Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл, на трет последователен натпревар во НБА-лигата. Во натпреварот одигран ноќеска на гостински терен против Њу Орлеанс пеликанс (125:118), Србинот постигна 28 поени, 11 скока и додаде 12 асистенции. Во претходниот натпревар против Чикаго булс (127:130), Јокиќ постигна 36 поени, 18 скока и додаде 13 асистенции. Во натпреварот со Минесота тимбервулвс (123:112), тој имаше 27 поени, 12 ...

Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денес ќе бидат извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026. Во четвртиот шешир за европските баражи се наоѓа и македонската репрезентација заедно со Шведска, Романија и Северна Ирска. Овие селекции во полуфиналето ќе добијат ривал од Шешир 1 во кој се сместени: Италија, Данска, Турција, Украина. Другите четири двојки ќе бидат формирани од вториот (Полска, Велс, Чешка, ...

Поранешниот светски број еден, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, ќе биде примен во Меѓународната тениска сала на славните во 2026 година, објави АТП. Федерер, којшто беше номиниран на почетокот на октомври, за изборот дознал од други членови на Куќата на славните за време на телефонски разговор со Стефан Едберг и Борис Бекер. Швајцарецот освои 103 титули во текот на својата кариера, вклучувајќи 20 грен слем титули. Тој го држи рекордот за ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на ...

Американска воена делегација предводена од секретарот Ден Дрискол пристигнаа во Киев на разговори со Зеленски за завршување на војната. Посетата следи по извештаите за нов мировен план од 28 точки меѓу САД и Русија, кој наводно предвидува територијални отстапки од Украина. Зеленски, по средбата со турскиот претседател Ердоган, смета на турската дипломатија, Ердоган со порака-Истанбулскиот процес мора да се реактивира. На фронтот пак не ...

Десетици жртви и повредени во нов бран израелски напади низ Газа откако нивните војници биле нападнати. Вашингтон се сомнева дека Хамас се обидува да го прекрши прекинот на огнот за да избегне разоружување и предавање на власта. Израел ги засилува и ударите во Јужен Либан во обид да го спречи јакнењето на Хезболах, кој одби целосно да се разоружа. Израелците на границата загрижено ја следат ескалацијата. „Ако нешто брзо не се промени во Либан ...

Во Брисел состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, на кој, според најавите од Атина, ќе биде презентирана грчката иницијатива за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Синоќа високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, организираше вечера за шефовите на дипломатиите на шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и македонскиот министер за надворешни работи Тимчо ...

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени. Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде ...

Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден ќе расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. За Предлог-буџетот се поднесени околу 200 амандмани. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Државата планира 374,7 милијарди денари вкупни приходи, 413,9 милијарди денари вкупни расходи, како и 40,5 милијарди денари капитални инвестиции. Во Собранието седница ќе ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...

Регионалниот пат Македонски Брод – Скопје (кај Јасен) е пуштен за сообраќај во 17 часот, соопшти вечерва АМСМ. Сообраќајот на овој пат беше во прекин денеска од 08.40 часот поради одрон. АМСМ претходно соопшти дека поради одрон, сообраќајот на регионалниот пат Маврово-Дебар, кај село Врбјани, од 16:40 часот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ...

Дефект во противпожарниот систем, е причината поради која избувна големиот пожар во загрепската зграда „Вјесник“, покажуваат првичните наоди. Неправилното функционирање на системот за заштита довело до многу побрзо ширење низ внатрешните делови на објектот. Помали пламени јазици и чад има и денеска. Според пожарникарите, тоа е нормална појава по толку голем пожар. По подетална проценка ќе се донесе одлука-реновирање или рушење на зградата. ...

Тој вели дека не е зачуден од реториката на премиерот Мицкоски кој вели дека СДСМ води некрофилска политика, а таквата реторика претставува немоќ и фрустрација поради неможноста да се изманипулира и случајот да се стави под тепих. Филипче вели дека нема ништо против во Анкетната комисија да се разговара и за случаите „Модуларна болница“ и „Ласкарци“. Спин на власта е дека судиите бараат енормно високи плати и тоа се споредува со други држави. ...

Надеж за правда и правна одговорност, но и скептицизам, незадоволство, недоверба, обиди за манипулација – ова се размислувањата и чувствата на семејствата на жртвите на првиот ден од судскиот процес за трагедијата во Кочани. Ваквите ставови доаѓаат по барањето на адвокатите на обвинетите за одложување на рочиштето, и посочувањето на судијката Груевска-Илиевска, дека на почеток на процесот не може да се знае колку ќе трае. Семејствата бараат ...

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, учествуваше на Националната тркалезна маса за конвергенција на климатска и еколошка правда што денес се одржа во Клубот на пратеници во Скопје. Во своето обраќање министерот Муртезани нагласи дека климатската и еколошката правда се стратешки приоритет за Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија. Особено го истакна влијанието на климатските ризици врз ранливите групи, ...

Има досетливи студенти и останува на нивната чест и совест што ќе направат со ваучерите, ние не можеме да влијаеме на тоа- рече министерката за образование и наука, Весна Јаневска, откако студентите ги продавале ваучерите наменети за техника. Проектот беше ветен. Ваучерите им беа ветени на студентите и вообичаено она што сме ветиле, ние и остваруваме. Има досетливи студенти кои на разно разни начини се обидуваат некако да си го олеснат ...

Се наполни судницата во Идризово. Почна судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Судијката Диана Груевска-Илиевска рече дека не може да гарантира за интензитетот на водењето на постапката, затоа што секое брзање може да доведе до грешка и до пропаѓање на процесот. Побара редовност и дисциплина од вклучените во случајот. „Не можеме да ви гарантираме брзина во судењето, но ќе направиме сè, процесот да се одвива непречено. Не ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Брисел ќе присуствува на неформалната вечера на Советот за надворешни работи на Европската Унија, по покана на високата претставничка на ЕУ, Каја Калас. Како што соопшти Министерството, настанот ги обединува министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и на земјите од Западен Балкан. На состанокот е предвидено да се разговара за унапредување на ...

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден запленија девизи кои српски државјанин имал намера нелегално да ги изнесе од државава. Поради сомневање во изјавата која ја дал патникот дека нема што да пријави и дека со себе носи помалку од 1.000 евра, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на совозачкото седиште под машка јакна ...

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, го одигра својот прв натпревар во НБА сезоната 2025/26. Тој излезе на теренот на мечот со Јута. Со ова, вкупниот број на настапи во НБА сезоните на 40-годишниот Американец се искачи на 23. Тој е единствениот играч во историјата кој го сторил тоа. Леброн го пропушти почетокот на тековната сезона поради повреда. Без него, тимот победи во 10 од 14 натпревари. Џејмс е четирикратен шампион на НБА, ...

Состојбата во државата по обилните врнежи од дожд е стабилна, согласно последните информации од РЦУК 7/24. Водостоите на водотеците се во рамки на нормалата, со благо покачување, информираат од Центарот за управување со кризи. Регистрирани се следните појави и преземени активности: Одрон на патниот правец Битола – Прилеп, кај с. Лознани. Известени: МВР ПС Битола и ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта – подружница Битола. Одрон ...

Денеска почна судењето за стравотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 луѓе. Комплицираниот судски процес во кој се обвинети 35 физички и три правни лица, се одвива во големата судница во Идризово. Петнаесетмина обвинители ќе го докажуваат обвинението за оваа трагедија. Рочиштето се одвива под силно полициско обезбедување. Со главната расправа ќе раководи судијката Диана Груевска-Илиевска. Зад себе има ...

Македонската фудбалска репрезентација доживеа тежок пораз на гостувањето во Кардиф. Со поразот од Велс со 7:1, беше прекината серијата од 14 официјални натпревари без пораз. И покрај неуспехот, избраниците на селекторот остануваат во игра за Светското првенство преку баражот, благодарение на пласманот во Лигата на нации. Велс доминираше од самиот почеток. Хари Вилсон уште во 18. минута донесе водство од пенал, а само три минути подоцна Дејвид ...

Најмалку едно лице загина, а неколкумина се повредени во пожар кој зафати над 170 објекти во станбена населба, близу јапонскиот град Оита, на островот Кјушу. Пожарот избувна по силниот ветер и се прошири во шумата. Десетици противпожарни возила и повеќе од 200 пожарникари беа мобилизирани за да се борат со пламените јазици. Бројот на згради и големината на областа го прават овој пожар најголемата урбана огнена стихија во Јапонија од пожарот ...

Украинскиот претседател во Турција ќе се обиде да ги обнови мировните преговори и размената на затвореници со Русија. Специјалниот американски пратеник Виткоф ќе се придружи на планираните состаноци. Од Кремљ велат дека нема да испратат свои претставници. Во Истанбул се одржаа неколку рунди разговори во обид да се стави крај на војната во Украина, која почна во 2022 година, но дебатата досега е без значаен напредок. На фронтот и натаму битки. ...

Мистериозна хемиска пена беше забележана на булеварот „Александар Македонски“ во населбата Автокоманда. На социјалните мрежи се појавија фотографии од пената која избива од шахтата на булеварот. Сторителот е пронајден и веднаш се постапува, објави градоначалникот Орце Ѓоргиевски. Согласно со издадената наредна од инспекторатот на Град Скопје бил извршен вонреден инспекциски надзор. По направениот детален увид било забележано истекување на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува со амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Поднесени беа 203 амандмани, а неколку беа повлечени од предлагачите од ДУИ. Вчера беа одбиени неколку амандмани, а прифатен амандман со којшто за пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на Оперативно техничката агенција (ОТА) за нејзино доекипирање. Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 ...

Денеска почнува судењето за страотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ во кој животот го загубија 63 луѓе. Комплицираниот судски процес во кој се обвинети 34 физички и 3 правни лица, ќе се одвива во големата судница во Идризово. 15-тмина обвинители ќе го докажуваат обвинението за оваа трагедија. Полициски екипи ќе контролираат кој влегува и излегува од судницата, а екипи на итната медицинска помош ќе асистираат ако е потребна лекарска ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими сопругата и ќерката на уметникот Глигор Чемерски, придружени од кураторот д-р Кирил Пенушлиски. Членовите на неговото семејство изразија загриженост за состојбата во којашто се наоѓаат делата на великанот Чемерски и ја потенцираа потребата од нивна реставрација и презервација, по примерот на успешно обновениот Споменик на слободата во Кочани. Претседателката сподели искрена желба да ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.13
67%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
77%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.41
77%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
80%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
46%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
55%
1016
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
67%
1016
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
68%
1015
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
85%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9534

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Алуминиум

3.53

Родиум

319899.93

Паладиум

49351.40

Калај

52.70

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Бакар

12.46

Платина

66744.95

Сребро

2534.46

Злато

152465.86