„Реконструкцијата на спортската сала „Работнички“ во Општина Центар се одвива во работна фаза, при што објектот добива целосно нов лик и функционалност согласно современите спортски и технички стандарди. Инвестицијата за обновата на салата изнесува 120.000.000 денари и е обезбедена од Владата преку Министерството за спорт, како дел од владините Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“, напиша премиерот Христијан Мицкоски, во ...

Британскиот премиер Кир Стармер ја осуди заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе тарифи врз европски сојузници кои се спротивставуваат на неговите напори за стекнување на Гренланд како „целосно погрешна“. „Воведување царини за сојузници за остварување на колективната безбедност на сојузниците од НАТО е сосема погрешно. Секако, ќе го продолжиме ова директно со американската администрација“, наведе Стармер во соопштението. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 ...

Па добро што си мислат родителите кога ги пуштаат своите разгалени деца да возат по скопските улици без возачка дозвола? Ова прашање пак се наметнува меѓу скопјани по зачестените сообраќајни инциденти во кои учествуваат младинци без дозвола. Последен таков пример е од пред три дена кога 16-годишно момче, управувајќи автомобил, удрило во пешак кој се здобил со сериозни повреди. Пред една недела друг осумнаесетгодишник усмрти жена пешак во ...

Денеска православните христијани го празнуваат Водокрст, еден од најзначајните празници во христијанскиот календар, кој се поврзува со крштевањето на Исус Христос во реката Јордан. Овој ден има длабока духовна симболика и се смета за празник на прочистување, вера и духовно обновување. Водокрст е означен како строг пост, што значи дека верниците се воздржуваат од мрсна храна и се насочуваат кон молитва, тишина и смиреност. Постот не е само ...

Македонија и СтрумицаСтрумица има нова причина за гордост. Младата и талентирана Тина Русева го освои првото место на престижното европско музичко натпреварување The Voice of Europe 2025, оставајќи силен впечаток со својот вокал, сценски настап и емоционална интерпретација. Во исклучително силна конкуренција од учесници од повеќе европски земји, Русева успеа да се истакне и да стигне до самиот врв, добивајќи високи оценки и пофалби и од ...

Раул Гонзалез на македонски јазик им држеше тајм-аут на ракометарите на Србија, кои ја победија Германија. Токму Раул беше еден од најзаслужните и го предводеше тимот на Вардар до првата титула во Лигата на Шампионите. Никој не очекуваше ваква драма во Хернинг, а уште помалку среќен крај за Србија. Избраниците на Раул Гонзалес го приредија најголемото изненадување на вечерта, совладувајќи ја Германија со 30-27 и со тоа ги задржаа шансите за ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не успеа да го заврши денешниот натпревар против Сасуоло во Серија А. Елмас беше принуден да го напушти теренот во првите десетина минути од второто полувреме поради повреда. Според првичните информации од Италија, постои сомнеж за мускулна повреда, но засега не може со сигурност да се утврди нејзината сериозност. Попрецизна дијагноза се очекува по дополнителните лекарски прегледи, кои ќе покажат колку ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царини од 10 проценти за увоз од осум европски држави, директно поврзувајќи ја мерката со неговата повторена идеја САД да го „купат“ Гренланд. Според најавата, царините треба да стапат во сила на 1 февруари 2026 година, а доколку до 1 јуни не биде постигнат „договор околу Гренланд“, тие би се зголемиле на 25 проценти. Мерките би важеле за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, ...

Пет лица го загубија животот во две одделни лавини што во саботата ја погодија Австрија, информираа од планинската спасувачка служба во покраината Салцбург. Најтешкиот инцидент се случил во попладневните часови на врвот Финстеркопф, во долината Гросарл, на надморска височина од околу 2.150 метри. Лавина затрупала група од седум скијачи, при што четворица биле извлечени без знаци на живот. Останатите три лица се здобиле со сериозни повреди и ...

Управа за јавни приходи соопшти дека е во постојана и целосна соработка со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната сфера. Во врска со актуелниот случај кој опфаќа 11 вработени, од УЈП информираат дека до обвинителството е доставена целокупната потребна документација, материјали и стручни појаснувања поврзани со даночната регулатива и применетите постапки. Од Управата нагласуваат ...

На свеченото отворање на Australian Open во Мелбурн, тенискиот свет беше сведок на емотивна сцена која веднаш го обиколи светот. Легендарните ривали Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер повторно се сретнаа – момент кој целосно ја одбележа вечерта. Федерер пристигна во Мелбурн како пензиониран тенисер, за првпат по пет години, со цел да учествува на церемонијата на отворањето на турнирот. За време на егзибицискиот настап, кога го забележа Ѓоковиќ во ...

Во спортска обложувалница во село во струшкиот регион синоќа се случил разбојнички напад. Како што е пријавено во ОВР Струга, инцидентот се случил на 16 јануари околу 23 часот, кога две маскирани лица влегле во објектот, при што едно од нив било вооружено. Напаѓачите им се заканиле на вработените и од објектот одзеле пари, по што побегнале во непознат правец. Засега нема информации за повредени лица. Од СВР Охрид информираат дека се преземаат ...

Дел од жителите на Општина Кисела Вода денеска попладне останаа без вода. Прекинот започнал околу 15:40 часот и ги зафаќа корисниците на улицата „Христо Татарчев“, во делот од број 99 до број 123. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, причина за прекинот е уличен водоводен дефект на цевка со пречник од 100 милиметри, лоциран кај број 101 на истата улица. Екипите се на терен, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано по ...

Поради дефект на дистрибутивната мрежа, во повеќе скопски општини во моментов е прекината испораката на топлинска енергија. Од ЕСМ Снабдување информираат дека без парно се дел од потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен и работат на прецизно лоцирање и изолирање на дефектот, по што ќе следи постепено нормализирање на испораката на топлинска енергија. Од ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска соопшти дека секојдневно е предмет на јавен линч преку „груби лаги“, постојана црна кампања и манипулации и најави тужба за клевета за, како што рече, наредбодавачите и извршителот и го повика Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава. – Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета, рече Филипче на денешната прес-конференција во ...

Двајца словенечки офицери наскоро ќе заминат во Гренланд, каде ќе учествуваат во меѓународната воена вежба „Арктичка отпорност“, предводена од Данска. Одлуката била донесена на долга седница на словенечката влада што траела цела ноќ и завршила утринава околу 10 часот, пренесува N1. Во владините образложенија се наведува дека офицерите ќе заминат во најскоро време, доколку реализацијата се одвива според планираното. Воедно, се остава можност, ...

Новите измени на Законот за заштита од пушењето, подготвени од Министерство за здравство, предвидуваат целосна забрана за пушење во затворени јавни и работни простории. Мерките се усогласени со европските стандарди и препораките на Светска здравствена организација и имаат една јасна цел – заштита на здравјето на сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони. Иако пушењето е личен избор, заедничкиот затворен простор не смее да биде место каде ...

Општина Кисела Вода соопшти дека продолжува реализацијата на проектот за замена на уличното осветлување, со цел подобрување на видливоста и зголемување на енергетската ефикасност на јавните површини. Во моментов, активностите се одвиваат во населбата Пинтија, како дел од втората фаза од проектот, која ги опфаќа и населбите Кисела Вода и Припор. Досега се заменети повеќе од 2.400 улични светилки во населбите Пржино и Црниче. Од Општината ...

Педесет и седумгодишен маж од Тетово е лишен од слобода откако подолг временски период вознемирувал 18-годишна девојка, која ја следел и ја снимал со мобилен телефон. Како што информира полицијата, завчера околу 12:10 часот на улицата „Јадранска“, полициски службеници го уапсиле Е.И. (57), по претходна пријава поднесена од оштетената. Во пријавата било наведено дека осомничениот постојано ја следел девојката, ја вознемирувал и ја снимал без ...

Голем дел од проектите кои се работеа ланската година, Општина Битола ги заврши, останатите продолжуваат според фазата на реализација согласно проектираните активности. Општината останува посветена на барањата на граѓаните за подобра и побезбедна патна инфраструктура. Еден од проектите кои се сработи ланската година е целосното завршување на проектот за „Доградба на коловоз на локален пат за село Буково“, што беше барање и на локалните жители ...

Италијанскиот фудбалски клуб Фиорентина соопшти дека по долго боледување починал претседателот на клубот, Роко Комисо, на 76-годишна возраст. Во објава на официјалната веб-страница, клубот изрази длабока тага и благодарност за неговиот придонес, истакнувајќи ги успесите на првиот тим во Италија и на меѓународната сцена. Од Фиорентина упатија искрено сочувство до семејството, како и до сите што го познаваа и соработуваа со Комисо. „Во овој ...

Голманот на македонската ракометна репрезентација Мартин Томовски изјави дека селекцијата на Данска максимално ги казнила техничките грешки на Македонија, што резултираше со убедлив пораз од 24-36 на стартот на Европското првенство во ракомет. „Иако Данска е најквалитетната репрезентација, ние излеговме со максимален ангажман. Почетните технички грешки нè чинеа многу, а ваков противник знае веднаш да ги искористи“, истакна Томовски. Тој ...

Во Франција за првпат е поднесен парламентарен предлог за повлекување на земјата од НАТО. Иницијативата ја покрена потпретседателката на Националното собрание и членка на левичарската партија „Непобедлива Франција“, Клеманс Гете. Со резолуцијата се бара раскин со западниот воен сојуз, со образложение дека политиките на Соединетите Американски Држави ја доведуваат Европа во зависна позиција и претставуваат стратешки ризик за Франција. Според ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Глазгов Ренџерс постигнувајќи хет-трик. Тој трите гола ги постигна на дуелот од 1/16 финалето на Шкотскиот куп против екипата на Анан Атлетик. Првиот гол Миовски го постигна во 12.минута со што ја отвори серијата, а 20 минути подоцна беше стрелец и на вториот гол за водство од 2:0. На почетокот на вториот дел Глазгов Ренџерс поведе со 3:0, а ...

Традиционалното „Џез-матине“ на Скопскиот џез-фестивал ќе се одржи денеска во „Мака бар“ во Скопје. Ќе бидат промовирани новите календари за 2026 година со фотографии на Жига Коритник. Концерт ќе одржи Тони Китановски трио, во чиј состав се: Тони Китановски – гитара, Оливер Јосифовски – контрабас и Алек Секуловски – тапани. Влезот е слободен. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Традиционалното „Џез-матине“ на Скопскиот џез-фестивал ќе ...

Денешните мерења покажаа дека за три сантиметри е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, споредено со вчера, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните. Добро е тоа! Дождот во последните триесетина дена „работи” вредно и му помага на Езерото да не пресуши, затоа што само пред неколку месеци, жителите на околните места, но и еколозите алармираа дека Преспа снемува вода, популарни плажи се претворени мали ...

Синоптичарите за денеска најавуваат слаби локални врнежи од дожд на пониските места, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а ...

Деновиве повеќе општини низ Македонија истакнаа дека даваат финансиска поддршка за новороденчиња. Па така секое семејство во општина Гази Баба кое ќе има новородено дете ќе добие финансиска поддршка од 8.000 денари. Во Општина Центар еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари. Општина Могила пак инвестира во иднината и семејството давајќи 10.000 денари за првородено дете, 15.000 денари за ...

Судејќи според најновите украински разузнавачки податоци, Русија подготвува нови масовни напади врз Украина, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Искрено разговараме со партнерите и за ракетите и за системите за противвоздушна одбрана кои ни се толку потребни. Снабдувањето не е доволно. Се трудиме да забрзаме, и важно е партнерите да нè слушнат. Сега многу се работи на ниво на Министерството за одбрана на Украина, рече ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
10.29
76%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
90%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
3.6
74%
1003
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.72
99%
1004
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
993
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
83%
1003
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
76%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
87%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
5.14
95%
1004
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
4.63
95%
998
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
62%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.09

Злато

157561.16

Иридиум

221848.72

Калај

48.78

Рутениум

45750.51

Цинк

3.29

Платина

83354.78

Паладиум

55781.55

Сребро

2733.78

Бакар

12.12

Родиум

339994.14

Кобалт

64.04