Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Во вториот круг се почнува од нула. Сега треба да сме уште пообединети и порешителни, да покажеме дека центарци заслужуваат вистинска локална власт која ќе биде на страна на граѓаните, порака до гласачите од кандидатот за градоначалник на движењето „Знам“ во Центар, Мирослав Лабудовиќ. „Знам“ во вториот круг од кампањата ја продолжува борбата за промена и крај на владеењето на старите политички структури, вели партискиот портпарол Мемов. Во ...
Скопје се разбуди, надежта ќе ја претвориме во реалност во вториот круг и ќе работиме за сите скопјани. Ова го изјави Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, кој влезе во вториот круг на локалните избори. Ако ја добиеме довербата од скопјани, ќе соработуваме со сите советници од Град Скопје, без оглед од која партија доаѓаат, додава Мециновиќ. Мециновиќ го повика својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ да се соочи на дуел на ...
Нема простор за загриженост по одлуката на ЕУ за забрана за увоз на руски гас во регионот. Ние трошиме мали количества и нема да останеме без енергенс, уверува министерката за енергетика Божиновска. Забраната од први јануари важи за краткорочните договори, а за долгорочните како нашиот од почетокот на 2027-ма. Во меѓувреме, надеж е гасоводот со Грција. Од 28 до 30-ти октомври Скопје ќе биде домаќин на Меѓународниот форум за енергија за одржлив ...
Владата на денешната седница донесе заклучоци за итни мерки во врска со проблемот со собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад во Град Скопје. Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје се задолжуваат, во соработка со Министерството за внатрешни работи, веднаш да започнат координиран вонреден инспекциски надзор на територијата на ...
„Утре наутро“ е политичка драма во кој ги опсервирам луѓето кои ги носат одлуките со чии последици се соочуваме ние. Мене живо ме интересира кои се луѓето кои ги носат одлуките со кои ние се носиме, оној висок општествен круг луѓе. Ова е приказна инспирирана од вистински настани кои се случиле меѓи 2014 и 2017 година. Плотот на приказната е фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа. Зборува за две семејства кои се ...
Денеска во Основниот кривичен суд Скопје, со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои биле членови на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2024 година, продолжи судењето за „Онкологија 2“ кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовесно работење и финансиски криминал. Обвинети се за злоупотреба на службена ...
Планираната средба Трамп-Путин во Будимпешта останува неизвесна по одложувањето на состанокот меѓу нивните клучни помошници за надворешни работи Рубио и Лавров, кои требаше да ја подготват лидерската средба. Според медиумите, несогласувањата околу завршувањето на војната во Украина се причини за одложувањето, по што реагираа од Москва. „Не можеме да одложиме нешто за кое не е договорено. Не го потврдивме она што некои западни извори го напишаа ...
Кривичниот суд ги известува странските државјани кои престојуваат во Република Северна Македонија дека, согласно новите процедури, проверките за казнена и кривична евиденција неопходни за регулирање на престој, повеќе нема да се вршат преку судовите, туку директно од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР). Имено, странските државјани не треба повеќе самостојно да обезбедуваат потврди од судовите. Проверките по однос на казнена и ...
Поранешниот француски претседател Никола Саркози почнува со издржување на петгодишната затворската казна откако беше осуден за илегална шема на финансирање на својата кампања со пари од Либија. Тој тврди дека е невин и дека случајот е политички мотивиран. Изјави дека нема да бара никакви привилегии во затворот и дека заминува со крената глава. „Ако апсолутно сакаат да спијам во затвор, ќе спијам во затвор, но со крената глава. Јас сум невин“, ...
Во организација на македонскиот Културно – информативен центар во Истанбул, на 22 октомври (среда) со почеток во 19 часот, во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој ќе се одржи концерт на реномираниот македонски ансамбл „Трио Академико“. Ансамблот Трио Академико го сочинуваат флејтистката Златка Митева, кларинетистот Бранко Павловски и пијанистката Наташа Трбојевиќ, уметници со богата кариера, препознатливи по својата извонредна ...
43 општини добија градоначалник во првиот круг на локалните избори. Втор круг ќе има во 33. Најмногу градоначалнички места освои ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата-33. СДСМ победи во 3, ВРЕДИ во 4 локални самоуправи, а Националната алијанса за интеграција во 3. Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати. Втор круг во Град Скопје. Во трка Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица. ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу советнички ...
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц се надева дека по локалните избори, земјава ќе ги направи потребните уставни измени за вклучување на бугарската заедница како малцинство во македонскиот устав, заради откочување на евроинтеграциите. Во изјава за Европската новинска редакција, Вајц вели дека усвојувањето на уставните измени ќе го отвори патот за вистински почеток на преговорите. Македонија е сè уште блокирана од ...
Американската кошаркарска ѕвезда Кевин Дурант го продолжи договорот со Хјустон до 2028 година и со тоа стана најплатениот играч во историјата на НБА. Новиот договор на 37-годишниот Дурант изнесува 90 милиони долари. Иако постоела можност за повисок договор до 122 милиони, тој прифатил 30 милиони помалку за да му овозможи на клубот поголема финансиска флексибилност и создавање конкурентен тим. Со вкупна заработка од 598,2 милиони долари, Дурант ...
Додека Москва и Вашингтон го подготвуваат теренот за можна средба Трамп-Путин во Будимпешта, шефот на Белата куќа скептичен дека Украина ќе ја добие војната и ќе ги поврати териториите освоени од Русија. „Тие сè уште можат да ги освојат, но мислам дека нема. Никогаш не реков дека ќе ги освојат. Сè може да се случи, знаете, војната е многу чудна работа“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД. Европа предупредува дека мировните преговори кои го ...
Кревкото примирје во Газа продолжува. Хамас му предаде уште едно тело на Израел, додека хуманитарната помош непречено се дистрибуира. По израелските напади викендов, во регионот пристигнува и американскиот потпретседател Венс на средба со Нетанјаху. Додека САД се обидуваат да го зајакнат договорот, нови инциденти на жолтата линија-убиени двајца милитанти кои отвориле оган врз израелските сили. Трамп го предупреди Хамас да го почитува прекинот на ...
46,63 проценти односно 854.620 од оние што имаат право на глас ја исполниле својата граѓанска должност на изборите во недела. 43 општини во првиот круг добија градоначалник и совет, соопштија од Државната изборна комисија откако ги добиле сите материјали од избирачките места. Во Град Скопје за прв човек на градот, советничките места се поделени. Тече рокот за жалба од 48 часа, односно до среда вечер, сите кои имаат забелешки можат да реагираат ...
11 кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, беа интервјуирани пред Kомисијата за избор. Испрашувањето беше на англиски и француски јазик, процесот го следеа и невладини организации. Шанса да ја продолжат постапката ќе имаат само тројца кандидати. Комисијата за избор резултатите од интервјуата ќе ги испрати до експертскиот панел на советот на Европа. Изборот на судија во Стразбур се спроведува по вторпат, откако ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи владината делегација на Самитот за Западен Балкан, кој се одржува во Лондон. Шефот на Владата, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, како и со министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани, ќе учествува на голем број состаноци во состав на Берлинскиот ...
На 25 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, 20.00 часот. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша ...
Денот на изборите беше мирен, иако беа забележани некои недостатоци во процедурите, како групно гласање и несоодветно мешање од страна на претставниците на кандидатите. Кампањата за локалните избори во Северна Македонија беше конкурентна, а избирачите имаа широк избор на политички алтернативи. Изборите беа негативно засегнати од системски правни празнини во надзорот на финансирањето на кампањата, како и од политичка поларизација и длабоко јавно ...
Со убедливо водство Изет Меџити ја доби довербата на граѓаните на Чаир во првиот круг, каде се водеше и главната битка помеѓу албанската опозиција и албанската коалиција од власта. ВРЕДИ извојуваа победа во сите општини каде нивните кандидати беа во трка за градоначалничкото место, а во првиот круг во Сарај, Арачиново, Теарце, Желино, Боговиње. Со предност по бројот на гласови влегуваат во вториот круг во општините Тетово, Дебар, Брвеница, ...
Националната алијанса за интеграција, прогласи победи уште во првиот круг во Гостивар, Липково, Чашка и Пласница. Арбер Адеми рече дека убедливо е водство и во Врапчиште, но таму нема цензус. Адеми на прес-конференцијата изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за првпат ќе биде предводена од оваа коалиција. Тој додаде и дека во втор круг партијата ќе се натпреварува во Струга, ...
На 22 октомври во 21 часот, во МКЦ – Кино Фросина, скопската публика ќе има ретка можност да ја доживее женевската експериментална сцена преку концертот на TOUT BLEU, проект на мултиинструменталистката Simone Aubert. Бендот, составен од Simone Aubert (глас, гитара, дрампад, синтисајзер), Luciano Turella (виола), Beatriz Raimundo (виолончело, ефекти) и POL (електроника и семплирање), претставува спој на органско и електронско, на телесен звук и ...
Влегуваме во втор круг, гласовите на опозицијата се дупли во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам во вториот круг поддршка од сите опозициски сили. Карпошани се на пат да си го одберат своето достоинство“, рече кандидатот на коалицијата „Искуство за успех“ за градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски. Тој обвини за изборен поткуп во Злокуќани. Јакимовски им се заблагодари за фер кампањата на противкандидати, Маја Мојсова од СДСМ, Антонио Димитров од ...
Левица е лидер на опозицијата, вели првиот човек во партијата, Апасиев, сумирајќи ги резултатите и успехот од првиот изборен круг, да влезат во советите во повеќе градови, но и во борба за градоначалничката фотелја. Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица влезе во битката за татко на метрополата во втор круг. За ваквиот резултат од првиот круг, смета дека илјадници луѓе во Скопје се охрабриле да застанат на страна на ...
„Движењето ЗНАМ ќе биде победник во вториот круг“, порача кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, славејќи го убедливото водство од десет илјади гласови над второпласираниот независниот кандидат Горан Стојковски-Диро. „ЗНАМ ќе биде дефинитивно победник на претстојните избори на локално ниво, бидејќи повеќе од јасна е желбата на граѓаните дека препознаваат континуитет и развој на овој град и сакаат Куманово да се развива во ...
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата остварија победа во над 50 општини. Во првиот круг од локалните избори, нивните кандидатите за градоначалници се избрани во повеќе од 30 општини, а во над 20 со водство влегоа во вториот круг. Кандидатите за градоначалници на Социјалдемократите ја загарантираа својата победа во само три општини, а водат во уште пет. ВРЕДИ со најмногу гласови во девет општини, од кои во првиот круг ја потврдија победата во пет, а НАИ ВО ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...
Водство во 53 општини и освоени над 30 градоначалнички места за ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од локалните избори во Македонија. Ветивме победа и ја остваривме, триумфираше верниот народ, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Додаде дека на овие избори, Македонија не избра партија, туку насока. Оваа историска победа е почеток на новата македонска енергија, мирна, одлучна и праведна, истакна Мицкоски, ветувајќи уште посилна работа, ...