Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерсот во Шангај, кој ќе се одржи од 1 до 12 октомври, објавија организаторите на турнирот. Ѓоковиќ, кој во кариерата има рекордни 24 грен слем трофеи, го одигра својот последен официјален натпревар на почетокот на септември во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во Њујорк, кога беше поразен од Карлос Алкараз. Засега е потврдено дека Ѓоковиќ, до крајот на годината, ќе настапи и на АТП ...

Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона 2025/2026 со едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт, на 3 октомври со почеток во 20 часот. Под диригентската палка на истакнатиот италијански диригент, Џанлука Мартиненги, македонската публика ќе има можност да присуствува на извонредна изведба на дело што ја отсликува генијалноста, длабочината и духовната сила на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Земјите-членки на НАТО треба да соборуваат руски авиони што влегуваат во нивниот воздушен простор, изјави американскиот претседател. На прашањето дали САД ќе обезбедат воена поддршка во таква акција, Трамп рече дека потенцијалното учество ќе зависи од околностите. Изјавата следува откако изминатиот период руски дронови упадна во воздушниот простор на земји-членки на Алијансата. „Се зависи од околностите. Знаете, НАТО се засили. Кога се зголеми ...

Пијано дуо „Гелебешеви“, в четврток со почеток во 20 часот ќе настапат во Камерната сала на Македонската филхармонија. На програмата се дела од Супе, Вагнер, Росини, Рахмањинов и Шостакович. Во сферата на камерното музицирање, пијано – дуото „Гелебешеви“ од почетокот на своето делување во 2001 година, се наметнува како ансамбл со исклучително високо профилиран квалитет во уметничката изведба, што гради успешна концертна кариера во С. Македонија ...

Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациони единици во текот на изминатата недела, во десетина различни случаи лишија од слобода вкупно 40 лица, како и двајца малолетници, кај коишто при извршени лични прегледи и прегледи на возила, биле откриени и запленети марихуана и бела грутчеста и прашкаста материја, соопштија од МВР. Исто ...

Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 23.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.012 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 56 лица, а по преземени мерки поднесени се 32 кривични пријави. Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна ...

„Изработката и испораката на учебници во основното и средното образование го реши предизвикот кој четири министри на претходната влада не успеаја да го надминат“, реагираат од МОН. Оттаму, и натаму уверуваат дека има учебници за сите ученици и оти испораката е веќе завршена. „Целиот тираж кој беше побаран од училиштата е испечатен и испорачан. Дополнително, на училиштата и учениците покрај печатените учебници, како опција на располагање им се и ...

Системската корупција е длабоко навлезена во општественото ткиво – оценува професорот од Факултетот за безбедност Николовски. Додава дека поради лукративни интереси на поединци, граѓаните со тешкотии ги остваруваат своите права, се губи довербата во институциите, со што се нарушуваат темелите на демократското општество. „Корупцијата ја загрозува безбедноста на земјава и на регионот“, предупредуваат експертите. Големиот број коруптивни случаи што ...

303 потврдени листи за градоначалници и 558 листи за членови на советите на општините за локалните избори, информираа од ДИК. Дел од листите сè уште се во процес на отстранување на неправилностите. Претседателот на комисијата, Борис Кондарко, информираше дека разликата во бројот на поднесени листи е минимална во однос на претходните локални избори. Коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд во врска со правилникот и упатството кое го донесе ДИК, ...

Тактилната изложба „Допрете ги покуќинските садови“, наменета за слабовидни и слепи ќе им овозможи на овие лица да ги допрат и почувствуваат предметите од поставката во Музејот на Македонија. Барем за момент да визуализираат како живееле народите кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Културните денови на европското наследство претставуваат можност да се свртиме кон минатото и кон луѓето кои ги граделе селата, градовите, ...

Скопјани повторно во неизвесност дали ќе имаат редовен превоз. Се жалат дека автобусите доцнат, а тие со часови чекаат на постојките. Од синдикатот велат дека претпријатието добило 20-ина тони нафта, доволно колку за два дена, па оценуваат дека состојбата е загрижувачка. Автобусите засега сообраќаат редовно, но неизвесно е до кога. Градот го впери прстот кон компанијата снабдувач, која како што велат, и покрај активниот договор ја прекинала ...

Вчера во 19:30 часот на ул. „Кузман Јосифоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Б.Ѓ.(61) од Прилеп. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф” со прилепски регистарски ознаки, при што било утврдено дека Б.Ѓ. возел под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,35 промили алкохол во крвта. На 22.09.2025 во 20:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во близина на ...

В недела, на 28-ми септември ќе се одржи осветувањето на новоизградениот храм „Св. цар Константин и царица Елена“, кој се наоѓа во центарот на Скопје. Свечениот чин ќе го предводи Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со повеќе архијереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Богослужбата ќе започне во 8:30 часот, а од МПЦ-ОА упатуваат покана до сите верници да земат молитвено и литургиско учество ...

Непријатна реа, смет во и надвор од контејнерите – ваква е сликата во центарот на градот, а се забележува и насекаде низ метрополата. Граѓаните се жалат – отпадот со недели не се собира, немајќи избор го оставаат сметот до преполните контејнери, со што само ја влошуваат ситуацијата. Ѓубрето се таложи и таложи, Скопје е претворено во депонија. Од Комунална хигиена уверуваат дека претпријатието ги вложува сите напори за да ја одржи динамиката, ...

Комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ. Почнува дводневниот скрининг на населението во Трубарево, по еколошката хаварија која пред 10 дена се случи во магацин за електронски отпад. Прегледите се наменети за сите граѓани, особено за оние кои чувствуваат здравствени тешкотии по пожарот. Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со две амбулантни возила кои ќе го посетат населението. Доколку лекарите утврдат дека се потребни ...

Најскапо ќе е платеното политичко рекламирање. Дури две третини од 10-те милиони јавни пари распределени за претстојните локални избори со кои ќе располага највисокиот изборен орган. Првиот човек на ДИК, Кондарко вели само една третина ќе остане за сите други дејствија. Тој посочи дека како и претходно буџетот е помал од проектираниот, стокмен како во секоја општина да ќе има два круга. Кондарко коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд во врска ...

Прво во амбулантата на матичниот лекар, па во клиничката болница во Тетово, инспекторите на ДСЗИ на терен проверуваат дали има пропусти во патеката на упатување и третман на седумгодишното девојче од Челопек што почина во неделата. Девојчето во болница било задржано во сабота, но во неделата починало. Семејството се сомнева на небрежност на лекарите. Освен надлежните здравствени власти, комисија е формирана и во тетовската болница. Од болницата ...

Напаѓачот на ПСЖ и француски репрезентативец Усман Дембеле ја освои Златната топка, најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот. Дваесетиосумгодишниот Французин беше клучниот играч во историскиот прв триумф на ПСЖ во изминатата сезона во Лигата на шампиони кога во финалето го совладаа Интер со 5-0. Наградата на Дембеле на вечерашната церемонијата во Париз му ја врачи легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо. Втор во изборот за ...

По шестдневна пауза, ток-шоуто „Џими Кимел во живо“ денеска повторно ќе се емитува на Еј-Би-Си, соопшти „Дизни“. Емисијата беше суспендирана поради реакции на коментарите на Кимел поврзани со атентатот врз Чарли Кирк и заканите од претседателот на Федералната комисија за комуникации, Брендон Кар. Од „Дизни“ наведоа дека суспензијата била привремена за да се избегне дополнителна ескалација, но по разговори со водителот, одлучиле да ја продолжат ...

Добитник на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра необјавена поетска книга е збирката Ткажалки од Александра Јуруковска. На десетгодишнината од востановувањето на наградата, ДПМ за првпат наградува необјавен поетски ракопис. Наградата се состои од плакета и од објавување на ракописот. Врачувањето на наградата „Даница Ручигај“ на овогодишната добитничка Александра Јуруковска е в среда (24 септември) во 12 часот во Друштвото на писателите на ...

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска се сретна со амбасадорката на Република Словачка во нашата земја, Ивета Хрицова. На средбата се дискутираше за напредокот на земјава во контекст на евроинтегративниот процес, како и прогресот кој е направен во однос на спроведените реформи во повеќе области. Беше нагласено дека Словачка е силен поддржувач на Македонија на европскиот пат и дека оваа поддршка ќе продолжи и во ...

Молдавските власти во голема акција за разбивање на наводен руски план за поттикнување масовни немири и дестабилизација на земјата пред парламентарните избори. Приведени се 74 лица на возраст од 19 до 45 години. Молдавците ќе гласаат за избор на нов законодавен дом од во недела, на избори што многумина ги сметаат за крстопат кон членство во ЕУ или поблиски врски со Русија. Молдавија долго време ја обвинува Русија за хибридна војна – мешање во ...

Денеска почнува 80-то Генерално собрание во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Темата на годинашната сесија е „Подобро заедно: 80 години и повеќе, за мир, развој и човекови права“. Светските лидери ќе ги презентираат ставовите и приоритети во контекст на сложените и меѓусебно поврзани глобални предизвици. Американскиот претседател Трамп ќе ја отвори 80-тата сесија на годишната Генерална дебата. На првиот ден ќе говорат и бразилскиот ...

Аеродромот во Копенхаген, најпрометниот во нордискиот регион и норвешкиот аеродром во Осло се повторно отворени откако дронови ги запреа сите полетувања и слетувања речиси четири часа. Полицијата почна интензивна истрага за да утврди за каков вид дронови станува збор. Властите во Данска и Норвешка ќе соработуваат за да утврдат дали постои врска помеѓу двата инцидента. Затворањето на аеродромите дојде по низа прекини на европските аеродроми во ...

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е прогласен за најдобар играч во НБА од страна на кошаркарски експерти. „ЕСПН“ спроведе анкета меѓу тренери, скаути и раководители низ целата лига. Тие веруваат дека 30-годишниот Србин е најдобриот играч во НБА и водечки кандидат за наградата за најкорисен играч на сезоната. Шеј Гилџус-Александар од Оклахома Сити тандер се пласираше на второто место, додека Лука Дончиќ од Лос Анџелес лејкерс ги заокружи ...

Три филмови на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски, деновиве имаат проекции на разни меридијани. Најпрвин „Кајмак“ беше прикажан во Калкута, Индија, на 9 септември, како дел од Европскиот филмски фестивал. „Прашина“ се прикажува овој месец и идниот месец во повеќе градови низ Хрватска во организација на македонската Кинотека. „Пред дождот“ ќе биде прикажан во Париз на Универзитетот Сорбона Нувел во соработка со Астер фестивалот на 3 ...

Денес во 12 часот, во Музејот на РС Македонија ќе биде отворена манифестацијата Европски денови на културното наследство 2025. Темата на овогодинешото одбележување е „Архитектонско наследство: Прозорец кон минатото – врата кон иднината“. Во таа пригода ќе биде отворена изложбата „Допрете ги покуќнинските садови“ на авторот Сузана Марковска, едукатор – етнолог во музејот. Изложбата е тактилна и е посветена и наменета за слабовидни и слепи лица. ...

Во Македонија до утрово во 07:00 часот регистрирани се вкупно 30 пожари на отворен простор, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи. Од нив, три сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а останатите 23 се изгаснати. Во моментов најтешката состојба е во Гевгелиско, каде што на Кожуф планина кај селото Петрово гори букова шума. Вториот пожар е забележан над селото Бенче, на планината Добра Вода во општина Македонски ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
70%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.67
91%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
1.03
78%
1005
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1006
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
86%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1010
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Калај

40.48

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Цинк

3.23

Злато

135056.24

Родиум

255598.44

Сребро

1878.05

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Платина

52952.77