Вчера во времето од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект-ноќен бар во с. Желино, сопственост на J.Ф.(47) од с. Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој. При контролата во објектот, затекнати се пет државјанки на Р. Албанија, на возраст од 24 до 50 години. Исто така, во ...

Во Малезија состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на АСЕАН. Дипломатскиот собир во Куала Лумпур опфаќа серија состаноци со главните трговски партнери на АСЕАН, вклучувајќи ги САД, Кина, Јапонија, Русија, Индија и Европската Унија, закажани за денес и утре. На состанокот присуствува и американскиот државен секретар Марко Рубио и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Кинеското МНР повика на порамноправен ...

Американскиот претседател објави царина од 50 насто за Бразил. Трамп претходно информираше најмалку 14 земји за новите царини од 1-ви август. Европската Унија и натаму нема добиено писмо, се очекуваат преговори. Шефот на Белата Куќа истакна дека доцнењето за одлука за Брисел се случува затоа што ЕУ сега се однесува многу убаво кон САД. Од Европската Комисија велат дека се подготвени на секое сценарио. Претходно, Трамп објави дека најавените ...

Утрово во 06:00 часот сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е нормализиран во двата правци. Сообраќајот кон ГП-Блаце е пуштен за сите видови возила. Сообраќајот на обиколница Скопје е нормализиран во двата правци. Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село“ на регионален пат Р1312, делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се воспоставува нормален режим на сообраќај во ...

Хамас објави дека се согласиле да ослободат десет заложници за време на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа. Неделава во регионот на Блискиот Исток патува специјалниот пратеник Виткоф со цел продолжување на дијалогот Израел – Хамас и воспоставување 60-дневно примирје. Претседателот на САД и израелскиот премиер се сретнаа двапати за два дена во Белата куќа. Нетанјаху вели дека тој и Трамп имаат заедничка цел. „Во остварувањето на оваа ...

На 70-годишнината од приклучувањето на Германија кон НАТО, генералниот секретар на Алијансата Руте и германскиот канцелар Мерц ја истакнаа заканата што ја претставуваат Русија и Кина. „Претседателот на Кина и генерален секретар на комунистичката партија, пред да го нападне Тајван, прво ќе се јави во Москва. Неговиот најмлад партнер во сето ова, еден Владимир Владимирович Путин, за да го замоли да не држи зафатени во овој дел од Европа“, изјави ...

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина втора ноќ по ред, при што Киев е најтешко погоден. Експлозии одекнуваа цела ноќ, има жртви и повредени. Американскиот претседател разгледува испраќање на уште еден ракетен систем патриот во Украина. Изјавата следува во момент кога Трамп потврди дека ќе испрати повеќе одбранбено оружје во Киев, наспроти потегот на Пентагон една недела претходно, со кој беа прекинати некои испораки. „Украина побара ...

Црвениот крст на Република Северна Македонија денес ќе прослави 80 години од своето формирање. По повод јубилејот на организацијата, обраќање ќе има и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Премиерот ќе оствари средба со генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, како и со волонтерите, од кои ќе биде информиран за дел од активностите на организацијата. Во центарот на дискусијата ќе биде значењето на Црвениот крст во ...

Според последниот извештај од утрово на Центарот за управување со кризи, активни се 9 пожари низ земјата, под контрола се 4, а локализиран е еден. Претседателката, согласно Законот за управување со кризи, потпиша одлука за учество на дел од Армијата во гаснењето на пожарите, а војската беше распоредена кај критичните точки. Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од страна на Владата. Во Крива Паланка, беше ...

На 08.07.2025 околу 17.40 часот во близина на локалниот пат помеѓу с. Богородица и с. Стојаково од страна на полициски службеници од ПСГН Богородица биле пронајдени 13 лица мигранти (11 од Египет и 2 од Сирија), а околу 18.30 часот во близина на фабрика во с. Стојаково биле пронајдени 11 мигранти од Египет, кои претходно биле превезени со патничко возило „мерцедес“. Мигрантите се спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија и со ...

Поедноставеното гранично преминување, „One stop“, помеѓу Македонија и Србија, дава резултати. Намалено е времето за чекање, велат патниците. Целта на новиот концепт на работа на најфреквентниот граничен премин, е забрзување на протокот на патници, особено сега во летниот период кога метежот е најизразен. Патниците коишто ги прашавме чекаат по десетина минути. Метежот велат е вообичаен за овој период од годината. Засега задоволни од мерката, ...

Епидемијата со труењето на 38 работници од третата смена во една прилепска фабрика за среќа помина без големи последици за работниците. Дел заболени имале потешка клиничка слика со температура, повраќање, дел со болки во стомакот, но сите се излекувале. Епидемиолозите дознале дури по шест дена, по анонимна дојава. Можеле само да утврдат дека се затруле од доставената храна и причинител била салмонелата. Изворот не е пронајден. Салмонелата, ...

Утрово со мирен протест и двочасовна блокада на ул. 8-ми септември, засегнати граѓани го изразија незадоволството од изведбата на новиот булеварски влез во Битола. Револтирани од градежните работи со кои трајно им се оневозможува пристап до нивните деловни и станбени објекти, бараат измени во проектот и што поскоро изнаоѓање решение за пристап до нивниот имот. Градоначалникот вели, се работи за сообраќајно решение за потребите на сите граѓани и ...

Вчера во 20.35 часот на ул. „Битолска“ во Демир Хисар, од страна на полициски службеници од ОВР Демир Хисар е лишен од слобода Б.М.(59) од с. Бучин, крушевско, соопштија од МВР. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда“ со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал Б.М., и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта. ...

Потенцијалниот ветар во дојранско носи опасност од повторно разгорување на пожарот над Николиќ кој утрово беше ставен под контрола. Вчера и денеска со хеликоптери се интервенираше и од воздух над опожарените површините. Освен од македонски шуми во гаснењето на пожарот вклучени се и пожарникари но и месно население. Сите тие се распоредени вдолж линијата на пожарот за да не се симне до куќите и оранжериите. Во гаснењето вклучени и дел од жителите ...

Интерпелацијата за претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски на собраниска седницата стигна по иницијатива на Европскиот фронт. Според нив, Костадиновски не ги почитувал законот за јазици и законот за Уставниот суд со кој им се забранува на судиите да даваат свое мислење за активни предмети. Мнозинството сметаше дека оваа точка воопшто не требало да се најде воопшто на дневен ред, бидејќи судската е посебна власт. Од СДСМ обвинија дека ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари прва работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на којашто се разговараше за актуелните економски и монетарни состојби во земјата и важноста на стабилна и независна централна банка за долгорочниот економски развој. Претседателката Сиљановска-Давкова беше информирана за монетарната политика, стабилноста на девизниот курс, инфлациските текови и состојбите во ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес се сретна со амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка во областа на здравството, со акцент на можностите за размена на искуства и добри практики во процесите на дигитализација на здравствениот систем, зајакнување на кадровските капацитети и спроведување на заеднички иницијативи за јавно здравје. Министерот Алиу ја ...

Од територијалната единица потенцираат дека сите нивни екипи се на терен. Побарале помош и од соседните општини. Помош имаат и од екипите од јавното претпријатие Македонски шуми, како и месното население. Според последните информации, неколку куќи во село Градец веќе се изгорени, потенцираат од противпожарната единица. Градоначалникот на Крива Паланка јавно побара итна помош од државните институции и соседните општини, укажувајќи дека во ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Од МВР со апел до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска му беше домаќин на катарскиот државен министер за надворешни работи, Султан Бин Саад Ал Мураики. За време на состанокот двајцата се согласиле дека денешната посета претставува потврда за споделените вредности и заемната посветеност кон подинамичен развој на билатералните односи, со посебен акцент на економските врски и трговската размена. „На средбата ги разгледавме ...

Со 461 глас за, 121 против и 107 воздржани, Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, но го избриша од него македонскиот идентитет и јазик. Во гласањето за амандманите поднесени од бугарските европратеници во кој се бараше нивно отстранување од текстот претходно беше обезбедено потребното мнозинство од трите најголеми партии, со што овие амандмани поминаа. Расправата, за овој извештај се одржа синоќа во која известителот Томас Вајц ...

Европа се соочува со екстремно високи температури и шумски пожари. Издадени вонредни предупредувања. Опасноста од пожари на високо ниво. Повеќе од 110 лица се полесно повредени во голем пожар што беснее со денови северно од Марсеј. Огнена стихија зафати шумски предели во Романија и Србија. Грција ги затвори туристичките атракции поради високите температури. Хрватска и Словенија пак, ги зафати големо невреме. Според синоптичарите, регионот ...

Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија до Министерството за финансии писма за изразување на интерес за финансирање на проектот за брзата пруга од Коридорот 10. Министерството за финансии во наредниот период ќе врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди за финансирање на проектот за брзата пруга долж Коридорот 10. Имено, Министерството за финансии достави писмо за барање интерес до 24 финансиски ...

Денеска во 09.16 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено ...

Сеќавањето на Сребреница е аларм кој потсетува дека 11-ти јули 1995 е срам и пораз на Европа и светот испишан од 8.372 невини цивилни жртви. Геноцид врз муслиманите, не масакр. Токму во зоната каде што требаше да бидат најбезбедни тие 12 дена беа системски убивани и закопувани во масовни гробници. Секој камен од Поточари раскажува молчешкум дека таму умре човештвото, но дали ние после 30 години ги воспитуваме правилно генерациите. Знаеме ли дека ...

Откако досегашните напори за ставање крај на војната во Украина не вродија со плод, американскиот претседател Трамп најави дополнителна испорака на одбранбено оружје за поддршка на украинските сили, драматично менувајќи ја претходната одлука за паузирање на воената помош. Ги нарече бесмислени обидите за преговори со рускиот претседател Путин. „Сакаме да поставиме одбранбено оружје, бидејќи Путин не се однесува правилно кон луѓето, убива премногу ...

Институтот за јавно здравје соопшти дека во јуни е пристигната пријава за епидемија со салмонела во Прилеп. Се затруле 38 работници во фабрика, кои консумирале иста храна. Тројца завршиле во болница. Направена е контрола во кујната на добавувачот со храна и од трпезарискиот дел на фабриката каде што се служела храната. Издадени се соодветни епидемиски мерки за одржување на хигиената, а објектот за подготовка на храна бил затворен до добивање ...

Континентално првенство за ракометарки до 19 години ќе се соберат во Подгорица од денеска до 20 јули, за да се натпреваруваат за титулата на Европското првенство (ЕП). Македонија е во групата А, заедно со селекциите на Унгарија, Полска и Чешка. Во првиот натпревар Македонија в среда игра против Унгарија, во четврток противник ни е Полска, а во последното коло од групата играме в сабота против Чешка. Годинашното ЕП 2025 означува историска ...

Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи, соопштија од Центарот за управување со кризи. По барање на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш побарана е воздушна поддршка за справување со пожарот. Во моментов се интервенира од страна на екипи на Територијална ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
86%
1017
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
78%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.0
89%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.14
83%
1011
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1013
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
88%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
11.32
100%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
76%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Иридиум

145787.60

Цинк

3.22

Злато

134976.58

Калај

40.49

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Сребро

1876.20

Кобалт

58.42

Никел

473258.99

Платина

52864.82

Паладиум

46361.38

Алуминиум

2.91