Белград
9ᴼ /
7ᴼ
Кафе и филм „Котур“ го најавува седмото издание на фестивалот на филм и музика – „Ѕирни“. Од понеделник до 6-ти октомври годинава ќе можат да се проследат филмови со интернационална и национална селекција, 48-часовниот филмски предизвик, специјална проекција во чест на Илинденка Петрушева, концерт на „Луфтханза“ пред Домот на АРМ, интервјуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка програма. Официјалната филмска програма вбројува ...
САД го разгледуваат барањето на Украина за набавка на ракети „Томахавк“ со долг дострел. Украинскиот претседател неодамна побара од Вашингтон да им продадат ракети на европските земји кои подоцна би биле испратени во Киев. „Сакав ние, Соединетите Држави, да престанеме да фрламе пари и оружје во конфликт кој беше толку далеку. Сега Европејците купуваат оружје од Соединетите Држави, наместо ние да го даваме. На прашањето за „Томахавк“, тоа е нешто ...
Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 29.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.080 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 60 лица, а по преземени мерки поднесени се 36 кривични пријави. Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна ...
Чаир е на крстопат дали ќе продолжи по патот на корупција и дивоградби, или ќе ја избере визијата за европска и современа општина, рече во своето излагање при промоцијата на програмата кандидатот на Национална алијанса за интегритет, Бујар Османи. Прво дали ќе тргнеме напред со нова енергија, без корупција, со работа и посветеност. И второ, дали Албанците ќе останат заробени во најнетранспарентната и најнечистата општина каде цвета корупцијата и ...
Двегодишно дете од липковското село Отљо, затруено откако испило таблета. Детето е примено на детскиот оддел во кумановската болница. По извршениот преглед, му е дадена терапија. Како што информираат од установата во моментов е во стабилна состојба. Родителите одбиле да биде хоспитализирано, па е пуштено дома. Последниве месеци во неколку наврати во кумановската болница се носат затруени деца од таблети или детергенти. Здравствените работници ...
Кандидатот за градоначалник на Скопје Александар Трајановски вели дека неопходно е да се заврши мостот на „Љубљанска“, но и Паркот за рекреација кој осум години не работи. Треба, вели тој да се надминат партиските суети. Кандидатот за Карпош Стевче Јакимовски со неколку апели до граѓаните. Апелирам за разум до граѓаните, да гласаат за советници кои ќе бидат дел од решенијата на нивните проблеми. Коалицијата „Искуство за успех“ ја сочинуваат ЛДП, ...
На Куманово му треба континуитет, е порака на кандидатот за градоначалник од ЗНАМ. Димитриевски вети нова реална и остварлива програма. Потсети дека излегуваат со потврдени резултати, над 800 реализирани проекти. Целта сега рече е Куманово да биде нов регионален центар на Балканот, кој освен локалната ќе ја развива и регионалната економија. „Ќе се зголемува бројот на работните места во градот, ќе имаме и домашни но и странски инвестиции. ...
„Моето враќање ќе биде на местото каде што припаѓам, во општината во Чаир, но и меѓу жителите“, рече Изет Меџити, кандидат за градоначалник на општина Чаир, од коалицијата „Вреди“. Додаде дека Чаир се вратил на агендата на Владата, а во агендата има многу проекти кои ќе го подобрат животот на сите во Чаир. Времето на поделби и лаги е завршено. Вратата на општината ќе биде отворена, ќе работиме транспарентно, рече Меџити. Наташа Јанчиќ – ...
Вчера околу 10:30 часот на крстосница за с. Брод, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија ги лишија од слобода С.Ф.(51) и В.Ф.(26), двајцата од Битола, информираат од МВР. При преглед во возилото „Форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ф., а сопатник бил В.Ф., пронајдени се еден карабин и две ловечки пушки со дозволи, неколку уловени пајки, за кои, исто така, ...
Централниот настан на осмото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ ќе се одржи на 1-ви октомври (среда) со почеток во 19:00 часот во прекрасниот амбиент на Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. На почетокот на вечерта, присутните ќе имаат можност да проследат кус аудиоснимка изворно со гласот на Анте Поповски. Низ динамично осмислената програма ќе нè води Александра Јуруковска, ...
Вчера во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Аеродром ги лишија од слобода Т.М.(23) и И.М.(26), двајцата од с. Трубарево, скопско. Претходно, вработен во општина Аеродром пријави дека во парк на бул. „Февруарски поход“ две лица палеле кабли, а откако полициските службеници излегле на местото ги пронајдоа и лишија од слобода двајцата. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе ...
Основниот кривичен суд Скопје најавува дека до крајот на неделава ќе ја заврши оценката на обвинителниот акт за една од најтрагичните ноќи во поновата историја на градот Кочани и на Македонија. Овој предмет, оптоварен со години процедури и технички пречки, сега е на прагот да добие нова судска страница. Истекуваат роковите за приговори, а семејствата на жртвите повторно чекаат одговор. Ќе ја дочекаат ли конечно правдата или судската лавиринтска ...
Почна трката која традиционално ја претвора секоја улица во политичка сцена, а секое ветување – во насловна вест. Од денеска официјално стартува кампањата за локалните избори. Локалната демократија повторно ќе биде на испит, а граѓаните – на удар од плакати, спотови и партиски слогани што ветуваат „подобро утре“ уште од денес. И додека кандидатите се натпреваруваат кој ќе понуди повеќе квадратни метри асфалт и помалку дупки на патиштата, ...
Најмалку четири лица загинаа, а осуммина се повредени во напад во Мормонската црква во Мичиген. Вооружен маж влетал со возило во верскиот објект и отворил оган врз верниците, по што ја запалил црквата. Напаѓачите е идентификуван по престрелка со полицијата. Тој бил воен ветеран, кој од 2004 до 2008 година бил на мисија во Ирак. Друг 40-годишен маринец – ветеран кој служел во Ирак, е осомничен за пукање во Северна Каролина во кое загинаа три ...
Израелскиот премиер, пред состанокот со американскиот претседател во Белата куќа, изјави дека работи со тимот на претседателот Трамп на мировен план. Дециден е, не се откажува од своите позиции, искоренување на Хамас и враќање на заложниците. „Сакаме да се ослободиме од владеењето на Хамас и да го разоружаме, Газа да биде демилитаризирана и да се создаде нова иднина за жителите на Газа и Израелците, како и за целиот регион. Мислам дека постојат ...
Секој оној, кој на каков било начин и во каква било форма има поврзаност со случајот во Кочани треба да биде изведен пред лицето на правдата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. „Случајот го води Обвинителството. Видовте, 12-тина обвинители работеа на него. Ако прашате дали сум задоволен од нивната работа, одговорот е – не сум. Затоа и ја поддржавме смената на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, а зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа ...
Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека до крајот на оваа недела се очекува да заврши оцената на обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Судот потсетува дека станува збор за предмет со 37 обвинети правни и физички лица, застапувани од 33 бранители, поради што постапката се одолговлекувала, особено со доставата на актот до дел од адвокатите и претставниците. Со оглед дека сите обвинети и нивните бранители сега го имаат ...
Во текот на изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.156 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 296 прекршоци се однесуваат на возачи коишто не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопштија од МВР. Според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 156 прекршоци ...
Порториканскиот рапер и добитник на „Греми“, Бенито Антонио Мартинез Окасио – Бед Бани, ќе биде главната ѕвезда на шоуто за полувремето на „Супербоул“ следната година, потврди НФЛ. Финалето во американско рагби ќе се одржи на 8 февруари во Санта Клара, Калифорнија. За Бед Бани, кој има 31 година, ова ќе биде прв самостоен настап на Супербоул, откако во 2020 година се појави како гостин во шоуто на Џенифер Лопез во Мајами. „Она што го чувствувам ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежни активности на улица „8 Септември“ во Општина Градско. Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски потоа, ќе изврши увид на градежни активности на проширување и доградба на ООУ „Даме Груев“ со нов образовен објект, по што ќе даде изјава за медиуми. Вредноста на инвестицијата изнесува 25.458.492 денари и истата е обезбедена преку Владата, се додава во соопштението ...
Украинскиот претседател ја обвини Русија за лансирање дронови против европските земји од флоти во сенка. „Постојат разузнавачки информации кои укажуваат дека Русите користат танкери за лансирање и управување со дронови против европските земји. Ова е уште еден доказ зошто Балтичкото Море и другите мориња мора да бидат затворени за руски танкери, барем за флотата во сенка“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. По викенд нападот врз ...
Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, 17 литри на метар квадратен. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 5 степени во Лазарополе, 8 во Крушево и Маврови Анови, 9 во Охрид и Берово, 10 во Крива Паланка и Претор, 11 во Виница и Прилеп, 12 во Скопје – Зајчев Рид, Битола, Куманово, Тетово и Штип, 13 во Скопје – Петровец, Струмица, ...
Дајана (Ума Турман), сопруга и мајка од предградието, почнува да го доведува во прашање нејзиниот навидум совршен живот и нејзиниот разум на петнаесетгодишнината од трагичното пукање во средно училиште. Враќајќи се назад во времето, ја среќаваме Дијана како средношколка која, со нејзината срамежлива најдобра пријателка Морин (Е. Амури), се занимава со типични тинејџерски активности: бегање од часовите, фантазирање за момчиња и ветување дека ќе ...
Дронови го нарушија воздушниот сообраќај на аеродромот Фуертевентура во Шпанија. Пренасочени беа три патнички авиони, а привремено беше затворен аеродромот. Во меѓувреме и Данска ги затвори аеродромите за сите цивилни дронови, откако непознати летала беа забележани во близина на неколку воени објекти во текот на ноќта. Забраната ќе трае до петок. Претходно, рускиот шеф на дипломатијата ги отфрли обвинувањата за намерно кршење на воздушните ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја продолжија доминацијата во македонската кошарка и по осми пат го освоија трофејот во Супер купот „Драган Василев – Цевка“. Во вечерашното финале, одиграно во СРЦ „Кале“ во Скопје, „металците“ славеа над Кожув со 71-65. Натпреварот донесе голема неизвесност и квалитетна игра на двете страни. МЗТ на полувреме имаше минимална предност (32-31), а во последната секунда од третата четвртина тројката на Војдан ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. ...
Во вторник на 30-ти септември во Музејот на Град Скопје, ќе се отвори групната изложба „Голем формат“. „Голем Формат“ го поставува прашањето за моќта на димензиите во современата уметничка продукција. Големиот формат отсекогаш претставувал повеќе од технички избор – тој е израз на амбиција, на желба да се надмине границата меѓу интимното и колективното, меѓу просторот на делото и просторот на гледачот, велат од Друштвото на ликовни уметници. Во ...
Кинотеката на Македонија и овој октомври нуди програма која на јасен начин сведочи за нејзината улога како централна институција на филмската меморија и културното сеќавање во земјата. Преку внимателно селектирани проекции, репертоарот гради мост меѓу јстарите традиции на кинематографијата и современите изрази, покажувајќи ја динамичната врска помеѓу историското и актуелното, помеѓу локалното и глобалното. Месецот започнува со содржини од ...
Проевропската партија на молдавската претседателка Маја Санду во водство на парламентарните избори кои се сметаа за клучни за патот на земјата кон ЕУ. Со речиси 90% од преброените 1,6 милиони гласови, Партијата за акција и солидарност на Санду освои нешто помалку од 50%, што е далеку пред прорускиот Патриотски изборен блок со помалку од 26% од гласовите. Излезноста беше над 52%, повисока отколку во изминатите години. Еден од главните опозициски ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 22 степена. Во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето. Од ...