Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Само четири дена по посетата на американскиот претседател Трамп, рускиот претседател Путин утре пристигнува во Пекинг на дводневна посета на покана од Џјинпинг. Кремљ соопшти дека има „многу сериозни очекувања“ од посетата и дека ќе се зајакнува привилегираната соработка и партнерство меѓу Москва и Пекинг. Кинескиот лидер порача дека билатералните односи се продлабочуваат, додека западот со загриженост ги следи сè поблиските односи меѓу двете ...
На 17 мај 2026 година во 12:15 часот на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.Ј. (26) од Прилеп. Како што информира МВР, тој бил затекнат при извршување кражба во круг на браварска работилница. Украденото било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. На 17 мај 2026 година во 12:15 часот на ...
Македонските институции активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност. Ова стои во владиното соопштение, по средбата на премиерот Христијан Мицкоски со копретседателите на коалицискиот партнер ВРЕДИ, Билал Касами и Изет Меџити, на темата за употребата на јазиците при полагањето на правосудниот испит. „Беше нагласено ...
Опозицијата прашува, Владата одговара на пратеничките прашања. Уставните измени се единствениот легитимен чекор за деблокада на евроинтегративниот пат, велат од Европскиот фронт. Во Собранието адресирано прашањето, дали власта се откажала од европската агенда. Вицепремиерот за европски прашања со одговор – целосно сме посветен на исполнување на европската агенда. Резултатите покажуваат дека сме добро позиционирани меѓу земјите од Западниот ...
Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија. Натпреварот ќе се одигра на 20. мај (среда) со почеток во 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“. Влезниците се веќе достапни преку официјалната електронска платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk За навивачите на ФК Шкендија се наменети билетите од блок 13, 14 и блок 20. За навивачите на ФК Силекс се ...
Две лица загинаа, а повеќе од седум илјади се евакуирани, откако земјотрес од 5,2 степени по Рихтер ја погоди југозападната кинеска провинција Гуангси. Државниот радиодифузен сервис објави дека 13 згради се урнале, а лизгањата на земјиштето предизвикано од земјотресот ги блокирало патиштата што водат до погодената област. Две лица загинаа, а повеќе од седум илјади се евакуирани, откако земјотрес од 5,2 степени по Рихтер ја погоди ...
Не помина предлогот на социјалдемократите за измени по скратена постапка на законот за влада со кој се предвидува министрите во иднина да немаат двојно државјанство, односно да бидат единствено државјани на Македонија. Во образложението, пратеникот Спасовски рече дека практиката покажала дека во владата имало министри со повеќе државјанства, а бидејќи истиот услов се поставувал и за пратениците, вакви ограничувања, смета пратеникот треба да ...
Жителите на Гома живеат во страв откако бунтовничката влада на источниот град на Конго објави дека е откриен прв потврден случај на ебола. Заразеното лице допатувало од покраината Итури и е во изолација. Гома лани се најде среде бунтовничка офанзива, а конфликтот меѓу вооружените сили на Конго и паравоената група М23, поддржана од Руанда, расели стотици илјади луѓе. „Прво ќе го заштитиме населението во регионот што го управуваме и бараме од ...
Разговорите за завршување на војната на Блискиот Исток во застој. Американскиот претседател со ново предупредување до Иран, времето е од суштинско значење, часовникот отчукува и мора да реагираат брзо, во спротивно нема да остане ништо од нив. Израел ја зголеми воената готовност поради стравувања од нова ескалација со Иран и е подготвен да се приклучи на евентуални американски напади, објавија израелските медиуми. „Мислам дека не можете да ...
Претседателката Сиљановска-Давкова е во официјална посета на Словенија. Денеска ќе има билатерална средба со нејзината колешка Наташа Пирц Мусар. Шефицата на државата вчера се обрати на Македонско-словенечкиот бизнис-клуб. Порача дека неговото обновување е важен чекор кон продлабочување на економската соработка и поврзување на бизнис-заедниците на двете држави. Од Љубљана, известува, Марина Стојанова-Тонева. Претседателката ...
Русија изврши напади со беспилотни летала и ракети врз Украина, целејќи го јужниот град Одеса и реката Днепар. Има повредени. Руското Министерство за одбрана соопшти дека 3.000 украински беспилотни летала биле уништени во изминатата недела. Вчера, украинскиот претседател изјави дека е задоволен од капацитетите на земјата за напади со долг дострел откако спроведоа еден од најголемите напади со беспилотни летала длабоко во Русија. „Нашите ...
Шеј Гилџус-Александер ја освои МВП наградата како најкорисен играч сезонава во НБА лигата. Тој стана 14-тиот играч во историјата на НБА лигата, кој ова признание го освојува две сезони една по друга, пренесува ЕСПН. Гилџус-Александер играчот на Оклахома Сити, е поуспешен од другите двајца финалисти Виктор Вембањама од Сан Антонио и од Никола Јокиќ од Денвер. Тој е првиот бек по Стеф Кари, кој ја добива наградата. Во текот на целата сезона ...
Малколм (Мартин Лоренс) е искусен агент на ФБИ чиј успех се темели на неговиот голем талент за маскирање. Овој пат, тој и неговиот партнер Џон (Пол Џамати) се задолжени да го фатат Лестер (Т.Д. Хауард), еден злобен банкарски крадец и избеган затвореник. Клучот за неговото апсење лежи во неговата поранешна девојка Шери (Нија Лонг), за која се сомнева дека е соучесник во грабежот и дека ги крие парите. Кога таа и нејзиниот син Трент (Јаша ...
Макс поправа чевли во семејната продавница во Њујорк, живее просечен живот и е разочаран од секојдневниот живот. Еден ден случајно открива магична машина за шиење што му овозможува да влезе во кожата на своите муштерии, т.е. да се вклопи во нивните чевли? Макс станува некој друг и го гледа светот во сосема поинаква светлина. Улоги: Адам Сандлер Режија: Томас Мекарти Макс поправа чевли во семејната продавница во Њујорк, живее просечен живот ...
Американскиот претседател го предупреди Иран дека часовникот отчукува, откако неколку дена разговорите за завршување на војната се во застој. Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека САД не успеале да направат никакви конкретни отстапки во својот одговор на најновите предлози на Техеран за прекин на конфликтот. Барањата на Исламската Република вклучувале итен крај на војната на сите фронтови, прекин на американската поморска блокада на ...
Со помош на друг преживеан од Аушвиц и рачно напишано писмо, постар човек со деменција тргнува во потрага по лицето за кое верува дека е одговорно за смртта на неговото семејство во логорот на смртта. За жал, времето си го зема данокот и неговото сеќавање повеќе не е она што било порано. Улоги: Кристофер Пламер, Дин Норис Режија: Атом Егојан Со помош на друг преживеан од Аушвиц и рачно напишано писмо, постар човек со деменција тргнува во ...
Црна комедија со наградувана актерска екипа, „Август во округот Осејџ“ го следи животот на силните жени во семејството Вестон чии патишта се разминале. Семејната криза ги враќа во Оклахома, во куќата во која пораснале. Смртта и погребот на нивниот татко (Сем Шепард) ги носи трите сестри во домот на нивната мајка со отровен јазик Вајолет (Мерил Стрип). Ќерките Барбара (Џулија Робертс), Карен (Џулиет Левис) и Ајви (Џулијан Николсон) заедно со ...
Ејми Мичел го става своето семејство на прво, второ и трето место. Таа има навидум совршен живот: добар брак, деца натпросечни, прекрасна куќа, одличен изглед и завидна кариера. Но, нејзиниот детинест сопруг, децата и нејзиниот идиотски шеф ја земаат здраво за готово. Кога алфа-мајките во училиштето на нејзините деца малку ја задеваат, Ејми конечно ќе пукне. Добрата Ејми многу брзо станува Палава Ејми, но не е сама. Таа одлучува да се здружи ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 4 до 11 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 16 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
На собраниската седница, една од точките на дневен ред и предлог-законот за владата, по скратена постапка, поднесен од СДСМ. Се бара забраната за двојно државјанство да важи и за министрите, вицепремиерите и целиот состав на владата и тоа веднаш. Претходно, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за изменување и дополнување на законот за пратеници, со кој се воведува дополнителен услов, народен избраник да стане само лице со ...
Ракометната репрезентација на Македонија во јануари следната година ќе учествува на Светско првенство. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва славеа со 38-23 во реваншот против Словачка во СЦ „Борис Трајковски“. Капитенот Филип Кузмановски денеска постигна 11 гола. Комплетната ждрепка ќе биде извршена на 10-ти јуни. Ракометната репрезентација на Македонија во јануари следната година ќе учествува на Светско првенство. Избраниците на ...
Стартува реализацијата на долгонајавуваниот капитален проект за Источниот регион, изградба на експресен пат што ќе ги поврзува Кочани со Виница, Делчево и граничниот премин со Бугарија. Неделава ќе биде распишан јавен повик на изработка на физибилити студија, потоа и проект за изградба на експресниот пат. За неколку месеци се планира да биде избран изведувач на градежните работи. Проектирањето на првата делница од Кочани до Виница е завршено ...
Македонската претседателка Сиљановска-Давкова е во тридневна официјална посета на Словенија. Таа утре во Љубљана ќе има средба со нејзината колешка Наташа Пирц-Мусар. Во фокусот билатералните односи, евроинтеграцијата, регионалната соработка. Шефицата на државата денеска на средби со нашите иселеници, како и со македонско-словенечкиот бизнис-клуб. Марина Стојанова – Тонева известува од Словенија. Македонската претседателка ...
Крушево го заврши проектот за прекугранична соработка со Елбасан, Албанија и го модернизираше полетувалиштето кај Мечкин Камен. Сега ќе добие уште 2.000 метри квадратни полетувалиште кај Црн Врв за да одговори на барањата на светските параглајдеристи. Проектот вреден 830.000 евра преку Европската унија го зголемува туристичкиот потенцијал на Крушево кое работи на инфраструктурата. Крушево е посакувана летна дестинација. Елизабета Митреска ...
На 17.05.2026 во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ. Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане. Од страна на полициските ...
Премиерот Христијан Мицкоски во посета на Општина Виница. Во рамки на посетата, официјално ќе биде означен за отворен новиот затворен градски пазар, а ќе биде извршен и увид во повеќе инфраструктурни проекти што се реализираат во општината. Станува збор за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, целосна реконструкција на улицата „Ванчо Прке“ во Виница, како и реконструкција на главната улица со крак кон црквата во селото ...
Канаѓанка е позитивна на хантавирус, објави владата на британска Колумбија, откако се симнала од луксузен крузер кој бил заразен со сојот на хантавирус од Андите. Била тестирана во болница на островот Ванкувер, откако развила благи симптоми. Таа е една од четирите Канаѓанки кои се изолирани на островот, откако се истовариле од бродот кој тргнал од Аргентина на први април, на поларна експедиција. Според Светската здравствена организација, ...
Бугарија е победник на 70. издание на Песна на Евровизија, кое годинава се одржа во Виена, Австрија. Во финалето настапија 25 земји, а победникот беше избран преку комбинација од гласовите на националните жири-комисии и телефонското гласање на публиката. По гласањето на националните жирија, Бугарија имаше 204 поени, а во финалниот пресврт доби најмногу поени од публиката. Со вкупно 516 поени, Бугарија стана победник на 70. издание на ...
Претседателката Сиљановска-Давкова е во тридневна официјална посета на Словенија. Во Љубљана е предвидена средба со нејзината колешка Наташа, на која се очекува да се разговара за билатералните односи меѓу двете држави, за евроинтеграциите и за регионалната соработка. Шефицата на државата ќе има средба и со македонски иселеници, со членовите на Македонско-словенечкиот бизнис-клуб, а ќе ја посети и црквата „Свети Климент Охридски“. ...