Левица денеска преку соопштение обвини дека државата не обезбедува доволна грижа за детскиот стандард, и покрај, како што велат, честите повици од власта за зголемување на наталитетот и поддршка на многудетните семејства. Од партијата посочуваат дека според достапните податоци секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија, а најпогодени се повеќедетните семејства, децата на самохрани родители и децата во социјален ризик. Во соопштението ...

Утрово дошло до сериозен инцидент на граничниот премин Градишка, откако бил оштетен мостот меѓу Стара Градишка во Хрватска и Босанска Градишка во БиХ. Според информациите од Хрватскиот авто-клуб, сообраќајот преку мостот е целосно прекинат до понатамошно известување поради оштетување на конструкцијата. Се урнал дел од оградата на стариот граничен премин, поради што е оневозможено движење и на возила и на пешаци. Засега не се познати причините ...

Рускиот претседател Владимир Путин донеска ја започнува дводневна посета на Кина, каде што со кинескиот лидер Си Џинпинг ќе разговара за продлабочување на стратешкото партнерство и за актуелните светски кризи. Во руската делегација се министри, високи функционери и директори на големи компании како „Гаспром“ и „Роснефт“. Посетата доаѓа само неколку дена по престојот на американскиот претседател Доналд Трамп во Кина, но Кремљ тврди дека таа ...

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго зема замав. Досега починале најмалку 118 лица, а има повеќе од 390 сомнителни случаи на зараза, додека вирусот почнал да се шири и во нови подрачја. Светската здравствена организација прогласи меѓународна здравствена криза, а потврдени случаи веќе има и во соседна Уганда, каде што е регистриран и еден смртен случај. Меѓу заразените е и американски лекар кој работел во Конго, додека уште ...

Американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалната мрежа Трут сошал, објави дека одлучил да го одложи воениот напад врз Иран, закажан за денеска, по повиците од лидерите на Блискиот Исток, истовремено нагласувајќи дека им наредил на вооружените сили на САД да бидат подготвени веднаш да започнат со операции. Трамп одлучи да го одложи нападот врз Иран откако разговараше со Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. ...

„По падот на Виктор Орбан, во Унгарија започна процес на нормализација – Унгарија и Украина сега разговараат за правата на унгарското малцинство. Со години Орбан намерно го блокираше овој процес за да ја чува тензијата, да ја држи Унгарија во конфронтација со ЕУ и да ги штити руските интереси“, велат денеска од СДСМ и додаваат дека истата политика ја применува и Христијан Мицкоски, кој, според нив, намерно ја блокира уставната измена за ...

„Венко Филипче продолжува со политиките на понижување и распродавање на националните интереси. Филипче продолжува со поданоста и измеќарството на туѓите агенди, и уште еднаш се докажа како прв антимакедонец и побрза да ја слави победата на Бугарија на Евровизија. Еуфоријата на Венко Филипче за победата на Бугарија на Евровизија и слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, се доказ дека Филипче е спремен на се само ...

Во делчевското село Разловци денеска свечено беше одбележана 150-годишнината од Разловечкото востание – еден од најзначајните историски настани во македонската револуционерна историја. Настанот помина во знакот на почитта кон борците за слобода, државноста и зачувувањето на националниот идентитет. На свеченоста присуствуваа бројни делегации, претставници на државните институции, локалната власт, културни дејци и граѓани, кои оддадоа почит на ...

Најмалку пет лица беа убиени вчера попладне, а седум ранети, кога вооружен напаѓач отвори оган во близина на градот Мерсин на југот на Турција. Според наводите, 37-годишниот Турчин најпрво ја убил својата поранешна сопруга, по што избегал со автомобил. Потоа, тој наводно дошол во ресторан во населбата Кадели во населбата Тарсус, каде што отворил оган врз зградата од возилото. Според извештаите, напаѓачот прво пукал во ресторан, каде што биле ...

Хрватска усвои закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи кој многу ќе им помогне на македонските возачи, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил и додаде дека тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Законот, додаде тој, е реализација на договорот што го направил со вицепремиерот и министер Олег ...

Секоја година на 18 мај ширум светот се одбележува Меѓународниот ден на музеите, ден посветен на институциите кои го чуваат културното наследство, историјата, уметноста и колективната меморија на човештвото. Овој датум е востановен во 1977 година од страна на Меѓународниот совет на музеите, со цел да се нагласи значењето на музеите во современото општество и нивната улога во едукацијата, културната размена и зачувувањето на идентитетот. Во ...

Аеродромци успешно го започнаа походот кон својата 13-та шампионска титула, откако во СЦ „Јане Сандански“, пред околу 1.200 гледачи, МЗТ Скопје Аеродром го совлада дебитантот Маџари со 84:77 и поведе со 1-0 во финалната серија од плеј-офот во македонската кошаркарска Суперлига. Иако конечниот резултат сугерира релативно сигурна победа, натпреварот беше далеку од лесен за домаќините. Екипата на Маџари одигра храбро и покажа зошто оваа сезона ...

Поради дефект на шибер со пречник од 300 милиметри на улицата „Никола Карев“ бб во скопската населба Центар, денеска од 9:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците во овој реон. Без вода ќе останат жителите од улиците „Никола Карев“ и „Мирче Ацев“, дел од населбата Пролет, како и Центарот за јавно здравје, ОУ „11 Октомври“ и една детска градинка. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот ќе трае ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остра порака до Иран, предупредувајќи дека времето за решение на нуклеарната криза истекува и дека Техеран мора брзо да реагира за да избегне сериозни последици. „Часовникот отчукува за Иран и подобро е да дејствуваат, и тоа брзо, или нема да остане ништо од нив. Времето е најважно“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл, пренесе Ројтерс. Новата закана доаѓа само неколку часа ...

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во делови од земјата ќе има услови за слаб локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурите ќе бидат пријатни за овој период од годината. Утринската температура ќе се движи од 4 до 11 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 16 до 25 ...

За денеска попладне е закажан втор протест на студентите Албанци, кои бараат правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Студентите добија поддршка од политички претставници од албанскиот политички блок, како и од функционери од Албанија и Косово. Од владејачката партија ВЛЕН порачуваат дека го почитуваат правото на протест и самото барање на студентите, но се против, како што велат, обидите на ДУИ да го инструментализира ...

Македонската ракометна репрезентација уште еднаш покажа дека заслужено припаѓа на големата сцена, откако со две убедливи победи и вкупна разлика од 22 гола ја елиминира Словачка во баражот и обезбеди пласман на Светското првенство. Ова ќе биде десетто учество на Македонија на мундијалите и осмо во низа од 2013 година наваму. По убедливата победа во Скопје, селекторот Кирил Лазаров не го криеше задоволството од настапот на своите избраници, ...

42-годишна жена од Битола пријавила во полиција дека била удрена од автомобил на крстосница во градот, по што возачот физички ја нападнал и избегал од местото на настанот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 16 мај околу 20:40 часот во СВР Битола. Жената пријавила дека инцидентот се случил на крстосницата меѓу улиците „Партизанска“ и „Никола Тесла“, каде била удрена од возило и се здобила со ...

Македонија убедливо ја прегази Словачка и обезбеди нов пласман на големо натпреварување, откако во реванш баражот во Скопје славеше со убедливи 38-23 пред преполната сала во СЦ „Борис Трајковски“. Избраниците на Кирил Лазаров одиграа доминантен натпревар од првата до последната минута и со вкупни 69-47 во двомечот ја елиминираа Словачка. Со ова македонската ракометна репрезентација го продолжи континуитетот на настапи на големите ...

Манчестер Јунајтед славеше со 3-2 против Нотингем Форест на „Олд Трафорд“ во натпревар исполнет со возбудувања, пресврти и емоции, а вечерта дополнително ја одбележа и збогувањето на Каземиро со домашната публика. Навивачите на „црвените ѓаволи“ му приредија посебен пречек и испраќање на искусниот Бразилец, кој го одигра својот последен натпревар на „Олд Трафорд“ во дресот на Манчестер Јунајтед. Атмосферата на трибините беше емотивна уште ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска во седиштето на Единицата за брзо распоредување во Скопје оддаде почит на загинатите припадници на ЕБР, кои своите животи ги положија во служба на државата, безбедноста и граѓаните на Македонија. Во присуство на членовите на нивните семејства, колеги, претставници на синдикатите, специјалните полициски единици, како и гости од јавниот и политичкиот живот, беше положено цвеќе ...

Фудбалска федерација на Македонија остро го осуди навредливото и недолично однесување на ФК Вардар за време на прославата на шампионската титула, откако на социјалните мрежи се појавија видеа на кои фудбалери пеат песна со вулгарна и навредлива содржина. Од ФФМ порачаа дека ваквото однесување е неприфатливо без разлика кон кого е насочено и дека говорот на омраза, навредите и неспортското однесување немаат место во фудбалот. „Ривалитетот меѓу ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција го најави Фронтот за вистина и правда, посочувајќи дека во него се вклучуваат различни општествени групи и политички субјекти, обединети околу вредностите за Европска Македонија. „Денес го објавувам Фронтот за вистина и правда кој го сочинуваат опозициски партии, граѓански организации, невладини организации, видни интелектуалци, поединци, независни активисти, млади, сите ...

Полицијата синоќа уапсила 19-годишник со иницијали М.Б. од село Бојане, по основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот започнал по пријава на телефонската линија 192, кога таткото на осомничениот, И.Б., пријавил дека неговиот син му признал дека усмртил 18-годишно лице од истото село. Според пријавеното, убиството се случило на 15 мај 2026 година во шума во ...

Да најдеш во Центар место за паркирање е многу тешка работа. Сега паркирањето таму стана и скапа работа, оти општина Центар ги зголеми цените на паркинг просторот. Чуден начин најде општината за да го реши хаосот со паркирањето. Наместо да се градат нови паркинг места, граѓаните ќе плаќаат повеќе за истиот проблем. Центар со години се дави во недостиг на паркинг, улиците се претрупани, тротоарите окупирани, а нервозата кај возачите расте. Во ...

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со предлог-законот за игрите на среќа изјави дека новите законски решенија имаат цел да воведат ред и ограничувања во оваа дејност, нагласувајќи дека државата мора да се заштити од негативните последици на неконтролираната експанзија на казината и објектите за коцкање. „Имаме чувство дека државата наликуваше на Лас Вегас. Буквално, на секој чекор гледавме дуќани, кои со силни светлечки реклами се ...

Расположението на граѓаните во Германија е на рекордно ниско ниво, покажува најновата анкета. Дури 84 проценти од испитаниците се многу загрижени за состојбата во земјата, а 64 проценти сметаат дека ниту една влада не може да ги реши актуелните проблеми. Истражувањето покажува и дека 67 проценти од граѓаните очекуваат канцеларот Фридрих Мерц да поднесе оставка доколку пропаднат реформите што ги спроведува неговата влада. Сомнежи за успехот на ...

Австралиската авиокомпанија Qantas беше принудена да го пренасочи летот кон САД по сериозен инцидент со проблематичен патник, при што локалните медиуми јавуваат дека тој гризнал член на екипажот. Авионот што летал од Мелбурн кон Далас во петокот морал итно да слета во Папете, откако настанал инцидент во текот на летот. Според информациите објавени од локалните медиуми, меѓу кои и националниот радиодифузер ABC, патникот покажал агресивно ...

Водно денеска ќе биде центар на спортот, рекреацијата и добрата атмосфера, каде ќе се одржи 14-тото издание на традиционалната манифестација „Sparkasse Life – Прв до врв“. Настанот и оваа година се очекува да привлече голем број љубители на активниот живот и спортот, кои ќе учествуваат натпреварувачки или рекреативно во повеќе дисциплини. Во програмата се вклучени планинско трчање, друмски и планински велосипедизам, Е-bike трка, како и ...

Бугарската пејачка Дара е победничка на овогодинешното издание на Песна за Евровизија 2026, кое синоќа се одржа во Виена, Австрија. Песната „Бангаранга“ успеа да ја освои и публиката и жирито, а Бугарија на крајот собра вкупно 516 бодови и стигна до победата по неизвесна вечер што траеше речиси четири часа. Второто место го освои Ноам Бетан од Израел, додека третото место ѝ припадна на Австралија. Добар пласман на натпреварот остварија и ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
0.22
34%
1020
weather icon

Белград

28ᴼ / 24ᴼ
0.45
62%
1021
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
0.65
57%
1021
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.64
51%
1021
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.53
50%
1021
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.14
76%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
8.94
36%
1015
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
0.71
36%
1018
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.04
39%
1020
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
6.26
53%
1021
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1021
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.05
100%
1018
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Злато

131629.35

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89

Родиум

249168.29

Алуминиум

3.17

Цинк

0.00

Платина

52341.42

Кобалт

56.29

Бакар

12.34

Паладиум

38420.14

Калај

50.34

Сребро

1907.42