Белград
9ᴼ /
9ᴼ
Утре во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана на Владо Мисајловски заедно со делегација од Министерството, ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана, како и на состанокот на Контакт групата за Украина. На состанокот, министрите ќе разговараат за имплементацијата на обврските договорени на Самитот во Хаг во јуни 2025 година, како и за зајакнување на подготвеноста на Алијансата за ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за продолжено кривично дело – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 и едно кривично дело – Одземање на моторно возило по член 242 став 1 од Кривичниот законик. За помалку од 20-тина дена, односно од 22.09 до 09.10.2025 година, осомничениот извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје, со што прибавил вкупна противправна ...
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски денеска оствари работна средба со Михај Бусујок, судија во Уставниот суд на Романија. На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат уставните судови на двете земји, како и за улогата на уставно-судската заштита во контекст на современите општествени и правни околности. Двете страни изразија подготвеност за продлабочување на меѓусебната соработка, преку размена на ...
Континуитетот на „Левица“ во штипскиот општински совет ќе продолжи и во следните четири години, вели носителот на советничката листа Михајловски. Уверен е дека на овие локални избори, ќе освојат повеќе гласови, во споредба со претходните. Нема да ги изневерам очекувањата на кочанчани, истакна кандидатката за градоначалничка Свеќаровска. Вели, градот мора да се врати на граѓаните. Народот бара промена на системот којшто 34 години го создаваат ...
Ветувам дека проблемот со водоводот во Студеничани, Долно Количани, Батинци и Драчевица до следните избори ќе бидат затворен. Улиците и уличките во населените места сите ќе бидат изградени и поправени на ист начин. Ќе има градинка во Студеничани и Батинци, училиште со модерни услови за одвивање на наставата, организиран превоз на учениците и Ве уверувам дека политиката ќе биде далеку од образовните институции, рече кандидатот за градоначалник на ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, од коалицијата „Вреди“ во рамките на изборната кампања имаше средба со претставници од Стопанската комора на северозападна Македонија во индустриската зона Визбегово. Според Меџити се разговарало за предизвиците со кои се соочуваат стопанствениците, како што е пристапот до индустриската зона Визбегово, за кој е потребна итна интервенција. Завршувањето на клучката кај Момин Поток ќе биде еден од ...
Министерството за трговија на Кина соопшти дека ако биде потребно ќе се бори до крај, но остануваат отворени за дијалог со Вашингтон по најавите на претседателот Трамп дека ќе воведе нови царини. Шефот на Белата Куќа пред четири дена објави дека САД ќе воведат дополнителни царини од 100 проценти за кинеските производи на први ноември, покрај оние што веќе се во сила. Трамп истакна дека реагира на најавата на Пекинг за ограничување на извозот на ...
Вчера во 10:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.З.(22) и Н.Д.(23), двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив, кај Д.З. е пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на Д.З., при што се пронајдени и одземени марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По ...
Словачкиот претседател Пелегрини во официјална посета во земјава. Беше пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести. Двајцата претседатели на тет-а-тет средба. Словачкиот шеф на државата ќе го посети и собранието каде што ќе има средба со претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Во рамки на официјалната посета, Пелегрини ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. ...
Во Кривичниот суд одново почна судењето за случајот „Талир 2“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски за незаконска изградба на партиското седиште. На барање на обвинителството нему ќе му се суди во отсуство поради опасност од застарување на делото. Судот претходно замрзна поголем дел од имотот на партијата. Станува збор за главното седиште и уште триесетина штабови. Со нова одлука од денешното рочиште, партијата ќе може да го ...
Најмалку 64 лица загинаа и уште толку се водат за исчезнати во поплавите во Мексико. Стотици куќи се целосно уништени, особено покрај бреговите на реките. Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека изобилните дождови зедоа 29 жртви во државата Веракруз на брегот на Мексиканскиот Залив и 21 лице во државата Идалго, северно од Мексико Сити. „Речиси да останевме уште малку водата ќе нè стигнеше. Кога излеговме, се огласи сирената и реката веќе се ...
Прва средба на новоназначениот кабинет во Франција пред денешниот состанок на новата влада со претседателот Макрон. Според премиерот Лекорну, единствена мисија е да се надминеме политичката криза. „Посакувам оваа влада навистина да ја одрази различноста. Не размислувате сите исто, не гласавте сите на ист начин на последните избори, какви и да беа, во секој случај, последните гласачки ливчиња, имате разновидност на перспективи, и на крајот, тоа е ...
Русија продолжува со нападите врз Украина. Зеленски ги засили дипломатските напори особено по нападите врз енергетската инфраструктура. На средбата со шефицата за европска политика и безбедност, украинскиот претседател рече дека очекува силни одлуки од ЕУ и истакна дека веќе се постигнати неколку важни договори со поединечни лидери. Калас нагласи дека примарна задача е да се помогне на Украина да се одбрани, бидејќи тоа ќе спречи понатамошно ...
Утринава, до 8:30 часот, најстудено беше на Попова Шапка, каде се измерени -1 степен Целзиусов. Спротивно на тоа, најтопло во исто време беше во Гевгелија со 11 степени, известија од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Берово се измерени нула степени, во Лазарополе 3, во Демир Капија, Маврови Анови и Крушево 4, во Струмица 5, во Скопје-Петровец, Претор и Штип 6, во Крива Паланка, Битола, Охрид и Велес 7, во Виница и Кавадарци 8 и 9 степени ...
Македонската фудбалска репрезентација одигра 1:1 против Казахстан во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гостите поведоа во 54. минута преку Караман. Македонија изедначи во 74. минута со прецизен слободен удар на капитенот Барди од околу 27 метри. Нашите фудбалери имаа неколку добри шанси, особено преку Ристовски, но голманот на Казахстан не дозволи нов погодок. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
По повеќе од две години војна во Газа, во Египет на мировен самит беше потпишан договорот за мир на Блискиот Исток. На церемонијата присуствуваа над 20 светски лидери, но не и израелскиот премиер. Вчера по 738 денови во заробеништво, Хамас ги ослободи сите живи израелски заложници согласно со договорот за првата фаза од мировниот план на Трамп. Посмртните останки на преостанатите ќе бидат вратени, за што е формиран посебен комитет за лоцирање. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, кој престојува во официјална посета на Македонија. По официјалната церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, ќе има средба меѓу двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите. Во рамки на посетата ќе биде потпишан меморандум за соработка во областа на економијата меѓу министерот за надворешни ...
Како се наближува денот на гласањето за прв човек во општините и за советници, така се интензивираат изборните активности. Реториката сè пожестока. Меѓусебните обвинувања меѓу власта и опозицијата продолжуваат. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ денеска на средби со граѓани и митинзи во Пробиштип, Кратово, Ранковце и во Крива Паланка. СДСМ и коалицијата својата програма ќе ја претстават пред членството и симпатизерите во Сарај, Чаир, ...
Министерот за здравство, Азир Алиу одржа работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, на која беше реафирмирана одличната соработка меѓу двете земји и континуираната поддршка на здравствениот систем. Со Сојузна Република Германија и со амбасадорката Дрекслер имаме традиционално успешна соработка, а во оваа прилика посебно ја истакнав исклучителната поддршка за лекувањето на повредените во големата трагедија во ...
Националната метеоролошка агенција на Шпанија, издаде црвен аларм за североисточниот шпански регион Каталонија. Масовни поплави предизвикани од обилните дождови заробија десетици луѓе во нивните возила. Досега нема извештаи за смртни случаи или повредени лица. Агенцијата за цивилна заштита ги повика жителите да останат во своите домови, бидејќи се очекува дека дури 180 милиметри дожд би можеле да наврнат во областа за само 12 часа. Обилните ...
Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2025 година. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија. Добитници на ...
Полициски службеници од ОВР Гевгелија денеска и лишиле од слобода Ј.Г. и Л.Г. од Гевгелија. Имено, во 14:42 часот, М.П.(25) од Гевгелија пријавила дека влезната врата од нејзиниот дом тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од Казнено-поправна установа, заедно со Л.Г., и се заканувале и притоа слушнала репетирање на огнено оружје. Набргу, полициски службеници пристигнале на местото, извршен е преглед на лицата, а во ...
Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски во моментот нема активна лиценца за работа, бидејќи важноста и истекла на 15 март. Докторот поднел барање за продолжување, но се поставува прашање дали и како лекувал пациенти пред неговото именување за директор август. Кузмановски беше разрешен од директорската функција по објавувањето на скандалозното видео на кои се гледаат линии и се зборува за дрога. Во Министерството за ...
Ќе формираме фонд за поддршка на локалната економија преку кој младите ќе можат да добијат грантови и пристап до ресурси коишто ќе им помогнат идејата да ја претворат во бизнис. Ќе им дадеме шанси на стартап компаниите, рече кандидатот за градоначалник на центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ. Кандидатите за советници од ЗНАМ во Куманово презентираа дел од програма за дрвореди и нови паркови, уредување на речните корита со зелени површини, трим ...
Менување фасади, ставање нови и реновирање на амортизираните лифтови, регулирање на просторот околу зградите ќе биде еден од приоритетите на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи. Визија за обединета и развиена општина Студеничани има кандидатот за градоначалник на Студеничани, Ејуп Абази. Абази посочи дека доколку ја добие довербата од граѓаните ќе ги заврши и ќе ги стави во функција ...
Реставрација на старите градби и на културните споменици, озеленување на централното градско подрачје, изградба на Јужен булевар со паркови и зелени зони, уредување на просторот кај сува река, како и решавање на проблемите со загадувањето и непријатните миризби – сето ова, на граѓаните на Гевгелија им го ветува Тони Аврамов, кандидатот за градоначалник од „Левица“. Струшката депонија ги труе граѓаните. „Левица“ со низа предлози за управување со ...
Помала казна затвор добија обвинетите на повтореното судење за случајот „Меѓународен сојуз“. Првообвинетиот Бојан Јовановски од првичните 9, за измама и перење пари е осуден на 5 години казна затвор. Јасна Ерцеговиќ сега доби затворска казна од две години, во која влегува и времето поминато во куќен притвор, а условни казни добија Христина Блажевска и таткото на Бојан, Миле Јовановски. Одбраната најави жалба до Апелација. Паричната казна за ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со Локалните избори 2025, може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на првиот круг од изборите, односно најдоцна до 24:00 часот на 13 октомври 2025 година. Како што информираат од АВМУ, при објавување на резултатите од испитувањата на јавното ...
Вечерва, во фоајето на Националната опера и балет од 20 часот, во рамките на нивната турнеја по повод 50-годишнината од основањето, финскиот мешан хор „Доминанте“, под диригентската палка на маестро Сепо Мурто, ќе изведе разновидна програма со дела од светскиот репертоар и ќе ја даде светската праизведба на композицијата „Јовано Јованке“ од македонската композиторка Дарија Андовска. Концертот во Скопје се одржува по неколкудневни подготовки на ...