Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Во март годинава во земјава се евидентирани 73.921 туристи кои оствариле 134.233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи, 19.7% се домашни, а 80.3% се странски. Кај ноќевањата, пак, 26.5% се од домашните, а 73.5% од странските туристи. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 проценти. Во март годинава во земјава се ...
Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола, соопштија од МВР. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ...
Русија изврши еден од најголемите комбинирани напади врз Украина од почетокот на војната, со стотици дронови и ракети насочени кон повеќе региони, при што има загинати и повредени, соопштија украинските власти. Штети се регистрирани и во Киев и во западни и јужни делови од земјата, а дел од инфраструктурата е погодена и оштетена. Нападите следуваат по претходен масовен удар во кој беа употребени околу 800 дронови. Зеленски изјави дека Русија ...
Вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од с. Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед, соопштија од МВР. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите се идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот. По ...
Од Јавното обвинителство потврдуваат дека премиерот телефонски разговарал со државниот јавен обвинител, но тврдат дека не станало збор за детали од конкретни предмети, велат дека обвинителот бил информиран со истите информации што претходно биле јавно соопштени во медиумите. И нагласуваат дека предметниот обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција одлучува самостојно, согласно со законските и уставните гаранции за независност ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се обрати по повод отворањето на Народната канцеларија на Претседателот, во Скопје. Обновувањето на практиката на отворени канцеларии на Претседателот е во согласност со определбите и ветувањата содржани во програмата на претседателката Сиљановска-Давкова, со цел директен контакт со граѓаните, како и поднесување на претставки, граѓански иницијативи, петиции и предлози од нивна страна. На ...
На 12.05.2026 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Н.(61) од Тетово. При претрес во неговиот дом во Тетово, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. На 12.05.2026 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Н.(61) од Тетово. При претрес во ...
„Нема скала за мерење на гордоста. Горда е онаа држава што се сака преку својот народ“, беше одговорот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на прашањето колку Македонија се искачила на скалата на гордоста по една година од нејзиниот мандат. А каква е состојбата низ призмата на шефицата на државата по две години од нејзиниот мандат? Ќе се бараат клучни одговори за внатрешната и надворешната политика. Отвореното студио „Две години ...
Ексминистерот за земјоделство Љупчо Николовски на седми месецов бил повикан на разговор во полиција. Не наведувајќи ги причините, од МВР посочија дека тој бил повикан во единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје, по наредба на Обвинителството. На социјалните мрежи пратеникот и поранешен министер за земјоделство Николовски напиша дека не станувало збор за прекршување на Законот за јавни набавки, ниту за пријава од земјоделци. ...
Премиерот Мицкоски со остра реакција по одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино. Предупреди дека доколку предметот не биде преиспитан, Обвинителството ќе го изгуби кредибилитетот. Марина Стојанова-Тонева известува. Премиерот Мицкоски со остра реакција по одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за ...
Пуштен во употреба реконструираниот дел од Градската општа болница „8 Септември“. Здравството нема да функционира по навика, туку по прописи, вели министерот Алиу. Надлежните посочуваат дека во здравството недостига кадар, но проблем е и преголемата централизација на здравствените услуги во Скопје. Известува Андријана Ѓурческа Пуштен во употреба реконструираниот дел од Градската општа болница „8 Септември“. Здравството нема да функционира ...
Агресијата на децата не произлегува од училиштето, туку од дома, вели министерката Јаневска. По неколкуте случаи кои во последниов период ја брануваат јавноста, рече дека ќе побара со закон да се овозможи казна за родителот чие дете врши насилство во училиште. Александра Велинова со повеќе информации на оваа тема. Агресијата на децата не произлегува од училиштето, туку од дома, вели министерката Јаневска. По неколкуте случаи кои во ...
Во судницата во Идризово ново рочиште за случајот „Пулс“ продолжи со доказна постапка. Адвокатите на обвинетите побараа сведоците кои се недостапни лично да сведочат, но судот го одби барањето, поради тоа што од стручни лица било потврдено дека тие се со нарушена здравствена состојба. Рочиштето го следи Викторија Милевска. Во судницата во Идризово ново рочиште за случајот „Пулс“ продолжи со доказна постапка. Адвокатите на обвинетите побараа ...
Во време на зголемени геополитички тензии поврзани со војната во Иран и нарушувањата во Ормускиот теснец, американскиот претседател Трамп во Пекинг на разговори со кинескиот лидер Џјинпинг. Средбата доаѓа по неколкунеделни обиди Вашингтон да обезбеди поголем кинески притисок врз Техеран за завршување на војната, како и за стабилизирање на трговските односи меѓу двете најголеми економии во светот. На агендата се и Тајван и глобалната ...
Вчера околу 20:00 часот, по претходно добиени сознанија и по консултација со Основното јавно обвинителство Охрид, а со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција - Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршија претрес во домот и помошни простории во Охрид каде престојува И.Ј.(31) од Кичево. При претресот е пронајдена и одземена марихуана, по што лицето е повикано во ...
Хрватскиот ракометен стратег Лино Червар од следната сезона ќе седне на клупата на РК Еурофарм Пелистер. Со ангажманот на искусниот тренер, битолскиот клуб сака што побрзо да се врати на врвот на македонскиот ракомет. „Во нашата историја и идентитет не постојат мали цели. Затоа мора секогаш да бидеме на висината на предизвикот, да го следиме трендот и да го надградуваме проектот. Нашата нова приказна за сезоната 2026/27 почнува со ...
Крајот на војната во Украина е многу близу-тврди Трамп додавајќи дека нема договор со Путин Русија да го задржи Донбас во евентуален мировен договор. „Крајот на војната во Украина, навистина мислам дека е многу близу“, рече американскиот претседател Доналд Трамп. Киев предупредува на можен нов руски напад, додека продолжуваат гранатирањата по истекот на примирјето. Украинските сили возвратија со напади врз цели во Краснодарскиот регион, а во ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, се соочува со посериозна повреда отколку што првично беше објавено, пренесува „Атлетик“. Иако првите медицински прегледи покажале истегнување на тетивата од втор степен, дополнителен преглед направен во Шпанија открил потешка и пообемна повреда. Дончиќ се повреди на 2 април на натпреварот против Оклахома, поради што го пропушти финишот на регуларната сезона и целиот плејоф во НБА. Без словенечкиот ...
Американскиот претседател Трамп во посета на Пекинг на разговори со кинескиот колега Џјинпинг. Вашингтон очекува продолжување на трговското примирје и намалување на тензиите околу царините и извозните ограничувања, додека на агендата се и Тајван и глобалната безбедност. Трамп изјави дека главен фокус се економските договори, но потврди дека ќе разговара и за Иран, минимизирајќи ја потребата од кинеска помош. „Не мислам дека ни треба помош со ...
Денеска времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а максималните дневни ќе достигнат меѓу 17 и 24 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Во делови од котлината ќе ...
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Скопје затоа што на 11.05.2026 околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол, соопштија од МВР. Со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која имало 11 парчиња муниција за сигнален пиштол со калибар 9 мм, за ...
Најмалку девет лица загинаа, десетици се повредени во бомбашки напад на пазар во северозападен Пакистан. Експлозивната направа била поставена на трицикл во округот Лаки Марват. Засега никој не ја презеде одговорноста, но сомнежите паѓаат врз пакистанските Талибанци. Нападот доаѓа по серија засилени судири и напади во регионот. По трагичната експлозија ни беа донесени вкупно 44 луѓе. Меѓу нив, девет беа починати, а 35 ранети. Меѓу жртвите ...
Македонска филхармонија в четврток, на 14 мај, ќе гостува на сцената на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со концерт под диригентство на Бисера Чадловска. На програмата се фрагменти од балетски дела на Тома Прокопиев, Петар Илич Чајковски, Лудвиг Минкус и Шарл Гуно. Концертот ќе започне во 19 часот, а се реализира во соработка со Општина Струга. Македонска филхармонија в четврток, на 14 мај, ќе гостува на сцената на Центарот за ...
Расте притисокот врз британскиот премиер Стармер по изборниот пораз на Лабуристите. Се повеќе министри и пратеници повикуваат на негова оставка. Десетици лабуристички пратеници вчера јавно ја повлекоа поддршката. За денеска Стармер закажа состанокот на кабинетот. Во владата поделени мислења за тоа како да се продолжи понатаму и што е во најдобар интерес на партијата и на државата. Лабуристичката партија изминатата недела на локалните избори ...
Некои на овој начин, други со одложени телефони во шкафови. Не е прашањето дали да се користат, туку како мобилните оправдано да отсуствуваат од наставата, секое училиште, основно или средно, на свој начин го решава случајот. Во некои основни, кај најмладите до петто, целосно е забранет телефонот. Ефектите се поголеми. Учениците ја сфатија пораката без мобилни на час. Граѓаните сакаат дури и конкретен правилник од надлежното министерство, а ...
Домашни и меѓународни лидери, претставници на бизнисот, на институции, експерти и на дијаспората седнаа на заедничка маса во Скопје. Отворен е годинашниот Самит во организација на „Македонија 2025“. Се одржува под мотото „Забрзување на растот, поттикнување лидерство“. Дијаспората побара повеќе напори за развој на државата, премиерот Мицкоски уверува – членството во ЕУ останува стратешка цел, ќе одиме по потешкиот пат, но местото ќе го ...
Македонија годинава ќе го одбележи 35-годишниот јубилеј од независноста со голем музички спектакл во Скопје. Организаторот „Авалон“ најави дека на 8-ми септември, на арената „Тоодор Проески“, ќе настапи светски познатиот диџеј и продуцент Дејвид Гета со своето „Full Monolith Stadium Show“. Според организаторите, станува збор за еден од најмасовните и најспектакуларни европски музички настани оваа година, кој се очекува да привлече повеќе од ...