Реал Мадрид ќе мора привремено да игра без својата најголема ѕвезда, откако Килијан Мбапе заработи повреда на коленото поради која ќе паузира околу две недели. Францускиот напаѓач веќе го пропушти реванш-натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Бенфика, а нема да биде во составот ниту за претстојните дуели во Ла Лига против Хетафе на домашен терен и Селта на гости. Во таборот на „кралевите“ главната цел е Мбапе целосно да ...

Настапот на иранската фудбалска репрезентација на претстојното Светско првенство ова лето е неизвесен поради сериозната ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Безбедносната криза дополнително се продлабочи по информациите за убиството на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Воените операции што ги започнаа САД и Израел на иранска територија предизвикаа одмазднички напади од Техеран. Според извештаите, ирански ракети погодиле ...

Во Дубаи утрово најпрво одекнаа три силни експлозии, а по нив следеше уште една серија детонации. Жителите од раните утрински часови на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видеа од густ црн чад над пристанишната област Џебел Али. Неколку часа пред утринските експлозии, властите соопштија дека остатоци од воздушно пресретнување над деловниот кварт Business Bay предизвикале пожар во главното градско трговско пристаниште. Секретаријатот за ...

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, исто така се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со ...

Шест американски авиони од типот KC-135R Stratotanker полетаа кон Блискиот Исток, што аналитичарите го толкуваат како јасен сигнал дека САД се подготвуваат за продолжување или проширување на воздушните операции против Иран. Иако овие летала не носат бомби, нивната улога е клучна во секоја поголема воздушна кампања. KC-135 Stratotanker е американски воен авион за дополнување гориво во воздух. Тој не е наменет за директни напади, туку им ...

Врховниот лидер на Иран, 86-годишниот Ајатолах Али Хамнеи е мртов, а Исламската Република се соочува со најтешката политичка криза од револуцијата во 1979 година. Тој владееше 36 години, од 1989 година, кога по смртта на Рухолах Хомеини ја презеде доживотната функција врховен лидер. Како највисок авторитет во политичкиот и верскиот систем, тој ги контролираше вооружените сили, безбедносните служби, правосудството и клучните политички одлуки. ...

Врховниот лидер на Иран, Ајатолахот Али Хамнеи, е убиен во нападите на Израел и Соединетите Држави, јави иранската државна телевизија. – Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, загина – се наведува во соопштението. Иранската влада прогласи 40 дена жалост и неработна недела по смртта на врховниот лидер Али Хамнеи. Американскиот претседател Доналд Трамп и висок израелски функционер, да потсетиме, претходно изјавија дека Хамнеи е убиен, но Техеран ...

Телото на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, наводно се наоѓа под урнатините по силните напади врз Техеран, додека официјален Иран засега не излегува со потврда или демант за неговата судбина. Според информации што ги пренесуваат повеќе странски медиуми, израелски извори тврдат дека постојат индиции оти Хамнеи можеби загинал за време на заедничките напади насочени кон клучни државни и воени објекти. Сепак, овие наводи засега не ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите случувања на Блискиот Исток. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Претседателката Гордана ...

Денешните американско-израелски напади врз Иран претставуваат најсериозна ескалација на тензиите на Блискиот Исток во последните години. Според официјални израелски извори, операцијата започна рано утрово со, како што беше наречено, „превентивен удар“. Израел објави дека во акцијата учествувале со околу 200 борбени авиони и ова за нив бил најголемата воздушна акција досега спроведена. Целите во Иран биле ракетни лансери, противвоздушни ...

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран. Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации. Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Советот за ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи испратил допис до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и до претседателот на Советот за безбедност во кое порачал дека Техеран ќе продолжи со одмаздата се додека не престане американската и израелската агресија. Арагчи нагласил дека Иран цврсто и без одлагање ќе го користи своето „неотуѓиво право на легитимна самоодбрана“. Арагчи ги нарекол американските и израелските воздушни напади ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски порача дека Македонија стои зад своите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток. Во објава на социјалната мрежа „Х“, Муцунски истакна дека Соединетите Американски Држави јасно ставиле до знаење дека дипломатијата останува првата опција, но дека одвраќањето е неопходно кога постојат реални безбедносни ризици. Според него, ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека, поради најновиот развој на безбедносната состојба на Блискиот Исток, е формиран кризен штаб кој постојано ја следи ситуацијата и е достапен 24 часа дневно за помош, поддршка и асистенција на македонските државјани. Од Министерството апелираат сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја внимателно да ги следат официјалните информации од надлежните ...

Малолетничка на возраст од 16 години вчера била пронајдена во безсознание во скопската општина Карпош, а покрај неа биле пронајдени мало шише со бела прашката материја и бела грутчеста материја. Министерството за внатрешни работи соопшти дека малолетничката е пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со неа бил и 18-годишно момче од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: ...

„СДСМ на Венко Филипче и неговиот другар Зоран Заев е потписник на стратегијата партизација на се можно во државата, од стручна служба па се до високи раководни функции. СДСМ најде да зборува за партизација и некомпетентност на кадри“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение. „Да ги информираме во СДСМ за што станува збор кога е во прашање актуелното раководството на Развојната банка во државава. Сега на чело на Развојната банка е кадар ...

„Сега партнерите на Мицкоски добиваат ‘директен линк’ за своите семејни фирми во Развојната банка“, изјави Јон Фрчкоски од СДСМ на денешната на прес-конференција. За него ова е „ова е класичен конфликт на интерес“ и нагласи дека „во исто време Димовски имаат семејни фирми“, посочувајќи дека „Ефимија е сопственик на ‘Херба Натура’ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект ‘ХН Соларис’“. Поставувањето на Димовска на чело на ...

СДСМ беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушески. „Откако се излетаа со различни тези, соопштенија и со прес-конференции, од СДСМ не поставија ниту едно пратеничко прашање кон претставниците на Владата за Артан Груби. Дури имаат и страв кога ќе се спомне името на Артан Груби, па избегаа од собраниската сала – рече Петрушевски. Според него, Филипче, Заев, ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го осуди заедничкиот американско-израелски напад врз Иран како „неиспровоциран“, по телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи. Арагчи го информирал Лавров за чекорите што Техеран ги презема „за одбивање на американската и израелската агресија“. Во официјалното соопштение на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Лавров „го осудил неиспровоцираниот вооружен напад ...

Македонски средношколци освоија два бронзени медала на 2. Интернационална олимпијада по вештачка интелигенција (ИОВИ 2026), која од 23 до 27 февруари се одржа во Љубљана. Како што соопшти Здружението на информатичарите на Македонија, бронзените медали ги освоија Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, ученик во гимназијата „Мирче Ацев“, и Андреј Ангелов од Македонска Каменица, ученик во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. ...

Бројни арапски и блискоисточни земји реагираа по иранските одмазднички напади врз американски бази во Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Бахреин. Катар ги опиша нападите како „флагрантно кршење на својот национален суверенитет“, додавајќи дека тие покажуваат неблагодарност на Техеран за континуираните посреднички напори на Доха. Саудиска Арабија ја нарече иранската операција „предавничка“, Кувајт се повика на членот 51 од ...

Меѓународниот аеродром во Дубаи, еден од најпрометните светски аеродроми ги суспендираше сите летови на неопределено време, по серијата ирански ракетни напади врз заливските арапски држави. „Аеродромите во Дубаи потврдуваат дека сите летачки операции на аеродромот Dubai International (DXB) и Dubai World Central – Al Maktoum International (DWC) се суспендирани до понатамошно известување. На патниците им се советува засега да не патуваат кон ...

Министерството за надворешни работи и амбасадата на Република Северна Македонија во Израел издадоа итно предупредување до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава поради драматичната ескалација на безбедносната ситуација на Блискиот исток. Во соопштението се наведува дека сите македонски државјани мора внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат според упатствата на ...

Неофицијални извори јавуваат дека иранскиот министер за одбрана, Амир Хатами, е убиен во рамки на утринските напади поврзани со ескалацијата меѓу Израел и Иран. Ликвидацијата се случила како дел од поширока воена операција насочена кон клучни структури на иранската безбедносна и воена команда. Нападите го погодиле Техеран, вклучувајќи објекти поврзани со највисокото раководство на државата, што укажува на драматично проширување на конфликтот. ...

На 28 февруари 2026 година во 01:38 часот, кај месноста „Копачка“ во близина на Кичево, полициски службеници го лишија од слобода З.Р. (32) од Кичево. При контрола на патниот сообраќај, тој управувал патничко возило „Опел“ со кичевски регистарски ознаки, а алкотестот покажал 2,19 промили алкохол во крвта. Возачот веднаш е исклучен од сообраќајот, а по наредба на јавен обвинител, возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, ...

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е преместен на безбедна локација и моментално не се наоѓа во Техеран, потврди официјален претставник. Според медиумските извештаи, и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се наоѓа на сигурно место. Информацијата доаѓа откако Израел соопшти дека започнал „превентивен напад“ врз Иран, при што во главниот град Техеран биле пријавени повеќе експлозии. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ...

Иран истрелал проектили кон Израел, се огласија сирените за тревога во повеќе израелски градови. Првото предупредување за можен напад во Израел се случи утрово, приближно два часа откако тие и Соединетите Американски Државизапочнаа со напади врз Иран. Известувањето од Командата за внатрешна одбрана, испратено директно на мобилните телефони, предупреди дека во таа област се очекуваат удари „во следните неколку минути“ и дека граѓаните треба да ...

Израел утрово започна, како што го нарече, „превентивен удар“ врз Иран, изјави министерот за одбрана Израел Кац, додека во цел Израел е прогласена вонредна состојба. Владата очекува ирански одговор со дронови и балистички ракети. Во Техеран, главниот град на Иран, се слушнале три експлозии, јавуваат иранските медиуми. Како што наведува „Њујорк тајмс“, во нападите на Израел вклучен е и САД. Ова е втор американски напад врз Иран за помалку од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Соединетите Американски Држави започнале удари врз Иран во видео долго осум минути, кое го објави на својата социјална мрежа Truth Social. Трамп во видеото потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран. Тој изјави дека „заканувачките активности“ на Техеран „директно ги загрозуваат Соединетите Држави, нашите сили, нашите бази во странство и нашите сојузници ширум светот“. ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
58%
1013
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
62%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
52%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
55%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.4
88%
1018
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
65%
1015
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
75%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
62%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
50%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
78%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
49%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
89%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Паладиум

44753.84

Цинк

0.00

Кобалт

3.86

Родиум

358480.82

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Платина

61858.04

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Калај

43.91

Алуминиум

3.19