Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Непречено и без проблеми се одвива гласањето во казнено поправната установа Затвор Куманово. На вториот круг од локалните избори, овде право на глас имаат 79 осудени и притворени лица. За разлика од првиот круг, бројот на гласачи е намален, односно изнесуваше 116. Гласањето се одвива во неколку групи затвореници, коишто ги спроведува затворската полиција. Од избирачкото место информираат гласањето започнало навреме, се одвива без проблеми и ...
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД дека шират лажни приказни за да оправдаат можен напад и промена на режимот во јужноамериканската земја. Обвинувањата следат по извештаи дека Вашингтон подготвува напади врз воени објекти поврзани со наркокартел, кои според САД ги предводи Мадуро и неговите соработници. Трамп ги негира овие тврдења. САД претходно извршија серија напади врз бродови во Тихиот Океан за кои тврди дека ...
Пентагон соопшти дека може да ѝ обезбеди на Украина ракети „Томахавк“ без да ги загрози американските залихи, но конечната одлука останува на Трамп, кој претходно ги наведе залихите како причина за неиспраќање ракети со долг дострел за Киев. Додека се чека одлуката од Вашингтон, Русија продолжува со нападите низ Украина. Нови жртви и повредени во Полтава, Дњепропетровск и Чернихив. Делови од Суми и натаму без струја по руските удари врз ...
Во канцеларијата на Народниот правобранител во недела (2 ноември) на денот на одржувањето на вториот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцеларии на Народниот правобранител во: Битола, Кичево, ...
Најмалку 14 лица загинаа, 8 се водат за исчезнати по поплавите и одроните во Централен Виетнам, предизвикани од рекордните врнежи дожд. Во поплавите се оштетени илјадници домови, а над 26 илјади луѓе евакуирани. Водата полека почна да се повлекува од улиците, додека спасувачките тимови се пробиваат до изолираните региони. Во тек е масовна операција за чистење. Обновен е и железничкиот сообраќај, но надлежните апелираат на претпазливост поради ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул. „Бутелска“, лево по ул. „Александар Урдаревски“, ...
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени целзиусови. Во Скопје, претпладне во делови од котлината со слаба магла. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен ...
Денеска, ден пред гласањето за вториот круг од локалните избори, 2025 година, гласаат затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни и лица во старските домови. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823. Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела се гласа за градоначалници во 32 општини и во ...
Лидерите на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка на годишен самит во Јужна Кореја. Учесниците од 21 земја дебатираат за промовирање на економската соработка и заедничките предизвици. Регионот АПЕК се соочува со ранливоста на синџирот на снабдување, стареењето на населението и влијанието на вештачката интелигенција врз работните места. Состанокот следува еден ден откако претседателот Трамп и кинескиот претседател Шји се согласија ...
Судот му изрече условна казна затвор од две години на Реџеп Нуредини, кој во јуни вербално ја нападна градоначалничката на Град Скопје, Арсовска. Казната нема да се реализира доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, не даде изјава за медиумите, но рече дека не очекувала дека обвинетиот ќе признае вина и дека не се приклучува кон кривичен прогон а нема да бара ни отштета. ...
Во периодот од 27.10.2025-30.10.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.382 издадени платни налози, 443 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 12 лица сите за возење под ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 01/ 02.11.2025 (сабота и недела) поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул. „Бутелска“, лево по ул. ...
Судењето за случајот „Пулс“ ќе биде тест на нашата издржливост, професионалност и независност, истакна претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска во обраќањето на Годишното собрание на Здружението на судиите. Таа вели дека сега целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик, а бидејќи станува збор за процес кој ќе биде внимателно следен од јавноста, судска фела треба да остане доследна на принципите на правдата и владеењето на ...
Радари пред сите градинки и училишта во Општина Карпош, најави кандидатот за градоначалник Стевчо Јакимовски од „Искуство за успех“ кој бара нов мандат. Тој вели дека, Карпош мисли на сите деца и затоа ја побара поддршката од граѓаните. Тој најави и субвенции за граѓаните од Карпош за чиста и зелена општина. Веруваме, додава Јакимовски, дека заедно ќе продолжиме да го градиме Карпош како пример на локална самоуправа, што ги почитува ...
Жените сè уште се цел на родово насилство во воените конфликти и малку застапени во државното раководство. За постигнување мир во светот, мора конечно да им дадат поголема улога на жените дури и на највисоката функција, генерален секретар, оцени претседателката Сиљановска-Давкова. Македонија со акциски план ја спроведува резолуцијата 1325 од 2013-та. Лидер е Министерството за одбрана каде над 50 проценти од раководителите и 23 насто од ...
Водевме фер, чесна и многу конструктивна изборна кампања, која беше длабоко втемелена во програмата за следните четири години. Мојата програма не беше изборен памфлет, туку сериозен стратешки и политички документ составен врз база на остварливи ветувања и проекти за секој дел од Центар и за секоја категорија – вели кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ, Герасимовски. Тој најави целосна реконструкција на улицата „50 Дивизија“, со која ...
Да се обидеме надежта којашто ја создадовме во првиот круг да ја преточиме во одлука, само така можеме да ги промениме нештата и од Скопје да направиме поубаво место за живеење, порача кандидатот за градоначалник на метрополата од „Левица“, Амар Мециновиќ. Рече дека привилегија било што се наоѓа на гласачкото ливче, но, за негова визија да ја преточи во реалност-повика на излезност в недела. Мециновиќ со ветување, доколку ја добие довербата и ...
На полноќ почнува молкот. Последни јавни подготовки, пораки, убедувања за поддршка. В недела во вториот круг за градоначалници ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје, На три избирачки места во Општина Шуто Оризари ќе има прегласување за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани. Според информациите од Државната изборна комисија за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица. Во првиот круг од локалните ...
Отпадот претекува од контејнерите во делови од Скопје, полни раце работа го очекува новиот директор на Скопски комуналец. А Јовановски уверува сметот ќе се исчисти, вели тоа е приоритет на неговата агенда. Но гориво за возилата има само за викендот, новата набавка зависи од административните процедури за негов потпис што треба да го стави на документот. Јовановски се жали дека претпријатието е во незавидно лоша состојба, доправ треба да се ...
Еден ден откако руските сили извршија масовен ракетен и беспилотен напад врз украинската енергетска инфраструктура, Киев го возврати ударот. Трафостаници, рафинерии и термоцентрали во Русија на удар на укарински дронови. Светот мора соодветно да одговори на руското војување, изјави претседателот Зеленски. „Намалувањето на увозот на руската нафта е намалување на руските воени напори и не смее да има исклучоци за никого, вклучително и за ...
На 30.10.2025 околу 14:40 часот во Скопје, на територија на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(26) од Скопје. Пред куќа во Ѓорче Петров, Б.Б., кој бил со патничко возило „фиат“, фрлил фолија во која имало бела грутчеста материја, по што заминал со возилото, но бил сопрен од страна на полициските службеници и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ...
Последен ден од изборната кампања. Молк од полноќ. На втори ноември се гласа втор круг за градоначалници и советници во 32 општини и во град Скопје. Ќе се прегласува за членови на Советот на општина Шуто Оризари. Право на глас имаат милион 13 илјади 375 граѓани, пријавени да го остварат демократското право на глас се и 4.826 болни лица и изнемоштени лица. Изборите ќе ги следат околу 1.600 странски набљудувачи. На терен последни подготовки и ...
Илјадници студенти пристигнуваат во Нови Сад. Утре во градот се одржува голем комеморативен собир на една година од уривањето на настрешницата на железничката станица при што загинаа 16 лица. Падот на настрешницата изминатата година предизвика масовни антивладини протести, а студентите ги блокираа факултетите. Се бара одговорност од власта и предвремени парламентарни избори. Во средината на септември, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ...
Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823. Болните и изнемоштените, затворениците и лицата во ...
Њујорк прогласи вонредна состојба во државата поради недостиг на сојузни средства за програмата за помош во храна. Федералната влада и натаму е во блокада. Демократите и Републиканците не попуштаат за спорните предлози за финансирање на федералните служби, програмите за социјална и здравствена заштита, воздухопловството. „Демократите треба да го направат очигледното и правилното нешто, и да гласаат за непартиската мерка за финансирање“, ...
Во НУ Завод и музеј – Прилеп вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ во организација на Завод и музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата. Изложбата е резултат на десетгодишната соработка меѓу овие две институции во проучување на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија. На изложбата ќе бидат претставени најновите резултати од мултидисциплинарните истражувања меѓу повеќе ...
Хамас предаде тела на уште двајца заложници. Досега беа вратени 15 киднапирани, се трага по уште 13. Прекинот на огнот во Газа и натаму на тест. Изминатите два дена беа регистрирани напади со десетици жртви. Израелскиот премиер се закани дека доколку Хамас продолжи отворено да го крши прекинот на огнот, ќе возврат со голема сила. „Доколку Хамас продолжи да го крши прекинот на огнот, ќе доживее моќни напади, како оние завчера и вчера. Ние ...
Управниот одбор на НБА едногласно ја одобри продажбата на мнозинскиот удел во Лос Анџелес Лејкерс на милијардерот Марк Волтер, извршен директор на холдингот TWG Global. Од лигата соопштија дека трансакцијата ќе се финализира наскоро. Американските медиуми претходно објавија дека Волтер ќе го преземе клубот за околу 10 милијарди долари, што ја прави оваа зделка една од најголемите во историјата на спортот. Волтер поседува и удели во неколку ...
Екипата на Струга постигна победа од 2:1 на вчерашниот натпревар од 11. коло од Првата фудбалска лига. Шкупи беше „административно“ домаќин во Струга, а тоа го искористија стружани кои преку Басиру Компаоре поведоа во 24. минута. Шкупи изедначи на 1:1 во 56. минута стрелец од пенал беше Сухејљ Муарем откако претходно Диако доби црвен картон. Струга и со играч помалку стигна до ново водство од 2:1 со вториот гол на Компаоре, овојпат од белата ...
Во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“, вечер од 20 часот во Салон 19:19 во Културно-информативниот центар-Скопје концерт на соло гитара со авторска музика ќе одржи Георги Шарески - гитарист, композитор и аранжер. Како што соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организатор на фестивалот, Шарески се истакнува со својот препознатлив стил, спојувајќи балкански ритми со џез, фјужн и современа класична музика. Неговата ...