Украинските пратеници не го одобрија именувањето на Денис Шмихал, за министер за енергетика. Тој лани беше премиер, па министер за одбрана, сега беше предложен од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, да ја води енергетската индустрија. Инаку, Последниот министер за енергетика беше разрешен минатата година по скандал поврзан со корупција, во кој беше вмешана и неговата претходничка. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: ...

И треба ли на Македонија техничка влада пред секои избори или тоа е веќе бреме кое не ги олеснува процесите како што беше замислено? Прашањето се наметна по иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски на лидерска средба да се расправа за нејзино укинување. За да се даде одговор на прашањето најдобро е да се види како техничките влади функционираа низ годините од 2015 година кога беше накалемена во македонскиот политички систем. Поделби ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа. „Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците кои доаѓаат од семејства во ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го предупреди Иран да не продолжи со егзекуции на демонстранти, нагласувајќи дека САД ќе преземат силни мерки доколку властите во Техеран ги обесат притворените Иранци. „Доколку направат нешто такво, ние ќе преземеме многу силни мерки“, изјави Трамп во интервју за CBS News, без да прецизира каква би била конкретната реакција на Вашингтон. Претходно, во објава на Платформа X, ...

Според обичаите во еден дел од Македонија, на овој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, а некаде се практикува и палење оган кој треба да ја симболизира светлината Божја во новата година. По Божик, православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики, познат и како Василица, односно Стара нова година. Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот ...

На иницијатива на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Клубот на пратениците е најавено одржување лидерска средба со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието. Според најавите, на средбата ќе се разговара за реформските закони од областа на правосудството, изборот на народен правобранител, измените на Изборниот законик, можноста за укинување на техничката влада, како и за ...

Од 8 часот утринава без вода ќе останат објектите на Македонскиот народен театар, Музичкото училиште, Министерството за транспорт и врски, како и Управата за водење на матичните книги на подрачјето на општина Центар. Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување работи за поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална банка, лоциран на плоштадот Пресвета Богородица број 3. Зафатот го изведува фирмата „Бауер ...

Во следните неколку дена ќе преовладува претежно сончево време, со мала до умерена облачност и релативно стабилни метеоролошки услови. Температурите ќе бележат постепен пораст, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Од почетокот на наредната недела се наѕира можна промена на временската состојба. Се очекува заладување, со услови за врнежи од дожд, додека на повисоките места и планинските предели можна е појава на снег. МОЖЕБИ ЌЕ ...

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип, кој утрово до 6 часот беше целосно во прекин поради опожарување на тешко моторно возило, на околу четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и ...

Американска инвазија на Гренланд би била напад врз сите сојузници на НАТО, потенцира министерката за енергетика на територијата, Наја Натаниелсен. Таа денеска на прес-конференција во Лондон рече дека американска воена акција би претставувала „колапс на владеењето на правото“ и би ги оставила западните сојузници да мораат да „сфатат за што станува збор во овој нов светски поредок“. – Сметаме дека реториката е навредлива, како што кажавме ...

Македонската ракометна репрезентација со победа ја заврши серијата контролни натпревари пред настапот на Европското првенство. Во последната проверка пред стартот на шампионатот, избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа подобри од данскиот прволигаш Митјиланд, совладувајќи го со убедливи 36:27, по полувреме 14:13. Ова беше финален тест за формата на националниот тим, кој во претходните контролни дуели забележа пораз од Хрватска, победи над ...

Бугарски државјанин е уапсен на граничниот премин Деве Баир поради поседување метален боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според информациите од МВР, вчера околу 13:30 часот, при влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.И.Л. (47) од Република Бугарија. При граничната контрола и деталниот преглед на патничко возило „хонда џез“ со бугарски регистарски таблички, извршен во содејство со царински службеници, биле ...

Од ДУИ вечерва потврдија дека Али Ахмети утре ќе присуствува на лидерската средба свикана од премиерот Христијан Мицкоски. Засега нема конкретни детали каков ќе биде ставот на Ахмети во однос на техничката влада. Пратеничката Арта Зендели изјави дека до утре Ахмети ќе размисли и ќе го формира својот конечен став, нагласувајќи дека одлуката за укинување на техничката влада е ексклузивно право на претседателот на партијата. Од поканетите на ...

Општина Битола објави јавен повик за доделување на линии за вршење на општински линиски превоз на патници и за субвенционирање на линиите што ги поврзуваат руралните средини со градот. Повикот се однесува на период од пет години од денот на издавањето на дозволата и има за цел унапредување на јавниот превоз и подобрување на достапноста за жителите на сите населени места во општината. Доделувањето на линиите ќе се врши согласно Одлуката за ...

Владата на Република Северна Македонија, го усвои Годишниот план за имплементација на Праведната транзиција за 2026 година, со што се продолжува со системско спроведување на процесот на праведна енергетска и економска трансформација во земјата. Со усвојувањето на овој План, Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја потврдуваат својата посветеност кон обезбедување праведна транзиција која ќе ги земе предвид ...

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Ова денеска го потврдија од таборот на вардарци. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина. Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена. Со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата. Клубот му се заблагодарува на ...

Таман македонските граѓани се израдуваа дека „Сејф Сити” ќе го среди хаосот по сообраќајниците, кога дојде сознанието дека системот на МВР можеби нема да почне со работа. Не, не се во прашање технички проблеми, во прашање е старата болка – политиката и честото нејзино политиканството. Имено, измените на Законот за прекршоци, со кои, меѓу другото, треба да се дозволи електронско испраќање на записниците за сторен сообраќаен прекршок, се ...

Проблемот со многубројните бездомни кучиња во Скопје скоро секој ден достигнува некој нов апсурд за кој помислуваме дека е дното од кое не може подолу. Ама вчера ете ти најново дно – дури и кучиња со ушни маркици од Албанија шетаат низ нашиот главен град. Веќе подолго време јавна тајна е дека организирани групи истовараат цели комбиња полни со кучиња по скопските улици. Ама за надлежните остана вистинска тајна кој ги истовара. И така, од ден ...

Се одложува утрешната главна судска расправа за предметот околу катастрофалниот пожар во Кочани. Ова е сторено по барање на бранителката на еден од обвинетите, адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, информира Основниот кривичен суд Скопје. „Во текот на вчерашниот ден, бранителката е избрана за член на Судскиот совет, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се ...

Во духот на празниците и христијанските вредности што ги симболизира Свети Василиј Велики, Општина Ѓорче Петров реализираше хуманитарна активност насочена кон поддршка на социјално-загрозените семејства. Со поддршка на општествено-одговорни компании, обезбедени биле над 100 пакети со храна и хигиенски средства, како и празнични пакетчиња за најмладите, кои беа распределени на семејства на кои помошта им е најпотребна. Од општина Ѓорче Петров ...

Се уште се трага по избеганиот тинејџер Саит Саитов, кој во петокот прегази и усмрти жена во скопската населба Капиштец. Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тој уште пред речиси една и пол година опасно возел со огромни брзини по улиците со автомобил „фолксваген пасат”. Во тој момент Саитов имал само 17 години. Откако медиумите ја објавија оваа вест, Саитов ги избришал сите претходно објавени и зачувани ...

Пуштен во функција нафтоводот Солун – Скопје. Ова се случило во последниот ден од годината, соопшти вчера извршниот директор на „Helleniq Energy”, Андреас Сиамисис. Нафтоводот Солун – Скопје повторно функционира по 13 години неактивност, веќе била испорачана првата пратка, а во следниот период ќе следи и втората. Извршниот директор на грчката компанија истакнал дека станува збор за еден вертикален коридор кој ќе пренесува дизел гориво, кое е ...

Градоначалникот Горан Герасимовски на средба со Здружението на пензионери на Општина Центар информираше за проектите и програмските активности за унапредување на животот на повозрасните граѓани во локалната самоуправа во 2026 година „Во Буџетот за тековната година се обезбедени 15.000.000 денари за активности и проекти наменети за нашите жители од трето доба. Целта е да им обезбедиме поздрав и поквалитетн живот, повеќе социјализација и ...

Во Велика Британија е отворена официјална истрага за тоа дали социјалната платформа Х на Илон Маск ги почитувала законите на Обединетото Кралство по извештаите дека нејзиниот четбот со вештачка интелигенција, Грок, креирал и споделувал сексуализирани слики од деца, соопшти регулаторот Ofcom. Во денешното соопштение, Ofcom наведува дека ќе ја истражи платформата за да утврди дали таа „ги исполнила своите должности да ги заштити луѓето во ...

Општина Кисела Вода од утрово почна со чистење, кастрење, косење и подигнување на кабаст отпад долж трим-патеката, на потегот од објектот на Институтот за јавно здравје до спојката со булевар Србија. За реализација на овие активности се ангажирани 30 сезонски работници. Со цел ефективно и квалитетно извршување на работите, се користи и целокупната опрема на општината: камиони, тримери и телескопски пили. Локалната самоуправа упати апел до ...

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн поднесе предлог-закон што предвидува „анексија и доделување статус на сојузна држава” на Гренланд во рамките на САД. Ова е соопштено од законодавецот. Законот за анексијата и државноста на Гренланд, го обврзува американскиот претседател Доналд Трамп да поднесе извештај за потребните измени на американскиот закон за прием на островот. Авторот на иницијативата, ја оправдува нејзината неопходност тврдејќи ...

Пратениците само во една година потрошиле над 14,3 милиони денари за патни трошоци. Овие огромни бројки ги изнесоа од партијата Левица, од каде додаваат дека е тоа недозволиво во земја каде минималната плата на работникот едвај достигнува 400 евра, а јавните политики постојано се правдаат со „недостаток на средства”, „Со оваа сума би можело да се реконструираат и опремат училишни кабинети, да се набават медицински апарати за регионални ...

Во Иран и синоќа протести, против власта но има и провладини. Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, ги предупреди американските политичари да „престанат со нивната измама” и да не се потпираат на она што тој го нарече „предавнички платеници”. Тој им се заблагодари на Иранците кои учествуваа на вчерашните провладини собири, велејќи дека „демонстрациите ги спречиле надворешните заговори против земјата”. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...

Кинеската државна компанија „Донгфанг Винд Пауер” потпиша договор за испорака на 48 ветерни турбини за проект за еолска енергија во Србија, вреден 495 милиони евра. Ветроелектраната што ќе се гради во близина на Панчево ќе биде најголем ветропарк во Источна Европа. Се очекува проектот да овозможи производство на околу 774 милиони киловат-часови зелена електрична енергија годишно. ЗЕЛЕНСКИ: ИМА НАПРЕДОК ВО РАЗГОВОРИТЕ СО САД, ПРЕДУПРЕДУВАМ НА ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека разузнавачките служби очекуваат нов масовен руски напад врз земјата во следните неколку дена. Зеленски истакна дека Русија планира да го искористи екстремно студеното време, при што нападите најверојатно ќе вклучуваат дронови со цел исцрпување на противвоздушната одбрана пред ракетните удари. Во врска со дипломатските активности, Зеленски информираше за напредок во разговорите со ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
51%
997
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
66%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
4.63
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.32
100%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
87%
999
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
999
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
6.17
91%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
88%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
79%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.78

Бакар

12.12

Паладиум

55781.55

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.09

Родиум

339994.14

Злато

157561.16

Цинк

3.29

Платина

83354.78

Сребро

2733.78