Делегација на Министерството за внатрешни работи-Центар за обука, предводена од помошник на министерот на Центар за обука престојува во тридневна работа посета на БК Академијата на Германија. Посетата е потврда за најавената меѓусебна поддршка во делот на полициското образование и обука, како и константна поддршка на Центарот за обука, во иднина Полициска академија, во исполнување на европските стандарди за обука и полициско образование. На ...

Судија на претходна постапка одреди 30 дневен притвор за директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми и управителот на Секторот за отпад Аки Салити што беше и предлог на Обвинителството. За нив како што соопштуваат од судот постои основано сомнение дека извршиле кривично дело од член 23о став 1. загрозување на животната средина и природата со отпад. „Согласно решението на судот, за осомничени С.Р. и А.С., вработени во ЈП „Комунална ...

Во 90 проценти од случаите мозочниот удар можел да се превенира. Затоа медицинската сестра Гордана Димеска заедно со медицинскиот тим на Клиниката за неврологија работат на подигање на свеста за препознавање на оваа животозагрозувачка состојба. Генетиката не може да се менува, но голем дел од ризик – факторите можат да се исклучат, вели професорката Арсовска. Клиниката за неврологија ги има потребните апарати за дијагностика, а магнетна ...

Рекордни 6,7 милијарди евра. Толку ќе тежи Предлог-буџетот за 2026 година. Владата го усвои овој важен документ, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8%, инфлацијата на 2,5%, а буџетскиот дефицит на 3,5% од БДП. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска кажа дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, додека проекцијата за капиталните инвестиции е на ...

Секој нововработен јавен службеник ќе помине обука и ќе полага стручен испит. Со Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници се поставуваат темели на систем кој ќе биде транспарентен, ефикасен и чесен, систем што ќе се потпира на професионалци, во кој ќе се напредува со знаење, а не со врски, истакна министерот за јавна администрација, Минчев. Модернизацијата на администрацијата е клучна, не само за европската ...

Осум години стоевме во место и наместо да броиме нови индустриски погони, нови паркови и водоводи, ние броевме изгаснати светла во домовите. Доста е од стагнација, уназадување и апатија, истакна градоначалничкиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ за Пробиштип потенцирајќи дека има победничка програма со проекти за изградба на нова станбена населба и нова индустриска зона. За младите најави бесплатен канцелариски простор за водење бизнис и намалување на ...

Во срцето на метрополата граѓаните во 21 век живеат во супстандардни услови, со уништени улици, без соодветен водовод и канализација со нерешени имотни прашања – ова се проблемите со кои се сочуваат жителите на Маџир маало. Лабудовиќ уверува дека доколу ја освои довербата на центарци прво кон што ќе се зафати, а со помош и поддршка од Министерството за транспорт и врски е подготовката на нови урбанистички план, по мерка на граѓаните. „Час ...

Билал Касами кандидатот за градоначалник на Тетово од ВРЕДИ вели дека во четиригодишниот мандат ќе ја реализира изградбата на неколку спортски објекти, но и ќе заврши изградбата на три нови основни и две средни училишта. Нова жичница до Попова Шапка, но и изградба на шест спортски сали, ветува Касами. Вториот мандат, вели Касами ќе биде за брз развој, за европски стандарди во секоја сфера, за заживување на културата, спортот и туризмот, но и ...

Достоинствени услови за живот на секој жител на Скопје, како и соработка со локалната и централната власт, порача кандидатот за градоначалник на Скопје од „Левица“, Амар Мециновиќ. Ако ја добие поддршката и застане на челната позиција во градот, Мециновиќ на прво место ја става чистата и здрава животна средина, оти како што вели, граѓаните го заслужуваат тоа. Мециновиќ додава дека заедно со неговиот тим и со сите луѓе кои се приклучија кон ...

На средбата со жителите од крушевското село Јакреново, претседателот на СДСМ, Венко Филипче ги повика граѓаните од Крушевскиот регион и во вториот круг од локалните избори да ја дадат поддршката на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Крушево, Томе Христоски. Според Филипче, Христоски е пример за тоа како треба да се работи во интерес на сите граѓани, зашто со својата посветеност, искрена и чесна работа и со својата визија за развој на ...

Кандидатот на НАИ за градоначалник на Тетово ветува крај на маките на тетовчани со водоснабдувањето, вели и покрај доволните количини на вода во тетовскиот базен од близу 10 милиони кубни метри во однос на потребите од 7 милиони сепак поради стариот систем и несоодветното менаџирање проблемот е рак-рана за жителите на оваа општина, а тој го има и решението и умешноста за менаџирање вели. Реџепи вели дека не ветува многу туку неколку ама ...

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми и управителот на Секторот за отпад Аки Саити беа изведени пред судија во Кривичниот суд Скопје како осомничени за загрозување на животната средина и природата со отпад. Обвинителството ги товари за кривично дело по член 230 од КЗ став 1, казниво од 3 месеци до 3 години затвор. „Осомничените постапиле спротивно на законот за управување со отпад и на својата основна дејност за редовно ...

Појавата на пластичен и друг амбалажен отпад во Вардар и другите водотеци е поради незадоволителното ниво на комунални услуги, особено во руралните средини, велат од Министерството за животна средина. На ова претходеа видеоснимки на социјалните мрежи, на кои се забележуваат илјадници пластични шишиња во реката. Од ресорното министерство нагласуваат дека во овие подрачја е евидентно присуство на диви депонии на јавни површини, за чија санација ...

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со проектиран економски раст од 3,8 проценти, инфлација од 2,5 и буџетски дефицит од 3,5 проценти од БДП. Министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска соопшти дека вкупните приходи се планирани на 374,7 милијарди денари, а расходите на 413,9 милијарди. За капитални инвестиции се предвидени 40,5 милијарди денари (околу 650 милиони евра). Според министерката, капиталните проекти ...

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска го најавија стартот на проектот за изградба на нова современа спортска сала во општина Аеродром, во вредност од над 1 милион евра. Изградбата на овој нов спортски објект ја реализираат Министерството за спорт и Владата на Република Македонија во соработка со ...

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека појавата на пластичен отпад во реката Вардар и во другите водотеци се должи на незадоволителното ниво на комунални услуги, особено во руралните средини. Од ресорното министерство посочуваат дека во овие подрачја се забележува присуство на диви депонии на јавни површини, за чија санација и контрола се надлежни единиците на локалната самоуправа и општинските инспектори. ...

СЕПА-единствената област за плаќање во евра како двигател на интеграцијата во Унијата – главна тема на Конференцијата за пазарна инфраструктура што се одржува во Охрид. Организатори се Народната банка на Македонија и Централната банка на Холандија. Ја продолжуваат долгогодишната традиција на заедничко разгледување на можностите и предизвиците во областа на платежните услуги. Гостин на Сузана Фиданска-Стоевска во овој дневник е гувернерот ...

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 22 илјади лица низ државата. Вакцинацијата се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ...

Јамајка се подготвува за ударот на „Мелиса“ — најсилната бура во светот годинава. Ураганот од петта категорија со ветрови над 280 км/ч носи обилни дождови и опасност од поплави и лизгање на земјиштето. Бурата веќе одзеде седум животи во северниот дел на Карибите. Надлежните повикуваат граѓаните веднаш да се засолнат поради животно загрозувачките услови. „Сместуваме приближно 260 луѓе, но имаме место за многу повеќе. За секој што мора да се ...

Израел нема да дозволи турски трупи да учествуваат во меѓународните мировни сили за надзор на договорот за прекин на огнот во Газа-изјави израелскиот министер за надворешни Саар, додека се подготвува втората фаза од примирјето. Во меѓувреме, Хамас предаде уште едно тело на заложник, а потрагата по останатите 12 продолжува. Египет со експерти и опрема помага во нивното извлекување. „Египетски технички тим сега е во Газа за да помогне во ...

САД и Јапонија потпишаа договор за ретки минерали, најавувајќи „златно доба“ за сојузот меѓу двете земји. Договорот е одговор на извозните контроли на Кина која го користи својот монопол на ретки минерали во трговската војна со САД. „Ова ќе биде однос посилен од кога било досега. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас. Ќе бидеме тука за сè што можеме за да ѝ помогнам на Јапонија. Ние сме сојузник на најсилно ниво“, изјави претседателот ...

Бесплатен доплер на каротидни артерии за сите заинтересирани граѓани, без потреба од упат, ќе се врши денеска од 10 до 12 часот на Универзитетската клиниката за неврологија, во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар. Целта на настанот е подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар. Отворениот ден, како што информираат од Министерството за ...

Државната изборна комисија денеска ќе ги објави конечните резултати од првиот круг од локалните избори. На продолжението на 150 седница, ДИК ќе ги објави резултатите за сите општини по завршувањето на постапката по тужбите поднесени пред Управниот суд. ДИК ќе го објави и прегледот на општините каде што нема поднесени тужби и каде гласањето на завршено, како и општините во кои ќе се одржи втор круг на изборите или прегласување на првиот поради ...

Партиите имаат уште четири дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори. Се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2 ноември. Ветувања за субвенции, поддршки, но, и за здрава и модерна животна средина. Како наближува денот до молкот, така се заострува и реториката. Препукувања и фалби, којшто направил или не направил. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Руските сили ја концентрираа офанзивата кон источниот украински град Покровск, каде се водат жестоки борби. Зеленски потврди дека градот е главен фокус на фронтот и додаде дека Киев би можел да го натера Путин да се вклучи во преговори само ако има можност да напаѓа воени и енергетски цели длабоко во Русија. „Сите задачи поврзани со длабоките удари мора целосно да се реализираат до крајот на годината, ова вклучува и проширување на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а ...

Нов протест на вработените во „Паркови и зеленило“ и нивните фирми ќерки „Флораком“ и „Луна парк“. Во периодот од 10 до 12 часот, известија дека ќе го блокираат просторот од семафорите на раскрсницата на булеварот „Илинденска“ со улицата „Никола Тесла“. Нивните барања се исплата на септемвриска плата, К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работници со престанат работен однос и на исплата на помош за починат член на ...

Вчера во 16:40 часот, на регионален пат Штип-Велес, во близина на крстосница кај село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.М.(34) од село Иванковци, велешко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,84 промили алкохол во крвта. На 26.10.2025 во ...

По успешната премиера која предизвика одличен прием и бурни аплаузи, Националната опера и балет најавува нова изведба на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Настанот ќе се одржи на 28 октомври 2025 година, со почеток во 20 часот на големата сцена. Диригент на претставата е Бисера Чадловска, режијата ја потпишува Љупка Јакимовска, сценограф е Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска, кореограф Саша Евтимова, хор мајстор Јасмина ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1004
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
77%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
79%
1006
weather icon

Софија

8ᴼ / 5ᴼ
4.12
86%
1005
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.97
93%
1005
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
95%
1006
weather icon

Атина

19ᴼ / 18ᴼ
5.14
55%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
6.69
51%
1008
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
88%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
78%
1004
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
70%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Злато

159231.39

Алуминиум

3.03

Паладиум

546.56

Рутениум

45750.51

Платина

67162.91

Сребро

2460.50

Кобалт

64.04

Бакар

11.69

Цинк

3.25

Иридиум

221848.72

Калај

46.91