Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја осуди изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Весислава Петрова – Чамова која македонскиот народ го нарече северномакедонски. „Македонците се Македонци и ништо друго, повикуваме на разумност и внимателност во говорите на бугарските политичари, за да не можат истите да бидат искористени за политички цели“, велат од партијата, од каде побараа и другите политички субјекти во земјава да го осудат говорот ...
Последните патници вчера го напуштија холандскиот крузер закотвен на Тенерифе погоден од хантавирус. Властите потврдија три нови позитивни случаи поврзани со смртоносната епидемија. Еден Американец и еден француски државјанин кои претходно се вратиле дома се позитивни на тестот. Досега седум случаи поврзани со бродот се потврдени, а постои сомнеж и за двајца други, објави СЗО. „Имавме тим од центарот за контрола и превенција на болести на ...
Германскиот министер за одбрана за време на посетата во Киев рече дека не е убеден од желбата на Русија за мир, додавајќи дека претседателот Путин би можел веднаш да ја заврши војната со тоа што ќе се согласи на преговори без предуслови. „Владимир Путин се обидува да не убеди дека сака мир. Нашето искуство со неговите ветувања во минатото бараат претпазливост. Ќе ги оценуваме ветувањата на Путин врз основа на едно нешто, неговите постапки. ...
На 11.05.2026 во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. ...
Ученици од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ имаа специјални гости во Бања Лука. Во нивната база ги посетија македонските фудбалски репрезентативци и членови на Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, кои дојдоа да им дадат поддршка и да ги охрабрат пред следните предизвици. Поддршката од репрезентативците претставува силен ветер во грб за нашите футсалци, кои гордо ја претставуваат Македонија на Европското првенство во футсал што ...
Одбојкарките на Работнички се нови шампиони откако во мајсторката од плеј офот во Струмица со 3:1 во сетови (16:25; 25:20; 27:25 и 25:23) го совладаа тимот на Наковски волеј со 3-2 во победи. Ова беше прв триумф на Работнички сезонава на теренот на противникот. Натпреварот почна во знак на домашната екипа, која го доби првиот сет и поведе со 1:0, но во вториот гостинскиот тим беше поуспешен и изедначи на 1:1. Решавачки беше третиот сет во кој ...
Оклахома Сити ги победи Лос Анџелес лејкерс ноќеска на гостински терен во четвртиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот со 115:110. Најдобар стрелец на натпреварот беше гостинскиот плејмејкер Шеј Гилџус-Александар, кој постигна 35 поени и осум асистенции. Бекот на Лејкерси, Остин Ривс, постигна 27 поени, а Леброн Џејмс имаше дабл-дабл со 24 поени и 12 скока. Оклахома Сити ги доби сите четири натпревари од серијата (4-0) и се пласираше ...
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, ќе се врати во Реал Мадрид на крајот од сезоната, објави „COPE“. Клубот има намера да го објави назначувањето на 63-годишниот Португалец по натпреварот против Атлетик Билбао во 38. коло од Ла Лига, што ќе биде последниот натпревар на тимот во сезоната. Натпреварот ќе се одржи на 24 мај. Мурињо претходно работеше во Реал Мадрид од 2010 до 2013 година. Под негово водство, „Кралевите“ ја освоија шпанската лига, ...
Едномесечното примирје меѓу САД и Иран останува во сила иако е неверојатно слабо, истакна американскиот претседател. Изјавата следува откако Техеран ги изложи своите барања за прекин на војната и повторно отворање на Ормускиот теснец во контрапонуда испратена до Вашингтон. Трамп тврди дека Иран ветил дека ќе им дозволи на САД да помогнат во екстракцијата на нивниот високо збогатен ураниум, но се повлекле од тоа во својот последен предлог за ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 80 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 31 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе услови за појава на ...
Шефот на Белата куќа го отфрли одговорот на Иран на предлогот на САД за прекин на војната. Понуденото од Вашингтон се однесуваше на договор за завршување на војната, повторно отворање на Ормускиот теснец и укинување на нуклеарната програма. „Тукушто го прочитав одговорот од таканаречените „претставници“ на Иран. Не ми се допаѓа – ТОТАЛНО НЕПРИФАТЛИВО!“, објави американскиот претседател, Доналд Трамп Имено, Иран ја отфрлил можноста за ...
Интензивни градежни активности на коридорот осум. Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид е првиот квартал од следната година. Увид во реализацијата на градежните работи на терен направија премиерот Мицкоски и надлежните. Борис Грујоски за ситуацијата на терен и проекциите разговара со вицепремиерот и министер за транспорт Николоски Интензивни градежни активности на коридорот осум. Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид е ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на Факултетот за безбедност – Скопје одржа предавање на тема „Полицијата – централниот орган и темел на безбедноста на државата и нејзините граѓани“. Во своето обраќање, министерот Тошковски зборуваше за потребата од системски реформи, модернизација и дигитализација на Министерството за внатрешни работи, нагласувајќи дека безбедносниот систем мора да се прилагоди на современите ...
За први јуни е одложено рочиштето за случајот „Онкологија“, во кој поранешниот директор и лекари од Клиниката се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето. Причина, спреченост на техничкиот советник на обвинителството, кој поради неодложни работни обврски не се појави во судницата. Во овој случај, обвинети се: Нино Васев, поранешен директор на Клиниката за онкологија; Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, лекари онколози на ...
Авион на „Туркиш ерлајнс“ од типот Ербас 330 со 277 патници се запалил при слетување на главниот аеродром во Непал. Нема пријавени повредени, но аеродромот бил принуден да се затвори. Воздухопловот од Истанбул слетал на Меѓународниот аеродром во Катманду со оган и чад. Екипата за итни случаи реагирала навреме, а патниците биле безбедно евакуирани. Непал се соочува со релативно чести авионски несреќи бидејќи неговиот планински терен и ...
11 мај, Ден на сообраќајна култура, повик за колективна одговорност, совесност во однесување на сите учесници во сообраќајот. Со поскапувањата на горивата, зголемен број на велосипедисти и граѓани кои електричниот тротинет го користа како превозно средство. Колку се безбедни во Битола, дебата на Техничкиот факултет. Ружица Гошевска со информациите. 11 мај, Ден на сообраќајна култура, повик за колективна одговорност, совесност во однесување ...
Во Основниот кривичен суд почна судењето за 13-те полициски службеници и началниците од ОВР-Кочани и СВР-Штип, кои на кобниот 16-ти март според наводите во предметот биле дежурни, и ангажирани во дискотеката „Пулс“. Обвинети се за загрозување на општата безбедност и сигурност. Наташа Јанчиќ- Менковски го следи рочиштето. Во Основниот кривичен суд почна судењето за 13-те полициски службеници и началниците од ОВР-Кочани и СВР-Штип, кои на ...
Осудените на доживотен затвор за грабнувањето и грозоморното убиство на Вања Горчевска и на велешанецот Панче Жежовски. Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кишишев бараат пресудите да се укинат, судењето одново да се врати во Основниот кривичен суд. Со затворски комбиња утрово беа спроведени во скопска Апелација на јавна седница по нивните жалби. Ана Јосифоска ги има деталите. Осудените на доживотен затвор за грабнувањето ...
Шефот на Белата Куќа го отфрли иранскиот одговор на предлогот на САД за прекин на војната. Понуденото од Вашингтон се однесуваше на договор за завршување на војната, повторно отворање на Ормускиот теснец и укинување на нуклеарната програма. Техеран категорично ја отфрлил можноста за демонтирање на нуклеарните постројки и побарал гаранции дека ураниумот ќе биде вратен доколку преговорите пропаднат. „Тукушто го прочитав одговорот од ...
Патник на крузерот кој беше погоден од епидемија на хантавирус покажа симптоми на болеста додека беше репатриран во Франција. Францускиот државјанин развил симптоми додека бил на чартер-лет од Тенерифе до Париз, по што сите петмина евакуирани од луксузниот крузер биле веднаш ставени во строга изолација. Француските државјани се меѓу повеќе од 90 туристи кои беа превезени дома од холандскиот брод со 147 патници кој вчера се закотви кај ...
Со изведби на, „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ синоќа во, Македонската опера и балет беше отворно 54. Издание на Мајските оперски вечери. Диригент е на двете едночинки беше Џанлука Мартиненги. Режијата е на Пјер Франческо Маестрини, сценографијата ја потпишува Гилермо Нова, костимограф е Кристина Ачети), а кореограф Саша Евтимова, хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ, додека концерт-мајстор е Јане Бакевски. Оркестарот звучеше ...
Украинскиот претседател вели дека иако немало големи руски ракетни или воздушни напади за време на примирјето, борбите продолжиле во областите на или во близина на фронтот. Зеленски тврди дека Украина се воздржала од одмазднички напади со долг дострел во отсуство на големи руски напади и ќе продолжи да одговара на ист начин доколку ситуацијата остане непроменета. „Русите продолжија со своите напади во областите што се клучни за нив. Има ...
„Звук како колективна резонанца“ е насловот на концертот на реномирани музичари од земјава и од странство што ќе се одржи вечерва во 20 часот во Сули ан, во Старата скопска чаршија. Осуммина музичари ќе изведат звучен универзум што не го градат не само од инструментите, туку и од личните биографии, музичките јазици и искуството на секој од нив. Ќе настапат: Јапинг Ванг од Тајван на јангџин, од Македонија Оливер Настовски на тамбура и ут, ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца. Комисијата ќе расправа и за измени во составите на собраниските комисии по барање на ЗНАМ, како и за одлуките поврзани со пратеничките групи за соработка со парламенти на други држави. На дневен ред ...
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне ќе биде променливо облачно наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град. Попладне ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ...
Тркачот на патеки Шон Ведерс (Ендру Чејни) беше на врвот на својата игра со незапирлива кариера. Кога соперништвото со друг тркач станува лично, егото што го поттикнало до успех предизвикува трагедија, испраќајќи му го животот во трка на вртлози. Џек Рид (Гари Греам) напредувал како бизнисмен, но не успеал како семеен човек. Во ненадеен пресврт на настаните, неговите шанси за помирување се одземаат. Животите на Шон и Џек се судираат и меѓу ...
Младата Фиби (Ела Фенинг) има Туретов синдром и не е многу добра во почитувањето на правилата. Нејзината мајка (Фелисити Хафман) и татко ѝ (Бил Пулман) се мачат да ѝ помогнат и да ја разберат, додека помалата сестра на Фиби се чувствува запоставена од нејзините родители. Работите се менуваат кога Фиби добива улога во театарската верзија на „Алиса во земјата на чудата“ во нејзиното училиште. Неконвенционалната наставничка по драма, госпоѓица ...
Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска ќе се одржи јавна расправа по нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030 година со Акциски план. Како што најавија од Министерството за култура, во воведниот дел пред присутните ќе се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска ќе се одржи јавна расправа по нацрт-текстот на ...
Тројца очајни млади мажи се принудени да извршат смел грабеж за да отплатат долг кон озлогласен мафијаш. Она што започнува како едноставен план - да влезат и излезат за седум минути - брзо ескалира во опасна игра на живот и смрт. Со секоја измината минута, се откриваат вистинските мотиви, а неочекуван пресврт ги крева влоговите. Бремената девојка на Сем, Кејт, е киднапирана, што го зголемува притисокот и ги принудува нашите херои да направат ...