Академијата за филмски уметности и науки официјално ги објави номинациите за 98. доделување на филмските награди „Оскар“. Свечената церемонија ќе се одржи на 15 март 2026 година во „Долби“ театарот во Лос Анџелес, а домаќин на вечерта ќе биде американскиот комичар и ТВ-водител Конан О’Брајан, кој првпат ќе ја води оваа манифестација. Најголемо внимание привлече филмот „Грешници“, кој влезе во историјата со дури 16 номинации, поставувајќи нов ...

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Покрај внимателно и совесно ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, ќе учествува на вториот Министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој ќе се одржи во Истанбул. На состанокот е предвидено учество на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан. Балканската платформа за мир е иницијатива покрената од министерот Фидан во 2025 ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната од 6 до 10 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има појава на магла. Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе ...

Постигнат е голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина, вели специјалниот пратеник на САД. Виткоф смета дека создавањето на бесцаринска зона во Украина би претставувало „промена на правилата на игра“ за економијата на земјата. „Време е ова да се заврши. Мислам дека ќе го завршиме. Охрабрен сум и оптимист. Преговорите сега се сведоа на едно прашање, па така, ако двете страни сакаат да го решат ова-ќе го решиме. Тоа е мојот ...

Силна бура со обилни дождови и ветрови што го погоди поголемиот дел од Грција одзеде два животи. Регионот Атика најтешко погоден. Се очекува моќниот вртлог денес да се движи кон исток. Властите остануваат во состојба на висока готовност. И медитеранот зафатен од силно невреме кое предизвика сериозни поплави и разорни бранови во повеќе крајбрежни подрачја, особено на Сицилија. Силна бура со обилни дождови и ветрови што го погоди поголемиот ...

Во периодот од 12 до 18 јануари, односно во третата недела од 2026 година, во земјава се пријавени 2.062 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип, што е за 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во споредба со истата недела од минатата сезона, бројот на заболени е зголемен за 46 проценти, додека во однос на просекот од последните 15 сезони е намален за 6,9 отсто. ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел околу 10 грама хероин. ...

На 21.01.2026 во 20:30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода А.И.(25) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР. На 21.01.2026 во 20:30 часот во Штип, ...

Преку еден портал на ФЗОМ граѓаните ќе стигнуваат до потврди од областа на здравството, ова е само една од новините кои ги најавија министерот за дигитална трансформација Андоновски и директорот на ФЗОМ Клековски. Кои се последните информации за неправилностите кои беа утврдени за исплата на плати во здравствени установи, известува Наташа Јанчиќ - Менковски. Преку еден портал на ФЗОМ граѓаните ќе стигнуваат до потврди од областа на ...

Сомнителниот имот на судијата Ѓоко Ристов ја разбранува јавноста. Обвинителството треба да докаже дека бил незаконски добиен, а одбраната дека парите се на неговите родители, добиени од продаден имот. Денеска адвокатот на судијата Ристов поднесе жалба до Кривичниот суд за мерката притвор. Викторија Милевска известува. Сомнителниот имот на судијата Ѓоко Ристов ја разбранува јавноста. Обвинителството треба да докаже дека бил незаконски ...

Состојбата со снегот во државата полека се стабилизира. Според информациите од Центарот за управување со кризи, без електрична енергија се жителите на селото Илино во општина Демир Хисар, каде што екипи на ЕВН веќе работат на отстранување на дефектот, а патиштата што водат кон селата се чистат. Во општина Кичево има патни правци кон планинските села кои сè уште се чистат и се очекува да бидат целосно исчистени во текот на денешниот ден. На ...

Мал број автобуси од Јавното сообраќајно претпријатие не сообраќаат до крајните дестинации во приградските населби. Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од ЈСП, соопштува дека станува збор за автобусите со број 11, 64, 74, 80 и 81. ЈСП Скопје неодамна најави можно привремено редуцирање на одредени автобуски линии поради ниските температури и најавите за врнежи од снег во Скопје. Мал број автобуси од Јавното ...

Американскиот претседател се откажа од царините за Европа, но и од целосното преземање на Гренланд. Најави договор за завршување на спорот околу данската територија, избегнувајќи криза во трансатлантските односи. Трамп откри дека развил рамковен план со НАТО за безбедноста на Арктикот од интерес за САД и останатите земји на алијансата. Деталите сè уште се финализираат. „Тоа е договор што луѓето го прифатија со нетрпение, навистина фантастичен ...

По комплетирањето на седмото коло во фудбалската Лига на шампиони, екипите на Арсенал и на Баерн Минхен изборија директно учество во осминафиналната фаза. Баерн синоќа на домашен терен го совлада Ројал Унион и му се придружи на Арсенал. Другите шест директни учесници во 1/8финалето, како и екипите кои ќе играат бараж за влез помеѓу 16-те најдобри ќе бидат познати по одигрувањето на 8. коло. Резултати на натпреварите од 7. коло играни ...

Вечерва со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Јинг-Јанг“, на кој како солисти ќе настапат виолинистот Теди Папаврами и пијанистката Маки Окада. Концертот ќе се одржи под диригентската палка на Олси Кинами, а на програмата се увертирата од операта „Крадливата страчка“ од Росини, Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Паганини и Концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Шопен. Папаврами, еден ...

Со одигрувањето на последните натпревари од Е групата во Малме заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет. Шведска убедливо ја совлада Хрватска со 33:25 и го освои првото место во групата, додека Холандија славеше над Грузија со 31:26. Во главната фаза, репрезентациите ги пренесуваат резултатите од меѓусебните дуели и ќе се играат уште четири кола. Во групата 1 со по два бода стартуваат Германија, Франција и Португалија, а без ...

Во Москва средба на американските претставници Виткоф и Кушнер со Путин за мировните преговори за Украина. Рускиот челник го нагласи придонесот на Трамп во обидот за решавање на кризата и предложи околу 1 милијарда долари замрзнати руски средства да се префрлат во „Одборот за мир“ за Блискиот Исток, а останатите да се искористат за обнова по војната во Украина. „Би можеле да испратиме 1 милијарда американски долари од руските замрзнати ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рано утрово го победи Италијанецот Франческо Маестрели во второто коло на Австралија опен. Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши во три сета – 6:3, 6:2 и 6:2. Ѓоковиќ сервираше пет аса, направи четири двојни грешки и реализираше шест од 16 брејк топки. Неговиот противник сервираше десет аса, направи четири двојни грешки и реализираше една од петте брејк топки. Во третото коло, 38-годишниот Србин ќе се соочи ...

Лицата со оштетен слух и годинава ќе можат да уживаат во Евровизија, која ќе се одржи во Виена, преку интерпретација на песните на меѓународен знаковен јазик. Специјално избрани толкувачи-уметници ќе ги преведуваат и сценски ќе ги изведуваат настапите на земјите учеснички. Во Виена неодамна се одржа избор на кандидати за оваа улога, а од 13 пријавени ќе биде формирана група што за време на натпреварот во мај ќе ги интерпретира песните. Овој ...

Трамп се откажа од царините и заканите околу Гренланд најавувајќи „долгорочен договор“ кој ќе обезбеди стратешки цели на САД, пристап до минерали и блокирање на амбициите на Русија и Кина, со можни дополнителни американски бази и редефинирање на договорот од 1951 година, со согласност на Данска и НАТО. Деталите сè уште се финализираат. „Тоа е договор што луѓето го прифатија со нетрпение, навистина фантастичен за САД, добива сè што сакавме, ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на ...

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со ...

На 20.01.2026 во 12:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Д.Л.(25) од Радовиш. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По ...

Скопјани изутрината можеа да се израдуваат на снежната белина. Но, сообраќајот се одвиваше отежнато во зимски услови. Граѓаните се жалат на неисчистени улици и сообраќаен хаос. Градоначалникот Орце Ѓоргиевски, пак, информира дека од изутрината екипи на Град Скопје постојано се на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите. Каква е состојбата во главниот град? Сликата ни ја пренесува Александра Спировска. Скопјани ...

Премиерот Мицкоски политиката во земјата ја сведе на ниво на таблоид, наместо решенија и одговори за проблемите со кои граѓаните се соочуваат – обвинува лидерот на СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат – Заев и Филипче му нуделе на Жан Митрев – болницата по багателна цена во замена за помош во судскиот процес. Филипче кажа дека СДСМ нема да го поддржи и Законот за прекршоци. Марина Стојанова – Тонева е пред седиштето на СДСМ. Премиерот Мицкоски ...

Снегот никого не изненади на превојот Плетвар. Екипите го одржуваат патот без проблеми, а подготвени се за секакви временски промени. Сообраќајот непречено се одвива на сите патни правци во Прилепскиот регион. Од „Македонија пат“ велат дека се добро опремени со материјал и механизација Според приоритетите, во текот на денот ќе се чисти и патот за Мариово. Елизабета Митреска Снегот никого не изненади на превојот Плетвар. Екипите го ...

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на денешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите, а секако и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници. Потсетуваме дека луѓето кои живеат во повисоките места ...

Државните патишта низ Македонија се проодни и безбедни за сообраќај, информираат надлежните. Сепак, поради врнежите од снег, се препорачува внимателно и совесно управување со возилата. Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно подготвени, со механизација и работна сила на терен, и континуирано вршат расчистување на снегот. Активностите се координирани со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт за обезбедување непречено и безбедно ...

Во 08:25 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато на патниот правец Битола-Ресен. Во 09.50 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар на патниот правец Битола-Прилеп. Од 09:30ч. сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје е нормализиран. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
81%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.3
74%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
96%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
0.89
64%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
88%
1018
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1018
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
77%
1015
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
81%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
77%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9559

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

166450.52

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97

Калај

50.03

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Бакар

12.06