26/11/2025 09:37 - МРТ

Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите на кои им е одобрено барањето за полагање на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето, дека првиот дел – теоретски дел од стручните испити ќе се одржи во период од 15.12.2025-19.12.2025 година од 09:00 до 16:00 часот. Вториот дел – практичен пример од стручните испити ќе се одржи во период од 12.01.2026 – 16.01.2026 година во период од 09:00 до 16:00 ...

26/11/2025 09:37 - МРТ - +1

Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите кои им е одобрено барањето за полагање на стручниот испит за осигурителни брокери, дека првиот дел – теоретски дел од стручниот испит за осигурителни брокери ќе се одржи во периодот 23.12.2025-25.12.2025 година од 09:00 до 16:00 часот, а вториот дел – практичен пример од стручниот испит за осигурителни брокери ќе се одржи во периодот 20.01.2026-21.01.2026 година од 13:00 до ...

Израел соопшти дека примиле останки за кои се претпоставува дека се работи за еден од тројцата заложници што останаа во Појасот Газа, двајца Израелци и еден маж од Тајланд. Исламски Џихад соопшти дека ги пронашле останките претходно оваа недела во Нусеират, бегалски камп во централна Газа. Предавањето на останките е во рамките на договорот за примирје постигнат во изминатиот месец. За возврат, Израел ги предаде телата на 330 Палестинци во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Владата ќе се обрати на јавната дебата по Предлог-текстот на „Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025 – 2030“, организирана од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во своето обраќање, како што информираат од МНР, министерот ќе стави акцент на главните области опфатени со Националната стратегија, која има за цел да ги зајакне ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...

Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и утре (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните. Стабилизирање на времето се ...

Премиерот Мицкоски очекува владиниот коалициски партнер ВРЕДИ денеска да му ги достави предлозите за испразнетите позиции, по изборот на Изет Меџити за градоначалник на Чаир. Најави дека до крајот на неделава ќе ги достави до Собранието персоналните решенија за вицепремиерското и за министерско место во животна средина. Најчесто споменувани се ексминистерот за здравство Беким Сали и поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа, но е неизвесно ...

Вчера околу 10:00 часот од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потрага, на подрачје на ЕВР Гази Баба лишен од слобода е И.Ѓ.(26) од Гевгелија. Истиот, соопштуваат од МВР, се барал по издадена Централна потерница од Основен Суд Гевгелија за сторени кривични дела по чл. 418-б „криумчарење мигранти“ и 418-в „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија ...

Вчера во 21:10 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот на автопатот „Пријателство“, во близина на с.Табановце, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од М.Ц. (30) од Р.Албанија, во кое што биле превезувани осум лица– мигранти, седуммина од Египет и едно лице од Судан. Поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл.418-б ...

Јапонија и САД имаат блиски односи, потврди јапонската премиерка по телефонскиот разговор со американскиот претседател. Разговорот следува по тензиите меѓу Токио и Пекинг за Тајван. Имено јапонската премиерка беше критикувана од Кина за изјавата дека кинеската поморска блокада или друга акција против Тајван би можела да биде основа за јапонски воен одговор. Претходно, кинескиот претседател испрати остро предупредување до американскиот колега ...

Сè повеќе млади одлучуваат, наместо да чекаат вработување да отворат сопствен бизниси. Рекорден интерес има за грантовите за самовработување – аплицирале над 6.000 илјади луѓе за добивање државна помош. 2.545-мина се во процес на потпишување на договорите, по што следи дводневна обука. Досега се издадени околу 3 илјади ваучери за изработка на бизнис план, при што 1.140 се за млади до 29 години, 912 над 29 години, а 629 за правни субјекти – ...

Претседателот на Судскиот совет не се согласува со ставовите на премиерот Мицкоски, вели не станува збор за повисоки плати кои се мал дел од реформската агенда туку за преземените обврски на државата која се согласила да оди по европскиот пат и да спроведе структурни промени. Камбовски ги поздрави најавите на Владата за почеток на дијалогот со судската власт, но и предложените измени на законите. Ако сакаме да градиме судство, без финансии ...

Климата има директно влијание врз финансиската стабилност, а климатските промени предизвикуваат национални катастрофи, како поплави и пожари, кои меѓудругото, ја уништуваат и инфраструктурата. Затоа, неопходен е одлучен одговор од сите надлежни институции, вклучително и народните банки, со цел изградба на отпорни финансиски системи. Централните банки веќе ги интегрираат овие ризици во аналитичките и супервизорски рамки, истакна гувернерот на ...

Денес во населбата 11 Октомври, во Општина Кисела Вода беше срушена дивоградба, по донесено решение за отстранување на објект кој не поседува соодветни технички акти. Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај, за кој не постои потребната техничка документација и кој никогаш не бил евидентиран во Агенцијата за катастар. Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, ...

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов и директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, денеска потпишаа Анекс на Протоколот за размена на податоци. Со него се дополнува Протколот и се доуредува размената на податоците помеѓу двете институции. „Сметам дека соработката меѓу нашите институции е на задоволително ниво. Со потпишувањето на Анексот ќе се придонесе размената на податоците да се ...

Под влијание на циклонска активност од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток кога ќе наврнат над 25 литри на квадратен метар за 24 часа. Стабилизирање на времето се очекува од недела, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, се посочува во соопштението, во четврток на ...

Денеска во 08:50 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Р.(38) од Делчево. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево е сопрено патничко возило „поло“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Р. и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,09 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на ...

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик. Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство. Пријавениот, од 2016 година, секоја ...

20 до 30 дена доцни исплата на надоместокот за породилно отсуство, обвини СДСМ. Партијата бара фиксен датум на кој ќе се исплаќаат средствата. Во касата на Фондот има пари, тековно се вршат исплатите, вели првиот човек на Фондот за здравство Сашо Клековски. Објаснува, плаќањата не можат да бидат во ист ден, бидејќи на некои им завршува правато породилното отсуство, на други им почнува, не може да се земе моделот како за пензиите. Најголем дел ...

Македонскиот КИЦ во Белград, од 25 до 29 ноември, ќе биде организатор и домаќин на изложбата „Откритија“, прва од серијата изложби посветени на македонски ликовни уметници, чии дела се наоѓаат во приватни белградски колекции. На оваа изложба, ќе бидат претставени 14 дела од македонски ликовни уметници, меѓу кои и дела од основоположниците, кои се сопственост на приватната колекција на слики на Игор Станковиќ. Станува збор, за мали ремек-дела ...

Македонската кошаркарска репрезентација в четврток ќе го одигра својот прв натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2029 година. На 27 ноември, влезот во СРЦ „Кале“ каде ќе гостува репрезентацијата на Азербејџан, ќе биде слободен. Македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра машка репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар, за кој влезот ...

Се вршат претреси на повеќе локации низ државата, информираат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). „Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата“, се вели во соопштението од ОЈО ГОКК. Претресите, како што додаваат, се ...

Со антивоената приказна на Бертолд Брехт „Мајка Храброст и нејзините деца“, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски во 20 часот во МНТ се затвора јубилејното 50-то издание на МОТ. Оваа безвременска драма е третата театарска претстава која Пројковски ја поставува во Новосадскиот театар и која силно резонира со актуелното време во кое живееме исто како во времето кога Брехт ја напишал. „Живееме во специфични времиња во кои времето се ...

Најстудено утрово е во Берово, – 2 степена Целзиусови, а максимални 7 степени се измерени во Виница. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот 1 степен е измерен во Струмица и Крива Паланка, 2 во Скопје-Петровец, Велес, Тетово и Битола, 3 во Скопје–Зајчев Рид, Охрид и Прилеп, 4 во Гевгелија, Штип, Кавадарци и Маврови Анови, како и 5 степени во Демир Капија. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во ...

Кошаркарите на Детроит пистонс ноќеска ја победи Индијана на гостински терен во натпревар од НБА-лигата со 122:117. Кејд Канингем од Детроит и Паскал Сијакам од Индијана беа најефикасни на натпреварот со по 24 поени. Детроит ја оствари својата 13-та победа по ред и е лидер во Источната конференција на НБА. Индијана е 14-та на Истокот. На другите натпревари играни ноќта понеделник кон вторник: Торонто – Кливленд 110:99 Бруклин – Њујорк 100:113 ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе додели решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување. Како што информираат од владината прес-служба, настанот ќе се одржи во свечената сала на Владата. По завршување на настанот прес-конференција за медиуми ќе одржи премиерот. Со годинашниот Оперативен план Владата вложува над 40 милиони евра за поддршка на активното вработување, преквалификација, ...

Првата фаза од прекинот на огнот во Газа мора целосно да се спроведе, а страните итно да постигнат договор за следните фази, заклучок од Советот за безбедност на Обединетите Нации. „Примирјето не може да преживее додека терористичка организација го задржува своето оружје. Планот не може да се одржи додека едната страна одбива да ја исполни дури и својата најосновна обврска. Хамас мора да се разоружа“, изјави Дени Данон, постојан претставник ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Денеска ново рочиште за случајот „Пулс“. Се очекува да има предлагање на докази, по што би следело произнесување на вина на обвинетите и воведни зборови на адвокатите. На претходното рочиште во воведен говор обвинителот борче Јанев истакна дека во Кочани не изгорел само клубот „Пулс“, со него изгоре илузијата дека одговорните во системот се тука кога треба да заштитат. Тој посочи дека опасноста која демнела со години, како последица на ...

Виетнам започна со расчистување по најтешките поплави во последните децении, кои одзедоа над 90 животи и предизвикаа штета од околу 500 милиони долари. Најтешка е ситуацијата во провинцијата Дак Лак. Иако водата се повлекува, продолжуваат дождовите со ризик од нови лизгања на земјиштето. Уништени се стотици илјади домови и над 80 илјади хектари земјоделско земјиште. Поплави го погодија и источниот брег на Малезија, каде поради монсуните се ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1015
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
57%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
70%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
44%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.98
72%
1014
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
5.14
58%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
2.57
42%
1017
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
40%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
46%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
40%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
80%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
52%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9138

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Сребро

2534.46

Кобалт

45.39

Бакар

12.46

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.53

Калај

52.70

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Злато

152465.86

Родиум

319899.93

Платина

66744.95

Паладиум

49351.40