Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Артур Бишоп (Џејсон Стејтам), еден од елитната група атентатори, можеби е најдобриот во бизнисот. Бишоп ги извршува своите задачи прецизно, непристрасно и со почитување на строг кодекс, но кога Хари (Доналд Сатерленд), неговиот близок пријател и ментор, е убиен, Бишоп се заколнува на одмазда. Синот на Хари (Бен Фостер) му доаѓа со одмазда во срцето и желба да го научи занаетот на Бишоп, сигнализирајќи го раѓањето на едно смртоносно ...
Советот на јавни обвинители на РМ, денеска ќе ја одржи 32. седница на која треба да биде донесена одлука за избор на нов Претседател на Советот. Советот на јавните обвинители на 28-та седница одржана на 30 септември, донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот на Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава, а изборот на нов претседател го одложи поради локалните избори. До изборот на нов претседател ...
Рано утрово, во 02:23 часот е регистриран слаб земјотрес во западниот дел на земјата. Според податоците од апликацијата за сеизмичка активност, земјотресот бил со јачина од 2,0 степени по Рихтер и длабочина од 15 километри. Епицентарот бил лоциран во регионот помеѓу Кичево и селата кон Мавровскиот предел, на координати 41.394°N и 20.872°E, оддалечен околу 80 километри од прикажаната референтна точка. Нема информации за материјална штета или ...
По повеќе 10 часа блокада сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ е нормализиран, соопштуваат од АМСМ. Овој премин беше во целосна блокада и за влез и излез од државава поради штрајкот на земјоделците на Грција. Вчера од раните утрински часови имаше големи колони, а возила со часови чекаа и на граничниот премин Дојран, кој беше единствената алтернатива за влез во земјава. Блокадите на грчките земјоделци почнаа околу 11 часот и траеа до ...
Поради појава на магла има намалена видливост на планинските премини Ѓавато и Пресека. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...
Предлог-буџетот за 2026-та година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73-та седница на Собранието. Во текот на амандманската расправа во матичната Kомисија за финансирање и буџет, беа прифатени 20 амандмани од вкупно поднесените околу 200-те амандмани. Проекциите во Предлог-буџетот се раст на БДП од 3,8 проценти, инфлација од околу 2,5 насто. Буџетскиот дефицит е проектиран на 39,2 милијарди денари или на ниво од 3,5 ...
Украина подготвува одговор на американскиот мировен план по консултациите на Зеленски со европските партнери во Лондон и во Брисел. Новиот предлог намален во 20 точки, не предвидува територијални отстапки кон Русија. Зеленски нагласи дека Киев е подготвен за разговори, но само во рамки на меѓународното право и правото на самоодбрана, без да го награди Путин за војната. „Дали размислуваме да се откажеме од која било територија? Немаме законско ...
Денеска треба да почне седницата на постојаната Анкетна комисија во рамките на законодавниот дом на која ќе се расправа за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. На седницата се поканети и членови на семејствата, но и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот Панче Тошковски. Во меѓувреме се очекува и формирањето на Анкетната која ја предложи парламентарното мнозинство, а на која покрај за ...
Денеска во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија, информираат од МВР. При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана. ...
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за замрзнување или складирање на оружјето како дел од договорот за прекин на огнот со Израел, во пресрет на втората фаза од договорот која предвидува меѓународни безбедносни сили, разоружување на милитантите, технократска влада и можно израелско повлекување. „Отворени сме за сеопфатен пристап за долгорочен прекин на огнот или примирје што мора да доведе до палестинска држава. Но, и да разговараме за ...
Од први јануари студенти, пензионери, невработени, самовработени лица ќе може времено да бидат ангажирани. Не е класично вработување, ама ќе ги зачуваат стипендиите, пензиите, социјалните додатоци, но и дополнително ќе заработат. Со Новата Година, Македонија и економијата за првпат ќе го добијат Законот за работно ангажирање лица. Според законот, лицата може да бидат ангажирани од 120 до 180 дена во годината, зависно од дејностите, а најмногу ...
Сирија ја одбележува првата годишнина од падот на Башар Ал Асад, во атмосфера на нестабилност и продолжени предизвици. На плоштадот Омејад во Дамаск се одржуваат прослави и воени паради, додека новиот претседател Ахмед ал-Шара, поранешен бунтовнички лидер, вети дека ќе изгради „праведна и силна Сирија“. Тој воспостави нови сојузништва со Западот и арапските земји, но земјата и натаму се соочува со секташко насилство, нови раселувања и ...
Денеска полициски службеници од СВР Скопје-ЕВР Центар и Бит Пазар во Скопје, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги. Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната ...
Од 11 часот сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ („Евзони“) кон соседна Грција е блокиран за влез и излез од земјава, а на „Меџитлија“ („Ники“) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Засега сообраќајот на преминот „Дојран“ се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата. Како што претходно соопштија од АМСМ, на ...
Стратегијата „Македонија 2030“ е ново поглавје во политичкото дејствување, почива на шест стожери за безбедна, стабилна, економски и технолошки развиена држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија, стратегијата што беше усвоена на конгресот што се одржа викендов, се заснова на идејата дека државата мора да излезе од циклусот на импровизации и краткорочни одлуки и да воведе долгорочен систем на управување, кој се создава преку ...
На 08.12.2025 во 00:30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, од страна на полициски службеници од СВР Охрид е лишен од слобода Т.С.(41) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта. На 07.12.2025 во 23:25 часот ...
Спречен државен удар во западноафриканската држава Бенин откако група војници предводена од полковникот Паскал Тигрис на државната телевизија објави дека го собориле претседателот Патрис Талон и го суспендирале уставот. Министерот за внатрешни работи соопшти дека пучот не успеал, претседателот е безбеден во француската амбасада во градот, а вооружените сили останале лојални и ја задржале контролата. Во Котону имаше пукање, некои новинари беа ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
По повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, од Паркинзи на општина Центар известија дека денеска, паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат бесплатни за користење од страна на сите граѓани. Исклучок од ова се затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим. Редовната наплата за паркирање ќе продолжи утре (вторник) со вообичаено ...
Тајланд започна воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, додека двете земји се обвинуваат кој прв нападнал. Еден тајландски војник загина, а четворица беа ранети. Тензиите траат од октомври, кога беше постигнато примирје иницирано од американскиот претседател Трамп. Минатиот месец ситуацијата се влоши по повредите на тајландски војници од мини во пограничниот регион, а обвинувањата продолжуваат и покрај договорот за заедничко ...
Во услови на застој во преговорите за завршување на војната во Украина, Зеленски на разговори со европските партнери во Лондон-британскиот премиер Стармер, францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Мерц. Главни теми – безбедноста на Украина, нејзиното самоопределување и контролата врз Донбас. Зеленски бара заеднички позиции и посилен колективен притисок врз Русија за постигнување праведен мир. „Украина заслужува достоинствен мир, ...
Кинески борбени авиони за првпат го блокираа радарот за контрола на оган на јапонските воени авиони. Овој инцидент би можел дополнително да ги разгори тензии меѓу Токио и Пекинг, смета Министерството за одбрана на Јапонија. Не се пријавени штети на јапонските авиони или повреди на екипажот. Кина го отфрла тврдењето на Јапонија. Односите меѓу двете земји се влошија откако премиерката Такаичи предупреди дека Јапонија би можела да одговори на ...
МЖ Инфраструктура започна акција за ослободување на просторот околу железничката станица и враќање на нејзиниот оригинален изглед. Директорот на МЖ Инфраструктура, Ивановски, информираше дека се отстрануваат сите билборди, светлосни и информативни реклами кои со години го нарушувале автентичниот изглед на станицата. „Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација,“ ...
Никола Тубовски е студент на четврта година на прилепскиот Економски факултет, на програмата сметководство и ревизија. Смета дека бизнис заедницата и факултетот се подготвени за соработка. Секоја иницијатива за поврзување е значајна за практичната работа и за пазарот на трудот. Неопходна е практикантската работа и да се искористат државните мерки. И компаниите треба да вложат во практикантството ако сакаме младите да ги задржиме. Академската ...
По две години пауза, градот Витлеем постави божиќна елка за да го обнови одбележувањето на празникот со сите свечености. Оваа традиција беше прекината во последните две години поради војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. По неодамнешното примирје, властите одлучија оваа година да ја осветлат традиционалната, џиновска божиќна елка пред црквата Христово раѓање. „Оваа година го разгоревме духот на Божиќ и испраќаме пораки на надеж до ...
На граничниот премин „Дојран“, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на „Табановце“ времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри има на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има магла. Синоптичарите најавуваат во северозападните региони слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 10 до 15 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот ќе биде променливо облачно ...
Денеска на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино, постапувајќи по пријава од 41-годишна жена од Скопје дека на 02.12.2025 во стан на подрачјето на Центар ја присилил на полово дејствие, при што снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари за да не го објави видеото на социјални мрежи. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена ...
Согласно добиените информации од регионалните центри, состојбата со врнежите низ државата е стабилна и без значајни последици, информираат од Центарот за управување со кризи. Скопски, Полошки, Штипски, Охридски, Вардарски и Кумановски регион – нема нарушувања на редовната состојба. Битолски регион – водостојот на р. Драгор е покачен, но без опасност од излевање. Струмички регион – нема врнежи. Во Кратово – слаби и повремени врнежи – ...
ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци на 18-ти конгрес. Мицкоски продолжува да ја води партијата. Претставена стратегијата до 2030 година, која нуди стабилност и враќање на македонската самодоверба, држава која сама ќе ја гради сопствената европска иднина, со доверба во институциите, правната држава, економија која нема да се базира на евтина работна сила туку на знаење, модернизација со нова технологии, но и со почитување на историското наследство, без ...