Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Израелската војска соопшти дека синоќа од Црвениот крст ги презела телата на уште четири убиени заложници. Претседателот Трамп изјави дека сака да ги врати починатите заложници од Газа и го предупреди Хамас да се разоружат. „Не морам да ви го објаснувам тоа. Но, ако не се разоружат, ние ќе ги разоружаме. Тие знаат дека не играм игри. Сега, направивме нешто монументално. Ги вративме заложниците. Тоа беше првото нешто што мораше да го ...
Министерството за внатрешни работи и Транспаренси Интернешнл – Македонија потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на партнерството во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Со овој Меморандум се воспоставува рамка за заедничко дејствување, размена на податоци и експертиза, како и за спроведување на активности насочени кон зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето. Министерството ќе соработува со ...
Во сегрегационистичкиот југ, две млади бели жени обвинуваат девет црнци за силување. Трагична вистинска приказна која започна во пролетта 1931 година кога девет црнци беа симнати од товарен воз во Алабама и обвинети за силување на две млади бели жени. Девет млади момчиња многу брзо беа осудени на смрт со електричен стол. Вестите за нивните пресуди брзо се проширија и следеше жалба до Врховниот суд на САД. Њујоршкиот адвокат Сем Лејбовиц ...
Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои со ваквото дело го оштетиле Буџетот на државата за 622.492 денари. Станува збор за увози извршени во периодот од октомври 2022- година до мај 2023 година, за кои осомничените – шпедиции и лиценцирани застапници, во договор со увозникот, стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со ...
Од утре, Скопје повторно ќе биде дом на еден од најреномираните музички настани во регионот – Скопскиот џез фестивал. Во своето 44. издание, фестивалот ќе ја донесе во Македонија елитата на светската џез сцена, претставувајќи концерти, филмови и посебна програма за љубителите на овој музички правец. Главната сцена и оваа година ќе биде Националната опера и балет, каде што ќе настапат светски познати имиња и состави: Andrzej Jagodziński Trio ...
Вчера во 16:50 часот на патарина „Петровец“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода М.А.(28) од Босна и Херцеговина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 268 од Кривичниот законик. Имено, тој на патарината поминал со товарно возило со босански национални ознаки и притоа платил со банкнота од 10 евра за која вработениот се посомневал дека е фалсификувана. Банкнотата е одземена за понатамошна постапка. ...
Тиквата важи за здрава храна. Има нискокалорична содржина и може да биде одлична основа и за супи, салати и печива. Во истовреме, содржи и доста протеини и јаглени хидрати. Диететските влакна, на пример се неопходни за добро варење, како и за здравјето на цревната микрофлора. Стручњаците за исхрана препорачуваат најмалку 30 видови влакна неделно во исхраната. Така, одличен избор за проширување на овој список би била тиквата. Исто така, ...
Македонската економија годинава ќе порасне 3,4, а следната 3,2 насто, прогнозира Меѓународниот монетарен фонд. Нашата економија, заедно со Албанија и Косово ќе бележи највисоки стапки на раст во регионот. Според ММФ, инфлацијата до крајот на годината ќе изнесува 3,9, додека следната 3 проценти. Пониски цени можат да се очекуваат дури во 2030-та, кога инфлацијата ќе се стабилизира и ќе се спушти до 2 насто. Во најновиот извештај ММФ благо ги ...
Владините предлог-закони за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители, и покрај неколку недостатоци, содржат многу позитивни карактеристики, нови или преземени од законите што се во сила, се наведува во заедничкото мислење на Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото на Советот на Европа. Се препорачува измена на Уставот, со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот ...
Повеќе од 300 заедници во централно и источно Мексико останаа отсечени по свлечиштата и поплавите. Илјадници војници и цивилни работници се на терен. „Прво и најважно е повторното отворање на патиштата кон заедниците кои се сè уште изолирани и обезбедување на воздушни мостови, снабдување со храна, вода и проверка како се справува секое лице“, изјави Клаудија Шајнбаум, претседателка на Мексико. Владата потврди дека најмалку 64 лица загинале во ...
Украинскиот енергетски оператор воведува рестрикции на струја во најмалку осум области, вклучително и Киев поради штетите предизвикани на инфраструктурата од неодамнешните руски напади. Американскиот претседател го повтори разочарувањето од рускиот колега Путин и истакна дека „Тој навистина мора да ја реши војната“. Коментарите следуваат три дена пред Зеленски да ја посети Белата куќа на разговори за војната. Трамп високо на агендата на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Уште три дена предизборна кампања пред молкот во петок на полноќ. Партиите и кандидатите за градоначалници и советници ги интензивираат активностите на терен, меѓусебните обвинувања се пожестоки. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ со предизборни активности во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и во Делчево. СДСМ и коалицијата ќе ги претстави своите кандидати во Центар Жупа, Дебар, Гостивар и во Маврово-Ростуше. На терен и партиите ...
За речиси 66 илјади активни потрошувачи во Скопје, официјално почна грејната сезона. Сепак се можни и рестрикции. Од ЕСМ велат дека поради ремонт на регионалните транспортни системи „турски тек“, до петок ќе има прекин во испораката на природен гас кон потрошувачите во земјава. Од компанијата со апел, потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во ...
Денеска во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана на Владо Мисајловски заедно со делегација од Министерството, ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана, како и на состанокот на Контакт групата за Украина. На состанокот, министрите ќе разговараат за имплементацијата на обврските договорени на Самитот во Хаг во јуни 2025 година, како и за зајакнување на подготвеноста на Алијансата ...
Утре во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана на Владо Мисајловски заедно со делегација од Министерството, ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана, како и на состанокот на Контакт групата за Украина. На состанокот, министрите ќе разговараат за имплементацијата на обврските договорени на Самитот во Хаг во јуни 2025 година, како и за зајакнување на подготвеноста на Алијансата за ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за продолжено кривично дело – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 и едно кривично дело – Одземање на моторно возило по член 242 став 1 од Кривичниот законик. За помалку од 20-тина дена, односно од 22.09 до 09.10.2025 година, осомничениот извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје, со што прибавил вкупна ...
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски денеска оствари работна средба со Михај Бусујок, судија во Уставниот суд на Романија. На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат уставните судови на двете земји, како и за улогата на уставно-судската заштита во контекст на современите општествени и правни околности. Двете страни изразија подготвеност за продлабочување на меѓусебната соработка, преку размена на ...
Континуитетот на „Левица“ во штипскиот општински совет ќе продолжи и во следните четири години, вели носителот на советничката листа Михајловски. Уверен е дека на овие локални избори, ќе освојат повеќе гласови, во споредба со претходните. Нема да ги изневерам очекувањата на кочанчани, истакна кандидатката за градоначалничка Свеќаровска. Вели, градот мора да се врати на граѓаните. Народот бара промена на системот којшто 34 години го создаваат ...
Ветувам дека проблемот со водоводот во Студеничани, Долно Количани, Батинци и Драчевица до следните избори ќе бидат затворен. Улиците и уличките во населените места сите ќе бидат изградени и поправени на ист начин. Ќе има градинка во Студеничани и Батинци, училиште со модерни услови за одвивање на наставата, организиран превоз на учениците и Ве уверувам дека политиката ќе биде далеку од образовните институции, рече кандидатот за градоначалник ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, од коалицијата „Вреди“ во рамките на изборната кампања имаше средба со претставници од Стопанската комора на северозападна Македонија во индустриската зона Визбегово. Според Меџити се разговарало за предизвиците со кои се соочуваат стопанствениците, како што е пристапот до индустриската зона Визбегово, за кој е потребна итна интервенција. Завршувањето на клучката кај Момин Поток ќе биде еден ...
Министерството за трговија на Кина соопшти дека ако биде потребно ќе се бори до крај, но остануваат отворени за дијалог со Вашингтон по најавите на претседателот Трамп дека ќе воведе нови царини. Шефот на Белата Куќа пред четири дена објави дека САД ќе воведат дополнителни царини од 100 проценти за кинеските производи на први ноември, покрај оние што веќе се во сила. Трамп истакна дека реагира на најавата на Пекинг за ограничување на извозот ...
Вчера во 10:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.З.(22) и Н.Д.(23), двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив, кај Д.З. е пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на Д.З., при што се пронајдени и одземени марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. ...
Словачкиот претседател Пелегрини во официјална посета во земјава. Беше пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести. Двајцата претседатели на тет-а-тет средба. Словачкиот шеф на државата ќе го посети и собранието каде што ќе има средба со претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Во рамки на официјалната посета, Пелегрини ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во ...
Во Кривичниот суд одново почна судењето за случајот „Талир 2“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски за незаконска изградба на партиското седиште. На барање на обвинителството нему ќе му се суди во отсуство поради опасност од застарување на делото. Судот претходно замрзна поголем дел од имотот на партијата. Станува збор за главното седиште и уште триесетина штабови. Со нова одлука од денешното рочиште, партијата ќе може да го ...
Најмалку 64 лица загинаа и уште толку се водат за исчезнати во поплавите во Мексико. Стотици куќи се целосно уништени, особено покрај бреговите на реките. Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека изобилните дождови зедоа 29 жртви во државата Веракруз на брегот на Мексиканскиот Залив и 21 лице во државата Идалго, северно од Мексико Сити. „Речиси да останевме уште малку водата ќе нè стигнеше. Кога излеговме, се огласи сирената и реката веќе ...
Прва средба на новоназначениот кабинет во Франција пред денешниот состанок на новата влада со претседателот Макрон. Според премиерот Лекорну, единствена мисија е да се надминеме политичката криза. „Посакувам оваа влада навистина да ја одрази различноста. Не размислувате сите исто, не гласавте сите на ист начин на последните избори, какви и да беа, во секој случај, последните гласачки ливчиња, имате разновидност на перспективи, и на крајот, ...
Русија продолжува со нападите врз Украина. Зеленски ги засили дипломатските напори особено по нападите врз енергетската инфраструктура. На средбата со шефицата за европска политика и безбедност, украинскиот претседател рече дека очекува силни одлуки од ЕУ и истакна дека веќе се постигнати неколку важни договори со поединечни лидери. Калас нагласи дека примарна задача е да се помогне на Украина да се одбрани, бидејќи тоа ќе спречи понатамошно ...
Утринава, до 8:30 часот, најстудено беше на Попова Шапка, каде се измерени -1 степен Целзиусов. Спротивно на тоа, најтопло во исто време беше во Гевгелија со 11 степени, известија од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Берово се измерени нула степени, во Лазарополе 3, во Демир Капија, Маврови Анови и Крушево 4, во Струмица 5, во Скопје-Петровец, Претор и Штип 6, во Крива Паланка, Битола, Охрид и Велес 7, во Виница и Кавадарци 8 и 9 ...
Македонската фудбалска репрезентација одигра 1:1 против Казахстан во претпоследниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гостите поведоа во 54. минута преку Караман. Македонија изедначи во 74. минута со прецизен слободен удар на капитенот Барди од околу 27 метри. Нашите фудбалери имаа неколку добри шанси, особено преку Ристовски, но голманот на Казахстан не дозволи нов ...