Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за утрешниот, 18-ти конгрес во Кавадарци. На него ќе присуствуваат околу 850 делегати и 1.800 гости. Станува збор за изборен конгрес, на кој актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски е единствен кандидат. На конгресот што се одржува под слоганот „Визија што гради држава, за генерацијата што доаѓа 2030 година“, партијата ќе ја донесе стратегијата за следните пет години. Документот ја содржи визијата за тоа како ...
Се зголемува фреквенцијата на пациенти во ординациите на матичните лекари. Шеесетина болни само во една смена прегледуваат докторите. Деца со стомачни вируси, премаленост, гадење, повраќање, од трет ден почнува и дијарејата. Возрасни со респираторни инфекции. Докторката Панчевска вели, периодов пациентите со висок крвен притисок имаат мака плус, поради променливото време притисокот им надминува 190. Според податоците на Институтот за јавно ...
По добиеното мислење, Предлог Законот за Судски совет ќе се поднесе во собраниска процедура. Станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија. Клучни новини кои се предвидени со Законот: Јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна. Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“. Воведување јавна ...
На денешниот работен состанок на министерот Алиу со претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и со Синдикатот на Клинички центар беа разгледани можните аспекти за доработка на колективниот договор, информираат од Министерството за здравство. „Со синдикатите сме на иста страна, во постојана комуникација сме, одржуваме редовни работни средби и заеднички се залагаме за унапредување на статусот на ...
РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека тренерот на екипата Рубен Гарабаја поднесе оставка од својата позиција и клубот ја прифати истата. Гарабаја заминува од Битола пред истекот на договорот и клубот наскоро ќе назначи негов наследник. Со Гарабаја на клупата клубот го освои Суперкупот на Македонија и одигра достоинствени десет натпревари од Лигата на шампионите за сезоната 2025/25. Гарабаја пред заминувањето од клубот и градот ја ...
Вчера во 20:25 часот во атар на село Бучим, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Е.К.(21) и Ѓ.И.(30), двајцата од село Бучим, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на Е.К. во село Бучим, при што, исто така, е пронајдена марихуана. Тие се задржани во полициска станица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно ...
Бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје годинава бележи раст од 3,8 % во однос на истиот периот лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 21 % и Информации и комуникации од 7,4 %. Во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот на бруто-домашниот производ. Во структурата на БДП, учеството на бруто ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска е во работна посета во прилепскиот регион, каде што врши увид во процесот на откупот на тутун. „Сакам да ве информирам дека од пријавените 320 пунктови низ државата, отворени се 207 заклучно со вчерашниот ден“, изјави министерот Трипуновски. Тој додаде дека од компаниите коишто се пријавени во Регистарот за откуп на тутун, само една компанија досега не ...
„Впишувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ“, ова го изјавил бугарскиот претседател Радев на средбата со македонските Бугари од неколку организации од Битола, Охрид, Скопје, Прилеп, Кавадарци и Кочани. Радев рекол дека сите се надеваат на што поскора интеграција на Македонија во ЕУ, но, како што посочил на средбата, тоа не може да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјава. ...
Претседателот на СДСМ, Филипче ја повика главната европска обвинителка, Лаура Ковеши да ја посети Македонија за да ги истражи сомнежите за малверзации со европски средства од ИПАРД програмата. Филипче рече оти е загрозен износ од 130 милиони евра. „Институциите под притисок на власта не можат да гарантираат независност и заштита на јавниот интерес“, тврди Филипче. Филипче рече дека партијата формирала антикорупциски тим што ќе ги документира ...
СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, информираат од МВР. Пријавената, на 01.06.2023 набавила фалсификуван тест за познавање на англиски јазик од Бугарија и на 29.06.2023 го доставила во прилог на документите по јавниот оглас за избор на директор ...
По петгодишна потрага, американските власти го уапсија 30-годишниот маж од Вирџинија, Брајан Кол, осомничен за поставување две бомби во близина на седиштата на Републиканската и Демократската партија пред немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година. Бомбите беа деактивирани и не експлодираа. „Брајан Кол Џуниор беше уапсен и обвинет за употреба на експлозивна направа. Истрага е во тек, се извршуваат налози за претрес и може да има уште ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопштуваат од ЈП „Македонија пат“. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат. „ЈП Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, ...
САД планираат во следните две недели да ја започнат втората фаза од мировниот план за Газа, со ново управување и меѓународни сили. Почетокот зависи од разоружувањето на Хамас, кој прифаќа технократска влада, но не и целосно разоружување. Израел тврди дека групата не ги исполнила условите од првата фаза и работи на враќање на последниот заложник. „Последниот заложник останува во Појасот Газа, покојниот полицаец Ран Гвили-израелски херој кој се ...
На сцената на Националната опера и балет, вечер со почеток во 20 часот ќе биде изведен балетскиот бисер, „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, ремек-дело кое ја обединува магијата на ориенталните приказни со раскошната балетска уметност. Базирана на мотивите од „Илјада и една ноќ“, оваа балетска класика ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со ...
Институтот за бои Пантон ја избра нијансата на бела „Cloud Dancer“ за боја што ќе ја означи 2026 година, продолжувајќи традиција долга повеќе од четвртина век. Институтот ја опиша бојата како „брановидна, избалансирана бела боја проткаена со чувство на спокојство“ и како симбол на нови почетоци. „Cloud Dancer претставува смирувачко влијание во френетичното општество, повторно откривајќи ја вредноста на одмереното размислување и тивката ...
Украинската делегација ги продолжува преговорите во САД за да ги разјасни деталите од состанокот во Русија и да ги координира натамошните чекори за постигнување праведен мир-изјави претседателот Зеленски. „Нашата задача сега е да добиеме целосни информации за тоа што беше кажано во Русија – какви други изговори најде Путин за да ја продолжи војната и да изврши притисок врз нас и нашата независност“, нагласи Зеленски. Путин, кој е во посета на ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на социјалните мрежи најави новина во репрезентацијата. Соработката на ФФМ со спортската опрема „Јако“ истече и според најавата фудбалерите во иднина ќе носат дресови на светски познатата компанија – Адидас. На календарот на ФФМ е прикажан „патот“ од самиот почетокот на дресот од 1993 година до последниот редизајн. Наскоро и новата опрема ќе биде присутна. „Горди на традицијата, подготвени за нов ...
Во Собранието денес ќе се состане Фискалниот совет. На агендата е Предлог-одлука за давање на финансиска согласност на Предлог-годишниот план за менување и надополнување на Годишниот план за ангажирање кадар во Секретаријатот на Собранието за 2025 година. Членовите на Буџетскиот совет треба да донесат и заклучок за изменување на Заклучокот за утврдување на бројот на надворешни соработници во пратеничките групи, и да дадат мислење по Предлогот ...
Земјоделците ширум Грција ги интензивираат протестите, проширувајќи ги блокадите со стотици трактори поради високите трошоци, доцнењето на субвенциите и недоволната државна поддршка. „Грчките лесно расипливи производи ќе можат да се извезуваат. Останатите, кои се за увоз, нема да можат да се увезуваат. Донесената одлука е да се затвори преминот додека не видиме што ќе се случи“, вели Јоргос Сидиропулос, раководител на Земјоделско здружение. ...
Царински службеници од ЦИ Тетово спречија обид за криумчарње стока која била натоварена во Турција и наменета за увозник од Скопје. Станува збор за 2000 кг, или 200 вреќи од по 10 кг прашак за перење алишта со трговска марка Ариел која ги повредува правата од интелектуална сопственост. Преку одделението за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост при Царинската управа известен е правниот застапник на носителот на ...
По масовните протести во Софија, Бугарија се подготвува за нови демонстрации. Младите и опозицијата бараат оставки и политички промени. Протестите започнаа минатата недела како реакција на предложениот државен буџет за 2026 година, кој предвидува зголемени даноци и придонеси. Организациите на работодавачи и синдикатите го оценија предлог документот како „најлошиот буџет во последните 30 години“. Бугарската влада по вторпат објави дека го ...
Со амбиција да ја поправи оценката во извештајот на Европската комисија, Адем Чучуљ го презеде раководството со Државната комисија за спречување на корупција. Свечена заклетва даде во Собранието. Најави дека во текот на неговиот мандат, заедно со тимот ќе работи и ќе бара од институциите интегритет, одговорност и транспарентност. Законодавниот дом е највисокиот морален правен субјект и контролор на извршната власт, посочи претседателот на ...
Министерството за економија останало глуво на барањата да не се издава лиценца за работа на клубот „Пулс“. Ова го тврди ексградоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски кој во судница кажа дека неговите укажувања биле игнорирани иако во дописот до министерството навел дека дискотеката се наоѓа на локација на која е предвидено да работи лесна индустрија. Воведни излагања имаа и градежните инспектори опфатени со обвинението. Велат немале ниту ...
На панел-дискусијата „Прашања на проширување“ во Брисел, во организација на „Пријатели на Европа“, вицепремиерот Александар Николоски порача дека Македонија и регионот со децении се борат за европските вредности, но дека клучните земји од ЕУ не ја испорачуваат потребната поддршка. Николоски истакна дека Македонија направила огромни напори и жртви во пристапниот процес, но дека ЕУ треба искрено да каже дали регионот ќе се приклучи кон Унијата. ...
Камерите снимаат, но и покрај будното око под кое се наоѓаат возачите, сè уште храбри пред законот и несовесни за безбедноста на сообраќајот. Објективот на „Сејф сити“ регистрирал возило со над 230 километри на час на скопската обиколница. Ана Јосифовска е на булеварот „Партизанска“ во Скопје, каде во минатиот период поради непочитување на сообраќајните правила се случуваа низа несреќи со жртви. Колку „Безбеден град“ и опомените ги смирија ...
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утре територијата на државата ќе биде под влијание на циклонска активност, која ќе донесе облачно време со врнежи од дожд. Дождот насекаде ќе биде присутен, а најобилни врнежи се очекуваат во јужните делови, каде локално може да наврнат над 40 литри на квадратен метар за 24 часа. Во сабота врнежите ќе продолжат локално, особено во јужниот регион, но попладне постепено ќе престануваат. ...
Вчера во 10:19 часот во СВР Битола, 70-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило и ја известило дека нејзината ќерка паднала по скали и ја искршило вилицата и ногата и дека требало да и се стават златни шипки. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна откако ѝ се јавила нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се преземаат ...
Вечерва со почеток во 19 часот, на Малата сцена во МНТ, ќе се одржи промоција на „Александар јава на запад“, новиот роман од Венко Андоновски. По точно три години од големиот книжевен спектакл што го одбележа пристигнувањето на „Папокот на светлината“ во Кино „Милениум“, и по големиот успех на оваа книга што досега доби шест изданија и меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“, Венко Андоновски се враќа со роман што ветува нов успех од ...
Венецуела распореди војска ширум земјата како одговор на заканите од САД. Претседателот Мадуро изјави дека се подготвени да го бранат суверенитетот и достоинството, давајќи предност на мирот. За првпат проговори за телефонскиот разговор со Трамп оценувајќи го разговорот како почитувачки и срдечен и нагласи дека дипломатијата е секогаш добредојдена. „Ако тој телефонски повик значи дека се преземаат чекори кон почитувачки дијалог меѓу двете ...