Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на најновата ВТА листа направи скок од осум позиции. Таа сега се наоѓа на 191.место со 385 поени. Скокот се должи на пласманот во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид. Ѓорческа за четвртфиналето освои 27 поени, но „избришани“ и се 9 од турнирот во Копер од минатата година. Македонската тенисерка оваа недела ќе настапи на ИТФ турнир W75 Порторож, каде утре ја очекува мечот од првото коло ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 4 до 12 степени, додека максималните дневни вредности ќе изнесуваат од 17 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

На 13.04.2026 во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(52) од с. Горно Лакочереј, охридско, удрило во пешакот А.Н.(55) од с. Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од страна на полициски ...

Од 19 до 27 април на армискиот полигон Криволак и во три касарни во државава почнува вежбата „Блесок 26“, оценување на борбените способности на лесна пешадиска батаљонска група. Вежбата се одржува по три години од последното оценување на декларативната единица на НАТО операциите. Ирина Гелевска со информации од Генералштабот. Од 19 до 27 април на армискиот полигон Криволак и во три касарни во државава почнува вежбата „Блесок 26“, оценување ...

СДСМ бараат екстрадиција на екс-премиерот Груевски од Будимпешта. Побарана е во 2018-та, одбиена година потоа, во дел од одговорот посочи премиерот Мицкоски. Му честиташе на новиот унгарски премиер Маѓар, очекува бескомпромисна поддршка на евроинтеграцијата. Викторија Милевска известува за неговите ставови по овие прашања што ги сподели по настанот на Царинската управа. СДСМ бараат екстрадиција на екс-премиерот Груевски од Будимпешта. ...

Поранешната прва антикорупционерка Татјана Димитровска не се чувствува виновна за оддавање службена тајна, ниту дека сторила компјутерски фалсификат. Во Скопскиот кривичен суд почна рочиштето на кое освен на Димитровска им се суди на уште две лица. Адвокатот Туфегџиќ побара да се повлече обвинението бидејќи нема елементи на кривично дело. Рочиштето го следи Анита Димитријевска-Велковска. Поранешната прва антикорупционерка Татјана ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 проценти во однос на претходната одлука од 6 април. Според РКЕ, намалувањето следи по падот на референтните цени на светските пазари, каде бензините поевтиниле за 2,703 проценти, дизелот за 3,251 проценти, екстра лесното масло за 3,960 проценти, а мазутот за 4,476 проценти. Со новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР ...

Македонската музичарка Дина Јашари утре (15 април) од 18 часот ќе одржи концерт на улицата „Македонија“ во Скопје, како дел од четвртото издание на манифестацијата „Центарски улици“, организирана по повод Светскиот ден на уметноста. Публиката ќе има можност да ги слушне во живо песните од нејзиниот албум „Растенија без корен“, кој се најде меѓу петте најдобри албуми за 2025 година според регионалниот музички портал „Рокомотива“. Албумот ...

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, е прогласен за играч на последната недела од основниот дел на НБА-лигата сезона 2025/26. Клубот одигра пет натпревари во текот на изминатата недела од кои неговиот тим забележа победа на три. Во текот на петте натпревари, Џејмс имаше просек од 24 поени, 9,7 асистенции и шест скока. Признанието е 70-то во кариерата на 41-годишниот Џејмс. Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, е ...

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, надгледуваше повеќе ракетни тестови од неговиот нов воен брод во текот на викендот, соопштија државните медиуми. Лансирањето се случи во недела, соопшти официјалната централна новинска агенција на Северна Кореја. Две стратешки крстосувачки ракети и три противвоен ракети беа истрелани. Ова е уште еден во низата потези со кои Пјонгјанг ги истакнува своите воени способности во период на чувствителни ...

Маја живее во Квинс и работи на истата работа во супермаркет веќе 15 години. Откако очекуваното унапредување му е доделено на некој друг, со помош на фалсификувана биографија и нејзината најдобра пријателка, Џоан ја добива својата работа од соништата во канцеларија. Единствениот проблем е што тој не знае апсолутно ништо за работата и мора сериозно да работи на својот стил. Улоги: Џенифер Лопез, Ванеса Хјуџенс Режија: Питер Сегал Маја живее ...

Заплетот на аргентинскиот филм „Тајната во нивните очи“ (El secreto de sus ojos), награден од Академијата за филмски уметности и науки со Оскар за најдобар странски филм во 2009 година, е изграден околу озлогласеното репресивно државно насилство од 1970-тите. Сместен во Буенос Аирес кон крајот на 1990-тите, протагонистот на „Ел секрето“ е Бенџамин Еспосито (Рикардо Дарин), пензиониран истражител на кривичниот суд, кој ја отвора Пандорината ...

14/04/2026 09:57 - МРТ

Едвард (Р. Гир) и Кони (Д. Лејн) живеат во брак од соништата: тие имаат прекрасна куќа во предградието, деветгодишен син и доволно материјални средства за безгрижен живот. За време на патувањето на Менхетен, Кони го запознава книжарот Пол (О. Мартинез), десет години помлад од неа, кон кого ќе почувствува силна физичка привлечност. Кога Едвард ја фаќа Кони во мала лага, тој почнува да се сомнева дека неговата идеална сопруга можеби е ...

14/04/2026 09:57 - МРТ

Џамал (Мартин Лоренс), вработен во забавниот парк „Медиевалвуд свет“, доживува удар во главата и се буди во Англија од 14 век. Тој се среќава со гадови, селани, стрелци и еден џин додека им покажува на луѓето неколку модерни танцови движења. Надоврзувајќи се на својата добра страна, Џамал се здружува со селанка (Марша Томасон) и еден разочаран поранешен витез, кои се врзани и решени да го соборат злиот крал Лео (Кевин Конвеј) и неговата десна ...

Ќе има ли нови мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните? Ова е прашањето кое денеска ќе се најде на владината седница. Основата за тоа, какви потези ќе се влечат ќе биде извештајот на Државниот пазарен инспекторат за спроведените контроли. Доколку се констатира непазарно однесување, Владата најави ограничување на профитните маржи или намалување на данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи. Според Државниот ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 34-годишнината од основањето на Царинската управа на Македонија. Како што соопштија од Царинската управа, на свеченоста што ќе се одржи во Македонска филхармонија, најавено е видеообраќање на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска и на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски. Претседателот на Владата Христијан ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени. Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до ...

На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ѓ.(41) од Скопје, поради тоа што на 11.04.2026 во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга и ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 13.04.2026 во 00:40 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје, поради тоа ...

Заврши велигденското примирје во Украина. Русија продолжи со воените операции и покрај барањето на Зеленски за продолжен прекин на огнот по празникот. Експлозии одекнуваат во Запорожје, на удар и енергетската инфраструктура во Черниговската област. Над 12.000 домаќинства останаа без струја. Москва, пак, јавува за пресретнати десетици дронови и напади во Ленинград. Примирјето беше обележано со размена на затвореници меѓу Киев и Москва, но не и ...

Верниците денеска го слават вториот ден од најголемиот христијански празник, Велигден. Празнувањето продолжува со воскресни литургии. Архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан, заедно со свештенството одржа богослужба во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Верниците дојдоа да се поклонат на бога и да запалат свеќа за здравје. Верниците денеска го слават вториот ден од најголемиот христијански празник, Велигден. ...

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за кршење на велигденското примирје, кое е во сила до крајот на денот. Украинскиот Генералштаб тврди дека руските сили извршиле над 100 напади и стотици прекршувања на прекинот на огнот, додека Москва обвинува за украински напади со дронови. Пред стапувањето на примирјето, двете страни разменија по 175 воени заробеници. „Велигден треба да биде време на безбедност и мир. Би било исправно прекинот на огнот ...

Утре во Унгарија се одржуваат парламентарни избори. Право на глас имаат над 8 милиони граѓани, а околу половина милион ќе гласаат по пошта од странство. Главни соперници на изборите се владејачката „Фидес“ на премиерот Виктор Орбан и опозициската проевропска „Тиса“ предводена од Петер Маѓар. Се избираат 199 пратеници во 106 изборни единици, со изборен праг од 5 проценти. Изборите се сметаат за клучни за идниот политички правец на земјата, во ...

Стартуваше велигденското примирје меѓу Москва и Киев по одлука на рускиот претседател Путин. Ќе трае до крајот на 12 април. Огнот запре, но и двете страни соопштија дека остануваат претпазливи и подготвени за можни провокации. Во меѓувреме Украина соопшти дека во текот на ноќта соборила над 130 дрона, додека во Одеса има и жртви. Во меѓувреме, ООН предупредија дека дроновите со краток дострел станале најсмртоносно оружје за цивилите, со ...

Десет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило, информираат од полицијата. Од нив, четворица управувале возило без возачка дозвола, а уште четворица биле под дејство на алкохол. Еден возач бил затекнат како вози во спротивна насока, додека друг управувал возило и покрај активна забрана. Според информациите, двајца од возачите без дозвола биле регистрирани ...

Системот за влез во Европската унија од денеска станува целосно оперативен и ќе ги регистрира сите странски државјани што ги преминуваат надворешните граници на ЕУ преку копнени премини, пристаништа и аеродроми. Сведоштвата на патниците се најразлични. Едни велат скенирањето на влез и на излез од земјата според новите правила создава колони со автомобили, други тврдат дека поминале за многу кратко време. Александра Максимовска известува каква ...

Четворицата астронаути од „Артемис 2“, кои го направија првото патување со екипаж на Месечината по повеќе од половина век, денеска се враќаат на Земјата. Десетдневната мисија на НАСА ќе заврши со спуштање во океанот на капсулата „Орион“ нешто по 20 часот по источно време, покрај брегот на Сан Диего. „Артемис 2“ е првиот лет со астронаути на НАСА на месечината по 1972 година. Ова е првиот чекор во плановите за база на Месечината и слетување на ...

Уште еден голем чекор во развојниот пат на младиот талент од Куманово, Санер Џемаили. Фудбалерот кој настапува за фудбалската школа „Парк Сити“ од Скопје, доби покана од познатата хрватска академија на Динамо Загреб, една од најголемите средини за развој на таленти во регионот и најтрофејниот клуб во Хрватска. Оваа покана доаѓа како резултат на многу добрите настапи на Џемаили со неговиот тим „Сити Парк“, каде што покажа голема зрелост во ...

Рускиот претседател Путин се согласи за велигденско примирје во Украина од утре од 16 часот до доцните попладневни часови в недела. На армијата ѝ е наредено да ги запре непријателствата во сите правци, а војниците се подготвени да се спротивстават на какви било можни провокации и агресивни дејствија. Претходно Украина предложи прекин на огнот за време на велигденските празници, иако Кремљ негираше дека има планови за запирање на борбите на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
43%
1016
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
6.5
45%
1012
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
85%
1013
weather icon

Софија

26ᴼ / 24ᴼ
3.6
61%
1019
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.45
44%
1015
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.14
30%
1014
weather icon

Тирана

34ᴼ / 30ᴼ
1.03
39%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.79
38%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
5.66
65%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
5.14
37%
1015
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
5.66
100%
1015
Currency

61.525

Currency

52.7416

Currency

71.8834

Currency

37.7016

Currency

38.0425

Currency

65.5891

Currency

7.8436

Currency

0.62323

Currency

0.33066

Currency

0.52382

Currency

1.09618

Currency

0.55097

Платина

59318.13

Родиум

282926.57

Калај

56.15

Алуминиум

3.22

Злато

148819.38

Иридиум

252383.36

Бакар

13.24

Кобалт

56.29

Сребро

2183.57

Цинк

0.00

Паладиум

42503.29

Рутениум

53852.50