Отсуството на дебата за претходните резултати доведоа до пораз на СДСМ на локалните избори, смета пратеничката Славјанка Петровска. Во интервју за Радио Слободна Европа, таа вели – партијата не смее да заборави дека освоила само 126 илјади гласови и шест градоначалници и укажува – до следниот конгрес, актуелниот претседател ќе има сериозен предизвик да понуди јасна платформа за излез од кризата. По изборниот пораз Филипче најави смени во ...

Борбата со анксиозност, апатија, булинг, јавната осуда по социјалните медиуми сериозно ја нарушува нивната самодоверба, додека пак другарството е ставено под знак прашалник, младите се поретко се доверуваат меѓу себе, и сè уште се срамат да побараат помош. Наставниците и стручните служби во училиштата се првите кои ги препознаат овие промени. Младите сè почесто сакаат да зборуваат за менталното здравје, но возрасните се помалку ги слушаат. ...

На 16.11.2025 во 06:45 часот на улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.М.(40) од Велес. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд галакси“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 94 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час. На 16.11.2025 во 04:15 часот на ...

Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко ...

Неколку лица загинаа, а десетици се повредени во јужна Португалија по налетот на силното невреме и бурата „Клаудија“ што го погоди регионот. Туристички кампови, куќи и објекти се целосно уништени. Спасувачките тимови пронашле тела на постар брачен пар во нивната поплавена куќа во близина на Лисабон. Во Албуфеира, бурата погодила камп каде загинала британска туристка. Бурата „Клаудија“ денеска зафати и делови од велика Британија и Ирска. ...

Ескалираа антивладините протести во Мексико Сити. Повредени најмалку 120 лица, од кои најголем дел полицајци, а 20 лица се уапсени. Протестите ги организираше „генерацијата з“ против криминалот, корупцијата и неказнивоста. Толпата демонстранти урнаа делови од бариерата пред националната палата, а полицијата употреби солзавец за да ги растера. Активистите изразија незадоволство и поради убиството на градоначалникот на Уруапан, кој беше ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 15.11.2025 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе ...

Кина ги повика своите граѓани да избегнуваат патувања во Јапонија поради тензиите предизвикани од изјавата на јапонската премиерка дека Токио би можел воено да интервенира за да го одбрани Тајван. Посочуваат дека „јапонските лидери неодамна дадоа отворено провокативни изјави за Тајван, кои сериозно ја нарушија климата помеѓу народите“. Главниот секретар на јапонската влада, изјави дека Токио „и доставил порака на кина и категорично ја повикал ...

На 14.11.2025 во 13:00 часот во с. Јакреново, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А.(44) од с. Јакреново одзедоа ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје, соопштија од МВР. Имено, претходно беше пријавено дека на социјална мрежа беше објавено видео на кое се гледа дека 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11 – годишен брат. По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во ...

„Кога ми го дијагностицираа дијабетесот бев многу исплашена и не знаев што ме очекува“, раскажува Клементина, на која од пред 9 години сосема и се променил животот. Оттогаш води постојана борба со шеќерната болест. Околу 500 деца и адолесценти во земјава имаат тип еден дијабетес, тие имаат сензори, но е потребно да се обезбедат за сите кои од имаат потреба од нив, велат од Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија. Претставници на ...

Зоран Михајлоски е последниот ковач во Прилеп и во Регионот. Сега ги дотерува земјоделските орудија, ама сè помалку. Ковачкиот, наланџискиот, лимарскиот, шнајдерскиот занает изумираат, времето бара поддршка на дефицитарните занимања. Во чаршијата и во стопанството. Во образованието проблемот е голем зашто нема заинтересираност за занаетите, иако се профитабилни. Од Занаетчиската комора бараат стратегија за субвенционирање, а новата листа на ...

Невзат и Асибе од Битола повеќе од петнаесет години живеат во брачна заедница невенчани. Исплеткани во лавиринтот на системот и без финансиска можност за развод од бившите партнери, изгубиле многу можности за достоинствен живот. Благодарение на акцијата за бесплатна правна помош и многу други луѓе ќе дојдат до решавање на своите повеќедецениски проблеми. Истражувањата укажуваат на тоа дека информираноста на граѓаните за бесплатна правна помош ...

50 евра казна за фрлање ѓубре навечер. Скопјани не смеат да го изнесуваат сметот по 22 часот сè до 6 часот изутрината, до кога важи забраната. Граѓаните со поделени мислења. Едни сметаат дека одлуката е добра одлука и ќе стави поголем ред, други негодуваат, трети сметаат дека главен предуслов е да се подигне свеста кај народот. Граѓаните главно реагираат дека ѓубре се фрла и надвор од контејнери, дури и кабаст отпад: душеци, стакла, мебел. Во ...

Со триминутен молк во чест на жртвите од кочанската дискотека почна Маршот на ангелите. „Ако сега не го кренеме гласот, ќе треба засекогаш да молчиме“ – беше порака од семејствата. Од скопскиот плоштад, до Собранието, ужалените рекоа дека не бараат сочувство туку правда за своите најблиски, затоа што со пожарот изгореа, како што велат, и основните човекови права – правото на живот, на безбедност, на правда. Протестот продолжи пред Кривичниот ...

Денеска во Скопје ќе се одржи „Марш за ангелите“ – протестен марш во знак на почит кон 63-те млади луѓе кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Маршот ќе започне во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде учесниците ќе се упатат кон Собранието, а завршницата ќе биде пред Основниот кривичен суд. Во меѓувреме, Кривичниот суд, Обвинителството и Адвокатската комора најавија дека ќе преземат сите неопходни мерки ...

Од денеска во возилата е задолжително да имате зимска опрема. Во спротивно, ви се заканува казна од 45 евра. Правилата предвидуваат, возилата до 3.500 килограми да имаат зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 милиметри, или, ако возат со летни гуми да носат синџири за снег. За возилата со погон на сите четири тркала, или за оние со над 3.500 килограми, длабочината на шарата треба да биде најмалку 6 милиметри. ...

Американскиот претседател потврди дека ќе го тужи британскиот јавен сервис и покрај извинувањето. Трамп бара отштета помеѓу 1 милијарда и 5 милијарди долари поради начинот на кој бил монтиран неговиот говор во документарецот „Панорама“. Би-Би-Си повторно е под силен притисок и во центарот на нов медиумски скандал, откако весникот „Телеграф“ објави уште една спорна монтажа на говорот на Трамп емитуван во „Њузнајт“, речиси две години пред ...

Американската државна обвинителка Пам Бонди, ги прифати барањата на Трамп да се истражат врските на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн со многу истакнати личности, вклучувајќи и некои од неговите политички противници. Бонди објави дека го назначува обвинителот од Менхетен, Џеј Клејтон да ја води истрагата. Трамп не објасни, кои наводни злосторства сака Министерството за правда да ги истражи и ги обвини демократите дека се обидуваат ...

Вчера заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде беа донесени повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот редовен Конгрес кој ќе се одржи на 6-ти декември во Кавадарци. Беше донесена одлука за избор на делегати кои ќе учествуваат и одлучуваат на Конгресот. На Конгресот ќе учествуваат над 800 делегати, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски беше овластен да ја утврди конечната листа на ...

Наутро постудено со појава на магла по одделни котлини, но, текот на денот, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од – 3 до 4 степени, а максималните ќе достигнат од 15 до 19 степени. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик. Додека детето се движело со велосипед по булеварот „Крсте Мисирков“, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го нападнал со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото. Во еден момент извадил и нож со кој замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по ...

Во вторник, на 18-ти ноември прилепскиот Tутунски комбинат ги отвора вратите за откуп на тутунот на 34 пункта во земјава. Ќе преземе 2.300 тони тутун и ќе исплаќа два пати неделно. Цените по класи се зголемени за пет проценти. Се очекува да се купи реколта со висок квалитет. Со стратешкиот партнер „Филип Морис“, комбинатот 11 години соработува и го очекува договорот на нова 10-годишна соработка. Законски, откупот почнува на 15-ти ноември и ...

Постојан замор, болки во нозете, смалена концентрација и зголемена жед биле симптомите кои ја поттикнале Билјана Костовска да го исконтролира своето здравје. Информацијата дека има дијабет тип два, ја изненадила. Во Битола, 22 проценти од пациентите се веќе на инсулинска терапија. Се апелира на редовни контроли за да се спречат здравствени компликации. И пациентите со дијабет очекуваат подобрувања во здравствениот систем. Здруженија на ...

Повисоки плати, пензии, инвестиции во инфраструктурата, поголем економски раст, нови вработувања, поддршка на стопанството, предвидува Предлог-буџетот за следната година за кој почна амандманската расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Приходите се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари. Економскиот раст е проектиран на 3,8 насто, инфлацијата на ...

Поранешна директорка на Здравствениот дом во Делчево, четири месеци по исполнувањето на условите за пензионирање по навршување 67 години, останала на работното место директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево. Настанот се случил во јануари 2022 година, а буџетот на Здравствениот дом во Делчево е оштетен за 401 илјада 776 денари. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична ...

Јавното обвинителството отвори предмет за пратеникот Блерим Беџети. Од таму велат дека се постапува по кривичната пријава од Финансиската полиција за поранешниот градоначалник на Сарај и актуелен пратеник од ДУИ како и за уште 7-те негови соработници од општината. Се прибираат и разгледуваат докази и по комплетирање на случајот ќе има јавнообвинителска одлука. „Оформен е предмет, распореден кај јавен обвинител и се постапува по него“, стои во ...

Со 37 гласа за советниците го изгласаа прекројувањето на градската каса, тешка над 120 милиони евра. Се кратат околу 900 милиони денари кои претходната градска власт ги планираше за купување нови автобуси за потребите на ЈСП. Скопскиот градоначалник Ѓоргиевски појаснува дека товарот за нивната набавка ќе падне на извршната власт која ќе набави нови 80. Повеќе пари за капитални проекти, помалку за непродуктивни трошоци, финансиско зајакнување ...

Венко Филипче не го интересира напредокот на СДСМ, затоа и го поставува Александар Трајановски за потпретседател на партијата, човек кој ги загуби изборите во Аеродром токму како нивен кандидат, тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија велат во недостиг на вистински кадри и луѓе кои и мислат добро на СДС, Филипче става луѓе кои се блиски до него и Зоран Заев. Децидни се во ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ возвратија ВМРО-ДПМНЕ треба да се грижи за ...

25 години се развивал Фондот за здравствено осигурување воведувајќи современи практики за здравствена заштита, но и честопати недоверба кај пациенти коишто чекаат на современи лекови на позитивна листа или лекување во странство. Над 1,8 милиони корисници на здравствено осигурување, од кои 1,2 милиони се граѓани кои придонесуваат во Фондот. Најмногу пари се издвојуваат за лекови за онколошките пациенти, а побрза е постапката и за упатување на ...

СВР Скопје го расчисти случајот пријавен на 11.11.2025 во 20:00 часот од страна на Г.М.(39) од Скопје, кој пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот. По преземени соодветни мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Љ. и од него е одземен ножот со кој го извршил ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.74
84%
1016
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
76%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5532

Currency

71.2993

Currency

37.8621

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Паладиум

49351.40

Злато

152465.86

Родиум

319899.93

Калај

52.70

Алуминиум

3.53

Платина

66744.95

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Сребро

2534.46

Бакар

12.46

Цинк

0.00