Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. „Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир. Само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите“, стои во објавата на Фејсбук. Претседателката Гордана ...

Во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија во земјава е обезбедена од увоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесувала 2.541.849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат нафтените продукти со 44.7 % и цврстите горива со 24.9 %. Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесувало 842.142 toe, што претставува ...

Во ноември 2025 година, Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува својата мисија како чувар на филмската меморија и храм на седмата уметност. Програмата овојпат е осмислена како богат и инспиративен мозаик што ги поврзува различните генерации на филмски автори, традиции и културни контексти – од македонските класици кои ја обликуваа националната кинематографија, преку светските филмски легенди, до современите експериментални визии кои го ...

Македонската уметница Јана Манева-Чупоска ќе се претстави со изложбата „Љубовници во пандемија 2“ во Македонската амбасада во Прага, Република Чешка. Изложбата се состои од четириесеттина цртежи која авторката ги работи во повеќе циклуси подолг период. Инспирирана од човекот таа го продолжува овој циклус кој тежнее кон идејата дека денес се занемаруваат човечките вредности на глобално ниво. Изложбата е финансирана од Министерство за култура ...

Во украинскиот град Покровск се водат жестоки улични борби откако руските сили влегоа во градот кој е стратешки важен поради својата позиција и клучен во последниот одбранбен лак на украинскиот дел од Доњецк. Падот на градот би ја доближил Русија до целосна окупација на регионот. Зеленски изјави дека Русија го сака градот за да изнуди мировен договор со територијални отстапки. „Најтешката област сега е во правец на Покровск со најинтензивна ...

Американскиот претседател Трамп и кинескиот лидер Ши одржаа клучни трговски разговори во Јужна Кореја. Средбата заврши без објава на договор, но со позитивни сигнали-Трамп ја оцени како „неверојатна“, а Ши го поздрави „охрабрувачкиот напредок“ постигнат минатата недела од делегациите на Вашингтон и Пекинг. „Мислам дека веќе се согласивме за многу работи, а ќе се согласиме и за уште. Претседателот Ши е одличен лидер на голема земја и мислам ...

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1.013.357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на локалните избори 2025. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во Градот Скопје право на глас имаат 474.394 гласачи кои треба да се изјаснат за ...

Трката по глас повеќе продолжува. Кандидатите за градоначалници кои влегоа во вториот круг на терен со граѓаните, се убедуваат за поголема излезност. Во вториот круг доминира заострената реториката. Во кампањите наместо конкретни проекти, има повеќе меѓусебно напаѓање на политичките противкандидати. До молкот за локалните избори, останаа уште два дена. Почнува утре на полноќ. Вториот круг на локални избори ќе се одржи в недела. По вторпат за ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Примирјето во Газа е обновено, објавија израелските власти. Прекинот на огнот помина уште еден тест откако десетици Палестинци загинаа во серијата воздушни напади кои беа одговор на нападот од Хамас врз израелски војници на југот од енклавата. „Тие убија еден израелски војник и Израелците возвратија, и треба да возвратат. Кога тоа ќе се случи, треба да возвратат. Имаат право да го сторат тоа, ништо нема да го загрози договорот за прекин на ...

Денеска во 00:30 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Е.Н.(48) од с.Голема Речица, тетовско. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „мицубиши“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,95 промили алкохол во крвта. Тој е ...

Последните лажни дојави за поставени бомби во училишта во Куманово и Скопје се дел од хибридната војна, на која земјава е изложена во последната година и пол. „Целта е да се заплашат граѓаните, да се наруши образовниот процес и да се направи економска штета“, објаснува експертот за безбедност, Љубомир Ѓурчевски. Според него, надлежните треба да откријат дали дојавите имаат криминална или политичка позадина, дали доаѓаат од ученици кои сакаат ...

Скопски комуналец остана без директор, градоначалничката Арсовска бара Управниот одбор да назначи вршител на должност. Таа прстот за хаосот го впери кон премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, од чиишто редови била претседателката на Управниот одбор. „Мицковски да го повика Управниот одбор на „Комунална хигиена“, согласно Законот за јавни претпријатија да донесе одлука за разрешување на директорот и да именува вршител на должност на претпријатието“, ...

Во Кичево, Александар Јовановски кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со директна порака до граѓаните, да не се двоумат и да го дадат гласот за него бидејќи е чесен човек кој ќе работи во интерес на своите сограѓани и ќе се жртвува за нив. „Целата кампања ни се засноваше на позитивна енергија, сите оние коишто не веруваат, сите оние кои сè уште се двоумат, сите оние кои мислат дека не е можно да оствариме победа, нека размислат уште ...

Арсим Далипи, кандидатот на Алијансата за интеграција за градоначалник на општина Струга потпиша договор за соработка со граѓанската иницијатива „Струга дејствува“, која во првиот круг настапи со независниот кандидат Бесник Хасани. Во четирите столба кои ги содржи ќе биде, уверува тој, основата за секоја одлука доколку биде избран за градоначалник. „Под еден, чиста и еколошка Струга. Отворена борба против загадувањето и нелегалните депонии. ...

Големата поддршка што ја добивме на 19-ти октомври докажа дека Тетово е на вистинскиот пат. Граѓаните го ценат она што е направено и сакаат развојот да продолжи со уште посилно темпо, изјави кандидатот за градоначалник од редовите на „Вреди“, Биљал Касами, во рамки на кампањата за вториот круг од локалните избори. Тој планира реконструкција и изградба на нови улици, но и на градинки и базени за чист и модерен град. „Денес сме на улицата ...

Петвековниот живот на старата скопска чаршија и на еснафите мора да продолжи, вели Мирослав Лабудовиќ, кандидат за градоначалник на општина Центар од ЗНАМ. Сите зелени површини ќе бидат задржани, ќе се изгради и детска градинка наменета за жителите кои живеат на булеварот „Октомвриска револуција“, најави Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Куманово од ЗНАМ. Димитриевски најави нови градежни зони на кои инвеститори ќе можат да ...

Ова е генерациска борба на непривилегираните, вториот круг отвора нова политичка реалност во Македонија, изјави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ. Според него ниската излезност на гласачите во првиот круг од локалните избори произлегувала од недовербата во политички промени. Очекува многу граѓани да се охрабрат и да излезат во вториот круг. Мециновиќ посочи дека скопјани заслужуваат град каде што нивниот ...

Буџетот за 2026-та е поставен на стабилни и реални услови. Државата испраќа порака за фискална стабилност, а инвеститорите, стопанството и граѓаните ќе имаат поголема предвидливост, смета професорот Синиша Наумовски. Според него, предизвик ќе бидат капиталните инвестиции кои со години наназад имаат ниско ниво на реализација. Раст на продуктивноста на трудот, зголемување на капацитетите на јавната администрација и креирање амбиент каде ...

Еколошката катастрофа во Вардар е резултат на дивите депонии и несовесни граѓани – велат од Инспекторатот за животна средина, откако илјадници пластични шишиња се слеаја во речното корито во тетовско. Инспекторите од Јегуновце ја известиле полицијата. Поднесена е кривична против непознат сторител. „Овој комунален отпад е фрлен во соседни општини каде поминува Вардар. Сега Вардар е надојден и комуналниот смет Вардар го носи со подигање на ...

Дваесет и осумгодишна жена од кумановско пријавила дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје, за износ од 2.000 евра, соопшти МВР. Според пријавата, кон крајот на февруари 2025 година, жената отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што вработениот побарал парите да му ги даде на рака, ветувајќи дека сметката за уплатата ќе ѝ биде издадена дополнително. По неколку неуспешни обиди да го контактира, ...

Дигитализацијата на архивата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија беше една од темите за кои стана збор при средбата на директорот на Фондот, Никола Мемов со Мисијата на Светска банка предводена од Зоран Анушиќ и Мануела Софија Станкулеску, а што е дел од СИАП проектот и пензиската политика. Беше речено дека во наредниот период ќе се интензивираат активностите за да може дигитализацијата на архивата да се ...

Примирјето во Газа повторно на тест. Десетици Палестинци загинаа во серијата израелски воздушни напади откако Тел Авив нареди одговор на, како што рече, кршењето на прекинот на огнот од страна на Хамас по нападот врз израелски војници на југот од енклавата. „Какво примирје е ова?“, изјави Амна Кринави, раселена Палестинка. Американскиот претседател Трамп изјави дека примирјето не е во опасност, но треба да се почитува. „Тие убија еден ...

Министерството за спорт продолжува со реализација на својата визија за развој на спортската инфраструктура низ целата држава. Куманово доби современ, целосно реконструиран спортски центар, изграден во рекордно време. Овој современ спортски комплекс опфаќа фудбалски терен, кошаркарско и одбојкарско игралиште со полипропиленска подлога, како и фитнес зона опремена со современи реквизити. Со тоа, Куманово добива нов простор кој овозможува услови ...

Ураганот „Мелиса“ од петта категорија ја погоди Јамајка со ветрови од речиси 300 километри на час, оставајќи илјадници домови без струја, поплавени улици и свлечишта. Владата прогласи зона на катастрофа. Има и жртви, предизвикана е огромна материјална штета. Ураганот продолжи кон Куба, но почна да слабее. „Ова е ураган со голема јачина. Знаеме дека ќе има многу штета предизвикана од него поради неговите карактеристики, но имаме целосен ...

Лажни се сите дојави за бомби кои вчера во попладневни часови ги добиле училишта во Куманово и во Скопје. Учениците и вработените биле евакуирани, а екипите за антитероризам излегоа на терен. Во Куманово анонимна порака за поставени експлозивни направи пристигнала до сите основни училишта во централното подрачје и во руралните средини. Учениците и вработените по алармот за тревога, додека траел петтиот час, веднаш безбедно биле евакуирани. ...

Постудено утро со услови за утринска магла по одделни котлини, најавува за утре УХМР. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Под влијание на висок воздушен притисок, во следните денови следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, што се одржува во Скопје. Во своето обраќање, министерот ја истакна потребата од заедничко делување и координирани напори во процесот на дигитална и енергетска трансформација. Андоновски порача дека ...

Во киното „Фросина“ во МКЦ, вечерва во 19 часот ќе биде отворено 11. издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“, кој оваа година ја поставува Холандија во фокус. Отворањето ќе биде со култниот филм „Контрола“ на Антон Корбајн – легендарен холандски режисер и фотограф, познат по своите впечатливи портрети на светски музички ѕвезди и по своите влијателни музички видеа. Корбајн е лауреат на овогодинешното издание, ...

Преполна сала, стоечки овации и долги аплаузи – така Виена синоќа ја поздрави Македонската филхармонија по нејзиниот настап во прочуената „Златна сала“ на концертната куќа „Музикферајн“, една од најпрестижните музички сцени во светот. Во срцето на градот каде што се роди класичната музика, оркестарот на Македонската филхармонија приреди незаборавна вечер исполнета со страст, емоции и музичко совршенство. Настапот, заедно со Ана и Игор ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1017
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.13
78%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
0.51
79%
1017
weather icon

Софија

15ᴼ / 11ᴼ
0.0
50%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.31
79%
1015
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 10ᴼ
0.29
85%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
47%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
63%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 15ᴼ
0.89
75%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
0.89
78%
1016
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0083

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Сребро

2534.46

Платина

66744.95

Бакар

12.46

Алуминиум

3.53

Кобалт

45.39

Паладиум

49351.40

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Калај

52.70

Родиум

319899.93

Злато

152465.86