Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Москва на удар на дронови, откажани летови од аеродромите. Градоначалникот на руската престолнина соопшти дека собориле 11 беспилотни летала. Инцидентот доаѓа во момент кога Русија е обвинета за нарушување на воздушниот простор на Полска, Романија и Естонија. Советот за безбедност на Обединетите Нации одржа состанок. Естонскиот шеф на дипломатијата со критики за Москва за агресивните дејствија. Волц, новиот американски амбасадор во Обединетите ...
Се зголемува притисокот врз Израел. Францускиот претседател формално ја призна палестинската држава. Макрон го повтори ветувањето дека нема да отвори амбасада во Палестина додека не се постигне прекин на огнот во Газа и не се ослободат заложниците што ги држи Хамас. „Ние носиме историска одговорност. Мора да направиме се за да ја зачуваме можноста за решение со две држави, Израел и Палестина, кои живеат едни до други во мир и безбедност. Дојде ...
Испораката на нафта за автобусите на ЈСП е прекината, информираат од Град Скопје. Оттаму прстот го вперија кон „Пуцко Петрол“ и сопственикот на компанијата Јахоски, кој како што велат, соочен со обвиненија и уцени ја прекинал доставата на нафта, иако имал активен договор. Град Скопје најави покренување постапка за утврдување материјална и кривична одговорност поради непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта. Реагираат од ...
Над 60 полицајци се повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Милано. Италијанците излегоа на масовен протест за поддршка на Газа и против геноцидот. Приведени се десетина лица. Пред американскиот конзулат беа запалени знамињата на САД, Израел, НАТО и Европската Унија. Генерален штрајк на синдикатите во Италија беше организиран за поддршка на Палестина и против израелската офанзива во Газа. Италијанските власти претходно изјавија ...
Во Државната изборна комисија, вкупно потврдени се 303 листи за градоначалник на општините и Градот Скопје и 558 листи за членови на советите на општините и советот на Град Скопје. За општините Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје има осум листи за градоначалник и 20 листи за членови на советите на општините и советот на Град Скопје кои се во фаза на отстранување на неправилности по доставено известување од ОИК. ДИК отфрли пет листи за ...
Во текот на вчерашниот ден како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 772 издадени платни налози поголемиот дел од нив, односно 540 прекршоци се однесуваат на возачи коишто не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера беа евидентирани 41 прекршок за неправилно ...
Во чест на еден од најважните музички автори на овие простори, неповторливиот Влада Дивљан и неговата „Невладина Организација“ го подготви големиот концерт насловен „Само една љубов имам“, кој по повод десетгодишнината од смртта на Влада, ќе се одржи во Скопје, на 17 ноември 2025 година, во Филхармонија. Владиниот бенд „Невладина Организација“ го предводат неговите долгогодишни пријатели и соработници Зденко Колар, Саша Шандоров, Борис Буњац и ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 23.09.2025 (вторник) во периодот од 17:30 до 21:00 часот поради одржување на трка која ќе започне од пред Основното училиште „Кочо Рацин“, потоа десно по ул. „Тодор Александров“, десно по ул. „Партенија Зографски“ и десно по ул. „Ацо Караманов“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. СВР ...
По една недела следење на часови онлајн, околу 1.800 ученици од четири основни училишта во Трубарево денеска се вратија во училниците. Владата и Министерството за образование и наука минатата седмица донесоа одлука наставата да се одвива од далечина поради присуство на штетни материи во воздухот, предизвикани од пожарот во магацин за рециклирање отпад. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска при посетата на училиштето „Св. ...
Една недела по пожарот во Трубарево, состојбата со воздухот е нормализирана. Резултатите на двете мерни станици на УГД-Штип кои беа поставени ден по хаваријата во складиштето за електронски отпад, покажале дека нема надминување на вредностите кои биле анализирани. Во нив спаѓаат и тешките метали, вели ректорот Мираковски. Останува да се анализираат уште два филтра за да се комплетира целосниот извештај. Последните испитувања на воздухот од ...
Оптимизам за „спласнување“ на инфлацијата. По објавувањето на податоците според кои, вредноста на синдикалната минималната кошница за првпат по подолго време е намалена за над 400 денари, ССМ предупредува дека ова не значи дека е добиената битката со високите цени. Оттаму очекуваат Владата да ја исполни најавата за нови мерки за цените на храната, бидејќи џебот на граѓаните станува се поплиток поради големите трошоци. Додека Владата подготвува ...
Забрзување на активноста во градежниот сектор, развој на туризмот, зголемен извоз на земјоделските производи и делови за автомобилската индустрија се очекувањата по средбата меѓу премиерот Мицкоски и првиот човек на Стопанската комора на Дубаи, Мохамед Али Рашед Лутах. Привлекувањето на странски инвеститори и поддршка на домашните се главните приоритети на Владата за економска стабилност. Трговската размена помеѓу Македонија и Дубаи од 2020-та ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. Секторот за санитарна контрола во периодот од 15.09.2025 до 19.09.2025 зема 216 примероци за физичко-хемиска и 216 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите ...
Церемонијата за доделување на Златната топка за 2025 година ќе се одржи вечер во Париз, со почеток во 20 часот во театарот „Шателе“. Името на добитникот е строго доверливо и засега го знае единствено главниот уредник на „Франс Фудбал“, Винсент Гарсија. Новото правило, воведено по минатогодишната церемонија, предвидува победникот да не биде информиран однапред, туку да го дознае заедно со јавноста. На поширокиот список од 30 кандидати се ...
Денеска се очекува да бидат објавени резултатите за квалитетот на воздухот во Трубарево, добиени од двете мерни станици поставени од научниците од лабораторијата „Амбикон“ и кои изминатава недела собираа податоци. Она што досега се знае е дека вредностите за присуство на тешко метали во воздухот, непосредно по пожарот биле неколкукратно зголемени, иако, ситуацијата сега е смирена, а и вредностите за ПМ-10 честичките се во рамките на дозволеното. ...
Македонија, како дел од европската иницијатива за промоција на спортот и физичката активност – European Week of Sport (EWoS), и оваа година активно ќе учествува во имплементација на проектот преку активности што ќе се организираат од 23 до 30 септември 2025 година. Со низа настани, спортски и рекреативни активности, земјата ќе се приклучи во одбележувањето на 10-годишнината од започнувањето на најголемата европска спортска кампања. Европската ...
Согласно индикативните мерења на суспендирани цврсти честички (PM10) на мерното место во Трубарево, спроведени во периодот од 21.09.2025 во 08:30 часот до 22.09.2025 во 08:30 часот, просечната концентрација изнесува 14.2 µg/m³. Највисоката измерена вредност е 44.1 µg/m³, додека моменталното ниво е 11.9 µg/m³. Резултатите покажуваат дека концентрациите на PM10 се во рамки на дозволените и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана ...
„Нема амнестија!“ – десетици илјади Бразилци протестираа на улиците во Сао Паоло против пратениците кои бараат амнестија за поранешниот претседател Болсонаро, осуден на 27 години затвор за заговор за државен удар. Демонстрантите најавија уште помасовни протести. „Чувствувам дека ова е само почеток на огорченоста која расте кај луѓето кои долго време беа принудени да голтаат низа неправди“, изјави демонстрант. Конгресот, со конзервативно ...
Зак Ефрон, Мајлс Тајлер и Мајкл Б. Џордан глумат во оваа комедија за тројца најдобри пријатели кои се наоѓаат на раскрсницата на која сите сме биле - тој збунувачки момент во секоја врска кога се прашувате: „Каде оди ова“? Урнебесна комедија „ОНОЈ ЧУДЕН МОМЕНТ“ со Зак Ефрон, Мајлс Телер, Мајкл Б. Џордан и Имоген Путс во главните улоги, за тоа колку навистина можат да бидат комплицирани врските. Кога Мајки ќе биде отфрлен од неговата девојка, ...
Примерен сопруг и мафијаш е доведен во опасност кога е украден пиштолот со кој уби полицаец. Џој го крие пиштолот во подрумот на куќата во која живее. Неговиот син Ники (Алекс Нојбергер) и неговиот најдобар пријател Олег Југорски (Камерон Брајт) го виделе како го крие пиштолот. Додека очувот на Олег, Анзор Југорски (Карел Јорден) ја малтретира неговата мајка Мила (Ивана Милиќевиќ), момчето решава да украде пиштол од подрумот. Во текот на целата ...
Приказната за страста и предавството ги истражува скршените животи на двајца нестабилни мажи. Оскаровецот Роберт де Ниро и Едвард Нортон одиграа силни улоги како затворски службеник и лукав затвореник, чии животи опасно се испреплетуваат во „Триаголник на одмаздата.“ Како полицаец за условно ослободување, Џек Мабри (Де Ниро) ги брои деновите до своето заслужено пензионирање, кога го добива случајот со Џералд „Стоун“ Крисон (Нортон), кој е ...
Радар на контролата на летање на скопскиот аеродром, наменет за следење нисколетечки летала при слетување, се расипал. Информацијата ја потврдија од М-НАВ, од каде што објаснуваат дека ова не влијание на безбедноста, туку на темпото со коешто се одвива слетувањето, односно на бројот на авиони што можат да се опслужат во еден час. Се работи на отстранување на техничкиот дефект. Контролорите на летање пред неколку месеци предупредија дека опремата ...
Издавачот Бункер, во рамките на едицијата Апслоутни почетници, издаде нов графички роман, ЛОУ- Берлинските години на Дејвид Боуви од германскиот автор и цртач Рајнхард Клајст. Ова дело всушност се надоврзува на првиот дел Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст кое Бункер веќе го објави и со него Клајст на импресивен начин ја заокружува дводелната биографија на Дејвид Боуви, истовремено креирајќи вибрантен портрет на Берлин од ...
Условна казна за онкологот Мери Пешевска, одлучи Кривичниот суд. Пешевска претходно призна вина. Заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, и уште двајца онколози беше обвинета за несовесно лекување пациенти. „Судот на обвинетата ѝ изрекува алтернативна мерка-условна осуда, така што на обвинетата Мери Пешевска ѝ утврдува казна затвор во траење од две години, истовремено определува дека истата нема да се изврши, ако ...
Вкупно 34 пожари на отворен простор на територија на државата се евидентирани изминатото деноноќие, до седум часот утрово. Два се сѐ уште активни, четири се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Букова шума гори на Кожуф планина, кај село Петрово, општина Гевгелија. Ниска вегетација е опожарена на планината Добра Вода, општина Македонски Брод. Од пожарите што се ставени под контрола, два се ...
Фудбалерите на Вардар вчера славеа триумф над Работнички со 3:1 во 7. коло на Првата лига. До триумфот на „Тодор Проески“ во Скопје „Црвено-црните“ дојдоа со пресврт. Работнички поведе преку Имери во 7. Минута, изедначи Бабунски од пенал во 41. минута. Кастањеда во 59. минута донесе водство за домашниот тим, а конечниот резултат го постави Мато на 20 минути пред крајот. По оваа победа Вардар е лидер со 19 бодови, три повеќе од Струга Трим Лум ...
Една социјално изолирана жена сè уште е прогонувана од исчезнувањето на нејзината тригодишна ќерка пред 15 години, а уште повеќе се вознемирува кога се сомнева дека младата жена со која неодамна се спријателила можеби е нејзината одамна изгубена ќерка... Напишано и во режија на Дејвид Обурн со успешна бизнисменка, Џулија (Сигурни Вивер) која се обидува да продолжи понатаму откако ја изгубила својата ќерка пред 16 години од очигледно киднапирање, ...
Вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН на барање на Естонија по руското нарушување на нејзиниот воздушен простор во петокот. НАТО ја предупреди Русија дека ќе одговори со сила на нови провокации, повторно испраќајќи авиони над Балтичкото Море како одговор на руски извидувачки авион. Трамп изјави дека САД е подготвен да ги брани Полска и балтичките земји ако Москва продолжи да ја ескалира ситуацијата. „Ќе го сторам тоа“, изјави Доналд ...
Пред стартот на седницата на Генералното собрание на ОН, расте списокот на земји кои ја признаваат Палестинската држава. На Велика Британија, Канада, Австралија, официјално им се придружи и Португалија. „Признавањето на државата Палестина, е исполнување на фундаментална, конзистентна и широко прифатена политика“, изјави Пауло Рангел, министер за надворешни работи на Португалија. Планираното признавање на Палестина од страна на Франција нема да ...
Денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити заедно со раководството на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) ќе го посетат Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде привршуваат активностите за реконструкција и адаптација на простории. Просториите ќе ги користат учениците од ...