Горивата од вечерва на полноќ ќе бидат со нови, повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 0,5 денари и од утре ќе изнесува 73,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе изнесува 75,5 денари, што е повисока за половина денар. ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар, и од утре ќе се продава по 68 денари за литар. За 1 денар се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, и ...

Владината коалиција е стабилна, уверува премиерот Мицкоски. Испеглани се разликите со ВРЕДИ, уверува Мицкоски, кој ги отфрли шпекулациите дека дел од коалицијата ќе стане и Рамиз Мерко. Премиерот потврди дека имал средба со еден од лидерите на ВРЕДИ, Билал Касами, кој е кандидат за градоначалник на Тетово. „Јас се сретнав со Билал Касами. Разговаравме. И мислам дека тој веќе почна да ги испраќа оние вистински изјави кои треба да му прилегаат на ...

Во македонскиот Културно-информативниот центар во Белград промоција и афирмација на современото македонско творештво за најмладите читатели. Во Белград на литературната манифестација се собраа авторите, издавачите и љубителите на детската литература кои го промовираа и македонскиот јазик во Србија. Проектот Денови на македонската литература за деца поддржан е од македонското Министерството за култура и туризам. Оливер Бранковиќ, дописник од ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година. Согласно Изборниот законик, анкетите на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите за вториот круг на гласање, односно најдоцна ...

Синоќа околу 20 часот на ул. „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници единицата за Интервентна полиција од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Т.(30) од Скопје. Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода е лишен Р.Т., кој бил затекнат со пиштолот. По документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по чл. ...

Единаесет месеци затворска казна за 43-годишниот родител, кој на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“ нападна двајца 15-годишни фудбалери. Штипскиот суд ја донесе пресудата, со која Авни Абгулиј од Скопје е прогласен за виновен за насилство. Тој има право на жалба до апелација. Инцидентот се случи на игралиштето „Бело брдо“ во Штип на 24-ти август при крај на натпреварот, кога судијата му додели втор жолт картон ...

Со историски ниска излезност и покрај задолжителното гласање, само 66 насто од гласачите излегоа на конгресните избори во Аргентина. И покрај корупцискиот скандал и слабата економија, ултралибералниот претседател, Хавиер Милеи, извојува победа. Неговата партија „Напредок на слободата“, освои повеќе од 40 проценти од гласовите. Опозициската партија од левиот центар, доби околу 24 насто од гласовите. Милеи досега немаше свое мнозинство во Домот на ...

Бурата Мелиса во неделата прерасна во ураган од четврта категорија, а американските метеоролози рекоа дека би можела да достигне статус на петта категорија, предизвикувајќи поројни дождови и заканувајќи се да предизвика катастрофални поплави во северниот дел на Карибите, вклучувајќи ги Хаити и Јамајка. Се очекуваат големи штети на инфраструктурата, прекини во електричната енергија и комуникацијата, како и изолација на заедниците на Јамајка. „Тоа ...

Со дербито меѓу Шкендија и Вардар денеска ќе биде комплетирано 10. коло во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот ќе се игра од 13:30 часот на Градскиот стадион во Тетово. Актуелниот шампион Шкендија влегува во дуелот со голема самодоверба по историскиот триумф над Шелбурн во Конференциската лига и со цел да го искористи поразот на Струга од АП Брера за да го преземе врвот на табелата. Играчот на тетовскиот тим, Арбин Зејнулаи, истакна ...

Од денес со зимскиот ред на летање од македонските аеродроми и нови 11 рути. Директна врска ќе има до шведската престолнина. На листата директни авиолинии и Стокхолм, Штутгард, Бари, Ларнака-Кипар. Од трети ноември од Скопје директна авио врска и со Женева, една од позначајните деловни дестинации, а од метрополата воздушно и до Мадрид. Од втората недела на декември и до Прага и Келн. Од Охридскиот аеродром пак директен лет до Базел битна ...

Фестивалот „Есенски музички свечености“ продолжува на 31.10.2025г. (петок) со концерт на Георги Шарески - соло гитара со авторска музика, кој ќе се одржи со почеток во 20:00 часот во Салон 19:19. Георги Шарески е гитарист, композитор и аранжер кој се истакнува со својот препознатлив стил, спојувајќи балкански ритми со џез, фјужн и современа класична музика. Неговата музика се карактеризира со длабока емоционалност, комплексна хармонија и ...

Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, каде наврнал и најмногу дожд во изминатите 24 часа, 86 литри на метар квадратен. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот измерени се 7 степени во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево, 8 во Струмица, 9 во Берово и Крива Паланка, 10 во Куманово, Тетово, Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид, Гевгелија, Велес, Штип и Кавадарци, 11 во Прилеп, Претор, Виница во Охрид и ...

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе паузира најмалку една недела поради истегнување на прстот на левата рака и повреда на долниот дел од левата нога, пренесуваат американските медиуми. Словенечкиот ас сигурно ќе ги пропушти следните четири натпревари на Лејкерс – против Сакраменто, Портланд, Минесота и Мемфис. Дополнителен удар за тимот е и отсуството на Леброн Џејмс, кој сè уште не настапил оваа сезона поради болки во грбот. ...

Хамас ја прошири потрагата по останките на заложници во Појасот Газа, еден ден откако Египет распореди тим експерти и тешка опрема за да помогне во нивното извлекување. Според прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД, кој стапи на сила на 10-ти октомври, се очекува Хамас да ги врати останките на сите израелски заложници што е можно поскоро. Израел се согласи да врати 15 тела на Палестинци за секое од нив. Хамас ги врати телата на 15 ...

Украина одново ја нападна Московската област со дронови. Руските сили собориле 34 украински беспилотни летала од вкупно 194. Аеродромите Домодедово и Жуковски привремено ги прекинаа операциите поради заканата. За да може светот да разговара со Русија од позиција на сила, ние во Украина мора да бидеме во силна позиција, став на претседателот Зеленски. „Само за оваа една недела, Русите употребија речиси 1.200 ударни беспилотни летала и веќе 50 ...

Тркалезна маса „Унапредување на родовата еднаквост во лидерството и управувањето“, ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Северна Македонија, со учество на креаторите на политики, експерти и бизнис-лидери од Западен Балкан. Настанот е во организација на Women on Boards Adria (WOBA) и Европската инвестициска банка (ЕИБ). Воведни обраќања ќе имаат Бјорн Габриел, претставник на ЕИБ во државава, Билјана Брејтвејт, претседателка на WOBA, ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на АТП турнирот во Виена. Тој во финалето го совлада Александар Зверев од Германија со 2:1 во сетови (3:6; 6:3 и 7:5). Синер до победата стигна со пресврт и пред сè со подобра игра во вториот и третиот сет. За Синер ова беше четврта титула сезонава, а вкупно 22.ра во кариерата. Синер веќе најави дека до крајот на годината ќе ја пропушти завршницата во Дејвис купот, но сепак ќе се појави на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. На автопатот Скопје-Велес после патарина Сопот пред тунелите кај Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена ...

„Нашите чудесни години“ го следи семејството Волф додека се справуваат со повоената обнова на Германија во 1940-тите и 1950-тите. Серијата се фокусира на три сестри кои се реинвентираат себеси и ја обликуваат својата иднина додека се справуваат со политички, морални и економски превирања. Серијата ги истражува нивните индивидуални борби и како тие и семејството се оддалечуваат од нивното нацистичко минато за да изградат нов живот. Улоиг: Елиза ...

Министрите за финансии на САД и Кина подготвија рамка за трговски разговори меѓу лидерите на двете земји. Договорот меѓу Вашингтон и Пекинг е сè поблиску, изјавија претставници од двете најголеми економии во светот. Претседателот Доналд Трамп и кинескиот лидер Кси Џинпинг ќе се состанат в четврток во Јужна Кореја. „Штотуку завршивме дводневни преговори и создадовме рамка за двајцата лидери да разговараат во четврток во Кореја. Претседателот ...

27/10/2025 08:35 - МРТ

Откако го освои светот со сагата „Самрак“, која собори рекорди на гледаност, имаме нова возбудлива екранизација на романот на Стефани Мајер. Приказната е сместена во иднината каде што Земјата е колонизирана од паразитски вонземјани кои ги преземаат човечките тела и на тој начин ја уништуваат личноста и сеќавањата на поединецот. Човештвото е на работ на уништување, а една од последните незаразени е Мелани Страјдер, која ќе ризикува сè за да го ...

Уште пет дена предизборна кампања, пред гласањето в недела на вториот круг од локалните избори. Партиите и кандидатите продолжуваат со мини-митинзи и средби со граѓани. Се погласни стануваат и препукувањата меѓу противкандидатите, но и ставовите на лидерите на политичките партии. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, и вечер на средби со граѓани и со мини-митинзи. И опозициската СДСМ и коалицијата продолжуваат со ...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе се обрати на Првиот годишен форум за квалитет во високото образование, што ќе се одржи денеска во тркалезната сала на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Форумот е организиран со цел споделување на досегашните активности на Универзитетот за имплементирање нов систем за следење на квалитет и постигнувања во доменот на обезбедување и унапредување на ...

Под влијание на циклонска активност, целата земја зафатена од поројни дождови, а на места и со силен ветер. Денеска најобилни врнежи се очекуваат во западните предели, каде локално ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен. Ветровите ќе дуваат од јужен и од југозападен правец, и повремено ќе достигнуваат брзина до 90 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од Центарот за управување со кризи велат дека состојбата е ...

Кандидатот на коалицијата „ВЛЕН“ за градоначалник на Брвеница, Хаќим Рамадани ветува дека ќе има рамномерен развој во сите населени места во општината, врз основа на приоритетите и бројот на жителите, зашто ова не е привилегија, туку голема одговорност и гласот е аманет. Потенцира дека улогата на дијаспората е голема која постојано инвестира во татковината. Кампањата ја продолжуваат и другите кандидати на коалицијата „ВЛЕН“, во Тетово, Дебар и ...

Кандидатот на движењето „Знам“ за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ. Најави неколку капитални инфраструктурни проекти кои, како што истакна, ќе бидат реализирани веднаш по преземањето на градоначалничката фукнција. Според Лабудовиќ, целта е улицата да стане пример за ред, безбедност и зелен урбанизам – простор каде граѓаните ќе се чувствуваат пријатно и безбедно, а не само место за автомобили. Според кандидатот на „Знам“ за ...

Кандидатот за татко на метрополата од „Левица“, Амар Мециновиќ, најави поддршка на младите со финансиско зајакнување на Младинскиот културен центар, преку проекти по примерот во европските градови. Меѓу новите проекти најави отворање на скопско рок школо, каде пристап би имал секој кој има желба да учи, вежба или да се надоградува. Мециновиќ најави и идеја за основање на скопски графити фестивал, по примерот на градови како Мостар. Посочи дека ...

Денес сме пред вас со посветеност кон заедничката победа на 2. Ноември, рече на денешната прес-конференција Арсим Далпи од Националната алијанса за интеграција – НАИ, кој ветува модерна, транспарентна, Струга блиска до граѓаните. „Во рокот 100 дена, нашиот тим заедно за Струга се обврзува на реализација на програмата со 5 точки, која ги опфаќа следниве мерки. Бесплатно паркирање за граѓаните до 10 часот на целата територија на градот Струга, со ...

За средношколците субвенции за возачки дозволи, за граѓаните во колективните станбени домувања пак, средства за промена на азбестни кровови и лифтови, најави кандидатот за градоначалник од коалицијата „Искуство за успех“, Стевчо Јакимовски. Најбитниот проект, вели Јакимовски, корисен за граѓаните ќе бидат курсевите преку кои ќе се совладува електронското банкарство. Обуките со граѓаните ќе ги одржуваат стручни лица од банките во училиштата во ...

Хортикултурно и партерно уредување на потегот од зелено пазарче до улица „Македонија“, најавува кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски. Граѓаните се тие коишто го држат клучот за промената во локалната власт, истакна кандидатот за градоначалник на аеродром од СДСМ и коалицијата „Твоја Македонија“, Александар Трајановски. Во пресрет на вториот изборен круг, тој порача, јас не ги делам граѓаните ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
9.26
72%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.73
79%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
96%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
9.77
86%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Платина

52952.77

Бакар

10.95

Рутениум

29192.88

Злато

135056.24

Сребро

1878.05

Паладиум

46425.68

Никел

473339.37

Цинк

3.23