Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека состојбата со здравственото осигурување на дел од вработените во Министерството за внатрешни работи не е последица на технички проблем или застој во системот на Фондот, туку на неевидентирани уплати на придонесите за одреден период. Од Фондот појаснуваат дека во системот се евидентирани вработени кои се вратиле на работа врз основа на судски одлуки, а за дел од нив сè уште не е извршена ...
Утре и во петок со почеток во 9 часот се спроведува августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои не ја положија во јунскиот рок. Утре се полага изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик, односно историја, за уметничка матура, а на 14 август е полагањето на задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се ...
Како подготовка за воведување на системот е-Фактура, Управата за јавни приходи (УЈП) во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) организираше обука на која учествуваа 80 претставници од општините и јавните претпријатија (ЈКП). На обуката беа презентирани функционалностите на овој систем и начинот на неговото користење, како и обврските и придобивките од електронското фактурирање. Оваа обука е од особено значење ...
Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт-деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки, информираат од локалната самоуправа. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки во писмена или во електронска форма. ...
Двајца малолетници на возраст од 15 и 13 години се лишени од слобода во Скопје поради сомнение дека се обиделе да ограбат 14-годишно момче. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 10 август околу 20 часот на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје. Како што информира МВР, малолетниците физички го нападнале 14-годишното момче од Скопје и се обиделе да му одземат пари. Откако не успеале во намерата, двајцата ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека наскоро ќе започне асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, кој со години е предмет на најави и ветувања. „Зборот е збор – за скоро од денес започнуваме со асфалтирање на булеварот „Борис Трајковски“!“, напиша Ѓорѓиевски на својот профил на Фејсбук. Тој посочува дека по повеќедецениски најави, во изминатите нешто повеќе од три месеци биле решени проблемите кои ја попречувале ...
Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан, на која ќе се разговара за проблемот со кој се соочуваат професионалните возачи при престојот во Шенген зоната. На средбата ќе се утврдат конкретните активности што превозниците ќе ги преземат во наредниот период, со цел да се изнајде решение за ограничувањето на престојот во земјите од Шенген. Проблемот особено ги погоди професионалните возачи ...
Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска, со максимални температури кои на места достигнуваат до 40 степени. Според најавите на синоптичарите, сончево и многу топло време ќе преовладува и утре, додека од четврток се очекува мало освежување и пад на температурите за неколку степени. Денеска најтопло е во Демир Капија и Гевгелија, каде максималната температура достигна 40 степени. Времето во текот на денот е сончево и многу ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Центар и Сопиште поради изведување закажани работи на електродистрибутивната мрежа. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Максим Горки“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во општина Центар. Од 09:00 до 12:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и ...
Температурата на океаните во јули достигна највисоко ниво досега забележано за овој месец, покажуваат најновите податоци на службата на Европската Унија за следење на климатските промени „Коперник“. Просечната температура на површината на морето, надвор од поларните региони и меѓу 60 степени северна и 60 степени јужна географска ширина, минатиот месец достигнала 20,96 степени Целзиусови. Со тоа е надминат претходниот јулски рекорд од 20,89 ...
Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени што ја погоди земјата, при што според најновите информации загинаа повеќе од 110 лица, а над 1.500 објекти се оштетени и прогласени за небезбедни за живеење. Претседателот Абелардо де ла Есприеља соопшти дека лично ќе раководи со справувањето со кризата. „Јас лично ќе бидам на чело на оваа национална криза и неуморно ќе патувам низ земјата за да ги преземам ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија, со цел, како што рече, да ѝ покаже на Русија и на нејзините граѓани дека единствено решение е прекин на војната. Според Зеленски, украинските сили погодиле уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, кој се наоѓа во Тоболск, во Сибир, на повеќе од 2.500 километри од украинската граница. ...
Во вилата „Билјана“ во Охрид денеска ќе се одржи јавна дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: Млади, училишта и дигитален простор“, на која ќе учествуваат младински активисти, ученици, психолози, експерти и претставници на институциите. Настанот се организира во пресрет на 12 Август – Меѓународниот ден на младите, а воведни обраќања ќе имаат претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование ...
Жена од село во Велешко пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати во нивниот дом од нејзиниот татко и брат, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, во нападот бил употребен и дрвен предмет, кој подоцна бил пронајден и одземен од страна на полицијата. Од МВР не го откриваат името на селото, со цел заштита на жртвите. „На 09.08.2026 во 11:10 часот во СВР Велес, 45-годишна жена од село во велешко ...
Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава до 18 часот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, шест пожари се активни, два се ставени под контрола, додека седум се целосно изгаснати. Активни пожари се регистрирани на повеќе локации низ земјава. Во Општина Македонски Брод гори кај местото Видуш, во близина на селото Драгов Дол, каде што огнот зафатил ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Пожар ...
Шумските пожари во јужниот и централниот дел на Шпанија и натаму се активни, а властите продолжуваат со масовна мобилизација на пожарникари и воздухопловни ресурси за нивно ставање под контрола. Огнените стихии беснеат во регионите Уелва, Кастиља и Сеговија, од кои последниот е оддалечен само околу 90 километри од Мадрид. Поради размерите на пожарите, во гаснењето денеска се ангажирани 21 авион и околу 300 пожарникари, меѓу кои и припадници ...
Македонските кошаркарски кадети со фантастичен пресврт стигнаа до втората победа на Европското првенство Б-дивизија, откако вечерва во Гевгелија ја совладаа Швајцарија со 89:76. Нашите млади кошаркари одиграа две сосема различни полувремиња. По првите две четвртини Македонија имаше сериозна негатива, но во продолжението следуваше целосен пресврт и одлична реакција на македонските кадети. Клучна беше третата четвртина, која Македонија ја доби ...
93-годишниот претседател на Камерун, Пол Бија, веќе два месеца се наоѓа во Европа и сè уште не се вратил во земјата, објави Асошиејтед прес. Од кабинетот на камерунскиот претседател првично соопштиле дека Бија отпатувал во Европа на кратко приватно патување. Подоцна, владата потврдила дека претседателот престојува во Швајцарија, но не даде дополнителни детали за неговиот престој или за тоа кога би можел да се врати во Камерун. Долгото ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека кандидатот за вработување кој не бил повикан на проверка на моторичките способности не ја поминал административната селекција, која претставува прва фаза од постапката за избор. Од МВР појаснуваат дека во административната селекција се проверува дали пријавата и доставената документација се целосни и дали кандидатот ги исполнува условите наведени во јавниот оглас. Доколку не ги исполнува ...
Град Скопје ги информира жителите на населбата Драчево дека Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река. Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период се очекува отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел од градот. Од Град Скопје апелираат до граѓаните за трпение, разбирање и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и режимот на сообраќај за време на ...
Општина Кисела Вода информира дека успешно се завршени градежните работи на уште еден дел од објектот „Кокиче“, кој функционира во состав на детската градинка „Весели цветови“. Со најновата реконструкција, објектот е целосно обновен. Реновиран е средишниот, постар дел од градинката, кој опфаќа три занимални за деца на возраст од две до шест години, кујната, канцеларијата и ходникот. Во рамки на работите целосно е отстранета старата ...
Државјанин на Србија (56) го загуби животот откако се удави во морето кај Сарти, на Халкидики. Според локалните медиуми, мажот бил извлечен од морето во бессознание. Спасител кој веднаш пристигнал на местото започнал со укажување прва помош и кардиопулмонална реанимација (КПР), но безуспешно. Потоа, српскиот државјанин бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Здравствениот дом „Агиос Николаос“, каде што лекарите се обиделе да го ...
Најмалку 75 лица загинаа, а десетици се повредени во силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што денеска го погоди западниот дел на Колумбија, предизвикувајќи големи материјални штети и уривање на повеќе објекти. Според Американскиот геолошки институт, земјотресот се случил во 7:34 часот по локално време, а епицентарот бил во близина на градот Сан Хозе дел Палмар, во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Најголем број жртви се ...
Две лица викендов се пронајдени починати во своите домови, а две лица загинаа во трагични сообраќајни несреќи на патиштата во државава, информира МВР. Вчера вечер, скопјанка на возраст од 45 години е пронајдена почината во стан на подрачјето на Карпош. Според полицијата, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција. Во својот дом во Штип викендов е пронајден ...
Со кредит од 40 милиони евра од домашните банки, со државна гаранција Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги финансира преземени обврски и ќе рефинансира долгови поврзани со капитални проекти и инвестиции. Новото задолжување е кај Комерцијална банка и Халк банка преку синдициран кредит во износ од 2,46 милијарди денари, ќе се отплаќа осум години, со грејс-период од три години, а средствата треба да бидат повлечени најдоцна до 31 ...
Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81%. Цената на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 ден/лит и новите цени се 87 денари односно 89,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 8,00 денари и литар ќе чини 91,50 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 6,00 ден ...
Во вторник во раните утрински часови ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, соопштија градските власти. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Поврзани вести: МОЖЕБИ ...
Сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, учествувале четири возила утрово предизвика сериозни застои на патниот правец Гостивар – Стража. Несреќата се случила по излезот од Гостивар, во правец кон Стража, во близина на првиот каменолом. Во судирот учествувал и товарен камион натоварен со дрва. Поради несреќата, на делницата се формирале долги колони, а возилата што се движат кон Маврово на повеќе места стојат или се движат ...
Општина Ѓорче Петров организираше комеморативна манифестација пред споменикот на паднатите бранители во селото Волково по повод 25 години од загинувањето на осумте припадници на резервниот состав на армијата кај месноста Љуботенски Бачила кои со товарно возило налетаа на мина. Градоначалникот Александар Стојкоски на семејствата на загинатите бранители им вети дека нивните имиња нема никогаш да исчезнат од македонската колективна меморија и ...
Синоќешниот музичко-сценски спектакл во Охрид, организиран по повод 35 години од независноста на Македонија, стана повод за нова политичка пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската и владејачката партија денеска разменија меѓусебни обвинувања околу визуелниот идентитет на настанот и начинот на неговата организација. Од СДСМ обвинија дека на државната прослава било погрешно прикажано македонското знаме, оценувајќи го тоа како „срамно и ...