Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Саудиска Арабија, Турција и Пакистан денеска во Џеда треба да потпишат клучен одбранбен договор насочен кон зајакнување на регионалната безбедност. Договорот ќе го официјализираат саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Според извори блиски до саудиската влада, договорот е забрзан поради ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран и растечките тензии во ...
Поранешниот гувернер на мексиканската сојузна држава Гереро, Анхел Агире, е уапсен под сомнение дека наредил уништување докази поврзани со исчезнувањето на 43 студенти во 2014 година. Главната државна обвинителка Ернестина Годој соопшти дека против него се води постапка за попречување на правдата и присилно исчезнување. Според истрагата, студентите од училиштето Ајоцинепа биле киднапирани и убиени од припадници на организиран криминал во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре треба да престојува во прва официјална посета на Србија, објави „Киев Индипендент“, повикувајќи се на висок украински функционер. Посетата се оценува како дипломатски значаен чекор, имајќи предвид дека Србија традиционално одржува блиски односи со Русија. Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Белград се обидува да балансира меѓу врските со Москва и партнерството со западните земји. ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и максимални температури од 32 до 38 степени. Попладне на повеќе места ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со температура до 37 степени. И во наредните денови ...
Полицијата го пронајде и го уапси 19-годишниот возач кој вчера во Скопје со возило „фиат пунто“ удри 48-годишна жена и го напушти местото на сообраќајната несреќа. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Н.Н. од Скопје бил лишен од слобода денеска, откако било утврдено дека на 5 август во 21:20 часот, на крстосницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“, со патничко возило удрил во А.С.К. (48) од Скопје и избегал. ...
Градежната оператива денеска ја заврши работата на асфалтирањето на улицата „Козара“ во Битола, која е дел од поширокиот проект за реконструкција на четири улици во близина на Здравствениот дом. Пред поставувањето на новиот асфалт, беше извршена реконструкција на водоводната и канализациската мрежа, проект финансиран од Министерството за транспорт. Асфалтирањето на коловозот се реализира со средства од буџетот на Општина Битола, во вредност ...
До 18:00 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои два се сè уште активни, четири се ставени под контрола, а 12 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на локалитетот Стојанова Населба, каде што горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Вториот активен пожар е во општина Струмица, меѓу селата ...
Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација на убедлив начин го започна настапот на Европското првенство Б Дивизија, кое се одржува во Скопје и Гевгелија. Нашите млади кошаркари во салата „26 Април“ во Гевгелија го совладаа Кипар со 82:63 и ја запишаа првата победа на шампионатот. Најзаслужен за триумфот беше Дион Шабани, кој блескаше со дабл-дабл учинок од 37 поени и 10 скока. Одлична партија прикажа и Александар Зунзуровски, кој ...
Реал Мадрид официјално ја потврди продолжената соработка со Винисиус Жуниор, кој потпиша нов договор и ќе остане во редовите на „кралскиот клуб“ до 30 јуни 2032 година. Со потпишувањето на новиот договор завршија сите шпекулации околу иднината на бразилскиот репрезентативец, кој и во наредните години ќе биде еден од главните носители на играта на мадридскиот гигант. „Реал Мадрид и Винисиус Жуниор постигнаа договор за продолжување на ...
Четириесет и осумгодишна жена се здобила со тешки телесни повреди откако била прегазена од автомобил „фиат“ на крстосница во скопската населба Ѓорче Петров, а возачот по несреќата избегал од местото на настанот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 5 август околу 21:20 часот на крстосницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Крсто Раковски“. Автомобилот удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје, по што ...
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат привремени рестриктивни мерки за руските државјани кои живеат во странство, а се осудени во отсуство или, според властите, избегнуваат извршување на казна. Законот, кој беше потпишан на 4 август, ќе стапи во сила веднаш по неговото објавување. Тој предвидува формирање посебен регистар на лица против кои ќе се применуваат ограничувањата, а списокот ќе го води руското ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 06.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.236,00 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 24,13 поени, односно за 0,26%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, со дневен раст од 0,09 поени, односно 0,07%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Изградбата на нов паркинг простор и реконструкцијата на улицата „Браќа Џаферови“ во Битола влегуваат во завршна фаза. Денеска се асфалтираше површина од 1.100 квадратни метри, со што проектот е чекор поблиску до неговото комплетно завршување. Од Општина Битола информираат дека новиот паркинг ќе располага со 25 паркинг места, а во рамките на проектот се предвидени и поставување улично осветлување, како и изградба на атмосферска канализација. ...
Матурантите годинава покажале подобри резултати на државната матура по повеќе предмети, покажуваат анализите на Државниот испитен центар. Просечните оценки се зголемени по македонски јазик, странски јазици и математика, што укажува на позитивен тренд во споредба со претходниот испитен циклус. Најзначително подобрување е забележано кај математиката, каде што поголем број ученици успеале да го положат испитот и да постигнат повисоки резултати. ...
Македонија успешно се соочува со предизвиците, како војната во Заливот и сегашната ситуација со нивото на реката Дунав, кои вршат притисоци врз цената на електричната енергија. -Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на ...
Полицијата спроведе акциска контрола во Тетово, насочена кон возачи на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, при што беа изречени вкупно 50 санкции. Најголем дел од прекршоците се однесуваат на возење без заштитен шлем, а санкционирани беа и возачи на електрични тротинети. Едно лице е лишено од слобода поради управување мопед без возачка дозвола, при што возилото му е одземено. Привремено е одземен и еден електричен тротинет, бидејќи со ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) изрази целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство. -За секој ден без терапија некој мора да одговара. Не може секојпат кога ќе се испразнат залихите виновник да нема, а последиците секогаш да ги трпат пациентите – реагира ЛДП. Опозициската партија бара итно обезбедување на целата неопходна терапија, целосна јавна информација за причините за ...
Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска извести дека кај мал дел од препаратите кои се наоѓаат на позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување имало краткотрајно доцнење во испораката, како последица на повеќе објективни околности, меѓу кои зголемената потрошувачка, зголемениот број пациенти, периодот меѓу две јавни набавки, како и делумниот недостиг кај дистрибутерите. -Најголемиот дел од потребните препарати веќе се ...
Во Владата денеска беа потпишани договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, со што започнува третата фаза од финансирањето на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир на Коридорот 8. За проектот преку Инвестициската рамка за Западен Балкан се обезбедени 149 милиони евра грант од Европската Унија. Министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека Коридорот 8 е еден од ...
Денеска се навршуваат десет години од катастрофалното невреме што го погоди Скопје и околината, при кое животот го загубија 22 лица. На 6 август 2016 година обилните врнежи и силниот ветер предизвикаа разорни поплави во Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. За само 24 часа во Скопје наврнаа речиси 93 литри дожд на метар квадратен, а околу илјада граѓани беа евакуирани од своите домови. По трагедијата, 8 август беше прогласен за Ден на ...
Жителите на станбениот комплекс на улицата „Антон Попов 1“ во Скопје изразија загриженост поради најавената изградба на влезот во подземната сообраќајница кај комплексот „Лимак“. Тие стравуваат дека планираните градежни работи би можеле да влијаат врз безбедноста и статиката на зградата и бараат повеќе информации од Град Скопје. Велат дека доколку не добијат официјален одговор и јавна презентација на проектот, ќе организираат протести. Од ...
Просечната оценка од годинашното полагање на матурата изнесува 3,66, соопштија министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска. Оваа година за првпат се полагаа три типа матурски испит – државна, државна стручна и државна уметничка матура. Просечната оценка на државната матура е 3,62, на државната стручна матура 3,91, а на државната уметничка матура 3,59. Јаневска ...
Украина изврши напад со дронови врз две големи руски нафтени рафинерии, оддалечени стотици километри од границата, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој изјави дека цел биле рафинериите во Јарослав и во Башкортостан. Руските власти соопштија дека регионот Јарослав бил цел на најголемиот напад досега, при што противвоздушната одбрана соборила 92 дрона. Зеленски оцени дека нападите ќе ги намалат приходите на Русија од нафта и ...
Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот, информираат од локалната самоуправа. Градоначалникот Горан Герасимовски.посочи дека во текот на денешниот и утрешниот ден, инфо-штандови ќе бидат поставени кај Зелен пазар и на пазарот „Буњаковец“. Во соработка со ХЕРА, денеска од 8:30 до 11:00 часот кај Зелен пазар ...
Речиси сите регистрирани случаи на западнонилска треска во Македонија се од Скопскиот регион и Велес, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека здравствените власти презеле соодветни епидемиолошки мерки, а околу домовите на лицата кај кои е потврдена болеста била извршена вонредна дезинсекција во радиус од 200 метри. Во скопската населба Драчево, каде што се регистрирани пет случаи, било извршено прскање од земја. ...
Дел од корисниците во општина Бутел денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции во дистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија. Прекин на снабдувањето со електрична енергија ќе има во периодот од 09:00 до 12:15 часот за корисниците од село Радишани 7, улица 56 во Радишани, како и дел од корисниците во општина Бутел. Од ЕВН Македонија појаснуваат дека прекинот е неопходен поради изведување технички ...
Односите меѓу Соединетите Американски Држави и Бразил дополнително се заоструваат, откако Вашингтон ѝ ја поништи визата на бразилската амбасадорка во САД, Марија Луиза Рибеиро Виоти. Потегот доаѓа само неколку дена по одлуката на Бразил да не издаде визи за американски функционери. Од американскиот Стејт департмент соопштија дека не станува збор за протерување на амбасадорката, туку за дипломатска мерка која може веднаш да биде повлечена ...
Македонија и денеска ќе биде под влијание на топол бран, со сончево и многу топло време и мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 39 степени. Во ...
Вицепремиерот Александар Николоски вечерва присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата. Во објава на социјалните мрежи, Николоски истакна дека настанот поминал во позитивна атмосфера и патриотски дух, посочувајќи дека со присутните разговарале за проектите што, според него, ќе придонесат за ...
Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе присуствуваат на свеченото потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, која е дел од источниот крак на Коридорот 8. Свеченоста ќе се одржи во Владата, каде ќе бидат потпишани Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан ...