Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15.11.2025 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе ...

Претставничкиот дом на САД усвои закон за ставање крај на најдолгото затворање на владата во земјата. Мерката беше потпишана веднаш од претседателот Трамп по историскиот 43-дневен прекин на финансирањето, во кој федералните работници останаа без плати, патниците беа заглавени на аеродромите, а граѓаните останаа без средства за социјална заштита. „Само сакам да ви кажам, земјата никогаш не била во подобра состојба. Поминавме низ оваа ...

Владините коалициски партнери се во тековна комуникација, ќе седнат на маса за договарање како на владините повереници за 4-те општини каде не се избраа градоначалници, така и за пополнување на местата во Владата кои се празни. Беким Сали за прв заменик-премиер се чини дека е веќе прифатено, но останува отворено кој и чиј кадар ќе седне во министерското столче на животна средина. И додека се прават коалициските математики за функционерски ...

Македонија има огромен потенцијал за развој на туризмот, недостигаат добри хотели, се бара поедноставување на постапката за нивна изградба за да се привлечат инвеститори со акцент на заштитените подрачја, вели вицепремиерот Николоски. Целта е да се задржат туристите кои поминуваат низ Коридорот 10, кон Грција. Меѓу проектите е и брзата пруга кон Солун, винскиот туризам и археолошките локалитети. За да се реализира потенцијалот, потребно е да ...

Затвореници и луѓе кои биле во куќен притвор биле на платен список на „Комунална хигиена“, откри градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, откако претходно обвини дека имало низа злоупотреби во ова јавно претпријатие. Ѓорѓиевски од Финансиската полиција барал да се утврди не само индивидуална, туку и командна одговорност, односно, покрај лицата кои земале плата без да работат, да одговараат и оние кои ги потпишувале исплатите, како и ...

Вицепремиерот Стоилковиќ во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ, на која разговараше за потпишување на меморандум за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заедничките инвестициони проекти, како и заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Македонија на 2-ри и ...

Во Кривичниот суд завршни зборови за случајот со смртоносното прегазување на скопјанецот Југослав Николовски. На обвинителна клупа мотоциклистот кој го усмрти на пешачки премин во паркот на франкофонијата. Се сомничи за тешки дела против безбедноста на сообраќајот, но и неукажување помош на повредениот. На последното рочиште, обвинетиот призна вина за прегазувањето на пешакот Југослав Николовски, но не и за тоа дека не му укажал помош. Според ...

На 19-ти ноември ќе започне судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ во кој животот го загубија 63 лица. Предметот ќе го застапуваат 15 обвинители. Обвинението беше поднесено во јуни против 24 физички и правни лица, паралелно се води истрага и за 13 полициски службеници. Во судницата во Казнено поправната установа „Идризово“ се прави генералната проверка на условите пред почетокот на главната расправа. Викторија ...

Венецуела мобилизираше вооружени сили поради присуството на американскиот носач „Џералд Р. Форд“ во Карипско Море. Каракас го гледа тоа како закана и обид за промена на режимот, додека САД велат дека операцијата е насочена против трговијата со дрога. „Немало, ниту ќе има пауза, ќе продолжиме во нашата решеност да се подготвиме да ја браниме нашата татковина во сите области, каква и да е заканата, нејзиниот интензитет и размер. Ги разгледуваме ...

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, постави рекорд за освоен најголем награден фонд во една сезона, објави „Tennis.com“. Белорусинката заработила 15 милиони и 8.519 долари во 2025 година. Претходниот рекорд ѝ припаѓаше на Американката Серена Вилијамс, која освои 12.385.572 долари во 2013 година. Дваесет и седумгодишната Сабаленка одигра 75 натпревари во сезоната 2025 година, од кои победи на 63. Таа го освои УС Опен, како и турнирите во ...

НБА објави промена во форматот на Ол-стар натпреварот, кој ќе се одржи во Лос Анџелес на 15 февруари 2026 година. Натпреварот ќе се игра во формат „САД против Свет“. Наместо традиционалниот натпревар меѓу двете конференции, сега ќе се натпреваруваат три екипи од по осум играчи: два американски тима и еден составен од играчи од други земји. Секој тим ќе започне со петте играчи кои добиле најмногу гласови од навивачите, новинарите и играчите. ...

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје е домаќин на 10-тата Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“. На свеченото отворање поздравни обраќања ќе имаат проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот, проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и проф. д-р Лидија Тантуровска, претседателка на Македонското ономастичко одделение (МОО). Во ...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси. Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и ...

Во САД сите очи се вперени во Претставничкиот дом, кој го разгледува предлог-законот за привремениот буџет за повторно отворање на федералната влада. Републиканците се надеваат на негово усвојување уште денеска, пред да му биде испратен на Трамп за потпис. Сепак, ефектите од блокадата, како откажаните летови и економски загуби, не се очекува веднаш да исчезнат. „Долго откако ќе заврши блокадата, ќе бидеме заглавени, ни недостасуваат околу ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 25-та седница, преку ZOOM комуникациската платформа. Државната комисија за спречување на корупцијата ДКСК денеска ќе ја одржи 25-та седница. Како што информираат од ДКСК, на дневен ред се Предлог записник од 24-та седница на ДКСК, одржана на 03.11.2025 година, Постапување по изборни предмети, Постапување по предмети, Прашања и предлози како и Постапување по пријави од ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Cotton Blues Festival годинава ќе понуди 4 вечери и 9 концертни настапи, придружна програма, арт колонија и гитарска работилница со Јаниз Павеза, кој минатата година турнерал низ Азија и Европа. Во рамките на фестивалот ќе има три промоции на албуми и интересни македонски блуз проекти. Меѓу гостите се Hamilton Loomis, американски добитник на Греми, Norman Beaker, легенда на британската блуз сцена и член на Blues Hall of Fame, и Tony Holiday, ...

Украина, Арктикот, мирот на Блискиот Исток, одбранбените трошоци, трговијата, енергетската соработка и критичните минерали-во фокусот на самитот на Г7 во Онтарио. Канадската министерка за надворешни истакна дека средбата се одржува во време на трговски тензии со администрацијата на Трамп и внатрешни поделби во блокот. На самитот учествува и американскиот државен секретар Рубио, кој според Андан е многу конструктивен член на Г7. „Глобалниот ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во Центарот за дизајн и иновации-Јавна соба ќе се обратат на првиот панел во рамки на конференцијата „Е-75-Основа за развој на креативен туризам и негова одржливост“, која е дел од Фестивалот за развој на креативните економи „Недела на дизајн-Скопје 2025“. Конференцијата е дел од визијата за развој на нашата ...

Денес во Владата премиерот Христијан Мицкоски ќе има состанок со заменик-претседателот на Европската инвестициона банка (ЕИБ), Роберт Де Грот, во просториите на Владата. По завршувањето на состанокот, според најавата од владината прес-служба, ќе се изврши потпишување на спогодба за соработка. Потоа, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе одржи заедничка прес-конференција со заменик-претседателот на ...

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. ...

СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 25.08.2025 во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а нејзиниот ...

Во септември 2025 година во земјава престојувале 132.999 туристи, кои оствариле вкупно 262.686 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи, 24,6 % се домашни, а 75,4 % странски посетители. Кај ноќевањата, домашните туристи учествуваат со 31,8 %, а странските со 68,2 %. Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 5,8 % во однос на истиот период минатата ...

Бомбаш – самоубиец уби над 10 лица и рани десетици во главниот град на Пакистан. Напаѓачот се обидел да влезе во Окружниот суд во Исламабад, по што ја активирал експлозивната направа пред зградата, во близина на полициското возило. „Ги лекуваме повредените во болниците, а нашите тимови се таму за да им ги обезбедат најдобрите услови. Осомничениот стоел таму 15 минути, дури се обидел да влезе во просториите на судот, но, не успевајќи да го ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска е во работна посета на Општина Ресен. Во рамки на посетата, таа оствари средби со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и со граѓаните на Ресен. Тие ја запознаа со локалните проблеми, а особено беше нагласено прашањето за миграцијата и одливот на младите од Ресен и Преспанскиот регион. Се акцентираше и важноста на проектот „ЕУ за Преспа“, преку кој се вложуваат ...

Професорката Дијана Плашевска-Каранфилска, повеќе од три и пол децении е во контакт со ретките болести. Во лабораторијата каде што работи едновремено се проверуваат сите хумани гени, а над 100 гени можат да бидат причина за ретка болест. Кога таа почнувала да работи, не се зборувало толку за ретки болести, за цистична фиброза, наследни анемии, за други ретки болести немало начин да се дојде до генетска дијагноза. Сега има технологии за ...

Владината реконструкција ќе го чека партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 6-ти декември по што ќе се знаат кадровските промени што ќе ги направи Мицкоски. Беким Сали е предлогот на ВРЕДИ, за испразнетото место на Изет Меџити. Со оглед на тоа што градоначалникот на Чаир имаше две функционерски места во владината коалиција, ВРЕДИ оценува дека е сосема нормално и прифатливо да имаат предлог, формат еден плус еден. Мицкоски вели дека има високо ...

Обвинителите кои работеа на истрагата за пожарот во кочанската дискотека ќе бидат присутни на судењето кое почнува идната недела. Ќе ротираат, бидејќи имаат и други предмети за работа, но вкупно 15-мина ќе го бранат обвинението. Институцијата има капацитет да се справи со предизвикот што го носи процесот, уверува државниот обвинител Коцевски. Идниот месец ќе се донесе и одлука за истрагата против полициските службеници осомничени во случајот ...

Секој што ги злоупотребил парите од ИПАРД програмата ќе одговара – од прв до последен. Ова е ставот на премиерот откако државата времено ја прекина исплатата на парите од европските фондови, додека трае истрагата за корупцијата во платежната Агенција. Одлуката ја поздрави Европската Унија. Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат парите за да се види до каде оделе злоупотребите. Исплатите од ИПАРД не може да ги стопира премиерот, тоа е ...

Започнувањето на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“ претставува значаен чекор во унапредувањето на националната политика за безбедност и здравје при работа, истакна денес министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши во своето обраќање на официјална промоција на Проектот. „Заштитата на здравјето и животот на работниците е темелна вредност и законска обврска, но пред сè морална должност на сите. Со овој ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1018
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
0.74
84%
1016
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
76%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5532

Currency

71.2993

Currency

37.8621

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Бакар

12.46

Алуминиум

3.53

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Злато

152465.86

Калај

52.70

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Платина

66744.95

Паладиум

49351.40