Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, на седница ќе одлучува дали ќе биде отворен предмет за однесувањето на актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари. Претставката пред 10-тина дена стигнала до комисијата, по објавените аудио-снимки со тврдење дека се слуша неговиот глас како користи сексуални и понижувачки изрази кон жени вработени во општината. За изборниот процес има само една претставка. Се однесува на повлечената ...
Вчера околу 20:00 часот на ул. „Воденска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.А. (32) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд поради бегство од затвор, соопштија од МВР. Ф.А. е осуден на казна затвор од девет години и еден месец за сторени кривични дела по чл. 215, 236 и 418 од Кривичниот законик, а за доиздржување има шест години и 14 ...
На 29.10.2025 во 15:15 часот во с. Речане, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Н.С.(22) од с. Речане, гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од КЗ. Истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.С., при што тој ...
Раздвижување на економијата и засилување на капиталните инвестиции кон крајот на оваа, но и почетокот на следната година, очекува стопанството. Бизнисмените се оптимисти дека економскиот раст од 3,8% ќе стане реалност во 2026-та. Моторот на македонската економија, градежништвото ќе работи со полна пареа, особено од следната година, и резултатите ќе бидат видливи, велат градежниците. Бизнисмените велат дека брзите и чести избори им штетат на ...
Заедно ќе ги направиме промените во Струга, уверува кандидатот за градоначалник на оваа општина од Националната алијанса за интеграција, Арсим Далипи. „Денес Струга има потреба од еден сосема нов правец. Ние му велиме „да“ на обединувањето, чесноста и трудот. Струга што им припаѓа на граѓаните, не на интересите на одредени групи. Ова е почеток на едно ново поглавје, пакт за Струга за да ја вратиме во еден модерен и одговорен модел на ...
Скопски комуналец доби нов директор. Александар Јовановски ќе го чисти ѓубрето во главниот град. Тој е шестиот избор на Арсовска во последните четири години, а на функцијата седнува четири дена пред избори. „Јовановски ќе придонесе во КХС за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје“, стои во ...
Рано утрово, Државната изборна комисија го презеде доверливиот избирачки материјал од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, кој ќе биде користен во вториот круг од локалните избори. Дистрибуцијата на материјалот до општинските изборни комисии, во општините, каде по втор пат ќе има гласање, се одвива непречено и без проблеми, информираат од ДИК Испечатени се вкупно 1.208 807 гласачки ливчиња, а на избирачкиот список во недела право на глас ...
По 4 години да ја промениме оваа општинска власт во Конче. Да одбереме достоинство и иднина, да направиме вистинска промена за доброто на сите и за нашите деца. Доаѓа времето кога мора да направиме избор меѓу личност, човек и партија и судбината и иднината на нашите деца, рече кандидатот за градоначалник за Конче од СДСМ, Благој Илиев. За разлика од актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ кој не направи ништо и покрај парите од 4 до 5 милиони ...
Кандидатот за градоначалник на општината Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ убеден дека и во вториот круг од локалните избори ќе ја добие поддршката од мнозинството граѓани. Повика на масовна излезност во недела, бидејќи според него тоа е единствен начин за да се продолжат проектите кои ќе значат развој на Аеродром. Најави дека во неговиот четиригодишен план за работа, има изградба на низа капитални проекти, изградба на училишта, спортска сала, отпочнати ...
Проект „Феникс“-плоштад на заедништвото, нов модерен и зелен простор што ќе биде симбол на новата надеж и иднина, најави Мирослав Лабудовиќ кандидат за градоначалник на Центар од движењето „ЗНАМ за наша Македонија“. Повеќе зелени површини, помалку урбанизација ветува Максим Димитриевски кандидатот за градоначалник на Куманово од движењето ЗНАМ. Паркинг места и детски градинки нови градежни зони, каде што инвеститорите ќе продолжат да ...
Доколку го освои и вториот градоначалнички мандат, Биљал Касами најавува заживување на Тетово и во делот на туризмот. Вели, веќе работи на реконструкција на жичницата која води до Попова Шапка. Касами вели дека е предвидено да се изградат шест спортски сали и три нови базени, а започната е и изградбата на градскиот стадион во Тетово. Во програмата на Касами од „Вреди“ се предвидува и изградба на две средни и три основни училишта во Тетово. ...
Параваните за гласање сè уште не се соодветни за лицата со попреченост. На гласачките места истите не биле правилно поставени. Во дел од установите гласањето повторно се одвива на вториот кат, а лифтовите не биле во функција, се дел од забелешките на Здружението „Инклузива“ по првиот изборен круг. „Се гласа повторно на втор кат, иако имаат слободни места на прв кат. Има сè уште гласачки места кои се во многу тесен простор што нема да може да ...
Вчера полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода П.В.(40) од Прилеп. Врз основа на судска наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во домот и помошни простории во Прилеп, сопственост на П.В., при што пронајдени и одземени се 13 боеви куршуми различен калибар, рамка за пиштол, помошна рамка за куршуми од пушка, 167 пиротехнички средства, 21 парче муниција за гасен пиштол, сигнален куршум, регулатор за гасови за сигнален ...
Во Културно информативниот центар во Скопје во петок, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат-Миниартура“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија. Ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација. Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување на фази од процесот на реализација ...
Александар Јовановски на позицијата директор на Комунална хигиена Скопје доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој. Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и ...
Генералното собрание на Обединетите нации по 33-ти пат ја осуди економската блокада на САД врз Куба. Од 193 земји членки, 165 гласаа за укинување на ембаргото, а Македонија, заедно со САД, Израел, Унгарија, Аргентина, Парагвај и Украина, беше меѓу седумте што гласаа против. Според Обединетите нации, ова претставува отстапување од досегашната, речиси универзална поддршка на резолуцијата. Македонија и претходно гласаше во согласност со САД по ...
Израел изврши нов напад на северот од Газа и покрај обновеното примирје. Има загинати. Тврдат дека трагетирале складиште за оружје. Нетанјаху изјави дека заедничката цел со САД е да се постигне „различна Газа“ што нема да биде закана за Израел и не ја исклучи можноста за нови акции. „Сакаме да ја постигнеме целта за која се согласивме Трамп и ние, со согласност на другите, а тоа е разоружување на Хамас и демилитаризација на Газа. Работиме на ...
Четиринаесеттиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој денеска ќе се заокружи со потпишување на „Декларација Скопје“ која ќе ги обедини заложбите и заклучоците од тридневниот настан. Декларацијата за која свои сугестии можеа да дадат сите учесници на Форумот, ја потенцира потребата од конкретна акција кон одржлива енергија што е дел и од овогодинешното мото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“. На 14-от ...
Во земјава е забележан раст на бројот на заболени од грип и заболувања слични на грипот во споредба со истиот период од минатата сезона, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во текот на 43. недела од оваа година (20–26 октомври), регистрирани се 56 случаи на групни пријави, што е намалување од 32,5 проценти во однос на претходната недела, но зголемување од 33,3 проценти споредено со истиот период лани, кога биле ...
Во четири општини- Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше нема да се гласа в недела, бидејќи на првиот круг од локалните избори не беше постигнат законскиот цензус од една третина излезност. Според Државната изборна комисија, одзивот во Гостивар бил 33,31 проценти, во Врапчиште 25,18, во Маврово и Ростуше 30,31, а во Центар Жупа 21,49 проценти. Поради тоа, согласно Изборниот законик, ќе се повтори целата изборна постапка во овие ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. „Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир. Само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите“, стои во објавата на Фејсбук. Претседателката Гордана ...
Во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2.541.849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44.7 % и цврстите горива со 24.9 %. Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесувало 842.142 toe, што претставува ...
Во ноември 2025 година, Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува својата мисија како чувар на филмската меморија и храм на седмата уметност. Програмата овојпат е осмислена како богат и инспиративен мозаик што ги поврзува различните генерации на филмски автори, традиции и културни контексти – од македонските класици кои ја обликуваа националната кинематографија, преку светските филмски легенди, до современите експериментални визии кои го ...
Македонската уметница Јана Манева-Чупоска ќе се претстави со изложбата „Љубовници во пандемија 2“ во Македонската амбасада во Прага, Република Чешка. Изложбата се состои од четириесеттина цртежи која авторката ги работи во повеќе циклуси подолг период. Инспирирана од човекот таа го продолжува овој циклус кој тежнее кон идејата дека денес се занемаруваат човечките вредности на глобално ниво. Изложбата е финансирана од Министерство за култура ...
Во украинскиот град Покровск се водат жестоки улични борби откако руските сили влегоа во градот кој е стратешки важен поради својата позиција и клучен во последниот одбранбен лак на украинскиот дел од Доњецк. Падот на градот би ја доближил Русија до целосна окупација на регионот. Зеленски изјави дека Русија го сака градот за да изнуди мировен договор со територијални отстапки. „Најтешката област сега е во правец на Покровск со најинтензивна ...
Американскиот претседател Трамп и кинескиот лидер Ши одржаа клучни трговски разговори во Јужна Кореја. Средбата заврши без објава на договор, но со позитивни сигнали-Трамп ја оцени како „неверојатна“, а Ши го поздрави „охрабрувачкиот напредок“ постигнат минатата недела од делегациите на Вашингтон и Пекинг. „Мислам дека веќе се согласивме за многу работи, а ќе се согласиме и за уште. Претседателот Ши е одличен лидер на голема земја и мислам ...
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1.013.357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на локалните избори 2025. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во Градот Скопје право на глас имаат 474.394 гласачи кои треба да се изјаснат за ...
Трката по глас повеќе продолжува. Кандидатите за градоначалници кои влегоа во вториот круг на терен со граѓаните, се убедуваат за поголема излезност. Во вториот круг доминира заострената реториката. Во кампањите наместо конкретни проекти, има повеќе меѓусебно напаѓање на политичките противкандидати. До молкот за локалните избори, останаа уште два дена. Почнува утре на полноќ. Вториот круг на локални избори ќе се одржи в недела. По вторпат за ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Примирјето во Газа е обновено, објавија израелските власти. Прекинот на огнот помина уште еден тест откако десетици Палестинци загинаа во серијата воздушни напади кои беа одговор на нападот од Хамас врз израелски војници на југот од енклавата. „Тие убија еден израелски војник и Израелците возвратија, и треба да возвратат. Кога тоа ќе се случи, треба да возвратат. Имаат право да го сторат тоа, ништо нема да го загрози договорот за прекин на ...