Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Пожарот што во саботата избувна на градската депонија во Крива Паланка е целосно изгаснат, информираше командирот на Територијалната противпожарна единица, Иле Коцевски. Пожарот бил ставен под контрола во текот на вчерашното претпладне, но поради повеќето жаришта и создавањето запаливи гасови, екипите продолжиле со интервенцијата до доцните вечерни часови. Целосното гасење завршило околу 22:30 часот. Коцевски посочи дека пожарникарите речиси ...
Западна Европа ги забележа најтоплите јуни и јули откако се водат мерења, со просечна температура од 21,62 Целзиусови степени, соопшти европската климатска служба „Коперникус“. Тоа е за 2,79 степени повеќе од просекот за периодот од 1991 до 2020 година. На рекордните температури им претходеше невообичаено долг топлотен период кој започна кон крајот на пролетта, со четири топлотни бранови од крајот на мај. Додека западниот дел од Европа ...
Делегација на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе оддаде почит на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година. Во рамки на одбележувањето ќе биде положено цвеќе на повеќе спомен-обележја во Ѓорче Петров, Волково, Љубанци и во касарната „Илинден“. Со активностите ќе се ...
Тајландската полиција откри нови детали од истрагата за масовното убиство во училиште во предградие на Бангкок, извршено од 14-годишен ученик. Според истражителите, момчето уште минатата година донело воздушен пиштол во училиштето, кој му бил одземен од наставник, а подолг период покажувало интерес за огнено оружје и следело насилни содржини на социјалните мрежи. Инаку, во нападот, тинејџерот најпрво ги убил своите баба и дедо, а потоа во ...
Големото украинско знаме, кое четири години беше поставено во центарот на Приштина како симбол на солидарност со Украина, вчера било отстрането. Потегот следува само еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на посетата на Белград, изјави дека Украина не ја менува својата политика за непризнавање на независноста на Косово. Засега нема официјално објаснување дали отстранувањето на знамето е директно поврзано со ...
Американското Министерство за одбрана побара од одбранбената индустрија значително да го забрза производството на оружје за да ги надополни намалените залихи на муниција и ракетни системи. Од Пентагон соопштија дека приоритет е обезбедување доволно оружје за американската војска во услови на зголемени безбедносни закани. Заменик-министерот за одбрана Стив Фајнберг им даде рок од 21 ден на производителите да достават планови за побрза испорака ...
Повеќе од еден милион жители се евакуирани од источниот дел на Кина, откако тајфунот „Дeлфин“ пристигна на копното и предизвика големи нарушувања во сообраќајот и секојдневниот живот. Најсилно беа погодени провинцијата Жеџијанг и подрачјето на Шангај, каде што беа откажани околу 1.400 летови. Тајфунот прво удри во градот Јухуан со ветрови до 150 километри на час, а потоа продолжи кон Венџоу, пред постепено да ослабне во тропска бура. ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне на поедини места ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната температура ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со температура до 40 степени. Според прогнозата, многу ...
Рибар од Скопје исчезнал во водите на Преспанското Езеро откако скокнал од чамец за да ги земе веслата што му паднале во езерото, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, случајот вчера бил пријавен во СВР Битола од двајца рибари, кои известиле дека во чамец на Преспанското Езеро останале уште две лица. Едниот од нив скокнал во водата по паднатите весла и не успеал повторно да излезе, додека другиот останал во чамецот, ...
Со порастот на дневните температури, значително се зголемува и опасноста од појава на пожари на отворен простор, покажуваат податоците од Системот за шумски пожари, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али. Според индексот за опасност од пожари (FWI), во попладневните часови источниот, централниот и јужниот дел на државата се во зона со многу висок ризик од брзо ширење на пожари со голем интензитет. Во останатите ...
Во рамките на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе се одржи концертот „Последна роза на летото“ (Last Rose of Summer). Пред охридската публика ќе настапат флејтистката Јохана Кезеи, виолинистот Дејвид Тобин и пијанистот Фингин Колинс, тројца истакнати европски уметници со успешни меѓународни кариери. На програмата се дела од Едвард Елгар, Карл Рајнеке, Џон Филд, Петар Илич Чајковски и Вилијам Винсент ...
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство, поднесе кривични пријави против две лица од Скопје за обид за убиство и семејно насилство. Против 37-годишниот Д.В. е поднесена пријава за „убиство во обид“, откако по расправија со нож нападнал 38-годишен скопјанец и му нанел тешки телесни повреди. Осомничениот бил уапсен веднаш по нападот, пронајден е и ножот, а судија на претходна постапка му ...
Против поранешниот унгарски министер за надворешни работи Петер Сијарто е поднесена кривична пријава поради сомневање за примање поткуп, објави унгарскиот портал „Индекс“. Пријавата ја поднел унгарски активист, а обвинителството ја проследило до надлежната полициска станица во Будимпешта за понатамошна истрага. Од обвинителството соопштиле дека доставените информации „може да укажуваат на примање поткуп“, но засега нема покренато обвинение. ...
Амар Мециновиќ, кандидатот на Левица за градоначалник Скопје е убеден дека ќе влезе во втор круг. Вели дека и покрај опструкциите што ги имале, успеале својата програма да ја приближат до гласачите. Целото интервју погледнете го на следниот линк. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Post Views: 1 Амар Мециновиќ, кандидатот на Левица за градоначалник Скопје е убеден дека ќе влезе во втор круг. Вели дека и покрај опструкциите што ги ...
Македонскиот фудбал денеска е во знакот на големото „црвено-црно“ дерби, откако од 17 часот на арената „Тодор Проески“ ќе се сретнат Вардар и Шкендија во натпревар од второто коло на Првата лига. Иако сезоната е на самиот почеток и по овој меч ќе следуваат уште три меѓусебни пресметки, дуелот се смета за прв сериозен показател за формата и амбициите на двата најголеми фаворити за титулата. Вардар влегува со блага физичка предност, бидејќи ...
Полицијата при одделни акции во Скопје пронајде кокаин и марихуана, при што се уапсени четири лица, меѓу кои и 16-годишна малолетничка. Во Карпош, при претрес во домот на 42-годишен скопјанец, биле пронајдени кокаин, марихуана, дигитална вага со траги од кокаин и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Во посебна акција на улицата „Букурешка“ биле приведени уште две 23-годишни лица и една 16-годишна ...
Полицијата ноќеска на локалниот пат Илинден–Марино го уапсила 41-годишниот Д.В. од Скопје, кој управувал автомобил под дејство на алкохол и без возачка дозвола. При контролата било утврдено дека возачот на автомобил „Опел“ имал 2,13 промили алкохол во крвта, по што возилото му било одземено. За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава согласно член 297-а од Кривичниот ...
Иран и Оман се блиску до договор за воспоставување нова привремена поморска рута низ Ормускиот Теснец, но Техеран порача дека тоа нема да биде доволно за целосно нормализирање на пловидбата. Иранските власти бараат од Соединетите Американски Држави укинување на санкциите, деблокирање на замрзнатите средства, финансиска компензација и прекин на, како што наведуваат, заканите и воените активности против Иран и неговите сојузници. Министерот за ...
Тајфунот „Долфин“ се приближува до источниот брег на Кина, носејќи обилни врнежи, силен ветер и опасност од поплави и свлечишта. Во Шангај се откажани повеќе од 1.300 летови, додека властите евакуираа стотици илјади жители од најзагрозените подрачја. Надворешните делови од невремето веќе го зафатија северен Тајван, вклучувајќи го и главниот град Тајпеј, каде што се регистрирани поројни дождови и се откажани дел од летовите кон Кина. Според ...
Во Албанија стапија во сила измените на Законот за сообраќај, со кои значително се заоструваат казните за прекршителите со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се намали бројот на сообраќајни несреќи. Најстрогата мерка предвидува трајно одземање на возачката дозвола за возачите кои повторно ќе бидат затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол со повеќе од 0,5 промили, откако претходно биле казнети или предупредени. ...
Во изминатото деноноќие на територијата на Македонија се регистрирани 25 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 22 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Горно Лисиче во Општина Аеродром, каде што гори ниска вегетација, дрвја и пченка, како и пожарот на излезот од Крива Паланка, каде што е зафатена депонија. Под контрола е пожарот над селото ...
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Македонија бележи силен раст на туризмот, при што во првите пет месеци од годинава бројот на странски туристи е зголемен за 23,6 проценти во споредба со истиот период лани. Од партијата наведуваат дека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7 проценти, што, според нив, е показател дека земјата станува сè поатрактивна туристичка дестинација. Според нив позитивните резултати се должат на владините политики ...
Повеќе од четири недели Гостивар се соочува со проблем со водоснабдувањето, а над 4.700 граѓани завршиле во болница, обвинија денеска од СДСМ. Од партијата тврдат дека и покрај епидемијата на жолтица, досега нема ниту еден официјален стручен документ или експертска проценка за состојбата со водата за пиење. Според СДСМ, наместо стручни лица од надлежните институции, за состојбата во јавноста зборуваат владини претставници кои, како што велат, ...
Со досега најголемиот музичко-сценски спектакл организиран во Македонија, вечерва на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината од независноста на државата. Настанот започнува во 19:30 часот, а преку музика, глума и танц ќе биде претставена приказната за трите и пол децении независност, со акцент на најзначајните историски моменти, предизвици и достигнувања. Во рамки на караванот, спектаклот ќе гостува и ...
Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено по суви коловози, а интензитетот на возила на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Според последните информации, на граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу 30 минути, додека на граничниот премин Богородица за излез од државата задржувањето е околу 30 минути. На останатите гранични ...
Македонија е на четвртото место во Европа по бројот на регистрирани случаи на западнонилска треска во текот на оваа сезона, покажуваат најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Од почетокот на сезоната на пренос на вирусот досега, во земјава се потврдени 13 случаи на инфекција. Пред Македонија се Италија со 139, Грција со 61 и Шпанија со 17 заразени, додека зад неа се Романија со шест, Франција со ...
Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, на денешната прес-конференција изнесе низа обвинувања за начинот на кој институциите се справуваат со кризата со водоснабдувањето во Гостивар и побара обвинителот Савевски веднаш да отвори постапка. Поповиќ обвини дека институциите со недели давале контрадикторни информации за состојбата со водата, додека бројот на граѓани со здравствени проблеми растел. Таа посочи дека министерот за ...
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на денешната прес-конференција на Христијан Ефтимов од СДСМ, оценувајќи дека опозициската партија и нејзините претставници покажуваат „тотална дезориентираност“ во случајот поврзан со Ново Село. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Ефтимов, како претставник на СДСМ од Ново Село, со својата денешна изјава, според нив, потврдил дел од тврдењата што претходно ги изнела владејачката партија. „Денес нивниот претставник од Ново Село, кој ...
Полицијата приведе едно лице во врска со тешката сообраќајна несреќа што вчера се случи во Скопје, а во која животот го загуби 19-годишен мотоциклист, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, вчера напладне во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Радишанска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (47) од Скопје, и мотоцикл ...
Денеска се навршуваат 25 години од нападот кај Карпалак, еден од најтрагичните настани за македонската Армија за време на конфликтот во 2001 година, во кој животот го загубија десет припадници на Армијата на Република Македонија. На 8 август 2001 година, на патниот правец Скопје – Тетово, во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак, армиски конвој беше нападнат од заседа. Во нападот загинаа резервниот капетан Нане Наумоски, резервниот ...