Најмалку 19 лица се водат за исчезнати и се стравува дека се мртви, откако во силна експлозија била срамнета со земја фабрика за експлозиви во руралниот дел на Тенеси. Властите инцидентот го нарекоа еден од најразорните, додавајќи дека фабриката која снабдувала експлозиви за војската, активно работела во моментот на несреќата. „Успеавме да потврдиме дека трагаме по 19 лица. Ова е веројатно една од најразорните глетки што сум ги видел во мојата ...

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, истакнувајќи дека овој празник е потсетник на храброста и пожртвуваноста на генерациите кои ја извојуваа слободата и ја создадоа македонската држава. „На денешниов голем празник, уште еднаш им оддаваме почит на оние кои пред 84 години тргнаа во тежок и храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето на ...

Продолжува предизборната кампања за локалните избори. Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите од граѓаните. Под мотото „Се бориме за нашиот дом“, СДСМ денеска ќе одржи собири во Желино, Теарце, Тетово и Јегуновце. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата настапуваат под мотото „Вистинскиот избор-твојот човек, твоето место, за твојата иднина“. Денеска имаат собири во Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево и ...

Македонската фудбалска репрезентација ги задржа шансите за пласман на Светското првенство 2026, откако одигра нерешено 0-0 против Белгија на гостувањето во Гент и остана првопласирана во квалификациската група Ј. Првото полувреме, според очекувањата, донесе целосна офанзива на Белгија, но македонската одбрана беше на висина на задачата. Белгискиот тим во првиот дел имаше 81 отсто посед на топката, но ниту еден удар во рамките на голот на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните подрачја ќе има услови за локален слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната ...

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик на правното лице „Марковски компани“ му е определена мерка притвор, соопшти Јавното обвинителство. Со ова, како што се наведува во информацијата, е уважена жалбата и аргументите изнесени од битолското обвинителство, особено во поглед на ризикот од бегство на осомничениот, и е преиначена одлуката на судијата на ...

Министерот Азир Алиу го разреши директорот на Универзитетска Клиника за неврологија, Игор Кузмановски откако се појави видео во кое се гледа како меша прашкаста материја во чинија и зборува за кокаин. „Во најкраток рок ќе биде наименуван нов директор согласно со законските процедури. Работата на клиниката продолжува непречено“, се вели во соопштението на Министерството за здравство. Кузмановски на социјалните мрежи напиша – „Во врска со објавите ...

Денеска се одбележува 11 Октомври- Денот на народното востание. На овој ден во 1941 година почнува Народноослободителната антифашистичката војна во Македонија. Празникот и годинава традиционално ќе се одбележи со свечена академија, положување цвеќиња и доделување државна награда. По повод одбележувањето, ќе се одржи свечена академија „На вистинската патека, за татковина со иднина“ во Прилеп. Во Собранието ќе бидат врачени наградите „11 Октомври“ ...

Вчера околу 16:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.С.(30) од село Воиславци, радовишко, информираат до МВР. При претрес во домот на С.А. во Радовиш, во кој престојува Н.С., извршен со судска наредба, пред влезната врата пронајдена марихуана. Исто така, марихуана е пронајдена и при преглед на Н. С. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по ...

Во рамките на 48 Денови на македонска музика, во понеделник, 13 октомври 2025 година, од 20 часот во Камерната сала на Филхармонија, ќе настапи Оркестарот на Музичката младина на Македонија под диригентската палка на Ангел Спироски. Како солисти ќе се претстават Мила Јаневска и Хелена Суша (сопрани) и Калина Христовска (перкусии). Публиката ќе ужива во дела од македонски композитори Стојан Стојков, Јана Андреевска, Гоце Коларовски и Тома Прошев. ...

Вчера, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода Б.М.(25) и В.Ч.(27), двајцата од Неготино, информираат од МВР. На 08.10.2025 околу 18:20 часот на автопатот Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, при што затекнале седум лица мигранти (шест од Египет, меѓу кои пет малолетници и едно од ...

Израел и официјално соопшти дека договорот за прекин на огнот во Газа стапи во сила. Израелските војници остануваат да вршат притисок врз Хамас сè додека групата не биде разоружана. По објавата на примирјето, десетици илјади Палестинци се упатија кон своите домови во северна Газа. Нетанјаху очекува сите заложници да бидат ослободени, во замена за околу 2.000 палестински затвореници. „Им ветив на семејствата на заложниците и на граѓаните на ...

Кандидатот за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција најави ревитализација на Старата скопска чаршија. Еркан Арифи, кој типува на градоначалничката функција во Липково. ветува целосна транспарентност во водењето на општината. Носителот на советничката листа од НАИ за Куманово, Зекирија Шаини. по атентатот над него вели, не должам никому. Против поранешната сопруга на Шаини и уште едно лице поднесени се кривични пријави ...

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски испрати писмо до Адвокатската комора. Реагира дека дел од адвокатите си дозволуваат јавно да го коментираат поднесеното обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ и да изнесуваат оценки за траењето на судската постапка, иако не се запознаени со содржината на обвинението, со доказниот материјал или планираната динамика за рочиштата. Коцевски предупреди дека ова е во спротивност со професионална етика ...

Цели три децении на собирите во Арачиново се говори за вода за пиење, канализација, неасфалтирани улици, за каналите кои шират болести и депонии кои не трујат секој ден. Три децении жителите на оваа општина се користени како гласачка машина, а потоа се заборавени, рече кандидатот за градоначалник на Арачиново од „Вреди“, Даут Беќири. Тој додаде дека на 19-ти октомври нивниот глас ќе биде глас за големата реформа во Арачиново. На митингот ...

Изградба на пречистителни станици, мерки за заштита на животната средина, измени во урбанистичките планови, функционален едношалтерски систем, решавање на инфраструктурните проблеми во општините и на недостигот од паркинг кај Зоолошката во Скопје и во Дебар маало – дел од понудата на кандидатите од коалицијата „Искуство за успех“. Меѓу приоритетни проекти на кандидатите од оваа коалицијата е и изградба на културни домови и младински центри. ...

Еколошки мерки, заштита на работниците и ревизија на урбанистичките планови во Кавадарци, кандидатите за советници од „Левица“ во оваа општина ги најавија приоритетите проекти со кои ја бараат довербата од граѓаните. Пред кавадарчани ветуваат и дестилерија, која како што рекоа, треба да донесе економски раст. Кандидатите од „Левица“ најавија борба за човековите права и за лозарите. Во Скопје, пак, кандидатот на „Левица“ за градоначалник на ...

„Се чувствувам виновен за сообраќајната несреќа, изразувам сочувство до фамилијата. Јас му давав помош, двајца полицајци беа таму“ – рече обвинетиот Фатон Љури, кој призна дека со мотоцикл го прегазил скопјанецот Југослав Николовски во пешачка зона, но негираше дека не му дал прв помош. Се терети за две кривични дела односно за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување на помош при сообраќајна несреќа. ...

На повредените или индиректно засегнати од пожарот во Кочани, сè уште им се пружа психијатриско-психолошка помош. Лузните заздравуваат, но борбата со менталните нарушувања ќе трае, вели директорката на Клиниката за психијатрија, Славица Арсова. Таа објаснува дека пожарот предизвикал страв кај сите. Воведен е скрининг за депресија кај младите, обврската е на матичните лекари. Најчести предизвици кај младата популација се анксиозните, но треба да ...

МАНУ како највисока научна и уметничка институција во државата има долг и обврска да обезбеди иднина во која македонскиот јазик, култура и идентитет ќе бидат безбедни и неоспорувани, истакна претседателот Живко Попов во обраќањето на Денот на академијата. Истражувачките центри годинава реализираат 75 проекти-дел од нив е научната стручна терминологија која треба да се користи при превод на европското законодавство на македонски јазик, за да не ...

Израелската Влада и официјално го одобри планот на Трамп за прекин на огнот во Газа. Во рок од 72 часа од повлекувањето на израелските одбранбени сили, Хамас треба да ги предаде преостанатите 48. заложници, почнувајќи од 20-те за кои се верува дека се живи. За возврат Израел ќе ослободи околу 2.000 палестински затвореници. „Се боревме во текот на овие две години за да ги постигнеме нашите воени цели, а една од нив е враќањето на заложниците. Не ...

Лекарот Зекирија Шаини, кон кого во вторникот беше пукано од огнено оружје одржа прес-конференција. Шаини, кој во нападот се здоби со прострелни рани ги отфрли информациите дека се работи за семејно недоразбирање и побара да се најде вистинскиот сторител. „Изјавувам пред јавноста дека немам никакво сознание за мотивите на овој атентат, немам нерасчистени сметки со никого, не сум нарушил ничиј живот, приватност или нешто друго. Уште еднаш ги ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на мегдан со Белгија. Натпреварот се игра во Гент, а дуелот одлучува кој по ова коло ќе биде прв во групата. Избраниците на селекторот Благоја Милевски од средата се во Гент, а синоќа одржаа и тренинг на теренот каде вечерва се игра натпреварот. Противникот е селекција, каде најголемиот дел од фудбалерите настапуваат во петте најсилни лиги во Европа. Бранко Чупески известува од Гент. Преносот од ...

Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени по Рихтер ја погоди јужната филипинска провинција, околу 62 километри од градот Манај. Официјалните лица им наредија на жителите да се евакуираат поради можно цунами. Пацифичкиот центар за предупредување во Хонолулу соопшти дека се можни опасни бранови во радиус од 300 километри од епицентарот. Филипини сè уште се опоравуваат од земјотресот од 30 септември со јачина од 6,9 степени по Рихтер, во кој загинаа ...

Претседателот на САД, изјави дека Северноатлантската алијанса треба сериозно да размисли за исфрлање на Шпанија поради неисполнувањето на условите за издвојувања на средства за одбраната. Трамп потсети дека во јуни членките на НАТО, се согласија значително да ги зголемат воените трошоци на најмалку пет насто од БДП. Овој потег беше во согласност со неговите барања европските сојузници да преземат поголем товар за сопствената безбедност. Шпанија ...

Израелската влада и официјално го одобри планот на Трамп за прекин на огнот во Газа и првата фаза за ослободување на преостанатите 48 заложници, за кои се верува дека 20 се живи, во замена за околу 2.000 палестински затвореници. Се очекува киднапираните да бидат вратени најдоцна до вторник, а Израелските одбранбени сили постепено да се повлекуваат и хуманитарната помош да стигне до погоденото население. „Се боревме во текот на овие две години за ...

На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе се изведе една од најзначајните музички драми во оперската литература „Риголето“ од Џузепе Верди. Како што соопштуваат од НОБ, музичката драма „Риголето“ ќе биде изведена под диригентска палка на Џанлука Мартиненги во режија на Пјер Франческо Маестрини, сценографијата е на Гилермо Нова од Шпанија, додека костимографијата на Кристина Ачети. Kореограф е Саша Евтимова,а концерт-мајстор и ...

Во организација на Музичка младина на Македонија (МММ) вечер во концертната сала на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи натпревар за млади музичари и бендови со авторска музика „Imagine Macedonia 2025“. Настанот е во рамки на фестивалот „Здраво млади“, а во соработка со МКЦ. По три успешни онлајн изданија, кога македонските победници беа избирани преку дигитална селекција и ја претставуваа земјата на интернационалното финале во Брисел, ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот во Гент ќе се соочи со фаворитот во групата – селекцијата на Белгија. По мини-подготовките, избраниците на селекторот Благоја Милевски ги очекува тежок и важен натпревар. „Горд сум на моите фудбалери, не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации и речиси обезбеден плејоф, покажавме дека заслужуваме да бидеме меѓу најдобрите. Белгија има ...

Продолжуваат нападите во Украина. На удар енергетската инфраструктура и цивилни објекти. Има жртви и повредени. Руското Министерство за одбрана тврди дека украинските сили минирале цевковод за амонијак во Донецк. Зеленски претходно изјави дека неодамнешната украинска контраофанзива ги попречила плановите на Русија за освојување на делови од источниот регион Донецк. Дури и Хамас покажува остроумност во склучувањето договори, но не и Путин, рече ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
70%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
74%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
6.19
88%
1015
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1005
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.8
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.34
94%
1014
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Кобалт

58.42

Злато

135056.24

Паладиум

46425.68

Сребро

1878.05

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Калај

40.48

Цинк

3.23

Бакар

10.95

Иридиум

145787.60

Никел

473339.37

Платина

52952.77