Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Во живописното подножје на планината Јабланица, помеѓу селата Октиси и Вевчани, се наоѓа ресторанот „Стара Водејнца“ – вистински гастрономски бисер кој со години ги освојува срцата на домашните и странските посетители. Опкружен со недопрена природа, кристално чисти извори и мирна атмосфера, овој ресторан нуди совршен спој на традицијата, автентичната македонска кујна и природната убавина. Уште со првиот чекор, гостите ги пречекува амбиент што ...
Со свечено доделување на признанија и награди за најуспешните фолклорни групи, културно-уметнички друштва, ансамбли и поединци, синоќа беше затворено 56. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола. На свеченото затворање се обрати градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека годинашното издание било едно од најдолгите во историјата на фестивалот и уште еднаш ја потврдило ...
Тројца жители на Скопје биле приведени откако се обиделе да подигнат кредит од 900.000 денари во банка со фалсификувана лична карта и лажна документација. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода лицата на 29 јули, во моментот кога банкарските службеници ја обработувале поднесената документација. Станува збор за тројца ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 27.07.2026 до 31.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 37.150.735 денари, од кои 28.993.135 денари беа реализирани преку класично тргување, додека 8.157.600 денари беа реализирани преку блок-трансакција. Ликвидноста во неделата ја водеа Комерцијална банка Скопје, Алкалоид Скопје и Реплек Скопје. Топ ...
Тотенхем го освои Сиднеј купот откако во премиерлигашкиот дуел одигран во Австралија славеше против Челзи со 2:1. Екипата од Лондон, предводена од новиот менаџер Де Зерби, стигна до првиот трофеј во подготвителниот период. Иако станува збор за пријателски турнир, победата е важна за создавање позитивна атмосфера во тимот пред стартот на сезоната. Челзи прв дојде до предност во 21. минута преку Естевао, но Тотенхем успеа да израмни со голот ...
Кошаркарската јуниорска репрезентација на Македонија до 18 години ја оствари втората победа на Европското првенство во Дивизијата „Б“, кое се одржува во Хрватска. Избраниците на селекторот Мишо Тодоровиќ во натпреварот за пласман од 13 до 16 место го совладаа Исланд со 86-74 и стигнаа до вториот триумф на шампионатот. Македонските кошаркари лошо го започнаа натпреварот и првата четвртина ја загубија со убедливи 9-25. Сепак, во вториот период ...
Жител на село во околината на Македонски Брод е приведен под сомнение дека во повеќе наврати извршил силување врз 20-годишна девојка од истото место, која имала здравствени проблеми. Според информациите, станува збор за лицето М.В. (50), кое било лишено од слобода од страна на полициски службеници. Надлежниот суд му определил мерка притвор во траење од 30 дена, додека истрагата за случајот продолжува. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...
Обвинетиот Борче Марковски се вратил во Македонија и во моментов се наоѓа во Битола со своето семејство, потврди неговиот адвокат Марјан Николоски. Според правниот застапник, Марковски ги завршил обврските поради кои претходно престојувал во Србија, по што било побарано привремено враќање на неговиот пасош. Адвокатот посочи дека одлуката за враќање на патната исправа била донесена со согласност на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото ...
Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагираат на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека граѓаните „за првпат по многу години ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна“. Од СДСМ прашуваат што значи тоа „за првпат“ и тврдат дека со оваа изјава премиерот признал дека во изминатите две години, додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, водата во Гостивар не била исправна. „Значи две години знаеле. Две години молчеле. Две години ги ...
Случувањата со водата за пиење во Гостивар се резултат на, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, децениска негрижа на локалната власт предводена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари. На денешната прес-конференција портпаролот на партијата Валентин Манасиевски изјави дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нема право да држи лекции за состојбите во здравството, бидејќи, според него, во периодот кога бил министер за здравство постоеле извештаи за ...
Македонската ракометна репрезентација до 18 години го претрпе и третиот пораз на Европското првенство што се одржува во Белград. Во директниот дуел за третото место во групата А, младите македонски ракометари загубија од селекцијата на Шведска со резултат 29:33. Швеѓаните подобро го започнаа натпреварот и уште на стартот направија серија од три погодоци за предност од 3:0. Македонија не успеа веднаш да одговори, а противникот во ...
Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, денеска ќе биде пуштена на домашно лекување откако вчера беше примена во болница поради полесни повреди здобиени во сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во тунелот Кастелец на крајбрежниот автопат, по што словенечката претседателка била пренесена во болницата во Изола, каде ѝ била укажана медицинска помош. Според информациите од Полициската управа Копер, во сообраќајката учествувале две ...
Триесет и осумгодишна државјанка на Шведска се здобила со тешки телесни повреди при слетување со параглајдер во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, вчера во 17:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Специјалната болница „Св. Еразмо“ била донесена А.Г.Б. (38) од Шведска, која се повредила при слетување со параглајдер управуван од лице од охридска параглајдинг-компанија. Од МВР соопштија дека се ...
Триесет и седумгодишен жител на Струмица е осомничен дека со остар предмет ја нападнал својата поранешна сопруга во угостителски објект во градот, при што ѝ нанел тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот се случил на 31 јули околу 12:40 часот во кафуле во Струмица. Осомничениот З.П. (37) со остар предмет ја повредил 34-годишната жена во пределот на лицето, по што избегал од местото. По кратко ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави препораки за заштита на здравјето при патување, апелирајќи граѓаните навреме да се информираат за здравствените ризици во земјите што планираат да ги посетат. Од ИЈЗ советуваат најмалку еден месец пред патувањето да се провери дали за дестинацијата се препорачува вакцинација или превентивна терапија, како што се вакцина против жолта треска или заштита од маларија. Истовремено, се препорачува сите ...
До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, информира Министерството за здравство. Од ресорното министерство посочуваат дека на Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето, а резултатите од лабораториските анализи сè уште се очекуваат. Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените ...
Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемените ризици од пожари на отворен простор и шумски пожари. Одлуката, донесена на последната владина седница, ќе биде во сила 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. Како што информираат од Владата, целта е навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално ангажирање на сите расположливи ...
Грција и натаму се бори со големи шумски пожари, а силните ветрови дополнително ја отежнуваат состојбата и го поттикнуваат ширењето на огнената стихија. Властите и денеска остануваат во состојба на висока готовност, додека најкритична е ситуацијата северозападно од Атина. Огромни облаци чад се издигнуваат над регионот, а неколку села на околу 60 километри од грчката престолнина повторно се евакуирани како превентивна мерка. Крајбрежната ...
Владата денеска во Дебар додели 47 социјални станови на семејства и граѓани од ранливите категории, продолжувајќи ја политиката за обезбедување достоинствени услови за домување на оние на кои им е најпотребна институционална поддршка. На свеченоста присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката ...
Крушево вечерва го отвора годинашното издание на традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која се одбележуваат 123 години од Илинденското востание и формирањето на Крушевската Република. Во програмата се вклучени комеморативни настани, изложби, свечена церемонија и традиционалниот пречек на коњаниците. Чествувањето започнува со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, а делегации ќе ги посетат и Спомен-куќата на ...
Најмалку 57 лица загинаа за време на масовниот обид за премин од Мароко во шпанската автономна територија Сеута, додека десетици илјади мигранти кои успеале да влезат веќе се вратиле назад во Мароко. Според шпанското Министерство за внатрешни работи, од четвртокот во Сеута влегле околу 50.000 лица, додека претседателот на локалната власт Хуан Хесус Вивас проценува дека бројката достигнала околу 60.000. Тоа претставува речиси 70 проценти од ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во Дебар, каде што ќе присуствува на доделувањето на 47 социјални станови наменети за граѓани од ранливи категории. По настанот е предвидена изјава за медиумите. Право на користење социјален стан имаат лица постари од 18 години кои до полнолетството биле згрижени во институции или други форми на згрижување без родителска грижа, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од ...
Македонија ја очекува период на стабилно, сончево и многу топло време, со температури кои за време на викендот и во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе достигнат и ќе надминат 40 степени Целзиусови. Според прогнозите, времето ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло се очекува да биде за време на викендот, кога максималните дневни температури ќе се движат од 33 до 40 степени, а ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информираше дека со техничка поддршка од Европската Унија успешно е завршена првата сеопфатна Водородна студија за Македонија. Според Божиновска, студијата ги анализира можностите за производство, транспорт, складирање и употреба на зелен водород, при што е потврдено дека земјата располага со реален потенцијал за активно вклучување во идната европска водородна ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 31.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.293,43 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 4,82 поени, односно за 0,05%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Битола повторно беше место каде се сретнаа различни култури, традиции и фолклорни богатства од целиот свет. Во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, организираше прием и фолклорна дружба со учесниците од годинашното издание на фестивалот. На настанот учествуваа фолклорни ансамбли од САД, Венецуела, Порторико, Кина, Грузија, Холандија, Унгарија, Словачка, Грција, Шведска, како и претставници од ...
Реконструкцијата на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип се одвива со засилено темпо, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, деновиве е поставен нов асфалтен слој на поголемиот дел од предвидената делница, која е со вкупна должина од 400 метри. По завршувањето на активностите за решавање на канализационата мрежа, ќе следува поставување на уште два нови слоја асфалт и на преостанатиот дел од улицата, со што значително ...
Во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово, денеска на свечена церемонија беа промовирани нови 496 полициски службеници од генерацијата 2025/2026 година. кои положија заклетва и официјално се приклучија на Министерството за внатрешни работи. – Денес, кога ќе ја положите свечената заклетва, прифатете ја како лична обврска пред себе, пред вашите семејства, пред вашите колеги и пред Македонија. Обврзете се дека ...
Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски издаде налог за работа и од вчера активно се работи на санирање на сите оштетувања на коритото на река Серава. -Ова е проект кој 40 години беше ветуван на граѓаните на општина Бутел, денес е реалност и во целост завршен. Затоа нема да дозволам неквалитетна изведба и согласно договор се ќе биде санирано. Изградивме речно корито во должина од 1800 метри, трим патека и нова урбана опрема – објави ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници, современ простор наменет за побрза, поквалитетна и поефикасна услуга за сите корисници на претпријатието. ПОЦ Центар информира дека во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови специјализирани скенери ...