Албанија, Хрватска и Косово ќе одржат три заеднички воени вежби оваа година, од кои две во Загреб и една во Тирана. Според планот, соработката вклучува не само заеднички вежби, туку и размена на искуства и подлабока оперативна координација. Загреб, Тирана и Приштина потпишаа меморандум за соработка во областа наодбраната и безбедноста на 18 март 2025 година, а претседателот на Србија во неколку наврати изрази загриженост поради овој троен ...

Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, е обвинет дека промовирал употреба на дрога. Според обвинението, тој, наводно ја промовирал употребата на дрога на еден јавен настап, што според властите претставува кривично дело. Правниот тим на Варуфакис најави дека ќе се брани со аспирација за заштита на слободата на говорот. Инаку овој бивш фунционер е голем критичар на ЕУ. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Поранешниот ...

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови, но по суви коловози, информира ЈП „Македонијапат“. Од претпријатието посочуваат дека сите патни правци се проодни и нема поголеми пречки во одвивањето на сообраќајот. Сепак, на дел од патиштата што минуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на помали одрони, поради што се препорачува зголемена внимателност кај возачите. Надлежните апелираат учесниците во ...

Децата од општина Аеродром ќе добијат бесплатен пристап до стручна логопедска поддршка, рано препознавање на развојните предизвици и навремена интервенција — важен чекор за нивниот правилен развој, сигурност и самодоверба. Ова се предвидува во меморандумот што го потпишаа градоначалникот Дејан Митески и Здружението „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС“. Услугата ќе биде бесплатна за лицата што ќе добијат соодветна препорака од Центарот за социјална работа на ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека во општинското училиште „Панајот Гиновски“ ќе се прави доградба на училишната зграда. Со оваа, ќе се обезбедат услови за транзиција од двосменска во едносменска организација на наставата. Доградба предвидува 4 нови училници. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска сподели дека во општинското училиште „Панајот ...

Речиси и да нема ден без нов дефект на водоводната мрежа во Скопје. Тоа веднаш значи дека често и на цели улици, па и реони нема подолго време вода. Екипите на „Водовод и канализација” се релативно ажурни, излегуваат на терен, копаат, санираат, но веќе следниот ден – нов проблем, нова улица, нов дефект, нови граѓани без вода. До кога вака? Очигледно е дека проблемот не е само во поединечни цевки кои ете несреќно пукнале – туку дека голем дел ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека утрово е малку подобра состојбата на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој вчера беше примен во болница со тешко воспаление на белите дробови и е во тешка здравствена состојба, интубиран и на респиратор. Вучиќ го посети Дачиќ утрово пред да замине за Казахстан, а на Инстаграм од авионот напиша дека лекарите велат дека на Дачиќ му е нешто подобро и оти верува во него. – Го ...

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска ќе се одржи свечен час по повод 80 години од излегувањето на Македонската граматика од Круме Кепески. Ќе се обратат деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје проф. д-р Владимир Мартиновски и раководителката на Катедрата за македонски јазик проф. д-р Искра Пановска – Димкова. Пригодни обраќања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Јованка Кепеска. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека, според известување од ЕВН Македонија, поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (26 февруари 2026) ќе има привремен прекин на електричната енергија во повеќе скопски населби. Без струја во периодот од 04:00 до 08:00 часот ќе бидат делови од општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари, односно населбите Бутел и Север, Топанско Поле и дел од Чаир, како и Шуто Оризари и Визбегово. Од ...

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, денеска ја започнува својата дводневна официјална посета на Северна Македонија, во рамки на која ќе оствари повеќе средби со претставници на државниот и локалниот врв. Според најавите, Бегај денеска ќе се сретне со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, каде што ќе му биде приреден свечен прием. Од Општина Чаир информираат дека посетата се реализира во насока на унапредување на ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува, особено во претпладневните часови. Минималната температура ќе се движи од -4 до 5 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 9 и 16 степени Целзиусови. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската ...

Денеска се одбележуваат 22 години од трагичната авионска несреќа кај Ротимље, во близина на Мостар, во која животот го загуби поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, заедно со членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од неговата смрт ќе биде одбележана со положување цвеќе во Скопје, во родната Струмица и на местото на несреќата во Ротимље. Делегации од државните институции, семејствата и други ...

Инцидент со закани со огнено оружје бил пријавен вчера во Скопје, откако сообраќајно недоразбирање меѓу двајца возачи прераснало во сериозен конфликт. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 15:00 часот во СВР Скопје, 52-годишен жител од селото Сарај пријавил дека околу 11:45 часот, на подрачјето на општина Карпош, додека управувал патничко возило, бил пресретнат од друго возило по претходна расправија во сообраќајот. Според ...

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, е итно хоспитализиран по нагло влошување на здравствената состојба. Според лекарите, неговата состојба е сериозна, а следните 72 часа се сметаат за клучни. Докторот Спасоје Поповиќ, дел од медицинскиот тим кој се грижи за него, изјави дека Дачиќ е приклучен на респиратор и се лекува од двојна пневмонија, при што прима интензивна терапија. „Се ...

Кога вашето куче секоја вечер сака да спие покрај вас, тоа не е само разгаленост – тоа е израз на длабока приврзаност и доверба. Кучињата покажуваат љубов на различни начини – со возбуда кога ќе ве видат, со следење низ домот, со директен поглед или со донесување омилена играчка. Но, спиењето покрај вас носи посебно значење. Според експерти, постојат три главни причини зошто го прават тоа: Вие сте нивната сигурност – Кога спијат, кучињата се ...

Многу марихуана се заплени од истражните органи. Вчера се одзема уште еден тон од компанија која требало „тревката” да ја сади само за медицински цели. Како тргна работата во Македонија имало повеќе нелегална марихуана од обична трева. За да се намали оваа појава вчера Владата на 6 од контролираните 14 компании им ги одзеде лиценците. Според наведеното таму имало неправилности во евиденцијата, отстапувања од одобреното производство и сомнежи ...

Еурофарм Пелистер одигра 28:28 на гостувањето кај ГОГ Гудме во 12. коло од ракометната Лига на шампиони. Македонскиот првак долго време беше во подредена позиција, но во клучните минути успеа да направи пресврт и да стигне до бод. Голманот Никола Митревски со 13 одбрани беше клучен за Пелистер, кој со овој бод стигна до пет и останува на седмото место на табелата, додека ГОГ Гудме е на шестото место со девет бодови. Мечот започна лошо за ...

Хуго Пауел стана првото бебе во Велика Британија родено од матка пресадена од починат донор, што претставува значаен медицински успех. Неговата мајка, Грејс Бел, добила трансплантација на матка во 2024 година, а бебето се родило во декември со царски рез во болницата „Квин Шарлотс енд Челзи“ во Лондон, со тежина од 3,1 килограм. Грејс е родена со реткиот МРКХ синдром, состојба при која матката не се развива. Таа раѓањето го опишува како ...

83-годишен жител на Битола бил измамен за 10.000 евра, откако непознато лице телефонски се претставило како лекар и го довело во заблуда дека неговата внука е тешко повредена и итно ѝ е потребна операција. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 24 февруари 2026 година во 13:30 часот во СВР Битола. Измамникот му се јавил на повозрасниот маж и му кажал дека неговата внука паднала по скали и се здобила со сериозни повреди, ...

Завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација по убиството во Старо Нагоричане, а првичните резултати потврдуваат дека и таа починала од насилна смрт. Директорот на Институтот за судска медицина, проф. д-р Александар Станков, изјави дека се подготвува писмениот извештај, кој најдоцна до понеделник треба да биде доставен до Обвинителството. Тој посочи дека кај двете жени – помладата, за ...

Нов асфалт, стандардизирани тротоари и јавно осветлување се дел од проектот што се реализира на улицата „Методија Митевски“, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Како што соопштија од општината, денеска е извршено асфалтирање на улицата, по претходно уредување и стандардизација на тротоарите. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата, како и зголемување на безбедноста ...

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година. Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските преговарачи ќе се сретнат со американската делегација утре, што го потврди во разговор со новинарите, објави „Скај Њуз“. Според него, тимот предводен од главниот преговарач Рустем Умеров ќе се сретне со специјалниот претставник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, неговиот зет Џаред Кушнер и други американски претставници. Теми на разговор ќе бидат „пакетот за просперитет“ и ...

Денеска градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која е во посета на општината. На средбата се дискутираше за енергетската иднина на Битола, новиот Закон за енергетика кој опфаќа широк спектар од одговорности за државата и општините, како и за можностите за имплементација на мерки за енергетска ефикасност во јавните институции. Беше ...

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остварил средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, при што во фокусот биле европските вредности и искористувањето на европските фондови за развој на општината. На средбата се разговарало за придобивките од пристапувањето кон Европската Унија и конкретното влијание на европската поддршка врз секојдневниот живот на граѓаните на Прилеп и регионот. ...

Сè повеќе Италијанци доаѓаат во Охрид по поубава и здрава насмевка. Кон крајот на март и почетокот на април градот очекува нова организирана група посетители од Италија што доаѓаат за стоматолошки третман во центарот „Д-р Баткоски“ заедно со краток престој на охридската ривиера. Трендот се вклопува во пошироката слика на раст на вонсезонскиот туризам во Македонија, каде само во декември 2025 се регистрирани 59.521 туристи, при што бројот на ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Битола го одбележа завршувањето на две значајни програми за развој на работната сила, реализирани во партнерство со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) и АД ЕСМ, во рамки на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција. Како што информира Божиновска, повеќе од 600 вработени во АД ЕСМ стекнале нови знаења и компетенции, со што се ...

Коалицијата ВЛЕН обвини дека во ДУИ владее паника поради, како што велат, „црната кутија“ што ја претставува Артан Груби. Според нив, станува збор за поранешен висок функционер кој поседува детални информации за функционирањето на системот што партијата го градела со години. Од ВЛЕН посочуваат дека Груби не е обичен поранешен функционер во домашен притвор, туку личност која има увид во, како што велат, „внатрешните механизми“ на власта. Тие ...

Легално кафе, легален алкохол – зошто канабисот останува контроверзен? Општествена регулација или историска стигма? Во современите општества постои очигледен парадокс: супстанции со силно психоактивно и физиолошко дејство се целосно легални и културно интегрирани, додека други, со споредлив или дури понизок ризичен профил, остануваат предмет на правна рестрикција и општествена стигма. Алкохолот е легален, економски значаен и социјално ...

Судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ продолжи денеска со сослушување на Горан Тонев, музичар и надворешен соработник на групата ДНК. Тонев, кој бил на бината во моментот на избивање на пожарот, пред судот ги опиша застрашувачките моменти на ескалација на огнот и густиот чад кој го исполнувал просторот. Сведокот појасни дека пиротехничките средства биле веќе поставени на бината пред нивниот настап, но нагласи дека ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
5.14
67%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
4.12
57%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
55%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.3
89%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
77%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
74%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
73%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
49%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

0.00

Бакар

10.65

Калај

43.91

Родиум

358480.82

Алуминиум

3.19

Паладиум

44753.84

Рутениум

56199.51

Кобалт

3.86

Злато

144593.23

Иридиум

258288.78

Сребро

2179.44

Платина

61858.04