19-годишен маж е убиен синоќа во Дрниш, а хрватската полиција интензивно трага по 50-годишен осомничен кој избегал по пукањето. Според информациите од Полициска управа Шибеник-Книн, злосторството се случило околу 23:05 часот на тераса од семејна куќа во градот. Досегашните информации укажуваат дека 50-годишниот К.А. употребил огнено оружје и пукал во 19-годишниот хрватски државјанин, кој починал на самото место од здобиените повреди. Според ...

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со сончеви периоди во текот на денот. Во крајните западни и источни делови од земјата ќе има услови за повремен локален дожд, додека на повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, кој наместа ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 3 до 13 степени, додека максималните дневни температури ќе ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во наредните два дена ќе престојува во официјална посета на Вилнус, Литванија. Посетата е реализирана на иницијатива на Амбасадата на Литванија во Македонија, а агендата предвидува повеќе средби на високо ниво со институции задолжени за дигитализација, иновации и сајбер-безбедност. Во рамки на посетата, Андоновски ќе се сретне со Едвинас Грикшас, министер за економија и иновации на ...

Во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“, утре во Скопје ќе се одржи 14-тото издание на традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Прв до врв“. Настанот ќе опфати велосипедска трка и планинарска тура кон Водно и Милениумскиот крст, а поради одржувањето ќе биде воведен и посебен режим на сообраќај во делови од главниот град. Велосипедската трка ќе започне во 09:45 часот пред Музејот на град Скопје, а ...

Нови истражувања сугерираат дека црниот чај може да има важна улога во одржувањето на здравјето на срцето, благодарение на природните соединенија што ги содржи. Во време кога сè повеќе луѓе се загрижени за кардиоваскуларното здравје, експертите посочуваат дека едноставна дневна навика како пиењето чај може да донесе значителни придобивки. Истражување спроведено на 1.000 возрасни лица, анализирано од Советодавниот панел за чај, покажало дека ...

Висок функционер на Хамас изјави за Reuters дека шефот на военото крило на организацијата, Из ал-Дин ал-Хадад, е убиен, само еден ден откако Израел соопшти дека извршил воздушни напади насочени кон него. Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Ејал Замир, официјално ја потврди смртта на Ел-Хадад и нареди Јужната команда да остане во состојба на висока готовност поради можноста за одмазднички напади од страна на ...

Скопје и натаму се соочува со проблеми во собирањето на отпадот, но градските власти уверуваат дека наскоро ќе пристигне нова механизација и дополнителни контејнери со цел подобрување на хигиената во главниот град. Градоначалникот на Скопје изјави дека не се согласува со оценките дека контејнерите се преполни во сите делови од градот, иако призна дека постојат одредени пропусти во функционирањето на системот. Според него, дел од проблемите се ...

Ново тешко насилство врз жена ја потресе јавноста, откако 45-годишен маж од Кисела Вода физички ја нападнал својата поранешна партнерка и ѝ нанел тешки повреди. Според информациите, тој ја извадил од домот во кој живеела, ја влечел по улица до својот дом, каде потоа ја внел внатре и ја нападнал со шлаканици, клоци и удари со мобилен телефон. Жената се здобила со повреди на главата и телото, како и со рани и хематоми. Основното јавно ...

Полицијата информира дека вчера на кејот на реката Вардар во Скопје се случила сообраќајна незгода во која се судриле два електрични тротинети – едниот управуван од 62-годишна жена, а другиот од 12-годишно дете. Во незгодата, жената се здобила со тешки телесни повреди, додека детето било повредено и пренесено во Градската болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди. Од Министерството за внатрешни работи најавуваат ...

Роберт Левандовски официјално потврди дека ја напушта Барселона по завршувањето на сезоната. Полскиот напаѓач преку емотивно видео на социјалните мрежи соопшти дека неговата етапа во каталонскиот гигант завршува по четири години исполнети со успеси, трофеи и незаборавни моменти. Навивачите на Барселона утре на „Спотифај Камп Ноу“ ќе имаат можност последен пат да го поздрават еден од најдобрите голгетери во модерниот фудбал. Договорот на ...

Фудбалска федерација на Македонија остро реагираше на однесувањето на ФК Вардар за време на прославата на шампионската титула, оценувајќи дека дел од содржините биле навредливи и недолични. Од ФФМ соопштија дека федерацијата секогаш апелирала победите да се слават достоинствено, а поразите да се прифаќаат со спортски дух и почит. Во реакцијата се наведува дека е неприфатливо на спортски прослави да се користат вулгарни и навредливи пораки, ...

Новo истражување покажува дека и недоволниот и прекумерниот сон може негативно да влијаат врз организмот и да го забрзаат биолошкото стареење на телото. Меѓународен тим научници анализирал податоци од речиси половина милион луѓе вклучени во базата UK Biobank и открил јасна поврзаност меѓу времетраењето на спиењето и здравјето на повеќе органи и системи во телото. Според резултатите, лицата кои редовно спијат помалку од шест часа или повеќе од ...

Чаби Алонсо е многу блиску до преземање на тренерската клупа на Челси, откако според англиските медиуми двете страни веќе постигнале договор и остануваат само финалните детали пред официјалната потврда. Се очекува соработката да биде формализирана веднаш по финалето на ФА Купот, во кое Челси денеска ќе се соочи со Манчестер Сити. Шпанскиот стратег наводно веќе патува кон Лондон, каде во наредните денови треба да ги заврши последните ...

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс се пласираа во финалето на Западната конференција, откако со убедлива победа над Минесота ја добија серијата со 4-2. Тимот од Тексас славеше во шестиот натпревар со високи 139:109, а победникот практично беше решен уште во третата четвртина кога Спарс стигнаа до огромна предност од 36 поени. Сан Антонио одигра еден од своите најдобри натпревари сезонава, а блескаше Стефон Касл со 32 поени и 11 скока. Одлична ...

На началникот на Полициската управа во Белград, Веселин Милиќ, одреден му е 30-дневен притвор, објавија утрово српските медиуми. Тој се сомничи за непријавување кривично дело, прикривање на сторител и помагање по извршено убиство. Според истрагата, на 12 мај Милиќ организирал средба во ресторан во белградската населба Сењак меѓу двајца криминалци со цел да ги смири нивните нарушени односи. Но, состанокот ескалирал кога едниот од нив, Саша ...

Денеска во Виница ќе се одржи 43-от „Марш на ангелите“, посветен на 63-те згаснати животи и трагедијата што остави длабока болка кај многу семејства. Организаторите најавија дека маршот ќе започне во 17:05 часот, симболично потсетувајќи на прекинатите животи, неостварените соништа и празнината што останала зад жртвите. Во објавата на Здружението „16-ти Март“ се наведува дека маршот е повик за правда и одговорност, но и потсетник дека ваква ...

Уште еден трагичен случај на семејно насилство ја потресе Македонија. 31-годишна жена е убиена во Битола од сопругот. Страшно! Колку навистина жените се заштитени од насилство во сопствениот дом? Само лани имало илјадници пријави за семејно насилство, а годинава во просек секој ден има по 5-6 случаи што стигнуваат до полиција, а може само да се нагаѓа колку други жртви трпат насилство и од страв не пријавуваат. Полседниот битолски трагичен ...

Руските сили синоќа ја нападнале Украина со вкупно 294 дрона, од кои украинската противвоздушна одбрана соборила или неутрализирала 269. Нападот продолжил и во утринските часови, при што дел од дроновите сè уште биле во украинскиот воздушен простор. Украинските сили уништиле дронови „Шахед“, „Гербера“ и „Италмас“, како и мамци „Пародија“, дејствувајќи на северот, југот и во централните и источните делови на земјата. Забележани се удари од 20 ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ државата. Според прогнозите, локално се очекуваат и поинтензивни временски процеси во форма на невреме. На одредени подрачја се најавува пообилен пороен дожд над 20 литри на метар квадратен, засилен до силен ветер со брзина над 70 километри на час, како и услови за појава на град. Минималните температури ќе се движат од 6 до 13 ...

Маснотијата, бигорот и непријатните мириси во мијалникот можат лесно да се отстранат со едноставни природни состојки што веќе ги имате дома. Без потреба од скапи хемикалии, можно е да се постигне чист и свеж изглед на кујнскиот одвод и површините. Едно од најпрактичните решенија за валкан и мрсен мијалник е комбинацијата од сода бикарбона, оцет и топла вода. Овие состојки помагаат во разградување на маснотиите, отстранување на непријатните ...

Нов случај на врсничко насилство ја вознемири јавноста, откако родител пријавил дека неговото малолетно дете било физички нападнато од соученици за време на час по физичко образование, а еден од учениците го снимал нападот со мобилен телефон. Случајот бил пријавен во ОВР Прилеп на 14 мај во 14:30 часот, а според полициските информации, настанот се случил пред околу две недели. Во досега објавените информации не се соопштуваат детали за ...

Постојат периоди кога блискоста во врската почнува да слабее, а причините често не се поврзани со недостаток на љубов, туку со секојдневниот стрес, заморот и емоционалната оддалеченост меѓу партнерите. Многу жени во одреден период од врската или бракот чувствуваат намалена желба за интимност, а експертите посочуваат дека тоа најчесто е последица на психичка и физичка исцрпеност. Работните обврски, грижата за домот, децата и секојдневните ...

Пожар избувнал синоќа во угостителски објект на улицата „Втора македонска бригада“ во Скопје, информира МВР. Според полициските информации, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 22:15 часот. Огнот зафатил дел од кровната конструкција на објектот, по што на терен интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која успеала брзо да го локализира и изгасне пожарот. За среќа, во инцидентот нема повредени лица, а засега не се ...

Полицијата поднесе кривична пријава против 44-годишен маж од гостиварско поради сомнение дека следел и вознемирувал малолетничка преку мобилна апликација. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, против лицето Г.А. е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. Како што информираат од МВР, пријавениот во периодот од 13 до 24 март 2026 година преку апликација на мобилен телефон ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се обидува уште подлабоко да ја вовлече Белорусија во војната против Украина и дека разгледува можни нови воени операции од белоруска територија. Во објава на „Телеграм“, Зеленски наведе дека украинските служби внимателно ги следат контактите меѓу Москва и Минск и предупреди дека постојат индикации за потенцијални нови закани. Според него, Русија врши дополнителен притисок врз ...

Македонија влегува во нова фаза на регионално енергетско поврзување. Државната компанија НОМАГАС со тендерот за избор на проектант и на изведувач на интерконективниот гасовод кон Србија поставува основа за реализација на интерконекторот, кој е една од клучните алатки за поголема сигурност, диверзификација и стабилност на снабдувањето со природен гас на државата. Значењето на интерконекторите е особено големо затоа што се надминуваат ...

Втората вечер од јубилејното 15-то издание на Виноскоп ја разигра Школка со музика, вкусови , безбројни наздравувања и одлично расположение под отворено небо.Публиката уживаше во винската понуда, гастрономските содржини и програмата со DJ Марио, Виа Скопје и Куку Леле, кои ја внесоа вечерта во вистински фестивалски тек и создадоа одлична сцена за дружење. Виноскоп од ден во ден ја засилува својата фестивалска приказна, носејќи нови вкусови, ...

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на промоцијата на нова современа медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп, заедно со директорот на установата, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски, пратеници од регионот, како и началници и лекари од болницата. Станува збор за два нови високо-софистицирани медицински апарати: дигитален тавански рентген систем со безжичен пренослив ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на заедничката министерска средба со министрите за енергетика на Република Грција, Република Србија и Република Бугарија, Ставрос Папаставру, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и заменик-министерот Кирил Темелков, којашто се одржа во Атина, Грција. Станува збор за средба која е единствена во ваков формат, а која е фокусирана на регионалното енергетско ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 15.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.881,02 поени, со дневен раст од 0,34%, односно 33,19 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 12.134.248 денари. Ликвидноста ја водеа Комерцијална банка Скопје, Македонски Телеком ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
0.22
34%
1020
weather icon

Белград

28ᴼ / 24ᴼ
0.45
62%
1021
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
0.65
57%
1021
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.64
51%
1021
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.53
50%
1021
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.14
76%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
8.94
36%
1015
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
0.71
36%
1018
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.04
39%
1020
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
6.26
53%
1021
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1021
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.05
100%
1018
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Калај

50.34

Бакар

12.34

Паладиум

38420.14

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89

Злато

131629.35

Платина

52341.42

Сребро

1907.42

Иридиум

233896.68

Родиум

249168.29

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.17