Народниот правобранител Фатон Сељами побара граѓаните на Гостивар, како и жителите на околните општини што се снабдуваат со вода преку ЈП „Комуналец“, да бидат ослободени од плаќање на сметките за вода за периодот во кој таа не смее да се користи. Тој изјави дека препораката ќе биде испратена до Советот на општина Гостивар и до другите засегнати општини, со очекување да биде прифатена. Сељами потсети дека слична одлука претходно била донесена ...

Со читање на имињата на 22-те жртви, синоќа во Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто беше одбележана десетгодишнината од катастрофалните поплави што во 2016 година ја погодија Општина Гази Баба. На комеморативниот настан беше оддадена почит на загинатите и испратена порака дека нивниот спомен никогаш нема да биде заборавен. Градоначалникот Бобан Стефковски истакна дека и по една деценија болката на семејствата останува, а трагедијата е ...

Папата Лав XIV за време на четиридневната посета на Франција, од 25 до 28 септември, ќе се сретне со жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештеници, соопшти Ватикан. Средбата ќе биде организирана во координација со самите жртви, а точниот термин и локација ќе бидат објавени дополнително. Посетата ќе вклучува и обраќање во седиштето на УНЕСКО, средба со француските бискупи во Лурд и меѓуверски собир во Мец. Според извештај објавен во ...

Најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во ноќниот руски напад со дронови и балистички проектили врз Киев и Киевската област. Според локалните власти, нападот најтешко го погодил округот Бровари, каде што се повредени уште три лица, меѓу кои има и едно дете, а оштетени се станбени објекти, автомобили и помошни згради. Во Киев избувнале пожари во гаражи, деловни објекти и на индустриски локации, додека спасувачките екипи интервенирале ...

Русија одобри дозволи за седум кинески транзитни бродови кои ќе пловат по Северниот морски пат низ Арктикот кон Европа, соопшти државната корпорација „Росатом“. Кинеската компанија „Си Леџенд Шипинг“ планира годинава да воспостави прва редовна контејнерска линија меѓу Кина и Европа преку оваа арктичка рута, со неделни пловидби во текот на навигациската сезона. Москва со години настојува Северниот морски пат да стане алтернатива на ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и максимални температури од 33 до 40 степени, соопшти УХМР. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина до 40 километри на час. Во попладневните часови, особено во северните делови од земјата, се очекува локален пороен дожд и ретки грмежи. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со температура до 39 степени. ...

Шкендија Арачиново и Силекс ремизираа 1-1 во натпревар исполнет со возбудувања, два досудени пенали, ВАР-интервенција и одлични интервенции на двајцата голмани. Првото полувреме донесе претпазлива игра со мал број шанси. Домашниот состав поведе во 32. минута, кога по досуден пенал капитенот Бесир Демири сигурно реализираше за 1-0. Тоа беше и првиот гол на Шкендија Арачиново во Првата македонска фудбалска лига. До паузата домаќините имаа ...

Државната изборна комисија се подготвува за спроведување нови избори за градоначалник на Општина Брвеница, откако по ненадејната смрт на досегашниот градоначалник Јовица Илиевски се создадоа услови за избор на нов локален прв човек. Владата претходно ја разгледа информацијата од Министерството за локална самоуправа и констатираше дека настапил законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот. Со тоа започнува постапката која треба ...

Градежната оператива продолжува со реализација на инфраструктурните активности во Битола. По завршувањето на асфалтирањето на улицата „Козара“, денеска се асфалтирани уште две улици во близина на Здравствениот дом – „11-ти Март“ и „Панде Николов“. Од Општина Битола информираат дека станува збор за вкупна должина од 220 метри, каде претходно беше извршена реконструкција на водоводната и канализациската мрежа со финансиска поддршка од ...

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информира дека општината интензивно работи на подготовка на проектна документација за повеќе инфраструктурни проекти кои се планира да се реализираат во наредниот период. Тоневски посочува дека покрај градежните активности на терен, особено внимание се посветува на подготовката на проекти во областа на водоснабдувањето, патната инфраструктура и канализацијата. Во делот на водоснабдувањето ...

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, при што животите ги загубија десет прилепски бранители. Проданоски истакна дека нивната жртва останува длабоко врежана во колективната меморија на Прилеп и Македонија и порача дека тие никогаш не смеат да бидат заборавени. „Пред четврт век, десетмина наши прилепски бранители ги положија своите животи бранејќи ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 7,19 поени, односно за 0,08%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...

Министерката за енергетика Сања Божиновска соопшти дека домашните акумулации во моментов се исполнети околу 70 проценти, што, како што истакна, овозможува сигурно управување со расположливиот хидропотенцијал и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем. Според Божиновска, актуелната состојба обезбедува добра основа за стабилно производство на електрична енергија, а надлежните институции внимателно ја следат состојбата со ...

Во текот на оваа недела во Македонија се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството за здравство. Сите новозаболени лица се од Скопскиот регион. Два случаи се евидентирани во општините Кисела Вода и Гази Баба, а по еден случај има во Илинден, Бутел и Аеродром. Заболените се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. Од Министерството информираат дека на Универзитетската клиника за ...

Кај осуденик во Казнено-поправната установа „Идризово“ биле пронајдени 27 пакувања со марихуана, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, вчера во 15:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13:10 часот, при извршен претрес во затворот, кај осуденикот З.И. (29) од Скопје била пронајдена и одземена дрогата. Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава против ...

Млад македонски државјанин кој на летување во Бодрум, Турција паднал од тобоган и се здобил со тешка телесна повреда, утре ќе биде донесен со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи. Поради повреда на вратниот пршлен, здравствените власти од Турција одобриле момчето да биде пренесено во Македонија со авион, а не со медицинско возило, па на барање на родителите, Фондот за здравство одобрил, а зад одлуката стои и ...

Жител на тетовско село вчера во полиција пријавил измама во која останал и товарно возило и без пари. Пријавителот навел дека во април годинава се договорил со лице од скопско да му продаде товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, за сума од 11.000 евра, со договор за етапно плаќање. До денот на пријавувањето, договорената сума не му била исплатена, ниту пак возилото било вратено, соопшти ...

Градоначалникот Сотир Лукровски ги прими тројцата стипендисти на Општина Карпош, кои со одлични резултати ја претставуваа Македонија на 30. Јуниорска балканска математичка олимпијада – JBMO 2026 во Бузау, Романија. Дарјан Мирчевски од основното училиште „Вера Циривири-Трена“ освои бронзен медал, постигнувајќи го најдобриот резултат во македонскиот тим. Калина Тортевска од „Јан Амос Коменски“ освои пофалница, додека Андреа Јовановска од ...

Благодарение на брзата и храбра реакција на двајца случајни минувачи жена денеска е спасена од водите на Вардар кај Камениот мост во центарот на Скопје. Жена, на возраст од околу 50 години, била извлечена на безбедно од Вардар од страна на двајца граѓани од Чаир, а потоа пристигнале две екипи на интервентната полиција, една екипа на „Алфа“ и екипа на Итната медицинска помош, кои ја презеле жената. Жената е пренесена во Ургентниот центар при ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши ја потпиша одлуката за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. -Очекувам од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите органи задолжени за спроведување на оваа одлука, изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законот и процедурите – напиша на Гаши на својот ...

Во основното училиште „Мирче Ацев“ е изградена нова современа фитнес зона, како дел од проектот што се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски, соопштија од Општината. Новата фитнес зона е една од вкупно трите фитнес зони што се реализираат во рамки на проектот, со што дополнително се унапредува и збогатува спортската инфраструктура на територијата на Општина Ѓорче Петров, наведе градоначалникот Александар Стојкоски. Со ...

Општина Кисела Вода во соработка со Кинотека на Македонија викендов организира две филмски вечери во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево. На програмата се две познати македонски остварувања во режија на Дарко Митревски. Култниот „Бал-Кан-Кан“ се прикажува во сабота, „Трето полувреме“ во недела со почеток во 20 часот. Влезот за двете проекции е слободен. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Општина Кисела Вода во соработка со ...

Почнувајќи од овој месец, здравствените осигуреници повторно ќе можат да го подигнат лекот „Фостер“ од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт, соопшти Министерството за здравство. Од таму нагласуваат дека тоа ќе важи и за другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест. Министерството потенцираа ...

Уставниот суд го известил Јавното обвинителство и Судскиот совет дека судија од Основниот граѓански суд Скопје, кој постапувал во предметот на новинарката Наташа Стојановска, не ја извршил Одлуката на Уставниот суд и не овозможил остварување на уставните слободи и права на подносителката иако тие биле утврдени со неговата Одлука. Уставниот суд првпат од своето постоење примени нов механизам за извршување на одлуките, кој овозможува заштита на ...

Најмалку две лица загинале, а повеќе други се повредени во пукотница училиште во Тајланд. Според извори на службите за итна медицинска помош, загинатите најверојатно се наставници. Мотивот за нападот засега не е познат. Пукањето се случило утринава во училиштето „Дебсирин Нонтабури“ во покраината Нонтабури, северно од Бангкок. Според првичните информации од полицијата, осомничениот напаѓач бил тинејџер, за кој безбедносните сили уште ...

Во рамки на традиционалната Грчка вечер на фестивалот „Охридско лето“, вечерва ќе настапат грчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори. Концертот, кој се организира со поддршка на Амбасадата на Грција, ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Теодосија Нтоку е меѓународно афирмирана пијанистка, која критичарите ја издвојуваат по својата емотивна и впечатлива интерпретација. Масимо ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша две нови извршни наредби со кои повторно се обидува да го ограничи стекнувањето американско државјанство по раѓање. Мерките се насочени кон сузбивање на таканаречениот „туризам за породување“, односно доаѓањето на странски државјанки во САД со цел нивното дете автоматски да добие американско државјанство. Новите правила ги заоструваат постојните прописи и ги ограничуваат исклучоците за добивање ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Автомотосојузот на Македонија. Зголемен интензитет на возила е забележан на патните правци надвор од градските средини, но на граничните премини засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Посебна внимателност се ...

Поради дефекти на водоводната мрежа, денеска без вода ќе останат дел од жителите на Скопје, како и селото Моране во општина Студеничани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на информации од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Без водоснабдување од 8:00 часот ќе биде селото Моране, а прекинот ќе трае сè до целосно отстранување на дефектот. Поради дефект на водоводна цевка со пречник од два цола ...

Стотици илјади жители на југозападниот дел на Јапонија добија наредба за евакуација поради приближувањето на тајфунот „Делфин“, кој носи силни ветрови, обилни врнежи и високи бранови. Властите наредија евакуација на околу 260.000 жители во префектурите Кагошима и Окинава, а повеќе од 500 летови се откажани. Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека постои опасност од ветрови со удари до 198 километри на час, кои можат да предизвикаат ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
90%
1028
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
0.51
83%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
94%
1032
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.14
92%
1032
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
65%
1030
weather icon

Тирана

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
79%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.22
81%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
69%
1030
Currency

61.642

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.279

Currency

8.2491

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Паладиум

32279.35