72%
1014
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
5.14
58%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
2.57
42%
1017
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
40%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
46%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
40%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
80%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
52%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9138

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Сребро

2534.46

Алуминиум

3.53

Калај

52.70

Бакар

12.46

Платина

66744.95

Злато

152465.86

Паладиум

49351.40

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09