Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Во периодот од 27.10.2025-30.10.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.382 издадени платни налози, 443 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 12 лица сите за возење под ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 01/ 02.11.2025 (сабота и недела) поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул. „Бутелска“, лево по ул. ...
Судењето за случајот „Пулс“ ќе биде тест на нашата издржливост, професионалност и независност, истакна претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска во обраќањето на Годишното собрание на Здружението на судиите. Таа вели дека сега целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик, а бидејќи станува збор за процес кој ќе биде внимателно следен од јавноста, судска фела треба да остане доследна на принципите на правдата и владеењето на ...
Радари пред сите градинки и училишта во Општина Карпош, најави кандидатот за градоначалник Стевчо Јакимовски од „Искуство за успех“ кој бара нов мандат. Тој вели дека, Карпош мисли на сите деца и затоа ја побара поддршката од граѓаните. Тој најави и субвенции за граѓаните од Карпош за чиста и зелена општина. Веруваме, додава Јакимовски, дека заедно ќе продолжиме да го градиме Карпош како пример на локална самоуправа, што ги почитува ...
Жените сè уште се цел на родово насилство во воените конфликти и малку застапени во државното раководство. За постигнување мир во светот, мора конечно да им дадат поголема улога на жените дури и на највисоката функција, генерален секретар, оцени претседателката Сиљановска-Давкова. Македонија со акциски план ја спроведува резолуцијата 1325 од 2013-та. Лидер е Министерството за одбрана каде над 50 проценти од раководителите и 23 насто од ...
Водевме фер, чесна и многу конструктивна изборна кампања, која беше длабоко втемелена во програмата за следните четири години. Мојата програма не беше изборен памфлет, туку сериозен стратешки и политички документ составен врз база на остварливи ветувања и проекти за секој дел од Центар и за секоја категорија – вели кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ, Герасимовски. Тој најави целосна реконструкција на улицата „50 Дивизија“, со која ...
Да се обидеме надежта којашто ја создадовме во првиот круг да ја преточиме во одлука, само така можеме да ги промениме нештата и од Скопје да направиме поубаво место за живеење, порача кандидатот за градоначалник на метрополата од „Левица“, Амар Мециновиќ. Рече дека привилегија било што се наоѓа на гласачкото ливче, но, за негова визија да ја преточи во реалност-повика на излезност в недела. Мециновиќ со ветување, доколку ја добие довербата и ...
На полноќ почнува молкот. Последни јавни подготовки, пораки, убедувања за поддршка. В недела во вториот круг за градоначалници ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје, На три избирачки места во Општина Шуто Оризари ќе има прегласување за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани. Според информациите од Државната изборна комисија за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица. Во првиот круг од локалните ...
Отпадот претекува од контејнерите во делови од Скопје, полни раце работа го очекува новиот директор на Скопски комуналец. А Јовановски уверува сметот ќе се исчисти, вели тоа е приоритет на неговата агенда. Но гориво за возилата има само за викендот, новата набавка зависи од административните процедури за негов потпис што треба да го стави на документот. Јовановски се жали дека претпријатието е во незавидно лоша состојба, доправ треба да се ...
Еден ден откако руските сили извршија масовен ракетен и беспилотен напад врз украинската енергетска инфраструктура, Киев го возврати ударот. Трафостаници, рафинерии и термоцентрали во Русија на удар на укарински дронови. Светот мора соодветно да одговори на руското војување, изјави претседателот Зеленски. „Намалувањето на увозот на руската нафта е намалување на руските воени напори и не смее да има исклучоци за никого, вклучително и за ...
На 30.10.2025 околу 14:40 часот во Скопје, на територија на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(26) од Скопје. Пред куќа во Ѓорче Петров, Б.Б., кој бил со патничко возило „фиат“, фрлил фолија во која имало бела грутчеста материја, по што заминал со возилото, но бил сопрен од страна на полициските службеници и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ...
Последен ден од изборната кампања. Молк од полноќ. На втори ноември се гласа втор круг за градоначалници и советници во 32 општини и во град Скопје. Ќе се прегласува за членови на Советот на општина Шуто Оризари. Право на глас имаат милион 13 илјади 375 граѓани, пријавени да го остварат демократското право на глас се и 4.826 болни лица и изнемоштени лица. Изборите ќе ги следат околу 1.600 странски набљудувачи. На терен последни подготовки и ...
Илјадници студенти пристигнуваат во Нови Сад. Утре во градот се одржува голем комеморативен собир на една година од уривањето на настрешницата на железничката станица при што загинаа 16 лица. Падот на настрешницата изминатата година предизвика масовни антивладини протести, а студентите ги блокираа факултетите. Се бара одговорност од власта и предвремени парламентарни избори. Во средината на септември, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ...
Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823. Болните и изнемоштените, затворениците и лицата во ...
Њујорк прогласи вонредна состојба во државата поради недостиг на сојузни средства за програмата за помош во храна. Федералната влада и натаму е во блокада. Демократите и Републиканците не попуштаат за спорните предлози за финансирање на федералните служби, програмите за социјална и здравствена заштита, воздухопловството. „Демократите треба да го направат очигледното и правилното нешто, и да гласаат за непартиската мерка за финансирање“, ...
Во НУ Завод и музеј – Прилеп вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ во организација на Завод и музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата. Изложбата е резултат на десетгодишната соработка меѓу овие две институции во проучување на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија. На изложбата ќе бидат претставени најновите резултати од мултидисциплинарните истражувања меѓу повеќе ...
Хамас предаде тела на уште двајца заложници. Досега беа вратени 15 киднапирани, се трага по уште 13. Прекинот на огнот во Газа и натаму на тест. Изминатите два дена беа регистрирани напади со десетици жртви. Израелскиот премиер се закани дека доколку Хамас продолжи отворено да го крши прекинот на огнот, ќе возврат со голема сила. „Доколку Хамас продолжи да го крши прекинот на огнот, ќе доживее моќни напади, како оние завчера и вчера. Ние ...
Управниот одбор на НБА едногласно ја одобри продажбата на мнозинскиот удел во Лос Анџелес Лејкерс на милијардерот Марк Волтер, извршен директор на холдингот TWG Global. Од лигата соопштија дека трансакцијата ќе се финализира наскоро. Американските медиуми претходно објавија дека Волтер ќе го преземе клубот за околу 10 милијарди долари, што ја прави оваа зделка една од најголемите во историјата на спортот. Волтер поседува и удели во неколку ...
Екипата на Струга постигна победа од 2:1 на вчерашниот натпревар од 11. коло од Првата фудбалска лига. Шкупи беше „административно“ домаќин во Струга, а тоа го искористија стружани кои преку Басиру Компаоре поведоа во 24. минута. Шкупи изедначи на 1:1 во 56. минута стрелец од пенал беше Сухејљ Муарем откако претходно Диако доби црвен картон. Струга и со играч помалку стигна до ново водство од 2:1 со вториот гол на Компаоре, овојпат од белата ...
Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, вечер од 20 часот во Салон 19:19 во Културно-информативниот центар-Скопје концерт на соло гитара со авторска музика ќе одржи Георги Шарески - гитарист, композитор и аранжер. Како што соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организатор на фестивалот, Шарески се истакнува со својот препознатлив стил, спојувајќи балкански ритми со џез, фјужн и современа класична музика. Неговата ...
Синоќа околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје. Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул. „Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „Фиат Сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, ...
Генералниот секретар на ООН предупредува на ризиците, откако шефот на Белата Куќа сугерираше дека САД ќе продолжат со тестирање на нуклеарно оружје. Трамп му наложи на Пентагон веднаш да почне со нуклеарни тестови за да можат САД да држат чекор со другите нуклеарни сили, директно наведувајќи ги Русија и Кина. „Генералниот секретар постојано кажува дека моменталните нуклеарни ризици се веќе алармантно високи и дека мора да се избегнуваат сите ...
Јаник Синер и Данил Медведев обезбедија пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Париз. Двајцата во вечерните мечеви постигнаа победи. Синер без поголеми проблеми со 2:0 во сетови го совлада Франциско Серундоло. Многу потешко до победата стигна Медведев, кој со пресврт стигна до триумф откако Лоренцо Сонего поведе со 1:0 во сетови. Вториот сет во тај брејкот го освои Медведев, кој без поголеми проблеми го доби решавачкиот сет. Денес во ...
Македонската ракометна репрезентација оствари победа во првиот контролен дуел со Јапонија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров славеа триумф со 29:27 на дуелот што се одигра во салата во Автокоманда и беше од затворен тип, па двајцата селектори Лазаров и Тони Херона имаа можност да комбинираат. Вториот пријателски дуел двете репрезентации ќе го одиграат на 1 ноември во сабота во Куманово со почеток во 16 часот. Два натпревара се дел од ...
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 29-ти октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се обидел да пренесе 129,7 килограми ...
Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија. Во периодот од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. Борис Трајковски бр. 1 поточно влез 2 од зградата т.н. Пегла во општина Кисела Вода, а од 09 до 10 часот корисниците од Новоселски пат, како и објектите на Стокомак, КАМ ...
Денеска завршува изборната кампања за вториот круг од локалните избори 2025, кои ќе се одржат в недела, на 2 ноември. На полноќ почнува изборниот молк што ќе трае до недела во 19 часот. Граѓаните ќе избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а ќе се прегласува за членови на Совет на три избирачки места во општината Шуто Оризари. Во сабота, први ќе гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и оние во домашен притвор со ...
Продолжуваат жестоките битки на истокот од Украина откако руските сили влегоа во Покровск, стратешки важен за контрола на Доњецк. Врховниот командант на украинските вооружени сили вели дека ситуацијата е комплицирана, но нема опколување на украинската армија. Киев пак ноќеска нападна руски региони, со беспилотни летала. Путин може да се соочи со уште построги мерки од САД, доколку Москва не се согласи на прекин на огнот, вели американскиот ...
Денеска ќе биде одбележана 25 – годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на ОН – Жени, мир и безбедност.“ Како што соопштија од Министерството, на настанот ќе се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на ЕУ во земјава, Михалис Рокас и Весна Ивановиќ Кастаред раководителка на Канцеларијата на UN Women, по што ќе се реализираат две панел дискусии посветени на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...