Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Девет лица од криминалната група „Беланоца-барон“ на обвинителна клупа. Се товарат за злосторничко здружување, осум убиства, изнуда, закани, палење објекти и автомобили, трговија со дрога, во период од 2020-та до 2024 година. Нарачаните убиства чинеле од 10 до 250 илјади евра. Според обвинението, членовите на групата го извршиле двојното убиство во „Шиша бар“ и Ханиоти, на припадници на контра групата „Дуќанџик“ од Грчец. На обвинетите им се ...
Министерството за правда го објави огласот за тројца кандидати за судија во судот во Стразбур. Овој пат рокот за пријавување ќе биде 30, наместо 15 дена. Членовите на новата комисија треба да работат експресно, за да се стигне јануарската сесија на Советот на Европа, кога треба да се избере нашиот судија. Новина во изборот е што за познавање на двата официјални јазика во Советот, ќе се бара меѓународен сертификат, а за утврдување висок ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Брвеница, при што ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата „Коста Рацин“ во село Брвеница. Проектот е финансиран од Владата, во вредност од 9.211.939 денари. Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата од потегот Алумина до Домот во село Милетино, каде што е предвидено да даде изјава за медиуми, информираат од владината прес-служба. Проектот опфаќа ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m2), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на ...
Забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември – соопштува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Граѓаните треба да бидат особено внимателни бидејќи, поради високите температури ризикот од појава на пожари на отворен простор сè уште е голем, велат од министерството. За непочитување на ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Во неговиот дом во Идризово, осомничениот 57-годишник неовластено држел муниција и експлозивна материја која на ...
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор на работата на тајните служби и директен увид во нивната работа. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Пренџов, посочи дека наводите за незаконско следење на комуникациите предизвикале вознемиреност во јавноста и ја поткопувале демократијата и довербата во институциите. Од друга страна, пак, претседателот на собраниската Комисија, Реџепи, потврди дека тој не може да ја свика седницата бидејќи немал ...
Раде Трајковски Штекли има психотични епизоди со шизофрени елементи, тврди сведокот на одбраната, вештото лице Ѓорѓија Хаџи Ангелковски. На денешното рочиште од судењето за организирана продажба на дрога, Ангелковски сведочеше дека Трајковски верува во замислени работи, како на пример, во постоењето на фиктивен учител, кој му кажува што да прави. Обвинетиот е студен, емотивно неангажиран, параноиден и раздразлив, сведочеше Ангелковски. Додаде ...
Треба да има казни за ненавремено распишување на тендери и доставување терапија, не можеме да прифатиме дека поради технички и административни причини терапијата не стигнува на време, велат пациентите со канцер. Освен на тендерите на коишто не се јавуваат понудувачи, преостанатата терапија ја има. Но останува горливиот проблем со многу пациенти и малку лекари. А за жал бројот на пациенти со канцер расте. Здравствените работници и пациентите ...
Претставници на Венецијанската комисија се во Скопје по покана на Владата за подготовка на мислење за Законот за правична и соодветна застапеност. Делегацијата денеска одржа средба со владиниот тим, информираше вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи. Нацрт-законот го доставивме до Комисијата за да се усогласи со Уставот и европските стандарди, без простор за идни толкувања и спорови, изјави Фетаи. Тој објасни дека Владата поставила ...
„No Borders Orchestra“- ансамбл во кој свират најдобрите професионални музичари од поранешна Југославија, во петок, 5 септември, ќе има свој концерт во Камерната сала на Македонската филхармонија. На програмата ќе бидат некои од најубавите дела некогаш напишани за гудачки оркестар како: Adagietto од Малер, Verklärte Nacht од Шенберг и Metamorphosis од Штраус. Според уметничкиот директор Премил Петровиќ, овие дела претставуваат експлозија на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со раководството на министерството и полицијата учествуваше на семинар за професионалност и оперативна независност во рамки на проектот „Промоција на интегритет и добро управување во земјите на Западен Балкан“ под покровителство на Центарот за интегритет во одбранбениот сектор на Кралството Норвешка (CIDS). Главна цел е унапредување во менаџирањето на полицијата и безбедноста на граѓаните ...
Вчера во 20:10 часот и на 03.09.2025 во 00:10 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Ш.А.(46) и Џ.К.(39), двајцата од Република Турција, информираат од МВР. При гранична проверка и контрола на товарно возило „Даф“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал Ш.А., било констатирано дека меѓународните зелени карти, кои ги дал на увид, биле фалсификувани. Исто така, ...
Активирани полски и сојузнички авиони за да го обезбедат полскиот воздушен простор, откако Русија изврши нов бран напади на западот на Украина. Москва последниве недели ги засили ударите врз украинските градови, иако тврди дека е подготвена за мировни преговори. Зеленски обелодени дека непријателот ги јакне силите на фронтот и најави одговор. „Секако дека ќе одговориме на ова, Русија дефинитивно ќе ги почувствува последиците од својата ...
Во Кривичен суд продолжува и судењето за Раде Трајковски – Штекли. Случајот е поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром. На денешното рочиште треба да се соочат психијатриските вештачења доставени од одбраната и обвинителството за обвинетиот Раде Трајковски. Обвинението опфаќа 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле применети посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе ...
Вчера во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода О.С.(46) од Сојузна Република Германија, информираат од МВР. При гранични проверки и контрола во возилото кое го управувал биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во ...
По една седмица непојавување во јавноста, американскиот претседател стави крај на шпекулациите за неговото здравје и на вонредно обраќање обелодени дека штабот на Вселенската команда на САД од Колорадо ќе биде преместен во Алабама, а базата ќе игра клучна улога во изградбата на Златната купола. Исто така, шефот на Белата куќа рече дека има обврска да ја заштити земјата и затоа ќе испрати федерална интервенција во Чикаго и Балтимор, откако тоа ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до петок престојува во работна посета на Женева, Швајцарија. Во рамки на посетата, министерот ќе се обрати на Самитот на млади лидери, во организација на Светскиот економски форум, што се одржува во Женева. Покрај обраќањето, министерот ќе го отвори Почесниот конзулат на Република Северна Македонија во Женева, а во пресрет на одбележувањето на Денот на ...
Една од најголемите поп-рок групи на овие простори, Бајага и Инструктори, откако минатата година одбележа величествени 40 години кариера, со неспоредлива енергија и жар продолжува со својата турнеја која ја носи на Get EXITed журката на 7-ми септември. Големиот градски парк во Струмица ќе ги собере љубителите на квалитетниот гитарски звук, кои едногласно ќе ги пеат едни од најголемите рокенрол химни што овој култен музички состав ги создаде ...
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува четвртиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ со романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска како книга на месецот, а разговорот со авторката ќе се одржи денеска во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“. Кампањата започна во септември 2022 година и досега беа претставени вкупно 24 современи македонски автори и исто толку дела. Проектот, низ трите ...
Израел е во одлучувачка фаза во војната со Хамас, истакна премиерот Нетанјаху во обраќање до војниците и резервистите кои се регрутираат во Армијата. Земјата мобилизираше десетици илјади резервисти во екот на проширената офанзива во Газа. „Работиме на поразување на Хамас, но по патот направивме чуда заедно бидејќи ја скршивме иранската оска во Газа, во Либан со Хезболах и со режимот на Асад кој беше урнат … Исто така и со самиот Иран кој ни ...
На територија на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет пожари се под контрола, а 13 се изгаснати. Нема активни пожари. Под контрола се пожарите во Долнени кај селата Долгаец и Стровија, во Општина Гази Баба кај депонијата Вардариште, во Општина Гевгелија на планината Кожуф, во Македонски Брод кај повеќенаменското подрачје „Јасен“ и во Општина Липково кај ...
Во Охрид, денес ќе биде доделена наградата „Инженерски прстен 2025“ на 14 перспективни инженери од различни специјалности. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе ја врачи наградата, а церемонијата ќе се случи на отворениот простор пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид. Наградата се доделува на најистакнатите студенти кои завршиле студии на факултетите кои поддржуваат инженерски области на четирите државни ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ноќеска го победи Американецот Тејлор Фриц во четвртфиналето на турнирот на Отвореното првенство на САД со 6:3, 7:5, 3:6 и 6:4. Мечот траеше 3 часа и 27 минути. Триесет и осумгодишниот Србин сервираше 10 аса, направи осум двојни грешки и реализираше четири од девет брејк топки. Следниот противник на Ѓоковиќ ќе биде Шпанецот Карлос Алкараз кој вчеравечер го победи Јиржи Лехечка од Чешка со максимални 3:0. ...
Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Предлог-законот за средно полициско училиште по скратена постапка е единствена точка на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност. На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна ...
Најдобриот кошаркар на Словенија Лука Дончиќ ја предводеше својата репрезентација до нова победа на Европското првенство. Тој во дуелот со Исланд постигна 26 поени во триумфот на Словенија со 87:79. Ова за словенечката репрезентација беше втора победа, која им овозможи пласман во осминафиналето. Во првиот дуел од 4. коло од Д групата Израел ја победи Белгија со 92:89. Во групата Ц во Лимасол, ко-домаќинот Кипар претрпе уште еден убедлив ...
По 37 години на чело на американскиот „Вог“, легендарната Ана Винтур ја предаде уредничката палка на 39-годишната Клое Мал, ќерка на актерката Кендис Берген и режисерот Луис Мал. Мал, која е дел од „Вог“ од 2011 година, во последните две години го водеше Vogue.com, каде што ја удвои читаноста и го зголеми влијанието на дигиталните платформи. Таа е и ко-водителка на модниот подкаст The Run-Through. Со назначувањето, Винтур не заминува целосно ...
Кина првпат по 10 години со голема воена парада ја одбележува 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна. Претседателот Шји Џинпинг придружуван од повеќе од 20 светски лидери, меѓу кои и рускиот претседател Путин, севернокорејскиот Ким Џонг Ун, словачкиот премиер Фицо, српскиот претседател Вучиќ го проследи дефилето на најмоќното ново оружје. Војската на Кина претстави нова опрема од ласери за воздушна одбрана за ...
Од денеска па во наредните две седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под изменет режим, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на ...
Пратениците денес се очекува да ја продолжат својата работа на 67-та собраниска седница, на чиј распоред на дискусија остануваат уште четири законски предлози кои не се разгледани. Членовите на законодавниот дом ќе треба да гласаат за Предлог-измените на Законот за исплата на плати, Законот за решавање банки и Законот за финансиски инструменти. Исто така, на агендата на седницата е и Предлог-законот за средно полициско училиште, се вели во ...