Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, државјани на Република Албанија, за кои се обезбедени докази дека ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов, во Охридското Езеро на околу 6,5 километри од месноста Свети Стефан. На 4 јули биле затекнати во кајче на наведената локација, со висечка рибарска мрежа и уловени три парчиња охридска пастрмка, со што како соизвршители сториле кривично ...

Пресвртница во работата на јавната администрација. Вработување преку компетенции, транспаренти огласи, фер процес на унапредување, заострување на казнената политика за административците кои не работат или не се појавуваат на работното место. Министерот Минчев очекува новиот пакет закони да стави крај на партизацијата и клиентелизмот и почетокот на професионална јавна администрација. За новиот пакет закони за администрацијата кои се веќе во фаза ...

Се заострува реториката меѓу Скопје и Софија. Откако бугарскиот министер за надворешни работи Горгиев го именуваше Мицкоски со северномакедонски премиер, а шефот на македонската влада му возврати дека глушецот добил наредба да го задева лавот, бугарскиот премиер Жељасков побара извинување. Претходно реагираше и бугарското МНР, со обвинување за непочитување на принципите за добрососедство. „Наративот и изразот на премиерот Христијан Мицкоски ќе ...

Под висок ризик од пожари се централниот дел од Македонија и кумановскиот регион. ЦУК објави мапи со детектирани точки кои се потенцијални жаришта за пожари. Сите институции се мобилизирани, а на терен се пожарникари, шумска полиција, ЦУК и локалното население. Неколку пожари и натаму активни, продолжи да гори во Дојран, кај селото Николич, во Чашка под Солунска глава, Куманово, Македонски Брод. По повеќе од 12 дена под контрола пожарот кај ...

На 10.07.2025 полициски службеници од СВР Битола на ул. „Генерал Васко Карангелески“ во комплекс „Нов Пазар“ во Битола го лишиле од слобода К.С.(42) од Битола. Имено, истиот ден Ј.С. (70) од Битола во СВР Битола пријавил дека настанала расправија околу местоположба на тезга со А.Б. (55) од Битола, кој физички го нападнал. Подоцна, според пријавеното, дошол и К.С. (син на Ј.С.) и со остар предмет му нанел повреди на А.Б. Со возило на Итна ...

Се заострува политиката Скопје – Софија. Бугарското МНР реагира на реториката на македонските власти, вчерашната изјава на премиерот Мицкоски според нив е некомпатибилна со елементарни норми на дипломатскиот и политичкиот дијалог. А Министерството за надворешни работи, вчера побара од министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев извинување поради тоа што во интервју за бугарски медиум се пофали дека неговата држава станала фактор ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 42-годишен битолчанец вчера во „Новиот пазар“ во Битола, се обидел да лиши од живот едно лице. Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во ...

Одложен почетокот на судското рочиште за случајот „Онкологија“. Сепак, во Кривичен утрово на обвинителна клупа седнаа ексдиректорот ниво Васев и тројца онколози. Се товарат за тешки кривични дела поврзани со несоодветен третман на пациенти со малигни болести. Според обвинителниот акт осомничените се гонат за тешки кривични дела против здравјето на луѓето, случајот беше отворен во јануари годинава, денеска требаше да почне главната расправа. ...

Во денешното пукање на влезот во селото Батинци убиен е припадник на АРМ. Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје, М.Е. пријавил дека на влезот на с. Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење. А.М.(50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ„Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде во 11.00 часот од страна на доктор била ...

Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување на пациенти, во предметот „Онкологија“, се одложи за 5 септември поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска. Одбраната, пред почетокот на денешното рочиште, достави дополнение на докази со кои се спорат вештачењата на Обвинителството. Адвокатот на Нино Васев, до Судот доставил дополнителен доказ, со ...

Македонската репрезентација е на 62-та позиција на јулската ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), што е за пет места подобар пласман од претходната листа, објавена во април. Во периодот помеѓу две ранг-листи на ФИФА, црвено-жолтите освоија вкупно 15,21 поени, со нерешениот резултат со Белгија дома (1-1) и со победата на дуелот со Казахстан на гости (1-0), во натпреварите одиграни во јуни, во квалификациите за пласман на Светското ...

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С.(74) од с Мала Речица, тетовско. Тој околу 20 часот на негова нива во Тетово вршел земјоделски работи и при тоа на три места во нивата запалил сува трева и отпадоци. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници се упатиле кон местото на настанот и го лишиле од слобода С.С., а огнот бил изгаснат од страна на ТППЕ ...

Турската фирма „Чагатај кабло“ ќе отвори нов објект во ТИРЗ „Бунарџик“, а денес ќе биде удрен камен-темелникот. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека станува збор за дополнителен влог од шест милиони евра и 200 нови работни места. „Имаме инвестициски процес во периодот што следи“, потенцираше тој. „Нова инвестиција ќе има утре, „Чагатај кабло“ која веќе функционира кај нас, но ќе најават проширување, дополнителна инвестиција од 6 ...

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да почне судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и тројца лекари за несовесно лекување пациенти. Првообвинетиот, Васев како директор на клиниката, во соизвршителство со друг лекар се товари за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни. Во Обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил ...

Израелскиот премиер уверува дека Тел Авив работи на ослободување на половина од заложниците – во замена за 60-дневен привремен прекин на огнот со Хамас. Нетанјаху, исто така, рече дека неговата влада е подготвена да преговара за траен прекин на огнот откако примирјето ќе стапи на сила, но ќе се врати во војна доколку тоа не се постигне. „На почетокот на овој прекин на огнот, ќе започнеме преговори за трајно завршување на војната, што значи траен ...

Социјалните движења и поддржувачите на бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на протест во Сао Паоло против американскиот претседател Трамп. Синдикатите и левичарските движења повикаа на оданочување на милијардерите. Бразилскиот претседател да Силва изјави дека ќе воведе одмазднички тарифи за САД доколку Трамп го исполни ветувањето за зголемување на увозните даноци за 50% во врска со кривичниот процес против неговиот претходник, Жаир ...

Од Центарот за управување со кризи информираат дека до граѓаните се испратени тест-пораки со цел да се провери можноста за масовно известување во евентуална кризна ситуација. Овој систем овозможува испраќање итни пораки до сите корисници на мобилни телефони кои се наоѓаат на определана географска област, без разлика кој мобилен оператор го користат. Цел е навремено и ефикасно информирање и тревожење на населението во случаи на пожари, поплави, ...

САД и Русија разменија нови идеи за мировните преговори во Украина, но тоа не значи дека одат напред кон постигнување договор, велат во Стејт департментот. Изјавата доаѓа откако државниот секретар Рубио разговараше со рускиот министер за надворешни работи Лавров во Малезија на маргините на состанокот на АСЕАН. Претседателот Трамп објави дека ќе даде важна изјава за Русија во понеделник. „Разбираме дека овие работи бараат време и трпение, но ...

Состојбата со пожарите ставена под контрола. Активни се 7 пожари на територијата на земјава, 27 пожари кои беснееја на повеќе локации се изгаснати. Сè уште гори во Општина Чучер Сандево меѓу селата Блаце и Горњани, во Општина Прилеп гори мешана шума над селото Бешиште, во Општина Македонски Брод има пожар меѓу селата Црешново и Локвица, во село Крапа гори нискостеблеста шума. Сè уште е активен и пожарот во дојранското село Николич, пожар има и ...

Со европско знаменце во Собранието беа усвоени пакетот закони за администрацијата кои се дел од акцискиот план на Министерството за јавна администрација и роковникот за европската агенда. Тие подолг период беа во извештаите на Европската комисија. Станува збор за законите за административни службеници, за вработените во јавниот сектор, законот за стручно усовршување и обука на административците. Според најавите нивната имплементација стартува од ...

Задоволен сум што во тешки услови со температури од 40 степени и ветер со брзина од 100 километри на час успеавме пожарите да ги ставиме под контрола – вели премиерот Мицкоски. Нагласи дека не само што има индиции туку и приведени за подметнување на дел од пожарите. Девет пинцгауери и две од оклопните пренаменети возила исфрлиле 300 тони вода, што е еквивалентно на 75 прелети од полициските и армиските хеликоптери. Шефот на владата со ...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 232 возачи, информираат од МВР. Од нив, 97 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 77 возеле без возачка дозвола, осум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема ...

Во македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија денеска беше повикан на разговор бугарскиот амбасадор во земјава Жељаско Радуков при што му е предаден официјален протест. МНР најостро реагира и очекува официјално извинување од Софија по навредливите изјави на бугарскиот министер надворешни работи Георг Георгиев кон претседателот на македонската влада и кон институциите на нашата држава, емитувани денеска во утринската ...

Гласањето во Европскиот парламент за бришење на термините „македонски јазик“ и “идентитет“ од Извештајот за напредокот на Македонија, покажа дека Бугарија нема намера да застане само со внесувањето на Бугарите во Уставот, туку бришење на македонскиот народ и јазик, вели премиерот Мицкоски. Изземањето на идентитетот и јазикот од Извештајот не е закана за неговото признавање од страна на ЕУ, туку доказ, смета лидерот на СДСМ. Филипче, сепак, ...

Со патроли чувари, гранични полицајци, пожарникари експерти, ќе се превенира од пожари и нелегални активности во околните населени места во националните паркови Шара, Шари,Маврово и Кораб – Коритник кои заедно ја сочинуваат најголемата заштитена зона во Европа. Македонскиот тим тргна од пасиштата кај с. Жировница и испешачи над 10 км, а албанскиот од бачилата на Илница до пасиштата над с. Рабдишт – со испешачени околу 8.5 км. На заедничката ...

Во Министерството за дигитална трансформација денеска министерот Андоновски оствари работна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Н.Е. Анџела П. Агелер. Средбата се одржа во духот на зајакнување на билатералната соработка во областа на дигитализацијата, сајбер безбедноста и технолошкиот развој. Во фокусот на разговорот беше претстојниот Дигитален самит на Западен Балкан, кој ќе се одржи во октомври 2025 година во ...

На 09.07.2025 во 20.50 часот на регионалниот пат кај с. Неокази, пробиштипско, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода С.Ј. (59) од Пробиштип. Полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал С.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во ...

Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, Основното јавно обвинителство Скопје поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО. Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени ...

Државниот буџет е доминантен извор за финансирање на кампањите на партиите, покажа извештајот на Државниот завод за ревизија. На последните парламентарни избори, 63 проценти од приходите и расходите дошле од државната каса. Во вкупните приходи за изборната кампања на сите седумнаесет ученици, само 26,7 насто биле средства обезбедени од други извори, а не од буџетот. Најмногу пари се потрошени за платено политичко рекламирање. Најмногу потрошила ...

Во Европарламентот гласање за недоверба за претседателката на комисијата Фон дер Лајен, за аферата „Фајзергејт“. Предлогот за недоверба е поддржан од 74 европратеници, а го поднесе романски европратеник од групата Европски конзервативци и реформисти. Главното обвинување во импичментот е недостигот од транспарентност и лошото управување во контекст на пандемијата на коронавирусот. Имено, Фон дер Лајен преговарала директно со извршниот директор на ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
86%
1017
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
78%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.0
89%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.14
83%
1011
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1013
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
88%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
11.32
100%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
76%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Родиум

255598.44

Паладиум

46361.38

Сребро

1876.20

Иридиум

145787.60

Цинк

3.22

Бакар

10.96

Калај

40.49

Никел

473258.99

Платина

52864.82

Злато

134976.58

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42