Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
САД сериозно размислуваат за нови напади врз Иран ако не се постигне напредок во преговорите. Трамп на состанок со тимот за национална безбедност ги разгледува натамошните чекори, додека медијатори од Пакистан и Катар пристигнаа во Техеран за да посредуваат во мировниот договор. Клучни точки во разговорите се прекинот на огнот и безбедноста на поморските патишта во Ормускиот теснец. „Ако ги прочитате лажните вести, ќе помислите дека им оди ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио пристигна во четиридневна посета на Индија, во период на силни геополитички тензии и глобална енергетска криза предизвикана од војната во Иран. Рубио слета во источниот град Колката, а во рамките на посетата треба да ги посети и Делхи, Џајпур и Агра. Предвидена е и средба со индискиот премиер Нарендра Моди, на која енергетиката се очекува да биде една од главните теми. Индија, која увезува повеќе од ...
Променливо облачно и нестабилно време се очекува денес. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 50 km/h. На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната од 20 до 28 степени. Во Скопје, ќе биде променливо облачно и нестабилно, во ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Најмалку 90 лица загинаа во експлозија во рудник за јаглен во северна Кина. Експлозијата се случила синоќа во рудник за јаглен во Шанкси кога во него на работа биле над 240 работници. Кинеското министерство за управување со вонредни состојби испрати 345 лица во шест спасувачки екипи за да помогнат во операцијата за спасување. Најмалку 90 лица загинаа во експлозија во рудник за јаглен во северна Кина. Експлозијата се случила синоќа во рудник ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа прва координативна средба со претставници на граѓански организации кои активно работат во областа на заштита на животната средина. Средбата е дел од заложбата за воспоставување редовен, отворен и транспарентен дијалог со граѓанскиот сектор, со цел заедничко креирање политики и решенија. Министерот Хоџа истакна дека институциите мора да бидат достапни за сите ...
Епидемијата на ебола во источен Конго се шири, додека насилството дополнително ја отежнува контролата. Центар за третман бил запален од локални жители по конфликт околу тело на починат пациент, што доведе до нов хаос во здравствениот систем. Здравствените власти предупредуваат дека бројот на заразени расте, а недовербата и немирите го забавуваат лекувањето и изолацијата на случаите. Епидемијата на ебола во источен Конго се шири, додека ...
Поништена е постапката за набавка на електрични автобуси и полначи за јавниот превоз во Скопје. По одлука на Државната комисија за жалби за поништување на тендерот за набавка од Министерството за транспорт најавуваат дека тендерот за набавка на 150 електрични автобуси, од кои 100 за Скопје, ќе биде повторно објавен во најбрз можен рок, согласно законските процедури. Поништена е постапката за набавка на електрични автобуси и полначи за ...
Вчера во 15:00 часот на улица „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.М.(20) од Шуто Оризари, Скопје, со привремен престој во Гостивар. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор во траење од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Исто така, тој се сомничи и за други кривични дела „тешка кражба“ извршени ...
Воените дејствија во Украина продолжуваат со жртви на двете страни. Зеленски најави зајакнување на северната граница поради заканите од Русија и Белорусија, нагласувајќи дека нема да се дозволи повторување на сценариото од 2022 година. „Белоруското раководство мора да разбере дека ќе има последици доколку се преземат агресивни дејствија против Украина“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина. Путин соопшти дека заедничките ...
Подготовки за Самитот на НАТО во Анкара и идната стратегија на НАТО во фокусот на состанокот на министри за надворешни работи на алијансата во Хелсингборг, Шведска. На состанокот ќе бидат отворени клучни теми за идната безбедносна архитектура на НАТО, меѓу кои европските сојузници да не зависат од американското воено присуство во Европа, по најавите на САД дека ќе повлечат дел од силите. Сојузниците ќе разговараат за зголемување на ...
Министерството за животна средина ќе потпише меморандум со зоолошките градини во Скопје и во Битола со цел модернизација на овие установи по европските стандарди. Меморандумот се потпишува по повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот. На потпишувањето ќе присуствуваат министерот за животна средина Муамет Хоџа, градоначалникот на Град Скопје, Орце Георгиевски и в.д. директорката на ЗОО Скопје, Катерина Костова. Министерството за животна ...
Зголеменото ниво на холестерол често поминува без видливи симптоми, но може значително да го зголеми ризикот од срцев и мозочен удар. Кардиолозите посочуваат дека правилната исхрана има важна улога во неговата контрола, а меѓу препорачаните намирници се и оревите. Според д-р Алан Голдберг, контролата на холестеролот не значи помал внес на храна, туку попаметен избор на намирници. Кардиологот д-р Џон Хигинс додава дека секојдневното ...
Македонската фудбалска репрезентација на 29 мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина за македонските навивачи обезбеди влезници по цена од 1.000 денари за секторите ЈУГ Б4, ЈУГ Б3 и ЈУГ – стоење на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево. Навивачите на македонската репрезентација билетите можат да ги купат директно преку веб платформата на ...
Кошаркарите на Њујорк ноќеска го добија и вториот натпревар од финалето на Исток против Кливленд пред своите навивачи со 109:93 и поведоа со 2-0 во добиени натпревари во серијата. Противникот беше конкурентен само во првото полувреме – 53:49 за Њујорк. На стартот од вториот дел Кливленд дојде и до изедначување 53:53, но потоа со „тројка“ на Џејлен Брансон беше означен почеток на серијата од 18-0 за Њујорк за голема радост во „Медисон Сквер ...
Пакистан посредува во нов дипломатски обид за договор меѓу Вашингтон и Техеран. Иако има сигнали за приближување на ставовите, збогатувањето ураниум и контролата врз Ормускиот теснец остануваат главни пречки. САД повторуваат дека Иран не смее да има нуклеарно оружје и предупредуваат на можни „драстични мерки“. „Ќе се погрижиме тие да немаат нуклеарно оружје, или ќе мора да направиме нешто многу драстично. Ќе го добиеме и високо збогатениот ...
Времето денеска ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, додека максималната ќе достигне од 19 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, ...
Кнесетот гласаше за распуштање, што е првиот чекор кон следните национални избори во Израел. Гласањето за новиот парламентарен состав треба да се одржи најдоцна до 27 октомври. Според анкетите, премиерот Нетанјаху би можел да ги изгуби изборите. Ултраортодоксната еврејска фракција месецов рече дека веќе не го смета Нетанјаху бидејќи тој не го исполнил ветувањето дека нивната заедница ќе биде исклучена од задолжителниот воен рок. Власта на ...
Велика Британија одобри 20 милиони фунти помош за справување со епидемијата на ебола во Демократска Република Конго. Според најновите податоци, во Конго се регистрирани околу 600 сомнителни и 139 смртни случаи. СЗО предупредува на можност за понатамошно ширење на вирусот во регионот. Шестмина американски државјани кои биле изложени на висок ризик од вирусот ебола се префрлаат од Конго во Германија и Чешка. Чешкиот министер за здравство, ...
Паричната маса во април е намалена за 1,3 проценти на месечно ниво, главно поради падот на краткорочните депозити, соопшти Народна банка на Република Северна Македонија. На годишно ниво, пак, е регистриран раст од 9,4 проценти. Вкупните депозити се намалени за 1,4 проценти во однос на март, пред сè поради падот кај корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата бележат раст. Во исто време, вкупните кредити во април се зголемени за ...
Десетици камиони кипери багери сè уште работат на градската депонија во Радовиш. Се затрупува секој дел каде имало пожар и излегува чад. Речиси една недела се интервенира со градежна оператива како единствено решение да се стопира чадот кој беше неподнослив за радовишани. Градоначалникот Почивалец вели дека препораките за заштита на населението сè уште важат иако воздухот денеска е нешто подобар за разлика од изминатите денови. Граѓаните што ...
Околу 12.000 млади лица годишно ја напуштаат Македонија. Според истражувањето на „Социетас цивилис“, две третини од младите би ја напуштиле земјата доколку им се укаже можност, а главна причина е квалитетот на живот. Невработеноста меѓу младите е 23%. Овие бројки, повод за одржување на Националниот младински форум, насловен „Тука сме да останеме“. Министерството за социјална политика, демографија и млади се залага за создавање на систем во ...
Министерството за спорт најостро ги осуди свирежите на националната химна од навивачите на ФК Шкендија и одбивањето на играчите да ги примат медалите по завршувањето на финалниот натпревар. Најавени се можни измени во Законот за спорт и построги санкции за клубовите и поединците што ќе го нарушуваат угледот на спортот и државата. Министерството за спорт соопшти дека во последниот период зачестиле настани и однесувања од страна на спортски ...
Јавните здравствени установи соочени со тужби од 1.800 вработени. Побаруваат над два милиони евра. Најмногу побарувања има од клиничката болница во Битола, а најголем број тужби имаат поднесено вработените од општата болница во Куманово. Загрижувачки е трендот за најава на нови тужби во здравството. Андријана Ѓурческа известува од ФЗОМ. Јавните здравствени установи соочени со тужби од 1.800 вработени. Побаруваат над два милиони евра. ...
65,7 милиони евра – ова е сумата што земјава ја добива од Европската унија за сработеното од реформската агенда. Тоа е повеќе од Албанија и Црна Гора, но помалку од она што можеше да земе ако докрај се завршеше домашната задача. Според власта, државата успешно ги спроведува реформите и ги реализира клучните приоритети, во согласност со европските стандарди. Опозицијата критикува дека сме загубиле 200 милиони евра, премиерот одговори – ви ...
Селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои се во комбинација за претстојните пријателски натпревари на гостински терен против Босна и Херцеговина (29.05) во Сараево и Турција (01.06.) во Истанбул. Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 27 играчи, а меѓу нив петмина кои за прв пат ќе го носат дресот на македонската репрезентација, дефанзивецот на романски УТА, Дин Аломеровиќ, десниот ...
Рокот за завршување на автопатот Охрид-Кичево е мај следната година, јас очекувам да биде и завршен и пред рокот бидејќи активностите одат многу добро, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во интервју за национална телевизија. „Веќе имаме пуштено траса од 37 километри од вкупно 57 километри, очекувам во текот на летото да имаме и други функционални километри и во рамки на рокот да биде завршен целиот автопат. ...
ФК Силекс е новиот освојувач на Купот на Македонија, откако во финалниот натпревар на Националната арена „Тодор Проески“ славеше против ФК Шкендија со минимални 1-0. Со триумфот, кратовскиот состав покрај трофејот обезбеди и место на европската сцена, односно настап во квалификациите за Конференциската лига. Силекс отвори поофанзивно и уште во 9. минута се закани преку Алиќ, чиј незгоден удар го скроти голманот Гаје. Потоа следуваше период на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Времето денеска ќе биде ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...