Министерството за финансии изврши исплата од 785 милиони денари кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Станува збор за седма транша којашто се префрла од централниот буџет кон Развојната банка, од средствата наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. Со оваа транша износот којшто државата го има инјектирано во домашната економија за поддршка на инвестиции надминува 200 милиони ...

Поранешната шефица на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини, e една од трите лица уапсени од белгиската полиција, во обемна истрага за измама за финансирање на академијата во Бриж за млади дипломати. Полицијата извршила рации во дипломатската служба на ЕУ, Колеџот на Европа и во приватни домови како дел од истрагата за наводна злоупотреба на средствата на ЕУ. Могерини, која во моментов ја извршува функцијата ректор на Колеџот ...

Пет од десетте лиценцирани компании ги отворија пунктовите за откуп на годинашнава реколта тутун. Деновиве уште три ќе излезат на теренот, со што е зголемен интензитетот на преземањето на родот. Досега се купени 500 тони по 420 денари. Сојузот инсистира да не се купува по класи, зашто просекот би паднал под ланскиот. Иако трае откупот, не се откажуваат од барањето за зголемување на цената на тутунот. Краен рок сите десет компании да ја ...

Речиси половина милион евра исплатила општина Сарај минатата година за субвенции на јавни претпријатија без програма и приложени фактури. Ангажирала лица со договор на дело со месечни паушални исплати за речиси 100 илјади евра. Финансирала здруженија и поединци со над 70 илјади евра без извршена евалуација и правилник со критериуми за распределба на парите – покажува ревизијата за финансиското работење на општината. Ревизорите открива дека ...

Во текот на минатиот месец, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат пропишаните стандарди за затемнување на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесници во сообраќајот. Најголем дел се регистрирани на подрачјето на СВР Тетово – 45 и СВР Куманово – 22. На сите ...

Санкциите на САД врз Нафтената индустрија на Србија ја доведоа компанијата во неизвесна позиција. Белград чека одлука за евентуална лиценца за продолжување на работата. Српскиот претседател Вучиќ за денеска закажа голем состанок. Според претходните најави, денес рафинеријата треба да престане со работа. Србија предупредува на последиците врз снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Санкциите стапија на сила на 9 октомври. Главното барање на ...

Илјадници свеќи ќе го осветлат Центарот за култура во Битола на 6 декември, кога ќе се одржи првиот „Candlelight“ концерт во овој град – исклучително музичко и визуелно доживување во изведба на камерниот оркестар Профундис, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. На ова специјално издание како солист ќе настапи Владимир Костов, концерт-мајстор на Македонската филхармонија и еден од најценетите македонски виолинисти. Со својата ...

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес во Брисел остварија средба со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Муцунски на социјалните мрежи информира дека на средбата била потврдена посветеноста на Северна Македонија кон реформите, европските интеграции и продлабочувањето на партнерството со ЕУ, особено во сферата на безбедноста и ...

Венецуелскиот претседател го отфрли зголемениот притисок од САД. На поддржувачите им рече дека неговата земја ќе остане непоколеблива и нема да прифати да биде колонизирана. „Сакаме мир, но мир со суверенитет. Мир со еднаквост, со слобода! Не сакаме мир на робовите, ниту мир на колониите! Колонија, никогаш. Робови, никогаш! Слобода, република, достоинство, тоа е мирот“, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела. Американскиот ...

Денеска во Брисел (Charlemagne Building, Sicco Mansholt room), министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на конференција посветена на процесот на паметна специјализација на земјите од Западен Балкан – клучни достигнувања и искуства, во организација на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија. На конференцијата ќе учествуваат и еврокомесарката за проширување Марта Кос, генералниот директор на ...

Филмот „Мајка“, најновото остварување на Теона Стругар Митевска, од 3-ти декември официјално почнува со дистрибуција во Франција. Премиерата во Париз помина со исклучителен интерес. UGC Bercy беше целосно распродаден, а проекцијата во Pathé Convention се одржа со висока посетеност, што го потврдува зрелиот интерес на француската публика. Во рамките на промотивната турнеја, филмот беше претставен пред водечките француски медиуми меѓу кои ...

Насилни протести во Софија против предлог-буџетот за 2026 година. Десетици илјади Бугари излегоа на улиците и побараа владата да го ревидира нацртот или да се повлече. Демонстрациите, на кои доминираа млади луѓе, почнаа мирно. Тензиите ескалираа кога мали групи се упатија кон седиштата на главните владејачки партии. Снимките покажаа судири меѓу маскирани демонстранти и полицајци, запалени контејнери. Искршени и полициски возила. На 28 ...

Под слоганот „Се гледаме од другата страна“, од 3 до 10 декември ќе се одржи 24-тото издание на „Синедејс“ со над 60 филмови распоредени во осум селекции и специјална филмска работилница „Маркетинг на филм“. Годинашното издание е посветено на Дејвид Линч и, како што вели програмската координаторка Маргарита Арсова, фестивалот нуди „надреално и контрастно филмско патување“ со најнови и наградувани европски филмови. Фестивалот ќе се отвори со ...

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, чиј мандат истече на 30 ноември 2025 година. Фудбалската федерација на Македонија упатува искрена благодарност до селекторот Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за посветената работа, професионалната соработка и постигнатите резултати. Му посакуваме многу успех во ...

Ветеранот Сет Кари ќе му се приклучи на својот брат, двократниот МВП во НБА лигата Стеф Кари, во тимот на Голден Стејт, потпишувајќи договор до крајот на сезоната, јавија денеска американските медиуми. Трисетипетгодишниот Сет Кари беше дел од претсезонските подготовки на Голден Стејт, но не беше повикан во тимот на почетокот на регуларната сезона поради финансиски ограничувања. Голден Стејт имаше можност да задржи само 14 кошаркари во својот ...

Во судницата во „Идризово“ ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“. Откако судот одлучи да се спојат постапките за два предмета, на обвинителна клупа се 35 физички и три правни лица. До нив и до адвокатите е доставено изменетото обвинение, па треба да се изјаснат дали чувствуваат вина, а одбраната да ги даде воведните зборови. На последното рочиште во воведните зборови, обвинителот Борче Јанев, „Пулс“ го спореди со „Буре барут“. Рече ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...

Белата куќа изрази оптимизам за постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина. По разговорите на Флорида со украинските преговарачи, претставникот на САД, Виткоф е на средби во Москва. „Ова е еден вид шатл-дипломатија што ја видовте од оваа администрација, каде што разговараме рамноправно со двете страни. Ги ставивме точките на хартија, тие точки беа многу преработени. Што се однесува до деталите, ќе им дозволам на преговарачите да ...

Вчера во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе, информираат од МВР. При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство ...

Не е прв пат, со секои врнежи се соочуваме со поплави. Со години апелираме Водостопанство Брегалница да ги одржува одводните канали, но резултатот го гледате – велат жителите на село Облешево Од саботата жителите на Облешево немаат исправна вода за пиење, со Црвен Крст се врши достава на питка вода, вели градоначалникот на Чешиново-Облешево. Деновиве ќе се врши дезинфекција на зафатените објекти, а со механизација на „Бехтел и Енка“ ќе се ...

Вклучени камерите на системот „Безбеден град“ што ќе ги регистрира сообраќајните прекршоци. Од МВР велат дека месецов ќе опоменуваат, но од -ви1 јануари веќе ќе казнуваат. Возење со брзина над дозволената, минување на црвено, погрешно паркирање, изминат рок на важност на сообраќајната дозвола се дел од прекршоците што ќе ги бележи електронскиот систем, но во следната фаза ќе се прошири и видот на прекршоци. Несовесните возачи, известувањата ...

Со потпишано барање, дел од родителите на ученици во „Димо Хаџи Димов“ побараа гаранции и потврда за хигиената, откако ИЈЗ излезе со резултати дека на чешмите во училиштето, работните површини и храната е пронајден ентеробактер. Родителите бараат чисти простории и санитарни јазли за да се заштити здравјето на децата, во знак на револт, некои децата ги задржале дома. Директорката вели, училиштето е целосно дезинфицирано. Директорката вели, и ...

На 01.12.2025 околу 00:17 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од бул. „Октомвриска Револуција“, ул. „Иво Лола Рибар“ и ул. „Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(22) од Куманово и патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(48) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни ...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие во Делчево поради „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против С.С. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“. Пријавениот, во својство ...

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта е да се спречат нерегуларности во работењето и да се обезбеди заштита на гостите. Од Инспекторатот апелираат угостителите совесно да ги почитуваат законските обврски, особено во делот на максимално дозволениот број гости, работното време, забраната за пушење и другите прописи. ДПИ ...

4 ученици од „Димо Хаџи Димов“ уште се лекуваат на Детската клиника. Денеска три ќе бидат пуштени дома, 1 дете ќе остане до утре на болничко лекување. Бактерии на чешми во училиштето и мусаката со ентеробактерија, беа причина 30-тина да пријават стомачни тегоби, некои од нив да завршат и во болница. По случајот во „Димо Хаџи Димов“ мостри беа земени мостри од 9 кујни од училишта во скопски Карпош со кои стопанисува истиот оператор за храна, ...

Во Македонија има околу 700 позитивни со ХИВ. Се проценува дека 30-ина проценти не се дијагностицирани. Од оние, пак, кај кои е потврден вирусот, 90 насто се на терапија и имаат успешен третман. Најголем предизвик останува раната дијагностика. За да се намалуваат инфекциите со ХИВ вирусот, потребен е систематски пристап, но и законски измени. Достапноста на терапијата е најважна за луѓето со ХИВ, бидејќи им овозможува здрав и нормален живот. ...

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Рацете на традицијата“ на авторката Елизабета Марковска. Изложбата, реализирана во соработка со Најмалиот етнолошки музеј во светот во село Џепчиште, е посветена на традиционалните занаети и нивната трансформација од минатото кон современоста. Преку рачно изработени предмети и фотографии, посетителите ќе можат да ги откријат приказните зад секое ...

Српскиот претседател објави дека од утре запира со работа „Нафтената индустрија на Србија“ во Панчево. Ги повика граѓаните да останат смирени и најави дека ќе се обиде да има дополнителни разговори со Американците. Србија побара да се обнови лиценцата за работа на НИС додека се во тек преговорите за промена на сопственоста на компанијата која е под санкции на САД. Санкциите стапија на сила на 9-ти октомври во обид на американската ...

Газдата на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, осуден на десетгодишна затворска казна за трагедијата кај Ласкарци повторно побарал одложување на извршувањето на казната. Иако, тој требаше денеска да замине зад решетки, повторно поднел барање за одложување зашто имал закажано операција. Претходно, шефот на возниот парк на компанијата, Ремзи Мифтари побара одложување на издржувањето на затворската казна поради операција на кила на тестиси. Тој во ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
93%
1001
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
78%
1000
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
89%
1001
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.16
97%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
1001
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
78%
1003
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1002
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
95%
1000
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
69%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Бакар

11.69

Платина

67162.91

Калај

46.91

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.03

Злато

159231.39

Паладиум

546.56

Цинк

3.25

Сребро

2460.50

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51