Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Израелските воздушни сили нападнаа позиции на Хамас во Газа, по ранувањето на пет израелски војници од оперативци на групата кои излегле од тунел во Рафах. Израел тврди дека Хамас го прекршил примирјето, додека милитантите ги осудуваат нападите. Во меѓувреме, Тел Авив потврди дека предадените останки припаѓаат на последниот тајландски заложник од нападот на 7 октомври, додека во Газа останува уште едно тело на заложник. Израел најави отворање ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ја започна својата работна агенда во Брисел, каде денеска учествува на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“ што го организира бриселскиот тинк-тенк „Пријатели на Европа“. Утре, ќе учествува и на Министерскиот совет на Транспортната заедница. Најавени се бројни политички и економски средби со високи претставници на Европска унија како и меѓународни финансиски институции на кои ќе разговара ...
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е нов фудбалер на Локомотива Загреб. Ова го објави клубот на својата официјална страница. Трајковски кој кариерата ја почна во Цементарница 55, во Хрватска досега има настапувано во Интер Запрешиќ и Хајдук, а од неколкуте екипи за кои настапуваше во странство ќе останат забележани неговите настапи во италијанскиот Палермо. Во дресот на Хајдук одигра 32 натпревар постигна 10 голови (еден ...
Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва претрпеа нов пораз во групата Б од Лигата на шампионите. Тие во дуелот од 10.коло загубија на гостувањето кај хрватскиот првак Загреб со 27:23. Ова за домашната екипа беше прва победа и први освоени бодови сезонава во групата од Лигата на шампионите. Битолчани добро го почнаа натпреварот и имаа предност од четири разлика (5:1), но по десет минути игра почнаа да грешат во нападот и ...
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи концерт на квинтетот саксофонисти – „СаксКлар“. Македонските музичари пред софиската публика, преку аранжманите на Нинослав Димов специјално подготвени за овој неконвенционален музички камерен ансамбл, ќе се претстават со исклучителен репертоар, кој вклучува разни музички стилови, и ќе ги задоволат сите сетила и вкусови на љубителите на музичката уметност. Реномираните ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за ...
Во законодавниот дом на Република Северна Македонија денес се очекува да ја продолжи 72-та пленарна седница. Пред пратениците на денешното заседание се наоѓаат Предлог-одлуката за именување на директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка во доменот на одбраната меѓу Владите на Франција и Северна Македонија, како и Предлог-одлуката за корекција на Одлуката за избор на шеф, ...
Во Флорида, продолжуваат дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина. Американскиот специјален претставник Виткоф на средба со украинскиот шеф за безбедност Умеров во Мајами, по петчасовните разговори со Путин во Москва. Иако од Кремљ велат дека средбата не донела компромис, Трамп оцени дека разговорите биле разумно добри. „Претседателот Путин имаше многу добар состанок со Кушнер и Виткоф. Што ќе произлезе од таа средба, не ...
Во судницата во затворот во Идризово, ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“. Обвинетите и нивните адвокати треба да ги дадат воведните зборови. На последното судење, сите рекоа дека не се виновни. Сопственикот на дискотеката Јованов и неговиот син тврдеа дека не знаеле оти групата „ДНК“ ќе користи пиротехника. Реалниот сопственик на објектот Гроздан Милковски пак рече дека не ни знаел за што ќе се користи просторот што на Јованов му ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во работна посета во Брисел каде ја започна неколкудневната политичка и економска агенда. На својот фејсбук-профил тој напиша: „Во Брисел во организација на влијателната тинк тенк организација Friends of Europe дел од годинешниот настан кој е посветен на проширувањето на ЕУ. Плодни средби и одлични разговори во интерес на Македонија“ објави ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонската репрезентативка во бодибилдинг, Катерина Попева, која се врати со златен медал од Светското првенство што се одржа во Санта Сузана во Шпанија. На средбата присуствуваше и секретарот на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, Јовче Василевски. Попева зад себе има исклучително успешна сезона, крунисана со титула светска шампионка во парови на СП и ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ја посети Клиничката болница во Тетово по повод доделување решенија за вработување доктори-специјализанти од повеќе области. „Со големо задоволство присуствувам на доделувањето решенија за вработување на 28 доктори специјализанти. Станува збор за приватни специјализанти од повеќе различни области, со што сериозно се унапредува специјалистичката здравствена заштита во оваа установа. Приватните ...
Расте интересот за добивање субвенции и поддршка од државата за развој и унапредување на земјоделството во струмичкиот регион. Првиот човек на подрачната единица на Министерството за земјоделие во Струмица кажа дека вкупните вкупниот број на апликации по сите основи годинава е за 500 повеќе во однос на лани. Државата ќе мора да најде начин и модел како да ги охрабри земјоделските стопанства да конкурираат како на домашните и европските ...
Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вршејќи мотопатролна дејност на ул. „1“ во село Јурумлери, сопреле патничко моторно возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(21), во кое како сопатник се превезувал 16-годишен малолетник, двајцата од Скопје. При извршените проверки, во возилото бил пронајден пиштол „Екол“ и рамка со шест куршуми. Лицата се лишени од ...
Мнозинството и опозицијата во Собранието без ниту еден глас против одлучија да се формира Анкетна комисија која ќе ги разгледува причините за несреќите, покрај во дискотеката „Пулс“ и за пожарот во модуларната болница во Тетово, но и за сообраќајните несреќи во Бугарија и кај Ласкарци. Потребна е неселективност за сите трагични настани, со што би се дошло до објективно согледување и решавање на системски пропусти и недостатоци-согласни се ...
Да се спасат драгоцени животи со спречување на катастрофите од пожари пред да се случат. Безбедноста на објектите во фокус, директорот на дирекцијата за заштита и спасување со став-потребна е силна стратешка соработка меѓу проектантите, надзорот, изведувачите, инженерите. Потребно е подобрување на законите и подзаконските акти, но и нова современа технологија. Безбедноста не е трошок, таа е инвестиција во животот, во иднината и во сигурноста ...
Модернизација на железницата и патната инфраструктура како и изградбата на интерконекторот. Брзата реализација на стратешките проекти-клуч за забрзан економскиот развој на двете држави, вели српската бизнис-заедница. Нашите предлози се јасни, на ред се владите да исполнат, вели првиот човек на стопанската комора. Азески побара поголема помош од државата за раст на извозот. Се продлабочува стратешката соработка меѓу Македонија и Србија. Во ...
Собранието денес едногласно го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Од 82 присутни пратеници, сите гласаа „за“. Чучуљ, дипломиран правник со правосуден испит, е дел од Комисијата 19 години и моментално ја извршува функцијата генерален секретар. На селекцијата за претседател доби највисоки 96,5 бодови, при што беше оценет како кандидат со значајно искуство во антикорупциските процеси и ...
Австралија следната недела ќе воведе старосна граница од 16 години за користење на социјалните мрежи. Платформите ќе се соочат со казни 33 милиони долари од 10 декември ако не преземат чекори за отстранување на сметки на австралиски деца помлади од 16 години. Дел од платформите веќе се согласија дека ќе се придржуваат на планот на австралиската влада. Изминатиот месец, малезиската влада соопшти дека ќе ги забрани сметките на социјалните ...
Вниманието на скопјани во изминатите три дена е свртено кон проектот „Безбеден град“. Социјалните мрежи и секојдневните разговори се темелат на тоа, колку прекршоци се направени во текот на денот. Секој возач треба да знае дека 50 е најголемата дозволена брзина во населено место, но има одредени места каде треба да биде и помала, особено во близина до училиште или градинка. Но, дали има сообраќајни знаци кои го потврдуваат тоа? Александра ...
Вчера околу 16:00 часот во село Трново, кривопаланечко, кај место викано „Самоков“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода Г.Ѓ.(57), А.Ѓ.(30) и А.Ѓ.(22), сите од с.Жидилово, кривопаланечко. Тројцата агресивно се однесувале и попречувале полициски службеници при вршење службени дејствија кои давале асистенција на вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство. Исто така, тие ги попречувале вработените ...
Првата голема снежна бура оваа зима пристигна во североисточниот дел на САД. Бурата донесе ветер и мраз. Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за зимски бури и совети за зимско време во држави, вклучувајќи ги Масачусетс, Њу Хемпшир, Вермонт, Мејн, Конектикат и Њујорк. Меѓународниот аеродром Чикаго О’Хара во текот на викендот постави рекорд за најголеми снежни врнежи во еден календарски ден во ноември на аеродромот, според ...
Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 532-та седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и усвојување на програма и акционен план за спречување и следење на корупцијата во судството 2026-2029. На дневен ред на денешната седница на Судскиот совет се и усвојување на Извештајот за спроведено вонредно оценување на кандидати за судии на Апелациониот суд Штип, постапување по решенијата на Советот за ...
Оптимално време за берба на киви е почетокот на ноември, овошје богато со хранливи материи како витамин Ц, витамин К, витамин Е, фолна киселина и друго. Содржи и антиоксиданси и е добар извор на влакна. Помага во лекувањето астма поради витаминот Ц и антиоксидансите. Го поттикнува варењето на храната поради големата количина влакна и ензими. Го подобрува имунитетот бидејќи изобилува со витамин Ц. Го намалува ризикот од други здравствени ...
Претседателот на САД, го одржа својот последен состанок на кабинетот за оваа година. Меѓу другото, се осврна на нападот врз брод на почетокот на септември за кој се тврди дека носел дрога во Карипското Море. Трамп истакна дека американската војска ќе напаѓа цели на копно, вклучувајќи ја Венецуела и други земји, во напорите за борба против трговијата со наркотици. Американскиот секретар за војна, Хегсет, изјави дека ова е само почеток на ...
Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 25 метри има на патниот правец од село Гајре – Попова Шапка и од 50 – 70 метри на планинскиот превој Стража. Од ЈП Македонијапат информираат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат. Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината ...
Путин се сретна со претставникот на американскиот претседател Виткоф, и зетот на Трамп, Кушнер, во Москва на разговори во рамки на обновениот притисок за мировен договор за Украина. Разговорите за крај на речиси четиригодишната војна беа конструктивни, но останува уште многу работа, велат од Кремљ. „Разговорот беше многу корисен, конструктивен и многу суштински, и траеше не пет минути, туку пет часа. Ова ни овозможи темелно да ги разгледаме ...
Влатко Стефановски, еден од најценетите гитарски виртуози на овие простори, стои зад сите инструментални верзии на песните од големиот проект „Хитмејкер - Ѓорѓе Новковиќ“, коишто се веќе достапни како ново дигитално издание на „Кроација рекордс“ (Croatia Records), најголемата дискографска куќа во регионот. Станува збор за целосна колекција од 10 безвременски хитови во целосно инструментално руво, отсвирени во препознатливиот, емотивен и ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за ...
Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од функцијата судија. Оставката, како што информираат од Уставниот суд, е поради здравствени и лични причини. Дабовиќ-Анастасовска за уставен судија беше избрана на 12-ти декември 2023 година и на местото доаѓа како професор на правниот факултет „Јустинијан први“ при универзитетот „Св. Кирил и методиј“. Уставниот суд сега останува со само седум судии, откако беше разрешена ...