Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден. Тие на 10.10.2025, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и ...

УКИМ спроведува нов систем за следење на сопствениот квалитет и на постигнувањата. На првиот годишен форум нотирани три приоритетни области каде што се потребни забрзани реформи. Ќе се носaт пакет закони меѓу нив и нов закон за високо образование. Веќе се обезбедни и повеќе пари за научно – истражувачка дејност, бесплатни се научните бази за професорите. Ќе се реформира и Агенцијата за квалитет на високото образованието, за да се овозможи ...

Премиерот Мицкоски и лидерот на БЕСА Касами ги испеглаа ставовите. Мицкоски ја потврди средбата и рече дека Касами почнал да ги праќа вистинските пораки. Ова следи по повиците за гласање по етнички клуч, испратени од кандидати за градоначалници од „Вреди“. Мицкоски дециден – владината коалиција е стабилна. Мицкоски со став како лидерот на СДСМ може да ја оценува работа на Владата за период од година и пол, кога за сопственото претседателување ...

Со добивањето на значката со грбот на општина Струмица, Петар Јанков ја презеде градоначалничката функција од досегашниот Костадин Костадинов. Јанков се заложи на посветена работа а прва задача ќе му биде скенирање на состојбите во локалните јавни претпријатија. Костадинов кој точно четири години ја водеше Општина Струмица на новоизбраниот Јанков му посака успех и автономност во одлучувањето. Кажа дека му остава и проекти кои треба да се ...

Кандидатот за градоначалник на општина Тетово од „Вреди“, Биљал Касами ветува реализација на инфраструктурни проекти во спортот и рекреативните активности на младите. Вели дека изградбата на градскиот стадион во Тетово е почната и до 2027 година треба да биде завршена. Со тоа, вели Касами ќе им се овозможи на локалните екипи и на државната репрезентација да игра меѓународни натпревари. Касами повика масовна излезност на изборите в недела за ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР. Во Скопје, ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Во следните денови под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под ...

Изборот во Скопје е избор на демократија, не на функција, а вториот круг не е натпревар меѓу двајца кандидати, туку избор меѓу старото и новото, меѓу статус – квото и визијата за едно поубаво место за живеење, смета кандидатот за градоначалник на метрополата од „Левица“, Амар Мециновиќ. Покрај проектите за поубав град, Мециновиќ најави и поддршка за младите и за нивно поголемо учество во креирањето на културата во градот. Тој има и идеја за ...

Тетово заслужува да е чист град, имам стратегија за тоа, вели кандидатот за градоначалник од редовите на НАИ, Бајрам Реџепи. Крај за сите диви депонии и пунктови за смет им ветува на тетовчани. Градот ќе се чисти секојдневно, а не еднаш во месецот како досега, ветува Реџепи. Тетово треба да донесе надеж за младите, бидејќи е убав и мултиетнички град, вели Реџепи. Тетовчани треба да се сигурни дека тоа што го ветил ќе го исполни, затоа што тоа ...

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, на жителите на општината им ветува отчетност, транспарентност и проекти што ќе го подобрат нивниот живот. „Нема распродавање на земјиштето и бетонизација на Карпош“, ветува Лукровски. Вели, потребна е поголема грижа за лицата со посебни потреби, па затоа најавува отворање на дневен центар за нив, но и поголема нивна инклузија во општината во делот на ...

Еднократна финансиска поддршка за сите пензионери во Центар чија пензија не е повисока од просечната, како и помош за сите нови корисници на пензија во општината, најави кандидатот за градоначалник од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ. Изградба на нова градинка во Зелен Рид, најави кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. Тој најави довршување на сите краци од улицата Авној, како и фекална канализација за да се надмине деценискиот ...

МВР уапси две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во Скопје. Меѓу приведените е директорот на претпријатието, Сабахудин Рустеми, како и раководителот во скопски комуналец, Аки Саити. Обвинителството информира дека двајцата се осомничени за кривичното дело, загрозување на животната средина и природата со отпадни материи. Од претпријатието е одземена и документација во врска со ...

Откако Русија изврши масовни напади во кои имаше убиени и ранети, Украина возврати. Московската област-цел на дронови. Руските сили собориле 34 беспилотни летала од вкупно 194. Аеродромите Домодедово и Жуковски привремено ги прекинаа операциите, а украински дрон погодил и минибус во Брјанскиот регион – возачот загинал, неколку патници се повредени. „Само за оваа една недела, русите употребија речиси 1.200 ударни беспилотни летала и веќе 50 ...

Во Подгорица се приведени 45 лица, државјани на Турција и Азербејџан во голема полициска акција. Осуммина странци се протерани од Црна Гора, а на седуммина им биле изречени прекршочни налози за кршење на Законот за странци. Рацијата следува откако група турски државјани вчера по полноќ нападнаа група жители на Подгорица во близина на угостителски објект. Во насилствата едно лице се здобило со убодни рани. За нападот се уапсени двајца ...

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишија од слобода Б.А.(25) од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари. Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, ...

Единицата за економски криминал при СВР Скопје го приведе директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, и одзеде дополнителна документација од претпријатието. Според првичните информации, лишени од слобода се две лица, а се очекува поднесување кривична пријава до Обвинителството. Приведувањето следи по долготрајното несоодветно постапување околу управувањето со јавната чистота во главниот град, како и институционалните ...

Горивата од вечерва на полноќ ќе бидат со нови, повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 0,5 денари и од утре ќе изнесува 73,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе изнесува 75,5 денари, што е повисока за половина денар. ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар, и од утре ќе се продава по 68 денари за литар. За 1 денар се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, ...

Владината коалиција е стабилна, уверува премиерот Мицкоски. Испеглани се разликите со ВРЕДИ, уверува Мицкоски, кој ги отфрли шпекулациите дека дел од коалицијата ќе стане и Рамиз Мерко. Премиерот потврди дека имал средба со еден од лидерите на ВРЕДИ, Билал Касами, кој е кандидат за градоначалник на Тетово. „Јас се сретнав со Билал Касами. Разговаравме. И мислам дека тој веќе почна да ги испраќа оние вистински изјави кои треба да му прилегаат ...

Во македонскиот Културно-информативниот центар во Белград промоција и афирмација на современото македонско творештво за најмладите читатели. Во Белград на литературната манифестација се собраа авторите, издавачите и љубителите на детската литература кои го промовираа и македонскиот јазик во Србија. Проектот Денови на македонската литература за деца поддржан е од македонското Министерството за култура и туризам. Оливер Бранковиќ, дописник од ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година. Согласно Изборниот законик, анкетите на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите за вториот круг на гласање, односно ...

Синоќа околу 20 часот на ул. „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници единицата за Интервентна полиција од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Т.(30) од Скопје. Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода е лишен Р.Т., кој бил затекнат со пиштолот. По документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по чл. ...

Единаесет месеци затворска казна за 43-годишниот родител, кој на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“ нападна двајца 15-годишни фудбалери. Штипскиот суд ја донесе пресудата, со која Авни Абгулиј од Скопје е прогласен за виновен за насилство. Тој има право на жалба до апелација. Инцидентот се случи на игралиштето „Бело брдо“ во Штип на 24-ти август при крај на натпреварот, кога судијата му додели втор жолт ...

Со историски ниска излезност и покрај задолжителното гласање, само 66 насто од гласачите излегоа на конгресните избори во Аргентина. И покрај корупцискиот скандал и слабата економија, ултралибералниот претседател, Хавиер Милеи, извојува победа. Неговата партија „Напредок на слободата“, освои повеќе од 40 проценти од гласовите. Опозициската партија од левиот центар, доби околу 24 насто од гласовите. Милеи досега немаше свое мнозинство во Домот ...

Бурата Мелиса во неделата прерасна во ураган од четврта категорија, а американските метеоролози рекоа дека би можела да достигне статус на петта категорија, предизвикувајќи поројни дождови и заканувајќи се да предизвика катастрофални поплави во северниот дел на Карибите, вклучувајќи ги Хаити и Јамајка. Се очекуваат големи штети на инфраструктурата, прекини во електричната енергија и комуникацијата, како и изолација на заедниците на Јамајка. ...

Со дербито меѓу Шкендија и Вардар денеска ќе биде комплетирано 10. коло во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот ќе се игра од 13:30 часот на Градскиот стадион во Тетово. Актуелниот шампион Шкендија влегува во дуелот со голема самодоверба по историскиот триумф над Шелбурн во Конференциската лига и со цел да го искористи поразот на Струга од АП Брера за да го преземе врвот на табелата. Играчот на тетовскиот тим, Арбин Зејнулаи, истакна ...

Од денес со зимскиот ред на летање од македонските аеродроми и нови 11 рути. Директна врска ќе има до шведската престолнина. На листата директни авиолинии и Стокхолм, Штутгард, Бари, Ларнака-Кипар. Од трети ноември од Скопје директна авио врска и со Женева, една од позначајните деловни дестинации, а од метрополата воздушно и до Мадрид. Од втората недела на декември и до Прага и Келн. Од Охридскиот аеродром пак директен лет до Базел битна ...

Фестивалот „Есенски музички свечености“ продолжува на 31.10.2025г. (петок) со концерт на Георги Шарески - соло гитара со авторска музика, кој ќе се одржи со почеток во 20:00 часот во Салон 19:19. Георги Шарески е гитарист, композитор и аранжер кој се истакнува со својот препознатлив стил, спојувајќи балкански ритми со џез, фјужн и современа класична музика. Неговата музика се карактеризира со длабока емоционалност, комплексна хармонија и ...

Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, каде наврнал и најмногу дожд во изминатите 24 часа, 86 литри на метар квадратен. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот измерени се 7 степени во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево, 8 во Струмица, 9 во Берово и Крива Паланка, 10 во Куманово, Тетово, Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид, Гевгелија, Велес, Штип и Кавадарци, 11 во Прилеп, Претор, Виница во Охрид ...

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе паузира најмалку една недела поради истегнување на прстот на левата рака и повреда на долниот дел од левата нога, пренесуваат американските медиуми. Словенечкиот ас сигурно ќе ги пропушти следните четири натпревари на Лејкерс – против Сакраменто, Портланд, Минесота и Мемфис. Дополнителен удар за тимот е и отсуството на Леброн Џејмс, кој сè уште не настапил оваа сезона поради болки во грбот. ...

Хамас ја прошири потрагата по останките на заложници во Појасот Газа, еден ден откако Египет распореди тим експерти и тешка опрема за да помогне во нивното извлекување. Според прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД, кој стапи на сила на 10-ти октомври, се очекува Хамас да ги врати останките на сите израелски заложници што е можно поскоро. Израел се согласи да врати 15 тела на Палестинци за секое од нив. Хамас ги врати телата на 15 ...

Украина одново ја нападна Московската област со дронови. Руските сили собориле 34 украински беспилотни летала од вкупно 194. Аеродромите Домодедово и Жуковски привремено ги прекинаа операциите поради заканата. За да може светот да разговара со Русија од позиција на сила, ние во Украина мора да бидеме во силна позиција, став на претседателот Зеленски. „Само за оваа една недела, Русите употребија речиси 1.200 ударни беспилотни летала и веќе 50 ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1004
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
77%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
79%
1006
weather icon

Софија

8ᴼ / 5ᴼ
4.12
86%
1005
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.97
93%
1005
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
95%
1006
weather icon

Атина

19ᴼ / 18ᴼ
5.14
55%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
6.69
51%
1008
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
88%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
78%
1004
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
70%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67162.91

Родиум

336779.07

Сребро

2460.50

Злато

159231.39

Цинк

3.25

Бакар

11.69

Паладиум

546.56

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.03

Калај

46.91

Иридиум

221848.72