Европската фудбалска федерација (УЕФА) парично ја казни Шкендија во износ од 20.000 евра поради истакнување транспаренти што се спротивни на спортскиот дух, за време на минатонеделниот натпревар во Скопје против Шелбурн во рамки на второто коло од главната фаза во Конференциската лига. Тетовскиот клуб соопшти дека официјално го примил решението од Дисциплинското, етичкото и контролното тело на УЕФА, во врска со истакнувањето транспаренти кои, ...

Ураганот „Мелиса“ од петта категорија ја погоди Јамајка со ветрови од речиси 300 километри на час, оставајќи илјадници домови без струја, поплавени улиците, и свлечишта. Најсилната бура во модерната историја на земјата сега се движи кон Куба. Властите ги повикаа граѓаните да се подготват за најлошото. „Знаеме дека ќе има многу штета предизвикана од овој ураган поради неговите карактеристики, но имаме целосен капацитет да се опоравиме“, изјави ...

Примирјето во Газа повторно на тест. Десетици Палестинци загинаа во серијата израелски воздушни напади откако Тел Авив нареди одговор на, како што рече, кршењето на прекинот на огнот од страна на Хамас по нападот врз израелски војници на југот од енклавата. „Зошто бомбардираат луѓе што спијат? Нашите деца се преплашени. Какво примирје е ова?“ запраша, Амна Кринави, раселена Палестинка. Американскиот претседател Трамп изјави дека примирјето не ...

Зеленски ја обвини Кина за испорака машини за производство на оружје на Русија и помош во заобиколување на санкциите. Повика Пекинг да го искористи своето влијание врз Москва за да ја запре агресијата. Објави дека со сојузниците од „Коалицијата на подготвените“ работат на воспоставување мир во Украина во наредните 10 дена. „Ова не е план за завршување на војната, бидејќи, како што знаете, пред сè е потребен прекин на огнот. Ова е план од кој ...

На големата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес со претставата „Агамемнон-кругот на крвта“ во изведба на „NEW YORK La MAMA EXPERIMENTAL THEATRE CLUB“ од Њујорк, САД вечерва во 20 часот свечено ќе биде отворено 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „СТОБИ 2025“. Концептот, адаптацијата, режијата и изведбата на една од главните ролји во претставата е на Рефика Чавише. По светската премиера во 2024 во ...

Поетесата Радмила Петровиќ, еден од најсвежите гласови на современата српска поезија, ќе настапи заедно со актерот Оливер Митковски и електронскиот продуцент Андреја Салпе во рамки на новото издание на уметничкиот проект „Поетроника за млади“. Настанот ќе се одржи вечерва во 20:00 часот во Јавна соба. Проектот „Научи ги младите да ја сакаат музиката и поезијата“, или „Поетроника за млади“, кој е продолжение на оригиналниот проект ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Времето денеска наутро ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе ...

Најмалку 33 Палестинци загинаа во серија израелски воздушни напади откако Тел Авив нареди одговор на, како што рече, кршењето на прекинот на огнот по нападот на Хамас врз израелски војници на југот од Газа. Трамп истакна дека примирјето не е во опасност, но треба да се почитува. „Тие убија еден израелски војник и Израелците возвратија, и треба да возвратат. Кога тоа ќе се случи, треба да возвратат. Имаат право да го сторат тоа, ништо нема да ...

Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки. Вчера во доцните попладневни часови, училишта во Куманово и во Скопје добиле анонимни дојави за поставени експлозивни направи. Учениците и вработените биле евакуирани, а екипите за антитероризам излегоа на терен. Во Куманово анонимна порака за поставени бомби пристигнала до сите основни училишта во централното ...

Делегација на Министерството за внатрешни работи-Центар за обука, предводена од помошник на министерот на Центар за обука престојува во тридневна работа посета на БК Академијата на Германија. Посетата е потврда за најавената меѓусебна поддршка во делот на полициското образование и обука, како и константна поддршка на Центарот за обука, во иднина Полициска академија, во исполнување на европските стандарди за обука и полициско образование. На ...

Судија на претходна постапка одреди 30 дневен притвор за директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми и управителот на Секторот за отпад Аки Салити што беше и предлог на Обвинителството. За нив како што соопштуваат од судот постои основано сомнение дека извршиле кривично дело од член 23о став 1. загрозување на животната средина и природата со отпад. „Согласно решението на судот, за осомничени С.Р. и А.С., вработени во ЈП „Комунална ...

Во 90 проценти од случаите мозочниот удар можел да се превенира. Затоа медицинската сестра Гордана Димеска заедно со медицинскиот тим на Клиниката за неврологија работат на подигање на свеста за препознавање на оваа животозагрозувачка состојба. Генетиката не може да се менува, но голем дел од ризик – факторите можат да се исклучат, вели професорката Арсовска. Клиниката за неврологија ги има потребните апарати за дијагностика, а магнетна ...

Рекордни 6,7 милијарди евра. Толку ќе тежи Предлог-буџетот за 2026 година. Владата го усвои овој важен документ, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8%, инфлацијата на 2,5%, а буџетскиот дефицит на 3,5% од БДП. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска кажа дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, додека проекцијата за капиталните инвестиции е на ...

Секој нововработен јавен службеник ќе помине обука и ќе полага стручен испит. Со Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници се поставуваат темели на систем кој ќе биде транспарентен, ефикасен и чесен, систем што ќе се потпира на професионалци, во кој ќе се напредува со знаење, а не со врски, истакна министерот за јавна администрација, Минчев. Модернизацијата на администрацијата е клучна, не само за европската ...

Осум години стоевме во место и наместо да броиме нови индустриски погони, нови паркови и водоводи, ние броевме изгаснати светла во домовите. Доста е од стагнација, уназадување и апатија, истакна градоначалничкиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ за Пробиштип потенцирајќи дека има победничка програма со проекти за изградба на нова станбена населба и нова индустриска зона. За младите најави бесплатен канцелариски простор за водење бизнис и намалување на ...

Во срцето на метрополата граѓаните во 21 век живеат во супстандардни услови, со уништени улици, без соодветен водовод и канализација со нерешени имотни прашања – ова се проблемите со кои се сочуваат жителите на Маџир маало. Лабудовиќ уверува дека доколу ја освои довербата на центарци прво кон што ќе се зафати, а со помош и поддршка од Министерството за транспорт и врски е подготовката на нови урбанистички план, по мерка на граѓаните. „Час ...

Билал Касами кандидатот за градоначалник на Тетово од ВРЕДИ вели дека во четиригодишниот мандат ќе ја реализира изградбата на неколку спортски објекти, но и ќе заврши изградбата на три нови основни и две средни училишта. Нова жичница до Попова Шапка, но и изградба на шест спортски сали, ветува Касами. Вториот мандат, вели Касами ќе биде за брз развој, за европски стандарди во секоја сфера, за заживување на културата, спортот и туризмот, но и ...

Достоинствени услови за живот на секој жител на Скопје, како и соработка со локалната и централната власт, порача кандидатот за градоначалник на Скопје од „Левица“, Амар Мециновиќ. Ако ја добие поддршката и застане на челната позиција во градот, Мециновиќ на прво место ја става чистата и здрава животна средина, оти како што вели, граѓаните го заслужуваат тоа. Мециновиќ додава дека заедно со неговиот тим и со сите луѓе кои се приклучија кон ...

На средбата со жителите од крушевското село Јакреново, претседателот на СДСМ, Венко Филипче ги повика граѓаните од Крушевскиот регион и во вториот круг од локалните избори да ја дадат поддршката на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Крушево, Томе Христоски. Според Филипче, Христоски е пример за тоа како треба да се работи во интерес на сите граѓани, зашто со својата посветеност, искрена и чесна работа и со својата визија за развој на ...

Кандидатот на НАИ за градоначалник на Тетово ветува крај на маките на тетовчани со водоснабдувањето, вели и покрај доволните количини на вода во тетовскиот базен од близу 10 милиони кубни метри во однос на потребите од 7 милиони сепак поради стариот систем и несоодветното менаџирање проблемот е рак-рана за жителите на оваа општина, а тој го има и решението и умешноста за менаџирање вели. Реџепи вели дека не ветува многу туку неколку ама ...

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми и управителот на Секторот за отпад Аки Саити беа изведени пред судија во Кривичниот суд Скопје како осомничени за загрозување на животната средина и природата со отпад. Обвинителството ги товари за кривично дело по член 230 од КЗ став 1, казниво од 3 месеци до 3 години затвор. „Осомничените постапиле спротивно на законот за управување со отпад и на својата основна дејност за редовно ...

Појавата на пластичен и друг амбалажен отпад во Вардар и другите водотеци е поради незадоволителното ниво на комунални услуги, особено во руралните средини, велат од Министерството за животна средина. На ова претходеа видеоснимки на социјалните мрежи, на кои се забележуваат илјадници пластични шишиња во реката. Од ресорното министерство нагласуваат дека во овие подрачја е евидентно присуство на диви депонии на јавни површини, за чија санација ...

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со проектиран економски раст од 3,8 проценти, инфлација од 2,5 и буџетски дефицит од 3,5 проценти од БДП. Министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска соопшти дека вкупните приходи се планирани на 374,7 милијарди денари, а расходите на 413,9 милијарди. За капитални инвестиции се предвидени 40,5 милијарди денари (околу 650 милиони евра). Според министерката, капиталните проекти ...

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска го најавија стартот на проектот за изградба на нова современа спортска сала во општина Аеродром, во вредност од над 1 милион евра. Изградбата на овој нов спортски објект ја реализираат Министерството за спорт и Владата на Република Македонија во соработка со ...

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека појавата на пластичен отпад во реката Вардар и во другите водотеци се должи на незадоволителното ниво на комунални услуги, особено во руралните средини. Од ресорното министерство посочуваат дека во овие подрачја се забележува присуство на диви депонии на јавни површини, за чија санација и контрола се надлежни единиците на локалната самоуправа и општинските инспектори. ...

СЕПА-единствената област за плаќање во евра како двигател на интеграцијата во Унијата – главна тема на Конференцијата за пазарна инфраструктура што се одржува во Охрид. Организатори се Народната банка на Македонија и Централната банка на Холандија. Ја продолжуваат долгогодишната традиција на заедничко разгледување на можностите и предизвиците во областа на платежните услуги. Гостин на Сузана Фиданска-Стоевска во овој дневник е гувернерот ...

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 22 илјади лица низ државата. Вакцинацијата се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ...

Јамајка се подготвува за ударот на „Мелиса“ — најсилната бура во светот годинава. Ураганот од петта категорија со ветрови над 280 км/ч носи обилни дождови и опасност од поплави и лизгање на земјиштето. Бурата веќе одзеде седум животи во северниот дел на Карибите. Надлежните повикуваат граѓаните веднаш да се засолнат поради животно загрозувачките услови. „Сместуваме приближно 260 луѓе, но имаме место за многу повеќе. За секој што мора да се ...

Израел нема да дозволи турски трупи да учествуваат во меѓународните мировни сили за надзор на договорот за прекин на огнот во Газа-изјави израелскиот министер за надворешни Саар, додека се подготвува втората фаза од примирјето. Во меѓувреме, Хамас предаде уште едно тело на заложник, а потрагата по останатите 12 продолжува. Египет со експерти и опрема помага во нивното извлекување. „Египетски технички тим сега е во Газа за да помогне во ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1017
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.13
78%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
0.51
79%
1017
weather icon

Софија

15ᴼ / 11ᴼ
0.0
50%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.31
79%
1015
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 10ᴼ
0.29
85%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
47%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
63%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 15ᴼ
0.89
75%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
0.89
78%
1016
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0083

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Алуминиум

3.53

Цинк

0.00

Родиум

319899.93

Злато

152465.86

Рутениум

51376.89

Сребро

2534.46

Паладиум

49351.40

Бакар

12.46

Калај

52.70

Кобалт

45.39

Платина

66744.95

Иридиум

253540.09